Немав време да ги прочитам сите коментари, од многу и се разочарав, млади прогресивни лица, а толку милитантно и диктаторски задоени. Срамно, страшно и жално. Од она што имав малку време да разгледам и да прочепкам во однос на војната, точно, ова е се само не обична војна туку уште полошо, економска војна за која за жал напоменав во друга тема. Да почнеме од почеток, започнува светска пандемија која трае околу 2 години, ресурсите се насочуваат кон медицината, а нафтените олигарси губат огромни суми на берзите. По 2 години, дузина неуспешни лекови и вакцини, светските економиии не можат да издржат и ја прогласуваат пандемијата за "умрено", а со тоа светот се отвара, секој ден се повеќе и повеќе особено со почетокот на 2022. Бидејќи после секоја светска криза следи "светска депресија" наместо за прв пат да се обединиме заедно и да продолжиме напред, цел свет наседна на играта 0,1% мултимилијардери кои изгубија пари и сега сакаат да ги вратат по пат на војна. Да, наместо средствата да се вложат во напреди технологии и прогрес, тие избраа воена технологија. Ако пратите берза, ќе забележите дека Рускиот гас и нафтени деривати постојано беа во пад во последните 2 години. Една од причините е што Русија ефтино се продаде пред многу години уште кога се изградија гасоводите и направи долгогодишни договори по фиксни цени (парите денес и по 10 години немаат иста вредност, туку се помала особено кога станува збор за рубљата), друга причина е што Руските олигарси кои буквално се земјопоседници на Русија вложија огромни суми за лоши зделки. И не само тие, тука се и голем дел од Американските богаташи. Решението за нив за жал беше војна. Или што би кажале америте, "The enemy of my enemy is my friend'' Бајден секако дека е кукла, секој демократ е кукла на американсиот крем, но од Путин ретко кој очекуваше да влезе во игра заедно со олигарсите и кремците, што не е ништо чудно бидејќи и самиот е олигарх. Заклучок, непотребно се карате за САД, НАТО и Русија, и заземате страни кога тие заедно ја започнаа војната, договорено и однапред смислено, со цел да се покачат цените на гасот, нафтата и нафтените деривати, да се зголеми и онака веќе големата инфлацијата, или во превод, богатите да ги вратат изгубените финансиски средства и да се збогатат дополнително, а остатокот од 99% од популацијата дополнително да осиромаши. Она што е поразително е што овие ефекти кои сакаат 1% да ги постигни нема да траат многу долго, а штетата ќе биде огромна, не само материјална и финансиска, пари се заработуваат, туку загубените животи и трауми. Она што можам да го предвидам не само јас, туку и берзите а останати реномирани економски аналитичари, е дека нити САД нити Русија ќе имаат голем бенефит, туку третата страна од ОПЕК најмногу ќе профитира. Тоа се стари народи, едни од најстарите цивилизации кои мудро молчат, а ќе го заземат најголемиот дел од колачот. Кина и Индија е веќе нивна бидејќи мудро им ја зедоа на Русите, останува Европа. И да, Европа ќе има најголеми последици, особено економски. Лошите потези изминатите 10 години во ЕУ сега испливуваат на површина, особено со излезот на UK од сојузот. Ако нешто е правило за ЕУ тоа е дека старите непријатели и понатаму се непријатели, а ЕУ не ја сакаат нити Русија нити пак Америка. Истотака, сакам да изразам сочуство до сите инволвирани во оваа војна на овој или на оној начин, сочувстувам со Украина и украинскиот народ бидејќи сите останати земји можеме да бидеме Украина уште утре. Жално е што заради нечиј профит се губат многу животи. Посакувам да заврши што е можно побрзо и побезболно за сите. P.S. Битола изгуби многу во војната исто како и цела Македонија, можеби не беа раселени како Тетово и Гостивар, но од 2001 година се се промени на полошо, а за раселување, па цела Македонија се отсели. Во нашите срца се и засекогаш ќе останат, Марјан, Илче, Бошко и Кире кои беа брутално масакрирани во Вејце како и сите останати припадници кои беа дел или ги загубија живототе во војната 2001 година.
Премлад е. Сега го видов на слика. Повеќе од 25 не би му дала. Жал ми е и за руските војници што погинале.. жртви на профитери од двете страни има..
Кај реков дека е во ред? Кој дел од функционирањето на светот не го разбираш? Имаш големи насилници, и мали , кои треба умно да играат политика според картите што им се паднале. Стварно сум уморна денес да објаснувам... Ете шо убаво објаснува @Kanya , да се урами треба.
Убаво објасни девојката, јасно ни е на сите дека зад сето ова стои светска политика и она што нам ни се прикажува и сервира е само шоу. Ама не прочитав нешто слично од тебе. Нема врска. Исто ко што на нас ни го сервираа НАТО и многу други договори и ситуации, сега некој друг, друго сервира. И во сето тоа, штета е што гинат луѓе, сосема невини за веќе однапред познати сценарија.
Верувам дека Америка многу добро знаеше кои ќе се последиците за Украина од сите влечења за нос на актуелната, сериозно малоумна власт во Украина за некакво влегување на Украина во НАТО. Страшно многу ме плашат такви инсталирани малоумници со цели кабинети од уште поголеми малоумници кои не можат да проценат ситуација нити последици. Не ми се верува дека озбилно мислеа дека Америка и цела Европа ќе тргне во поход против Путин. И да тргнеа, на чива територија ќе беа борбите, што точно мислеа? Разбирам да си исплашен кога на сама граница го имаш еден ненормален Путин кој не така одамна си приграби делче од нив и никому ништо. Ама човече. Прес конференции да држиш и да се силииш до последно повикувајќи се на пријателите и сега, поддршката од пријателите да се сведе на економски санкции, на тоа дека Русија нема да настапува на Евровизија. И некој кој со таква леснотија бомбардира се' живо и диво и тргнува во поход на соседна земја, пак уште повикува Украинци да си ја вратат власта од наркоманите... и таквиот да го поддржуваш и да си среќен што победува и да ги плукаш Украинците чија држава и народ го цепкаат, само затоа што им го “споп#ка“ на САД..кога они правеа така.. бла, бла. Сериозно ли?! Кој од кој поненормален.
Аман бе, каде и што се заканува, бидете малку сериозни? Финска и Шведска уште вечер може да влезат во Нато во овие услови и толку од заканите мислам Свифт е меѓународен платежен систем @Feminka22
Не се слагам ич. Јасна беше пораката кон Шведска и Финска и језива особено одкако објави Украина дека добива помош од двете земји.
Поддршката дома му порасна на 69% додека пред 6 месеци беше 61%. Анкетите се спроведени по нападот на Украина...
Ама ја немам видено пораката бе луѓе, споделете вест кога зборите за нешто, не сме сите сегде цело време, не разбирам за што зборите.
Ама што ако влезат? Што не прати секоја НАТО членка војници во Украина? Не смеат. Стојат и обсервираат, зашто секој потег води само кој војна на светско ниво. Апла се гледа украинскиот претседател колку е разочаран од тоа што има само УСНА подршка. Мора цивили да моли да се борат. Да се разбереме, не велам дека тој е цвеќе, додуше прв пат вчера слушнав за него , но ако јас те испровоцирам а ти мене ме удриш-ти си крива.