За светската безбедност и мир тоа воопшто не би била добра вест. Имаат ли тие републики нерешени територијални спорови со соседите? Дали и со какви видови на оружје располагаат (хемиско, билошко, нуклеарно...)? Дали и кој би го држел истото под контрола? Дури и да е сè во ред, како би функционирале економски? Ресурсите и можноста за трговија би им била многу поограничена а тоа може да води кон голоеми бранови на миграција а со тоа кон натамошни проблеми. Инаку тоа со бунтот воошто не се сфатило наивно од страна на западните раководства: Од НАТО стравувале - Му се јавиле на Шојгу
Тие републики како што гледам не ја сакаат Русија, се чувствуваат како заложници според напишаното и сакаат да бидат свои на своето, а не да гинат за Путин и Русите да се прават шерифи, притоа тие да тонат во сиромаштија и никој да не ги знае. Е сега, тие републики имаат одличен наталитет. Дагестан и Чеченија имаат во просек 6 деца по жена, а кај Русите е 1.5 дете, така нешто. Со наталитет газдат здраво, но им треба поддршка од страна за да почнат отцепување. Друга работа, Русија се плаши од нив. Татарите запалија црква, Русите никого не уапсија. Чеченците рекоа дека ќе дојдат во Москва да ги најдат Русите кои не сакаат џамија, од Кремљ молк. Татарстан сака во НАТО, како што ви постирав и не ни кријат, власта сака. Па што не им прати Русија полиција да ги уапси? Не смее. Имаат богатства, руди, нафта, гас, практично ако се направи поделба на ресурсите, испаѓа дека добар дел од нив се во рацете на другите народи, а не во рацете на Русите. Какви оружја имаат, не знам. Сите во РФ што се муслимани се поддржуваат меѓусебе. Ако се отцепат, веројатно им е целта да се етаблираат меѓународно како независни нации, држави. Бурјатите скоро и да немаат гасоводна мрежа, многу од тие мали републики не го користат или минимално го користат фамозниот гас без кој Европа ќе измрзне. Економски сега се мизерија, а ако сами стопанисуваат со своите ресурси, веројатно ќе имаат повисок минималец од 197 евра, колку што створила Русија. Вака Московјаните ги ограбуваат, ги тераат да гинат, а им даваат трошки. Што би изгубиле ако утре се кренат на бунт? Па тие и сега гинат во Украина за ништо, оти со Русите ни генетски, ни јазично, ни верски немаат ништо. Вчера видов видео, Украинец зборува нешто покрај тело на унаказен Дагестанец, лицето му беше пепел, гламјосано. За што? За Путин да се сили и Русите да ја унаказуваат Украина. Дагестанецот и така е слуга. Туку, Путин се плаши од еден Пригожин, па ако му се закачат на врат сите овие неруски народи, нема да знаат кај тераат.
Тоа објаснува зошто тие би сакале да се отцепат, но не објаснува како ќе преживеат и колку ќе бидат волни да соработуваат едни со други (можеби и би биле) но најбитно како тоа ќе се одрази на светската безбедност. Ете да речеме си бидат мирни. Русија меѓутоа ќе продолжи да постои во нешто намалена територијална форма. Главниот арсенал, а можеби и целосно ќе остане во нивни раце. Путин нема да живее вечно работите да ги држи под контрола. На запад колку и да не го сакаат Путин, тој им е посигурна опција, можат да се разберат за најклучните работи со него. Ќе ги гледаат ли мирно состојбите во распарчена Русија другите регионални но и светски сили, како Турција, Пакистан, особено Индија и Кина? (последните 3 исто нуклеарни сили). Кина отворено ги искажува своите апетити кон делови на Сибир. Во меѓународната политика нема вакум. Некој од нив ќе се обиде да се наметне како нов господар на регионот. Кој ќе ги брани тогаш новите државички? Навидум еден проблем ќе се реши, десет други ќе се отворат.
Многу битно прашање е тоа. Како ќе се постават другите. Чеченецот е поблизок генетски и јазично со Азербејџанецот и верски секако, отколку со Русинот. Слушав Азербејџанците како зборуваат, тие јазично се разбираат со Турците, слични и исти зборови имаат. Ако има некои немири таму, Русите први ќе фатат авиони да бегаат како сега, а Чеченците ќе удат пожестоко од тоа што претходно го правеле. Не верувам дека Чеченци ќе бегаат по Европа и дека некој ќе ги прима. И Украинците спомнаа дека Кина можеби има претензии кон делови од Русија каде имало Кинези. Каде се тие на рускиот попис, јас такво нешто не видов, бројка на Кинези на попис не видов. Има тема русофилија ја отворив некој челн овде, некој што бил во Русија, тој пишува дека бројката на муслимани реално е 23%, ова пред неколку години го пишувал. Времето работи за муслиманите во РФ, не за Русите. Тој што има едно дете, ќе му изгине и тоа и останува на 0, а тој со 10 деца, пола да изгинат во војна остануваат 5. Сметај дека тие Руси што отидоа во Србија, Аргентина, нема ни да се вратат, оти ги чекаат реперкусии за бегството, повисоки даноци, затвор за антивоени статуси, а се спомена и закон за одземање имоти. Ако им се одземе имот во Русија, каде би се вратиле? Многу фактори се во игра. Имаше закани од група Чеченци дека по поразот на Русија во Украина, ќе почне Трета чеченска војна, а тие овојпат ќе победат. Тие што беа цитирани, беа деца и внуци на борците од првата и втората Чеченска војна.
Изгледајте го. Татарите не учат татарски во школо. На улиците ќорав Русин нема. Ова личи на Русија? И Буратија го има истиот проблем и другите републики. За разлика од Русите кои се доселени во Украина, овие се тука автохтони, а Русија им ги црпе ресурсите и ги држи во заложништво. Руската пропаганда дека оделе Руси во Украина по продавници, па таму не им зборувале на руски, и затоа почнале војна, е смешна. Ако не го познаваш јазикот на државата, не ти даваат ни државјанство. Србинки мажени за Македонци како за споредба полагаа македонски јазик за да земат наше државјанство. Руси навредуваат Бурјати по Москва. Се жалат на расизам.
Разбиливо е. @daylight еве Дагестанец објаснува како би функционирале без Русија. Ми падна во очи што постојано муслиманските народи во РФ си зборуваат едни во името на сите други. Споменуваат помош од Азербејџан, Узбекистан, Казахстан, Турција, за гас, продавање на ресурси итн. Воопшто не се плашат дека економски ќе бидат погодени без Русија, напротив. Значи планираат меѓународен економски проект во Азија. Дополнително, вели ни со Грузија немаат проблем, ни со Кина, како Дагестан, без Русија. Ги спомна Иран, С.Арабија...
А еве ја силата на Русија, поради која и ќе победи https://sputnikportal.rs/20230627/r...jom-lepotom-i-energijom-video-1157731241.html
Тоа е одамна јасно, но она што треба да се истакне е дека војната воопшто не ќе се случеше доколку западните сили (доминантно САД) не ги вмешаа прстите. А кога веќе дојде до тоа, таа ќе поминеше веројатно без крворполевање и без многу урнатини доколку не ја потпираа и распламтуваа западните хушкачи. Но западот ќе има проблем со нив доколку вистински се здружат. Западот тогаш ќе зборува за „старите добри времиња„ додека постоеше Русија или додека таа им беше единствен проблем. Ако биде само со песна добро ќе биде... од порано е кажано дека западот не е свесен дека му истекува времето, и дека истокот ќе смее да одбележи световна победа над тнр. запад. Кога и како не знам, но западните многу неодговорно се однесуваат заговарајќи и потпирајќи војна низ своите медиуми и политичари. Песнава инаку потсеќа на Bon Jovi - It's my life, веројатно се потпира на истата. За споредба:
Има видеа на јутјуб каде самите руски граѓани кажуваат дека Украинците имаат висок морал за борба и дека додека западот дава оружје не можат да ги победат. На прашање дали ќе одат да војуваат, еден Русин кој ја негираше украинската држава, грешка било што постои, сега таа грешка ќе ја исправеле, рече дека е тешко прашање дали тој лично ќе оди. За нападот во Краматорск, таму на лице место во ресторанот беше еден украински борец, снајперист кој е медиумски експониран. Претпоставувам дека сакале да го убијат и не успеаја, ни гребнатинка нема. Повредена е писателката Викториа Амелина, таа што се заблагодари за тенковите и кажа дека ако преживее, првиот одмор ќе и биде во Македонија. Сега снајперист кога ќе се врати на боиште, ќе им врати за Краматорск. Војува од прв ден, самиот објавува колку жртви имаат Русите, со снимки, со се. Сигурна сум дека тој бил мета. Видеото за Бурјатите не сте го гледале. Секоја година Русите од расистички побуди убиваат по некој Бурјат. Овие не се муслимани чисто да знаете. Неколку претставници на малцинските народи од РФ деновиве беа пред седиштето на ОН во Њујорк, со барање да им помогнат да се спасат од Русија. Видов дури и Босанци, ги поздравуваат браќата Чеченици. Кога војната во Украина ќе заврши, можно е да почне џихад каков светот не видел. Како време одминува, Русите стануваат најголеми непријатели на себеси. Украинците не успеале да им урнат 7 хеликоптери во еден ден, Руси на Руси тоа го направија, па и генералот уривач на бандери знаел за обидот за пуч. Руски граѓани се гушкаат со хорда која уби 13 пилоти и направи милионски штети, оти тие хеликоптери со нивни пари се платени. Завчера видов снимка од загинат руски војник во село кај Запорожје, маче му ја јаде главата која веќе не постои. Во меѓувреме западњаците се сончаат на плажи.
Се ќе дадат Русинките да живеат некаде подалеку од Русија. Знам за екстреми со нашинци кои таму работеле, во смисла да имаат деца со Русинки, да доаѓаат тие да ги бараат овде, а тој жена и деца си има, сликање голи на времето кога немаше телефони итн. Смешно ми е што Русите зборуваат дека на Западот таму се е раскалашено. Погледни ги Македонците во Германија, муабет не направиле со Германка, не па нешто повеќе. Се вртат во српски и босански кругови.
Ама јасна порака има и милиони прегледи и на Запад. Сакав да постирам слика за сите кои веруваат дека Русија е затвор,во кој живеат депресивци кои едвај чекаат да побегнат од неа.
Има доста емисии на јутјуб каде малите народи од РФ, кажуваат дека се за победа на Украина, дека Путин е терорист и дека Московјаните се терористи. Да смее Русија ќе ги уапси, ама не смее, но има Руси кои за антивоени статуси завршија во затвор или избегаа од Русија. Да, Русија е затвор, а ко за споредба во Македонија народов цел ден пцуе политичари и никакви последици нема. И таму еден западњак пишал на едно видео „Леле, Русите на село се јадни, живеат во лоши услови, а чудно што и жителите на Москва не шетале, па немаат поим каков е западот“, и тука една Русинка му пишува „На нашиот народ му е убаво во нашата земја, затоа ние никаде не шетаме“. Ооо, да, баба ми вака не мислеше, а одамна е покојна. Која убавина, ем крадат ресурси на 10 народи во таа федерација, ем минималецот е 197 евра, а нашиот е 336 евра. Кој антиталент треба да си, па толку економски да се унаказиш.
https://www.youtube.com/shorts/oWij-Z7IGhs Ај изгледајте го видеото, тазе е. Вели 3 милиони муслимани имало во Москва. Се тоа фино што си мислите дека Русија континент држава е полна со бели, убави, фини, љубезни Руси, ама еве дечкото нешто друго вели. Да сте или сме биле ќе знаевме. Истиов вели дека сто години Русија ги угнетува муслиманите и им брани употреба на јазикот. Русија го угнетувала исламот. Сите империи паѓале, а Русија не била исклучок. Ја нарече зло. https://www.youtube.com/shorts/f0gTN5GFYt0 Eве ви одговор дали ќе имало граѓанска војна во Русија. Разбирливо е. https://www.youtube.com/shorts/tDDdClQpQ9Y Го нарекува Путин нацист, шовинист, националист.
Кога сме кај популарните песни, има една српска песна од Теја Дора - Џанум (работена за српска тв серија). Благодарејќи на тикток но и јутјуб стана за кратко време светски популарна што може да се види од многујазичните коментари. Интересно, русите масовно коментираат дека е на украински јазик, украинците дека била на полски јазик а полјаците на босански. Во Србија постои тој мит за братскиот руски народ, но песнава најдобро покажа колку русите но и другите поим немаат за другите славјански народи и јазици. Мене најмногу ме шокираше дека поим немаат како звучи украински, а овие како звучи полски. Па соседи се да му се сневиди! Чест на исклучоците. Да не зборам за погрешните гугл транслејт преводи со клучни грешки кај рефренот. Рефренот „моје море„ им личи на морско море (треба кошмар), па го превеле така, „ни до задњег лета„ им личи на годишното време (треба авио-лет). Ова се работи кои и ние би можеле да ги згрешиме, ама интересно или поразително со која фанатична глупоќа украинците, русите и другите славјани го бранат погрешниот гугл превод (а не го ни погледнале спотот каде станува јасно за што се работи) и сигурноста дека се работи за некој од наведените јазици, наместо српски. Ова е условно кажано точно. Како за кого, но и на запад има луѓе кои едвај чекаат да избегаат или веќе избегале, вклучувајќи мигрирање на балканот - поефтино им е и поопуштено. На запад може да се збори сè и сешто за политичарите, во Русија не може. Но во САД полицијата може тек така да застрела некого ако е сомнителен, додека во Русија тоа е реткост. Релативно е, не постои совршена земја. Но во глобала за обичните луѓе парите засега се на запад, а на исток e времето истите да се трошат (макар да во Москва многу фирми се исто „куќа-посо-посо-куќа). Во една комична серија „Как ја стал руским„ (Како станав русин) секретарката вели дека Русија е земја на илјадници возможности: Да речеме да запознаете странец и да се отселите некаде низ белтиот свет На тикток има 3 новинарки кои ги прикажуваат полните продавници низ Русија (значи не само низ Москва и Ст.Петербург). Многумина се свесни дека благодарејќи на Путин Русија живее најдобро во споредба со тоа како било порано. Но истовремено се прашуваат, а што ќе биде кога тој ќе се пензионира или неминовно еден ден почине. Западот спие на тоа дека кога Путин ќе умрел, проблемите со Украина ќе се решеле. Но дел од западните аналитичари забележуваат дека од сите опции, Путин е најмирољубивата и најтолерантната.
Лукашенко со детали за како успеал да ја договори работата меѓу Путин и Пригожин. И што навистина се случило. Во кратки црти, ако не му се јавел на Путин, Пригожин и Вагнеровци ќе биле збришани од земјата. Кој би очекувал дека баш Лукашенка ќе испадне таква фраерчина.
Во право си скоро се, но јас сум пристрасна, просто го сакам рускиот дух Така да, кога ќе победат, чуда очекувам После Путин,Захарова ќе си ја ставиме @Billy Idol Лукашенко е фраерчина уште од корона ерата