Во 1993 година, идолите на македонската раја, запалија цел авион со жени и деца во Грузија. Остана само пепел и куп коски. Снимката се споделува на Твитер.
Почнале со обука на малолетници во Украина. Камп од Черкаси објави промо видео со деца кои ги обучуваат како да ракуваат со автоматски пушки. Има интервју со дел од нив кои зборуваат како се спремни да одат во војна во иднина за Украина. Вака и еден сликар во минатото кога му снема војници, почна деца да праќа во првите борбени редови.
Супер е видеото од погоре. Украина допрва ќе се вооружува и обучува. Само бројте и по две нули плус пишувајте за загинати Украинци. Деца од 10 години го гаѓале тој генералот со Сторм Шадоу. Чим нема војници, да чекаме до 21 часот вечерва Русија победува, а? Патем Бахмут не е ни освоен. Замислете да не нападне Србија на пример и повеќе од година дена да го освојува Старо Нагоричане, ќе скапете од смеење. Србија па не е велесила. Еее, ако тоа освојување на Бахмут е смешно за Македонци лаици, замислете некој во Пентагон, НАТО или не знам каде како гледа на нештата. Исланд им ја затвори руската амбасада на непоределено, Австралија денеска објави дека нема да им дозволи да градат амбасада, Германија им ги затвори повеќето конзулати. Кој украински генерал загина досега, освен Дмитро Коцубајло Да Винчи од единицата Волци? Русија изгубила десетина досега. Има едно коло убаво „три напред, шест назад, руско коло убаво“, тоа го играат. Четири загинати руски офицери и капетани вчера ги објавија со име, презиме, чин. Некако не ви се коментираат тие руски паљби по Грузија, горење на деца, жени од кои остануваат само куп коски, изгорена кожа и пепел? Да се случи тоа на некој ваш близок, вие што ќе речете? Браво? Епа во светот бе, има цивилизиран народ. Секој ден плус, испливуваат нови информации. И многу е смешно што мислите дека сите украински мажи би избегале, ама имаат забрана за напуштање на државата. Следам повеќе јавни личности, пејачи, блогери, Украинци, мажи, патуваат по странство, веројатно нема забрана, а и мајтапи тераат со Русија која за три дена светот ќе го освоеше и планетата ќе трепереше. Како пред пораз нели? И зошто Путин или Шојгу не отидоа на ниту еден погреб на загинат војник? Добро, бројот на загинати е нула. Пишете нула.
Што се (ќе) испорача Македонија на Украина Листата што следува, која ја објави холандската аналитичка веб-страница за разузнавачки податоци од јавно достапни извори Орикспиоенкоп, се обидува да ја следи воената опрема испорачана или ветена за Украина од Македонија од почетокот на руската инвазија. (Млазни) авиони (4) 4 Су-25 (август 2022 година) Јуришни хеликоптери (12) 10 Ми-24В (ќе се испорачаат) (неколку ќе се користат како извор на резервни делови) 2 Ми-24К (ќе се испорачаат) (најверојатно ќе се користат како извор на резервни делови) Тенкови (31) 31 T-72A (јули или август 2022 година) Артилерија Артилерија (2022) Противавионско вооружување Противавионски оружени системи (2022) (ова веројатно се Град-ови) Ракети воздух-воздух Р-60МК ААМ со краток дострел (за Су-25) (август 2022 година) Оружје воздух-земја Ракетни лансери УБ-32 (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) Ракетни лансери Б-8 (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) С-13 ракетни лансери (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 г.) СППУ-22-1 држачи на оружје (за Су-25) (август 2022 година) Авионски бомби (ФАБ-100/250 и ОФАБ-250) (за Су-25) (август 2022 година) Противтенковско оружје Ракетни фрлачи M80 Зоља (2022) Мало оружје Автоматски пушки застава M70 (2022) Пешадиско оружје (2022) Муниција Ракети С-5 од 57 мм за ракетни лансери УБ-32 (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) Ракети С-8 од 80 мм за ракетни лансери Б-8 (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) Ракети С-13 од 122 мм за ракетни лансери Б-13 (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) Ракети С-24 од 240 мм (за Су-25, Ми-8/17 и Ми-24) (август 2022 година) Муниција 30 мм (за Су-25) (август 2022 година) Муниција 125 мм (за Т-72 МБТ) (јули или август 2022 година) Муниција за мало оружје (пред март 2023 година) Разна опрема Су-25 Резервни делови и опрема за поддршка (август 2022 година) Резервни делови и опрема за поддршка на Ми-24 (ќе се испорача) Т-72 Резервни делови и опрема за поддршка (јули или август 2022 година) Комплетно демилизирање на АРМ. И 90% од оружјето пратено е веќе уништено. А ако се разлиста изворот, може да се види дека е и комплетно демилизирано источното крило на НАТО. Сега може комотно со новите џипчиња да се браниме.
https://www.youtube.com/shorts/lk5jQbRK7SY Eве ја спорат Русија дека воопшто е супер сила, економски и воено. Русија може да нагребуса за сите спалени, силувани, измачувани, стрелани луѓе и киднапирани деца во Грузија, ама кого ќе гони Хаг за тоа кога истите руски генерали Украинциве ги пратија во пекол и затоа на многу згради во Грузија се вее грузиско и украинско знаме, се пее украинска химна, се пее Червона Калина. Единствено да платат репарации на Грузија. И како поддржувате една Русија да го истребува грузискиот народ? За еден Русин, мајка Расија истерува 10 Грузијци и прави терористички творевини како Косово. Овие што викаат Расија, Расија кај стигнат, се исти како оние што викаат Шипри етнике. Се си мислам тоа нашето скапано оружје ја укочи Русија, па еве или стои во место или назад оди. Како се браниме, видовме во Диво насеље. За 35 часа, 8 убиени и 37 ранети специјалци. Македонската раја не е како украинската, да оди да се пријави во полиција или армија во случај да треба да се војува, туку македонските мажи стоеја на тротоари и блееја накај Диво насеље, мислат шоу е тоа, а тоа гинат македонски специјалци од една косовска банда. Го има видеото на јутјуб, почнува еден полицаец сериозно да им се дере и да ги пцуе да си одат дома да не загине некој. „Мрш бе, сите дома, одма, да не видам никој тука, ајде“, е вака им се дереше. Зошто Македонец кој не може раат да се вози во градски автобус во Скопје и не смее да се шета во одредени делови на својата држава, коментира морал за борба на Украинци? Се докажаа тие веќе. Нација се. Вчера писателот купи 160-то возило за ЗСУ, со пари од странци. Добро, де, баби ќе ги возат тие коли, народ нема таму, нели? Србите имаат многу оружје, најмногу од екс ју, ама што дека кога немаат народ за борба? Оружје од хангар и од магацин не пука само, треба луѓе.
Senator Richard Black Ukraine’s offensive hit a steel wall. 7,000 KIA (killed and out of action), 160 tanks and 360 armored vehicles destroyed in just one week with trivial gains. It is a pointless bloodbath. Charred Leopard tanks and Bradley vehicles lie everywhere. Telling Ukraine to fight “for as long as it takes” is inhuman. End this tragic war now. Ако овој амеров изјавува овакви бројки, којзнае кои се реалните бројки и загуби. И сето тоа за 10 дена... Да изгубиш 7000 војници. Трагедија за сите починати и настрадани луѓе, кои присилно ги регрутираа, ги ловеа по улици, ги собираа од дома... За што? Да ги пратат во сигурна смрт?
Ма какви 7.000, 700.000 загинати Украинци пишете на контото. Загинаа најмалку 7 милиони Украинци и 0 Руси досега. Да не биде догодина ова време уште се води битката за Бахмут. Aaajj, јадна Русија секој ден се подалеку од победа, и како да победи таа кога Украинците не се откажуваат? Не, може да победи, ама да нема армија во Украина, мажи да нема, да е населена само со баби. Па кои патетитки тука, за што се бореле Украинците, па за нервозни русофили да прашуваат, за што? https://sdk.mk/index.php/svet/uspeavme-da-ja-demilitarizirame-ukraina-kazha-putin/ Види, види, велесилата ќе имала економски раст од 2%. Србија, Црна Гора, БиХ имаат повеќе, а немаат ни нафта ни гас. Рускиот генерал деновиве загина, тој што убивал во Молдавија, а овие се плус. Демант некој од Москва видовте ли? И јас се чудам зошто Русите ги јадат кучиња по Украина? Зашто никој не ги бара? Има едно видео на јутјуб, Украинец се јавува на Русинка дека маж и загинал кај Киев, го нашол телефонот и се јавува дека умрел и кажува дека краделе и детски ѓаки, некои глупости, и жената мртва ладна, како да се работи за изгубено палто, а не за мртов човек. Вели „ахх, добро, кај да дојдам да го земам“. Тоа е нација посветена на семејството, на Запад се биле гејови, и бездомници имало многу во Америка, така им кажувале на тв и овие непрошетани никаде, веруваат. Раскажуваат во Тв анкети колку е сиромашно по Америка и Европа, а колку во Русија е добро.
Војната во Украина била причина повеќе да се забрза зелената агенда. https://www.bbc.com/news/science-environment-63548466 Така барем вика Бибиси во ноември 2022, пренесувајќи изјава на Сунак. Well, 8 месеци подоцна, распоредено нуклеарно оружје во Белорусија. https://www.bbc.com/news/world-europe-65932700 Исто така пренесува Бибиси. Тоа исто така ќе придонесе кон зелената агенда. Сега може без нас, и не баш одма, ама по некое време сигурно ќе биде зелено. Ваљда.
Hyundai Terracan дизел џип. Ова е 162 возило купено за ЗСУ. Ова се тие храбри и горди синови на мајка Украина. Господ да ги поживее. И убави момци. Браво.
На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.
Промислени се изјавите на Путин. Интересно што и Вучиќ вчера изјави дека веќе не верува во никакви договори со НАТО. И за Македонија притоа раскажа јасно, како пример на држава која испочитувала се, а за возврат ништо не добила. Украинците и Албанците се миленици на Западот, но некои вистини почнуваат да се изговоруваат, за почеток.
Се знаеше ова уште лани, кога пишувавме тука. Украина потпиша мировен договор и спремна беше да го испочитува. Се, до доаѓањето на Борис Џонсон во Киев, кој му забрани на Зеленски да преговара, и од тогаш буквално гледаме војна помеѓу НАТО и Русија. Секако, и еден од преговарачите што беше против, нели, го убија. А БоЏо после таков срамен чин го тргнаа од светската политичка сцена. Но, интересно е да се види што тоа содржел договорот и колку бил поволен за Украина. Потписнички за мир, кои ќе го чувале интегритетот и суверенитетот на Украина биле сите големи земји, Кина, Турција, Англија, Франција, покрај Русија и САД. Од друга страна се гледа во договорот дека Русија не војува за територии, и во него е пишано дека ќе се врати на териториите пред Фев 22-ра. Неутралноста на Украина е главната точка, каде им се забранува секаков воен сојуз со НАТО и ЕУ, добивање на воена опрема, лимитирање на војската и воениот арсенал, итн. итн. Што всушност ја открива целта на Русија: неутралност и демилитазирање на Украина. За таа цел, Путин наредил и повлекување од Киев, но повторно НАТО не го почитуваше потпишаниот договор, и "нечесно" продолжи да војува. Една година подоцна, резултатите се катастрофални за Украина. Барем сега знаеме и официјално зошто, како, и кој прави оваа војна да трае.
Да ,колку што знам за првпат јасно и прецизно изговорено и со документ поткрепено. Зошто токму во овој момент, останува да видиме.
Не, не, Русија воопшто не војува за територии, затоа пред два дена Лавров кажа дека Украина мора да се откаже од регионите. За територии им е, и за ништо друго, ама па се испотија во Украина и тоа саглам. Русија е толку голема затоа што со векови краде туѓи територии. Лесно е со гас и нафта од кај Јакутите, со рудата од кај Башкирите, со богатствата на Бурјатите итн. Го слушав Тарас Тополиа, пејачот кој патем војува, тоест војуваат многу јавни личности и кажа дека Украина мора да ги врати териториите, без разлика колку ќе биде висока цената. Добро решение за Украина е Русија да почне да се цепка, само тоа, никакви договори, оти потпишувале цело време некои глупости, и пак Русија им пушта паравојски. Женава од подолу е функционерка, политичарка од Татарстан. Повикува на уривање на Русија. Во Татарстан нели Татарите запалија руска црква, па никому ништо. Таму Русите се малцинство, а во другите републики е бетер, двајца без тројца. Не исеков добро, пишала „Слава на Украина, слободен Татарстан“. Пишала дека Русија е терористичка држава. Впрочем, сите можете да ја најдете на Твитер и да видите дека е за распад на Русија.
Политика, нешто ќе се случува наскоро. Не е тајмингот случајно избран. Можеби има некоја колерација тоа што наскоро Путин ќе ја посети Турција. Па ќе следат некои нови преговори. А нели, не смееше да оди во НАТО земји, му се закануваа дека во Хаг ќе го носеле. А може има врска и тоа што полека ја снемува и "третата" украинска армија, која е десеткувана за 2 недели во Запорожје. Офанзивата катастрофално им се одвива, затоа и никој нема да зуцне за неа, се пишува само дефокусирачки работи.
Звучи смешно дека се освоени 8 села за 2 недели, арно ама и Красна Гора кај Бахмут Русите ја освојуваа 1 месец. Бројте мртви Украинци, чеда божји, тоа и ќе ви остане дур чекате победа на рашисти за кои сте Бугари, Охрид е бугарски град, а Кирил и Методиј се Бугари. Ахахх, несудени кадировци од Македонија, па втората армија во светот, сега е втора армија во Украина. Смешни се тие 8 села, ама истите ги изгубила Русија. И тие Руски корпус, Руси што се борат против Руси и убија Руси, се објавија, вежбаат некаде во вода. Дали се зезаат или не, ќе видиме. Како така Расија да не ги лоцира и најде? На Украинците офанзивата им е катастрофална, хахахаха, а Русите јаки во одбрана, 8 села изгубиле. Плус најавена офанзива со зурли и тапани скоро. Русите се најмалку 3 пати побројни од Украинците како народ, кај отиде таа сила не ми е јасно? Јас мислам дека сепак Украинците со баби и деца се борат, затоа не им оди. Добар борец не гине така лесно, следам неколку украински борци, дали една гребнатикна имаат за година и повеќе. Тој што се обучувал, одел по мисии, за што си имаат и фотографии на социјални мрежи, е тој ниту ќе го фатат, ниту заробат, ниту ранат. Полна е мајка Македонија со луѓе што сонуваат да бидат терористи и кадировци, допрва ќе читаме во црни хроники „ја тепал жена му, ја тепал мајка му“. Па и мајки на деца поддржуваат силувачи на стари баби. Ќе ја биде Македонија, спијте мирно, ако некогаш се прави некоја унија со Чеченија, пишете му на Кадиров да ве прими. https://lokalno.mk/visok-ruski-funkcioner-povreden-vo-eksplozija-na-avtomobil-bomba-na-krim-foto/ Ова некои баби го подметнале или забавачиња.
Aида е вицепремиер, а Рафис е премиер на Татарстан. Бараат независност од Русија. Имале и протест, ама пренесе ли некој од тие руските медиуми за тоа? Не. И во Бурјатија исто има такви повици за отцепување. Објави некој? Не. Се пофалија демографијата им цути, а тие ниту биле Руси, ниту Словени, нема што да бараат со Русија.
Не знае кој пие, кој плаќа во Русија вечерва. Државен удар?? !! Војска по улици. Толку изгледа беше од Путин и РФ,фијаско.
Еве некој од многуте членови што живеат, учат, работат во Русија од прва рака да каже што се случува во моментот таму.