Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.667
    Пол:
    Женски
    Имаме многу србофили и без никаков српски корен.
    И по истата логика Србија до Токија ке ја подржуваат и Русија.
     
    На Tanjamm и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.978
    Допаѓања:
    9.775
    Пол:
    Женски
    Ниту еден од тие луѓе кои се многу моќни и владеат над мноштвото не се откажува од материјалниот луксуз во полза на духовното, така што, констатацијата дека војните се прво духовни, а потоа за профит е неточна.
    8)
     
    На Billy Idol и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Па нормално...се знае кој потега војни и кој ужива во луксузи.8):D
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Имаше една анкета снимена во Русија, лицата се покриени скроз, гласот мутиран, да не ги познаат, значи тазе ова после обидот за пуч и еден вели „Кога го гледав на новогодишното интервју со генералите, сакав да е мртов, да го смена, едноставно да исчезне“. Друг вели „кај нас во пензија одат на 65 години, тој треба да е во пензија веќе“, „немам зошто да имам позитивно мислење за него“, а подоле под видеото некој Русин им пишал „абе како не ви е страв, што ако сте заматени, наведено е во кој град е снимано, има камери на јавни места, ќе ве најдат бе од државна безбедност“.

    Друга анкета за тие што избегале од мобилизација, дали ги осудуваат еден вели „па секој има свој став“, една баба „ааа секој треба да си живее каде што се родил“, трет „и јас ќе се селам“ ( не сака да каже каде, демек не знаел уште“, четврта „ааа, бе избегаа тие со пари, ние бедните мораме да седиме“, последна вели „јас им завидувам на тие луѓе“. Сума сумарим, им се тепа за територии, ама да се некои мали како Грузија, а ова не испадна по планот, па ако можат да бегаат.

    На тема брак, со кои странци би биле во брак, една сака Канаѓанин, друга Американец да оделе во Америка, трета европските вредности ги сакала, по можност да е некој богат Европјанин, другите одговорија со Турци, Казахстанци, Азарбејџанци. Па кои вредности бре луѓе? Пред камера се откриваат дека се за спонзорирање, да е богат, и не им е битно дали е мажот од друга вера. Па нели беа јаки христијани тоа? Скапав од смеење дека ниту една не говори странски јазик, а млади, 20-30 години. Им светнуваат очите за странци, ама како ќе се разбереле, не знаеле јазик, и тој водителот им вели „ама замисли дека тој збори руски јазик, со кој странец би била, од која земја, националност“. Колку Македонки знаете што на таа возраст не знаат барем англиски јазик ако не повеќе? И Македонки и Србинки би сакале да се мажат со богати странци, ама од Русинките се поречити, имаат повисока емотивна интелигенција и не се толку прости да кажуваат дека и со некои скроз различна вера и раса би биле, па да им се смејат. Африка не сакаат, не им било по нивни вкус. Абе ова анкетиве се што би рекле Србите, спрдавање, ама не се свесни самите какви смешни одговори даваат.
     
    Последна измена: 25 јули 2023
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Срамота е тоа?
    Природно е и ти со своите македонски корени да бидеш на руска страна.
    Па размисли чија пропаганда ти добиваш.
     
    На TMNT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Срамота?
    Срамота е што не признавате геноцид, рецимо. Срамота е што под призма на ЈНА собраа се' од овде, а не беше така договорот ;) Срамота е, ама оди па докажи. Слава му на Глигоров и неколкумина, барем глави спасивме.

    Врз основа на што би требало да бидам на страна на агресор?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Аха....учи историја,никогаш не е касно.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Чија? Српска, бугарска, грчка? :)

    Учам, не се секирај :)
     
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Руска....се што е напишано го имаш во руските книги.
    Ама прво јазик...па по ред :D
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Важи ;)
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Како јас како чиста Македонка да бидам на руска страна? Што имам јас со луѓе што палеле живи Грузијци и тоа дома кај нив? Па мене Грузијецот ќе ми биде брат, христијанин е и тој, а каков христијанин е Русинот? Попот го видовте ли дека осветуваше тенкови? Па на што личи тоа бе? Патријархот Кирил повика на убиства, да се плукнам на такви христијани. Еве вчера од Латвија депортираа стара Русинка оти не положила тест за лативски јазик. Не сакаат бре да зборуваат туѓ јазик, кај и да оди само „Ја руски“. Абе мавни се, ти руски, иди во Москва биди руски. И имаш видеа една иста Русинка од Донбас снима видеа се исмева дека руската војска погодила цивилни цели, убила невини луѓе, нејзини соседи, и вие сакате Украинецот да ги сака овие? После истата за да оди во Шпанија, искористила украински пасош, оти со руски не може, се пишала Украинка и пак таму се снима и вели „видете овде е опасно да се зборува руски, никој не не сака, да ти ебам Украина, ама јас со украинскиот пасош дојдов овде“. Па пее некои националистички песни, исто како оние српските песни шовинистички што ги има, такви некои. Сељандура. Не бегала во Русија, туку со пасошот на Украина, држава која ја спори и пцуе се пикнала во Европа. Што имам јас со такви болни? Не е еден ваков, има десетици такви, ги собираат, анализираат Украинците и ги пуштаат на еден јутјуб канал, да види светот кои се Русите. Џабе им перете образ, се лајносаа веќе. Друга, Русинка се снима, провоцира, пред бар во Кишињев, вели не ја пуштале оти е Русинка. Што бара сама жена да оди во бар во Кишињев, да замара обезбедување, на сила сака да влезе или да направи инцидент? Што не седи во тоа терористичкото дувло Приднестровје каде убиваа Молдавци? Утре веројатно не е точно, па од клубот ќе ја тужат, снима видео се извинува, кажува лажела дека е од Санкт Петерсбург, па ја сакала таа Молдавија, бла, бла, не знае што збори. Непресметливи селендри. Што имам јас со овие? Деновиве неколку Грузијци истепаа Русин во Батуми. Што бара Русин во Батуми кога си има терористички дувла како Абхазија и Јужна Осетија? Сигурно се изградени како Мариупол?Абе невиден безобразлук, простоќа, незнаење, тоа е страшно, шовинизам, национализам.

    Медицинска сестра Русинка која работи во Германија, јавно се сними и објави дека со погрешни апчиња ќе го убие секој Украинец кој ќе дојде кај неа во болница. Ја пријавиле Германците, полицијата ја гони. Друга исто во Германија, сопственичка на ресторан, повика кога ќе се собереле Украинци да протестираат за мир, Путин да гаѓал во Берлин, да ги убиел. Вие што ги правдате дефинитивно сте да ве пушти човек со вакви, нек ве шутираат, ќе ви викаат „ја руски“, не ги занимаат други народи, јазици, тие империја биле.

    Исто во Германија, доаѓа Русинка стара на штанд на Украинци, ден на малцинства нешто и навредува, а потоа се префрли на германски и кажа 30 години живееле во Германија. Значи за 3 децении не се култивирала, се однесува примитивно, како во штала да растела.

    Само на муслиманите не смеат збор да гукнат. Муслиманите самите велат „добро, ние со векови сме колонизирани од Русија, кој ќе ја надомести штетата, па Русија ни уништи генерации и генерации“. Тоа е таа историја. Од џамии искорнаа натписи на арапски Русите во Татарстан. Иван Грозни нив ги малтретирал. Овие ако се решат да ги средат, ќе видите што ќе ги снајде.
     
    Последна измена: 25 јули 2023
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Како ти тоа го разбираш?

    За мене сè во овој свет има духовна позадина во крајна линија, она што постои во духовното тендира да се преслика во овоземното. Но што се и едното и другото? Енергија. Така борбата за профит е борба за енергија која очигледно сè помалку ја има штом толку се грабаат околу истата.

    Можеби... Така се случи со режимите на Гадафи, Хусеин, Мубарак и талибанците. Но ќе повторам, за разлика од нив Русија има нуклеарно оружје. Истото нема магично да го снема! И да не го употреби Русија како последен крик, истото ќе се најде во многу повеќебројни раце, од кои некои мошне фанатизирани.

    Патем талибанците во Авганистан се вратиа на власт... слабо вести за нив слушаме.
    Ова е една друга сериозна грешка на западните пропагандни наративи, а ништо чудно самите да си веруваат на себе си - потценување на непријателот. А тоа е нивното мислење дека сегашниот претседател на РФ е луд. Но токму западните познати психијатри велат дека тој е далеку од луд. Таинствен можеби, луд никако.
    Можеби затоа што биле поткупени или присилени, а на јавноста ѝ се сервира дека е тоа поради однесувањето на Русија.
    Абе не би требало да смее, ама очигледно ѝ се може, исто како што ѝм се може на САД. Тие два момента упорно се негираат, цената ја плаќаат понајмногу цивилите.
    Србите велат „Беганова мајка не плаче!„ нешто како „Наведната глава, сабја не сече!„.
    Тоа право не е доволно. Мораат да имаат средства. Но тие моментално опстојуваат исклучиво од донациите на ЕУ и САД. Искрено, се помалку верувам дека народот бира и дека народите имаат некакво право на самоопределба. Секако, верувам дека така би требало да биде. Би требало... Но реално бира можеби од она што му се сервира, но што и да одбере некои агенди секако се реализираат.

    Во Македонија ниту една влада до сега не била против ЕУ и НАТО, не случајно, бидејќи не ѝ се дозволва алтернатива (мислам на неутралност). Во Британија народот гласаше за излез од ЕУ, што навидум и се испочитува. Но тие гласаа за да им се подобри животот, Британија да стане повторно на британците (Rule, Britannia! rule the waves: Britons never will be slaves) а не на имигрантите и бегалците (ама „кармата е кучка!„). Meѓутоа токму спротивното се случува, раснат нередите и сиромаштијата (засега сè уште далеку од балканската) и проблемите со имигрантите.
    Но што ако соседот во неговиот двор прави дејствија кои за тебе се загрозувачки, а посилна си? Го опоменуваш неколку пати, ставаш јавно до знаење до каде ќе толерираш... тој отпрвин се повинува, имате некаква соработка, он тебе компири ти нему јагоди. И не е некој луксуз, ама се има за живот. Потоа доаѓа некој од сосема друг град (Америка) и иако знае за тоа каква/каков си ти и на што се си подготвена и што имаш сè на располагање - не дворот, куќата да му ја пеплосаш на соседот, тој го поттикнува соседот да тера по свое, бидејќи ете имал свои права, ама при тоа не се вмешува целосно да те спречи (знаејќи дека тоа би значело во најдобар случај взаемен крај), туку само дотура масло во огнот сметајќи дека можеби тебе запалката кога тогаш ќе ти се истроши.

    Кој е тогаш виновникот? Агресорот или поттикнувачот на агресијата, а кој знаел многу добро до што ќе дојде доколку го поттикне твојот сосед да тера по свое?
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Прашање 1: ако шетам по миниќ и ме силуваат, крив е силувачот или јас?
    - ако најдеш 0,1% оправдување за силувачот, џабе збориме, нема поента дискусија натаму.

    Прашање 2: дали излагаме на гласање и гласаме про-еу? Оти не бојкотираме избори? Оти не гласаме за партија што вика нема еу, нема нато? Дали 3 партии во државава владеат, сдс, дпмне и дуи, сите 3 про-еу, упорно ги гласаме?
    Ако не сакаме тоа (јас сакам!) нема да ги гласаме. Симпл.

    Одговор онака: наведната глава сабја не сече, затоа сме кај што сме, вечна агонија чекајќи кој ќе ни се смилува највеќе, додека сабјата стои над врат.
    Што побрзо сфатите дека Македонецот НЕМА браќа, побрзо ќе сфатите колку историски грешиме со нашата вродена питомост.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Многу несоодветен пример, Украина не носи минич, туку сади жито и компири, ама ај... Силувачот е секако виновен, затоа што можел да одбере да не постапи така како што постапил. Но забораваш во примерот да го спомнеш бескрупулозниот продуцент на насилни ријалити шоуа. Тој е уште повиновен, тој знаел дека има силувач на одредена локација, те навел да го носиш миниќот иако ти претходно не си носела таков стил, и те упатил да се движиш на опасната локација, јасно при тоа знаејќи каква трагедија ќе ти се случи, а од која тој ќе профитира.
    Затоа што нема реално таква партија, и да ја има нема да ѝ се дозволи да влезе во потесен круг. Ако по некоке чудо би се случило, тогаш Македонија ќе биде казнета за својата неутралност и набргу власта ќе се соочи со последиците: враќање на визниот режим, заминување на она малку инвестиции, отсуство на грантови и кредити, инциденти долж границите но и внатре во државата. Тоа ќе се одрази на плати и пензии, здравство, јавен превоз... До кога таквата власт народот би ја трпел?
    Јас колку што гледам, историски имало прилично исечени глави, а фигуративно и денес, така да не гледам какко тоа била наведнувана главата...
    Немам такви илузии како србите за „братскиот„ руски православен(-малцински) народ. Не случајно велам дека немаме избор. Русите не нè сакаат, а западот не дозволува Македонија да биде неутрална.
     
  15. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    Ajde doj da se potpišeš deka prifakas se so e moe :D ne si ti u pravo kako može da si u pravo, odgovori na moeto prašanje, Zašto Nato/Usa go prekršija dogovorot so Rusija deka nema da se širat kon istok? Tie provocirat sakat da gi primat Švedska Finska u Nato i po Ukraina?
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.535
    Зашто ПутКин не иде да се затепа со некој од НАТО ако толку му сметаат ами си го прчи у фотеља и се прави муж пред 6 годишни деца?
    А мене патем и Путин и НАТО сите ми се исто срање со различно паковање
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    Ne ti se isto po pisuvanjeto, braneš gi po Nato a napagas po Rusija, pa on i kaža neka proglase Ukraina voena neutralnost i nema da ima vojna, ama ne sakat Jenkite taka. A koj pretsedatel od drugite otide da se tepa? Bajden? :D Zelenski, onaj baboebacot od paris, Šolc?
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.535
    Неписмен си или да?
    Јас и сосема поддржувам да се раскине Рамковниот договор на пример кај нас.
    Оти е склучен само зашто некои мереа (и уште мерат) сили кај што не им е место.

    Крај крајова мене не ми е гајле за големи лидери што си играат board games од столче. Гајле ми е само за обичен народ.
     
    Последна измена: 25 јули 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Па Путин не ги нападна НАТО :D Путин путката си ја држи подалеку од НАТО, ама ај :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Значи, нели немаше маж што ќе го уапси Путин, ама сега истиот Путин не оди во Јужна Африка, ќе го прати Сергеј Лавров, министерот за надворешни, оти тој не е под обвинение.

    Сите само ловите на емоции со бомбардирањето на Југославија, арно ама, НАТО пилотите не одеа по српска земја да силуваваат баби и деца, туку гаѓаа мостови, пруги, РТС, и убија и цивили, ама на многу мостови стоеја цивили и таму НАТО не фрлаше бомби, каде има жив штит. Значи, не сум адвокат на НАТО, ама така беше. Тетка ми живее во Србија, кај нејзе во градот немаше никаква штети, првата штета беше на пруга која е на 100 километри од неа, и тоа надвор од урбана средина, во клисура. Таа ми кажа дека Црна Гора ептен лесно поминала, била поштедена, оти целта беше да се казнат Србите. Заборавивте дека истите тие Срби во 90-80-те на Косово со тенкови газеле Косовари, не смеело да се објави на ТВ, самите кажуваат, не измислувам јас. Заборавивте дека во Босна силуваа 9 годишни девојчиња, едното роди дете од четник, па сакаше да се фрли од прозор, Бакира и двете ќерки ги силуваа пред неа, едната е видно пореметена од тоа. Бакира е таа што се бори за правда за силуваните жени. Заборавивте дека во Босна, Срби силуваа мажи, жена Србинка има бутано шипки во анус на Бошњак, Срби силуваа Бошњакиња, па и ги исекоа брадавиците и детето и го заклаа. Настрана што јас ги сакам Србите, чисти се? Не. Татко ми ич не се потресе за бомбардирањето на Србија, тогаш, оти Шешељ ќе ја палеше Македонија со дим од цигара и додека да испие кафе Македонија ќе ја немало, оти тој си велеше дека во Македонија има Срби, србомани и Бугари ( мисли вмровци), па ќе ги пребиеле Бугарите и Македонија ќе ја споеле со Србија. Оти кога татко ми бил војник во Бања Лука, за примерни војници имало награди, старешина Србин се бунел, Македонците да не добиваат награди, да не си одат порано од воен рок, а назад во воз, Срби од Шумадија терале мајтап со татко ми и некој си струмичанец. Си го повикаа НАТО, после плачат.


    Рускиот јутјубер не е запрепастен што Мариупол е во урнатини, и што само неколку згради се направени за Руси, тие повидни луѓе, веројатно за тие нивни гувенери кои се во суштина терористи и сепаратисти, туку му пречи што има мигранти, 7-8 пати кажа, и ич не беше воодушевен, скиснат беше. Па што не се пресели тој самиот во Мариупол?

    Цело време зборите за некаква западна пропаганда. Дали некој од Си Ен Ен, ББЦ, отиде да им направи интервју на овие од РФ во Њујорк, да праша „што се буните, што сакате“, па да си кажат дека работа е мисловна именка, дека гасовод нема, дека јазични права немаат, дека ако Бурјат припари накај Москва го тепаат. И тоа не би било пропаганда, тоа е вистина.

    Untitled.png
    Еве ги вчера биле во Сан Франциско. Има во Раша Тудеј, Риа новости, Спутник за ова, оти нели се релевантни?

    Не ги потценувајте мислиманите, во РФ има 1.6 милиони Чеченци, 5 милиони Татари, над 2.5 милиони Дагестанци. Каде се другите плус, за кои не сме ни чуле и нема ни точен податок колку се? Сите си имаат дијаспора во соседните земји, од каде лесно ќе се докрцаат. Многу од нив се во Турција. Азербејџански извори велат дека во РФ живеат 5 милиони Азербејџанци. Не мора да се сите државјани, ама таму се. Па они без проблем ќе соберат 1 милион здрави, прави, млади мажи кои ќе се борат против Русите. Како за споредба, Русите уште се во Бахмут, кај шути и се бодат бре.

    Друго, иде поткаст на Татари и таму некој гледач пишува „Во РФ доаѓаат муслимани од другите соседни земји кои не се автохтони народи како нас, дали можат нас да не загрозат“ , а одговорот е „па нема да не загрозат нас, ќе ги загрозат оние од руското јазично подрачје“. Браво за Путле, колку ли има дојдени од Киргистан, Туркменистан, Непал и слични за да работат скоро за без пари. Ако не се државјани, ќе бидат, битно тука се, во дворот.

    Муслимани редовно нешто им бараат во Москва, само што Русите не објавуваат или ќе објават една вест, нешто кратко и тоа е.
     
    Последна измена: 25 јули 2023