Војна во Украина

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Feb 24, 2022.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,277
    Likes Received:
    189,743
    Срушена браната Каховка. Населението се евакуира, Украина може да остане без струја, Крим без вода, а и нуклеарката Запорожје без вода, значи многу интересно. Кој ја сруши браната? Сигурно тоа детето од Германија, што си играло со северниот гасовод, баш пред некој ден беше предмет на истрага, ама еј, дете, не можат да го затворат. Тоа е:doh:
     
    Billy Idol, 20cm and dea.18 like this.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,984
    Gender:
    Male
    Уште кога беше битката за Херсон украинците се закануваа дека ќе ја срушат браната, па Суривикин даде наредба за евакуација на Херсон, луѓе, војска, опрема. Сега може да се види зошто.

    Кој и да ја срушил, ова е очаен потег. Капитална инвестиција кога којзнае кога ќе се врати. Гасоводи, брани, мостови (Керч), ескалира работава.
     
  3. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,052
    Likes Received:
    17,284
    Gender:
    Male
    А можно е и за рушењето на браната Каховка да не знаел, бидејќи на сите ни е веќе јасно дека тој не е таму наместен за да знае, туку да биде послушен и да извршува наредби.

    „Вашингтон пост“: САД знаеле, а Зеленски не знаел дека украински диверзанти го минираат гасоводот „Северен тек“
    северен-тек-поток-гасовод-експлозија.jpg

    Цели три месеци пред минирањето на рускиот гасовод „Северен тек“, американските власти од земја-близок сојузник добиле информации дека украинската војска планира таен напад на мрежата на подводни гасоводи, користејќи мал тим нуркачи кои директно му одговарале на главниот командант на украинската војска, пишува „Вашингтон пост“.
    ЦИА уште лани во јуни ги добила деталите од планот преку разузнавачи од европска држава, а документите досега најдетално ја опишуваат вмешаноста на Украина за подводниот напад во Балтичкото Море, кој предизвика остри реакции ширум светот, додека Русија, Украина и САД си ја префрлаа одговорноста за саботажата, се вели во написот на американскиот весник.

    Извештајот наводно бил објавен на платформата „Дискорд“ од Џек Тешеира, членот на Воздушната национална гарда уапсен за одавање државни тајни во САД. „Вашингтон пост“ добил копија од еден од неговите пријатели, наведува весникот.

    Разузнавачкиот извештај е заснован на информации добиени од лице од Украина. Изворите на „Вашингтон пост“ не биле во можност веднаш да бидат потврдени, но според повеќе официјални лица запознаени со ова, кои зборувале под услов да останат анонимни, ЦИА го споделила извештајот со Германија и другите европски земји уште лани во јуни.

    „Високото ниво на детали – бројот на оперативци и методите на нападот, покажува дека западните сојузници речиси цела година имале причина да се сомневаат дека Киев е одговорен за саботажата. Таа проценка уште повеќе се потврди во последниве месеци, кога германските истражители открија докази за бомбашки напад со изненадувачки сличности со она што европските разузнавачи знаеле дека Украина го планира“, се вели во написот.

    Официјални лица во повеќе земји потврдија дека резимето на разузнавањето објавено на „Дискорд“ точно го опишува она што европското разузнавање ѝ го пренело на ЦИА. „Вашингтон пост“ наведува дека медиумот се согласил да не ја открие европската земја од која дошле информациите, како и некои аспекти од планот, на барање на владини претставници кои навеле дека откривањето на тие информации ќе ги компромитира изворите и операциите кои се во тек.

    Украина, Белата куќа и ЦИА не коментираат
    Европските разузнавачи нагласуваат дека нападот не бил планиран од независни, одметнати диверзанти. Сите вмешани во операцијата наводно директно му одговарале на генералот Валериј Залужни, највисокиот воен функционер на Украина, кому му било доверено не само да ја води операцијата, туку и да ја сокрие од украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наведува во разузнавачкиот извештај, според „Вашингтон пост“.

    Чувањето на Зеленски настрана од плановите и неговото незнаење за планот, според извештајот, му дало на украинскиот претседател уверлив начин да ја негира вмешаноста на Украина во нападот. Признанието на Киев дека е одговорен за саботажата можело да предизвика гнев во јавноста и да ја загрози поддршката од Западот за Украина, особено во Германија. Земјата пред војната добиваше половина од потребите од природен гас од Русија, а најголемите германски енергетски компании, заедно со француски и холандски партнери, инвестираа милијарди во „Северен тек“, од кој рускиот државен гигант „Гаспром“ поседува 51 отсто.

    Украина долго време се противеше на проектот, наведувајќи дека „Северен тек“ ќе ѝ дозволи на Русија да ги заобиколи украинските гасоводи, лишувајќи го Киев од големиот транзитен профит.

    Инаку, во врска со нападот врз „Северен тек“, во февруари внимание предизвика и истражувањето на американскиот независен новинар-ветеран Сејмор Херш, кој директно го посочи претседателот на САД Џо Бајден како наредбодавач на саботажата. Белата куќа тогаш го нарече извештајот на Херш „целосно лажен и целосна измислица“.
     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,906
    Likes Received:
    25,574
    Gender:
    Female
    Опаа , конечно некој " да признае " .
    Не знам зошто , од самиот напад врз гасоводите , знаев кој замешал прсти во " манџата " . Само , не сум баш сигурна дека Зеленски не знаел . Колку нашиве шо " не знаеа " дека Грујо им бега преку граница , толку Зеленски не знаел за саботажата на Северен и Јужен тек .

    Што се однесува до браната Каховка , мислам дека повторно под диригентна палка на САД , Украинците ( или барем оние кои војуваат под Украинско знаменце ) ја имаат оштетено истата , затоа што на Русите не им е во полза Крим да остане без вода , а и многу други места каде живеат и Руси , покрај Украинците . А не се исклучува можноста и , едноставно да попуштила ( бидејќи на снимки од пред неколку месеци се видливи оштетувања на браната ) под налет на се поголемото ниво на водата .

    Останува да видиме дали ќе испливаат детали и за бранава , како за гасоводите ( после година и 3 месеци ) .
     
    Bratot likes this.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
  6. 20cm

    20cm Активен член

    Joined:
    Apr 1, 2023
    Messages:
    26
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Male
    Јас мислам дека украинците сами себе се убиваат, дека русите воопшто немаат никаква улога во сето ова, ама ете западот лаже дека русија ја напаќа украината, а тоа нема врска, русите си седат дома и си пијат водка.
     
    Tanjamm likes this.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,277
    Likes Received:
    189,743
    Јас мислам дека кај и да е, Русија ќе пропадне, тешко им е со сите рестрикции
    https://mkd.mk/node/517940
     
    Аргентина * likes this.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Си слушам украински народни песни, и на една од нив оставив коментар „Песната е прекрасна, поздрав од Македонија“. Ме напаѓа руска хорда со муабети „Не постои Македонија, постојат само Бугарија и Грција“, „Македонија е држава со лажно име, држава што краде историја“, „Ќе го најдеме секој што ја поддржува Украина и ќе го убиеме“. Психопати. Исто како Бугарите што под секоја македонска песна пишуваат дека е бугарска. Вчера еден пријател на Фб сподели пост во кој ја велича Русија. Му коментираат неколку луѓе дека не е во право, дека Украина е земја пријател, утрово ги избришал тие коментари и ги оставил само тие каде се воспеваат геноциди.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141


    Абе овој Русинот вели Македонците биле Бугари.
     
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,052
    Likes Received:
    17,284
    Gender:
    Male
    И Влатко не поздравува од Украина со тажна фаца.

    691.jpg

    692.jpg


    А во меѓувреме Кина го изјавува следното:

    Xi Jinping: "Stop blaming China. China does not help the Russian Federation, but if it decides to help, God will not help you. Almost the whole world helps Ukraine. If we see the threat of the Third World War, we will help the Russian Federation, but for now, relax and watch how Russia single-handedly defeats more than 50 countries of the world."
     
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Joined:
    Feb 9, 2021
    Messages:
    599
    Likes Received:
    731
    Gender:
    Male
    Жал ми е за украинците добар народ се но незнам што очекуваш од нас македонците да бидеме на нивна страна а западот и Нато ни негираат постоење, ни сменаја име, не уценуваат преку Бугарија да го менуваме уставот и учебниците по историја, ни направија војна 2001ва, двојазичност мислам дека нема нормален македонец што ги подржува фашизоидните Нато и Еу и има доволно причини за тоа.

    А Русија таква каква што е не ја оправдувам воопшто нивната воена интервенција и нивниот национал шовинизам но помеѓу нив и западните мешетари секогаш би застанал на страна на Русија последниот браник на православието и општо на цело човештво. Најголема замерка кон нив ми е тоа што ја нападнаа Украина словенски братски народ иако историски имаа доста конфликти и анимозитет помеѓу нив не смееше никако Украина да биде монета за подкусурување помеѓу западот и Русија.

    Многу повеќе ќе ги поштовав русите доколку им влезеја на америте преку Алјаска и директно се пресметаја со нив пошто ако некој им е непријател не само нив туку и на целиот свет се тие гомнари што цела историја предизвикуваат војни и војуваат на туѓа територија.
     
    ines.h likes this.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,984
    Gender:
    Male
    Брате, фејк твит е ова од Ши. Нема изјавено овакво нешто. Секако, нема шанса да го изјави ова и да се спушти оволку ниско. Ова ни Ковачевски и Славјанка нема да го изјават.

    Влатче Ѓорче изгледа го спремаат за следната влада, оти оваа моменталнава власт секако ќе ја пуштат низ вода. И, како што си е редот мора прво добро да изду*ла кај Калето, да покаже послушност, па да лапне позиција. :)

    Него, слабо некако муабети на темава за украинската офанзива. Што се дешава? Го освоија ли Крим? Белгород? Тргнаа ли за Москва?
     
    Bratot and Wideperpetual like this.
  13. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,052
    Likes Received:
    17,284
    Gender:
    Male
    Од кога го споделив твитов прочачкав на нет да видам дали е вистина и не најдов никаков извор од веста што очигледно е лажна.
    Длабоко се извинувам на сите што им предизвикав дополнителен стрес.
    Поздрав :( (со тажна фаца како на Влатче)
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,984
    Gender:
    Male
    Влатче се извлече од скривниците во Киев (камен од срце ни падна), ама ти после ваков кикс, не знам дали ќе се извлечеш. :bandit::D
     
    Bratot and Biljarkata like this.
  15. 20cm

    20cm Активен член

    Joined:
    Apr 1, 2023
    Messages:
    26
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Male
    Русија братски народ, еу фашизоиди, а се во државава што е направено последниве децении е со европски пари. Европските инвестиции сеуште вработуваат илјадници луѓе во државава, а руските инвестиции овде само за перење руски пари служат. Ама вмро добро се офајдија од тоа па цела деценија ви переа мозок - русија е добра, западот е лош.
     
    Tanjamm likes this.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Joined:
    Feb 9, 2021
    Messages:
    599
    Likes Received:
    731
    Gender:
    Male
    Кои илјадници луѓе вработуваат бре какви инвестиции мислиш по некоја фабрика што отворија на минималец да ни фрлат по некоја коска ко на кучиња. Па пола држава ни е иселена бе ни сменаја име, историја, двојазичност албанците граѓани од прв ред ние измеќари во сопствена држава. Каков бенефит сме виделе од европските гомнари освен распродажба на државата и националните интереси и народ иселен од татковината.

    Од Русија не сме виделе некаков ќар точно но да не беа нашиве власти такви колаборационисти и полтрони на западот сега ќе имавме во најмала рака инвеститори од Кина и државата ќе ни цветаше
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Земете ја за пример Бурјатија, земјата е колонизирана во 17 век од Русите затоа што има природни богатства. Кога видов снимки од Бурјатија, личи на Шутка. Исто е и со другите помали државички.

    Украинците освоиле цели 7 села за неделава, а во меѓувреме барем 10 Македонци ги продадоа своите куќи и 10 Македонци веројатно си земале бугарски пасош. Украинците убиле некој важен руски генерал, некој што убивал по Молдавија, и можам да замислам како му се полни срцето на Молдавецот која ја чита веста потврдена од руски блогер.

    Ми фали муабетот за паднати бандери, тоа беше едно јако достигнување на една велесила. Еехех, времиња, а не се збори за бандерите веќе? Веројатно тој последниот Украинец ги има поправено.

    Една Украинка, некаде 50 годишна од Суми, ги изгубила двата сина во војната, ама има внуци и жената се приклучила на армијата. Патролира на патишта со калашников, претресува возила, па како сталожено зборуваше за мотивот да се приклучи на армијата, не сфаќам од каде црпат таква волја за борба, за живот. Веројатно затоа што има внуци. Еее, на таа жена вие македонските мажи не можете да и се фатите за малото прсте. Тоа не може да го сфати Македонец кој добил држава само поради сплет на околности и добрата волја на Србите. Вашата грижа не им треба на Украинците, тие треба да ве жалат оти плаќате, плаќаме туѓа струја, а сега и косовари ќе лечиме оти ја нападнаа државата во 2001.

    Влатко се смее на фотката со попот Андриј. Нели е глупо малце да се смееш кога одиш во Буча, каде има над 400 убиени цивили.

    Дечки најголемите рабодавачи во државата се странски компании. Во право е @20cm. Имаше по медиуми кои фирми влечат највеќе работни места. По неколку илјади вработуваат странците, нашите фирми се гола вода. Со 5-10 вработени не се прави економија, не се крева БДП.
     
    Last edited: Jun 13, 2023
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,052
    Likes Received:
    17,284
    Gender:
    Male
    Ќутете тргнат е си иди, можеме веќе сите да здивнеме рает :whew: :doh:

    Каков херој помина цели два дена во Украина, од тие два еден во скривница а другиот во пат за назад.


    345.jpg
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,978
    Ја па мислев нешто и ќе прочитам, кога она уште Путин се бранел.

    За мене Русите уште го прават тоа што го прават косоварите. Истото.
    И мило ми е што Украинците ја имаат привилегијата да се одбранат, и треба да си бранат територијален интегритет. Година и кусур после првите мислења мои ова.
     
    Ahoy and Tanjamm like this.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Епа види, читав вчера, тие сепаратистите од Донбас фатиле Украинец во 2014 година и со нож му цртале кукаст крст на грбот. Тоа е исто што и случајот Мавровски работници. За Мавровските работници не сум сигурна дали се живи, имав слушнато дека еден се самоубил од психички трауми, оти ги мачеле, силувале. Македонците што овие терористи ги нарекуваат „цивили“ практично уринираат на маката на мавровските работници. Руски новинар вели „Киев е Русија, Мајдан ќе се вика плоштад Русија“, епа и Ангел Џамбаски вика така, Македонија е бугарска, Охрид е бугарски град, нека не се лутат македонските русофили, слободно на протест нека излезат, да бараат на Џамбаски да му се дозволи влез во земјава, и по некој „цивил“ нека вдомат од тие од Диво насеље, оти „цивили“ се и тие за косоварите.

    Украинците се нација за нас, кои сме обично продадено, себично, расипано племе. На темава ќе ги видиш сите македонски психози, дека не живее Македонецот за свој успех, живее да види смрт, страдање, пропаст. Само бројат мртви Украинци, од лани есапот не се поклопува, за греота.