Пригожин ви беше херој кој лажно го освои Бахмут, сега е предавник. Психо е. Читавте ли за двете деца, Украинец и Ерменец кои во окупираниот Бердјанск лани биле киднапирани од руски војници, потоа пуштени и сега нашле пушки од некаде и убиле најмалку двајца руски војници. Потоа руските војници ги убиваат нив, но пред да ги фатат, Ерменецот Тиграј снима последно видео во кое кажува што направил и вели Слава на Украина. Двете деца имаа по 16 години. Ваквите случки ми личат на српска и бугарска окупација на Македонија. Во Запорожје имаше тепачки во автобус на цивили Украинци и руски војници, во Мариупол расправии меѓу Украинци и Руси на пазарче дали е тоа Русија или Украина. Тешко им било на Русите во Донбас, 8 години, пушки, митралези и пак не го набркаа Украинецот од дома. Украинците тврдат дека Мариупол уште е урнат, а за пропаганда се снимаат неколку улици. Даваа пример, руска инфлуенсерка се снима до фонтана, да, фонтаната работи, но околните згради се оштетени. Уште има Украинци во окупираните територии, па им праќаат снимки.
Диви, не знаат да живеат со други народи. Eве ви тазе слика од Мариупол. Русинка горда на Z, земале туѓа земја, а зградата позади крш. Исто како да гледам косовари со знаме на голема Албанија, ми се повраќа од вакви простаци заглавени во 14 век и не сфаќам кој би живеел меѓу нив, кога убиваат, тепаат. Убиваат по Русија, убиваат околу Русија. Ги мрази цел комшилук, ги мразат народите во РФ, тоест ги мрази секој кој ги знае. Пола Македонци ги фалат, оти Руси гледале некогаш на филмови. Ај па ќе биде за едно 5 години, ќе ја градат зградата. Јас мислев дека украинските сили нема да тргнат воопшто накај Мариупол, ама тргнаа, е сега дали ќе стигнат и што ќе направат не знам. Да не ја градат џабе, да не трошат пари. Eве што останало од Дагестанец. Украинецот им зборува на руски, историчар е по професија и вели дека Русите самите ја присвојуваат дагестанската историја како своја. Во право е 100% пишал коментар премиерот на Татарстан испод видеото од некоја емисија, испод ова видео. Се споделуваа коментари од Руси од Русија и други како на пример една Русинка која живее во Шпанија, се радуваат и благославуваат што убиле деца во нападот на Краматорск во пицеријата. Еве како фотка споделуваат радосни дека убиле деца во Украина. Девети круг од пеколот за овие. Какви христијани, каква култура? Стоката има повеќе емпатија од нив. Руски блогер повика по Украина, да го нападнеле Казахстан.
Мицкоски повика на испраќање на македонска војска во Украина Чисто да знаете што ќе следи во иднина кога нема да има доволно војска Украина да војува повеќе. Почнаа полека да не припремаат дека и наши деца ќе праќаат да гинат. Ако мислите дека овој одлепил и само се лижи на Калето за власт, не, туку мора понизно да се слушаат наредби и да се одработува, и подготвува јавноста. Полтрони, кловнови и продадени души. Сите. До еден. Та СДС, та ВМРО. Беда. Долго, долго нема бел ден да видиме овде. Црно ни се пишува.
Нашиве војници редовно одат во мировни мисии, па Ирак, па Авганистан, па Алтеа во Босна и каде не. Одат и на вежби. Лани ми беше смешно да се споредува руска војска со македонска, сега не ми е смешно, оти и Русите испаднаа тапа џонсон.
Тањо, те молам не споредувај и не ретерирај само со праќање на наша војска. Нашите војници одат во МИРОВНИ мисии, не во војна! Нашата војска е исклучиво наменета за одбрана на Македонија. Точка. Ако на некого му се гине, повелете, соберете се сите што ја поддржувате Украина, НВО сектор, северџгани, вработени преку партија и одете како платени војници. Бар ако преживеете ќе обезбедите 3 наредни поколенија. Само немојте со сила да праќате 20 годишни деца да гинат.
Па, нека се обидат. Кога можеа Украина (IQ 90) да ги убедат дека вреди да се умира, лесно е за Мк (IQ 81). Некои се испозаљубија во Украина, а не се срамат што до лани поим немаа за таа земја, прилики, народ и менталитет. Ни Украинец (освен бегалец последниве месеци), ни Русин не сретнале во живо. Ама ете, си мислат во една година експерт се станува за некое подрачје од социјални мрежи.
Се шегувам де. Не верувам дека до нашите им е дојдено да ги праќа некој. Ако пратат 10 војници, 5 Русите ќе ги заробат и овие кога ќе кажат дека се од Македонија, Русите нема шанси да ги повредат. Јас не праќам никого да гине. Војни не треба да има, 21 век е.
Не гледав, ама ако мислиш на ова во првово видео подоле, така малку го извадиле од контекст. Па затоа некој им укажал, па го додале и второто видео, за да добие смисла кажаното.За воља на вистината https://off.net.mk/net-roulette/lok...SEtpFmCB4BHgGV-Ml6lwbeZSj-sQEuvVSHRRb0mF01Q0g
https://faktor.mk/zemja-na-moznosti...ad-i-srbija-planirame-da-ostaneme-dolgo-vreme Србија земја од соништата, кој би рекол. Родителите на оваа жена никогаш не патувале надвор од Русија, сега почнале да шетаат, па сфаќаат колку бил полесен животот на европско тло. Македонци се убија од објаснување за таа економија јака, овие не велат така, продале се, продале имот, да живеат во Србија и се кајат што порано не заминале. Што се однесува за рубљата, еве утре нека ја ставам на курсна листа на НБРМ, нека ја има по менувачници и банки, кој ќе купи валута која паѓа на два дена и за кои цели? Како за пример лично освен евра ништо од странски валути немам купувано во животот, добро и српски динари и левови сум земала. Инаку, самите муслимани народи кои се дел од РФ имаат емисии каде се исмеваат со едниот тенк на парадата, па се фалат дека според демографите за 50 години Русија ќе биде муслиманска земја, оти се појачуваат во Москва, во Сибир, на југ. Чеченец не можел да работи во руско кафуле каде се точи алкохол, имало многу храмови во Москва, требало да ги откупат и претворат во џамии. Си исцртаа и мапа како ќе изгледа Русија кога ќе се подели, и кога ќе се подели, испаѓа дека територијата на Русија ќе биде колку таа на Украина или незначително малку повеќе. Си направија економска пресметка колку ќе си профитираат три држави со нивните ресурси, без Русија. Инаку, биле и во ЕУ, на средба со некоја европратеничка Ана, да си кажат дека сакаат отпцепување.
А Тексашаниве биле кај таа Ана, да и кажат дека сакаат отцепување од САД? https://informer.rs/planeta/vesti/713710/sjedinjene-drzave-teksas Уставот на САД вели отцепување на сојузни држави не доаѓа предвид. Уставот на Руската Федерација не знам што вели. Ама битно е Ана што ќе каже?
Релативизирање. Не знам за тексашаните, нека се бунат ако им е лошо. Тексашаните џихадисти ли се? Црквите во џамии ли ќе ги претворат или шеријат ќе воведат? Овие велат дека имале голема дијаспора, а во случај на војна ќе ги повикаат муслиманските браќа. Тексашаните имаат ли 14 деца како Кадиров? Еве гледам муслиманите објавуваат податоци дека во РФ има 200 народи кои се колонизирани и дека во минатото со векови назад имало можеби 10 судири меѓу Руси и Башкири, при што во една година Русија им запалила 1.500 башкирски села. Друго, сите тие муслимани се иста група на народи кои се разбираат меѓу себе, се разбираат со Турци и Азербејџанци, и овие ни под разно не се мешаат со Руси, патем таму кај нив Руси не ни има или ако ги има на прсти се бројат. И Квебек сакаше да се одвои од Канада, ама па ако ви е полесно, повикувајте се на тие примери, небаре жител на Квебек и радикален Чеченец се исто. Ај видете во Чеченска војна дека Чеченци упаѓале по болници во РФ, киднапирале луѓе и убивале, па Русија тогаш не можела да ги спречи, не па сега кога ќе повикаат Сиријци, Иранци, Ирачани и кого не на помош. Деца имаат пуштано со бомба да влезе во толпа Руси и да ги убие во име на џихад. Од она што читам, тие народи презираат Руси, ги сметаат за раскалашени, пијаници, неморални. Еве ти пример.
Па ете се бунат. Ама не отидоа во Брисел или кај Трудо во Канада, туку таму кај што треба, во нивниот двор. Поентата ми е, никој не може и не смее да ти решава прашања надвор од земјата каде што живееш.
Само Русија смее да ги уредува туѓите животи и никој друг на светов. Не реков јас дека ќе им ги решат проблемите на малцинставата во РФ, само кажувам дека биле и тоа е знак за упорност, не се шегуваат. Биле во Брисел и бараат да се ревидира односот на Русија кон Казахстан, Грузија, Молдавија, Украина, па и Чешка ја имаше на листата и Русија да сноси последици. Друго, читав анализа од тие малите републики, колку подолго ќе трае војната, толку полесно Русија ќе се распадне затоа што економски пропаѓа од ден на ден ( Путин не вели така, супер им било, ама очигледно лаже). Пишуваа дека Чеченија е најсозреана за прва да ја напушти федерацијата затоа што има добро обучени единици кои можат да се борат жестоко против Русите. Ако му се плашат на Путин, малцинствата нема да одат во Брисел, пред седиштето на ОН во Њујорк, нема да прават стотици емисии каде зборуваат што по распадот на Русија, нема да се исмејуваат со Пригожин, со еден тенк на парадата, со пропадната мобилизација итн. Самите кажаа дека „Русија умира“, значи со радост и среќа тоа го кажаа дека демографски умира. Со секој изминат ден, дедо Путин ги радува малцинствата во РФ, колку помалку мажи Руси, толку подобро за нив. Колку повеќе иселени Руси по Србија и Аргентина, кои трајно ќе останат таму како тие погоре од линкот, толку поарно за Чеченци, Татари, Јакути, Башкири, Чавуши и други за кои Русија е само терет без бенефит.
Овај кловн и подлизурко на меџународна на копче дава вакви изјави и нарочно е избран ваков шутко да го иритира членството. Ваквиве изјави му се чиста подметачина воопшто не го мисли ова сериозно туку by the book качи вакви зелени да иритира народ, затоа е и донесен да биде целосно кооперативен околу раскрчмувањето на државата. Поголем дебил за лидер не сум видел од овај цреп дно од политичар
Починала Викторија Амелина. Нема да и се оствари сонот првиот одмор после војната да го помине во Македонија, за жал. Тоа е таа цена кога живееш близу Русија и Руси, живот со нив и до нив нема. Ова од пописот во Русија Само је мањи део популације активно религиозан. Сматра се да су 16–48% становништва атеисти.[4]
https://chechenews.com/алла-дудаева-в-этой-войне-украинский-н/ Ала Дудаева, вдовицата на првиот претседател на Чеченската Република Ичкерија, видете со гугл транслејт што кажува. Инаку, женава е Русинка по националност, од родители Руси, Валентина и Фјодор, родена е блиску Москва, сопруга на Чеченец, и навива за Чеченци, не за Руси. Тука се раскажуваа филмови за некои сложни и единствени Руси.
Кај сте бе дечки, ве снема. https://theins.ru/news/263160 Еве ви од руски медиум, Чеченци пребиле руска новинарка во Грозни, ни кривично гонење, ни ништо. Ја испокршиле целата, ја гореле, ја истрижале. Уште ли мислите дека Тексашани и Чеченци се исто? Спојлер Сите Дагестанци и Татари се радосни што Турција ги пушти камандантите на Азов, за нив вчера било историски ден, а на 1-2 август ќе одат во Токио, ќе прават форум на тема што понатаму пост Русија. Никаде нема Русин да им пише некој коментар нив иако гледаат кои им се плановите, ее страв лозје чува.