Ti si pismena barem, ednas ovaka zbores ednas onaka, duri ke pomisle čovek deka si platena da šireš Američka propaganda
Isklučuvam se od muabetot, se izgubivme vo prevodot, ne mi se dopagat vulgarnosti posebno od žensko pa ič, pozz
Странски новинар прашува дете во Украина, колку години има, вели 9, го прашува дали се плаши, вели „Не“, зошто, „Затоа што сум Украинец, а ние Украинците не се плашиме од ништо. Бев во Буча, видов што се случило, Русите ја гаѓале црквата...“. Кога ќе слушнеш муабет „8 години бомбадираа цивили“, зарем не си помислуваш „чекај, малку, за цивили не ти требаат 8 години, ако почнеш да гагаш, за 6 месеци пола ќе ги убиеш, пола ќе избегаат и нема да се вратат“. Најголем дел од тие „цивили“, тоест терористи веќе загинаа. Еве ви подоле, аааа, значи на украинска земја масакрирал Украинци, епа дојде крајот. Како тоа Украинци одбивале да зборуваат руски, кога и сега на бојното поле некои од нив користат руски јазик? Пример, еден украински војник се оделил од групата, не знаел во кој правец се движи во Бахмут, одел повеќе од 5 км, и доаѓа до грмушка зад која седат 10 војници и зборуваат на руски. Помислил дека се тоа негови последни минути, дека ќе го убијат, оти вели не може да убие 10 души, имал малку куршуми, арно ама тоа биле Украинци кои зборувале руски јазик, и жив е дечкото, и војува уште.
Pogledni go dokumentarecot na Oliver Stone (Scarface, JFK, Platoon, Born 4th of July...) so Putin i ke ti stanat jasni mn raboti
Со кое право еден Русин на молдавска новинарка и вели „Јас сум Русин, доселен сум од Русија, само руски зборувам, а ти Романка ли си? Ако си, да си одиш во Романија“. И тоа на протест, не сака за медиум да даде изјава, да каже зошто протестира. Новинарката се префрла на други жени, и тие некаде 55 години, тие исто не сакаат да зборуваат друг јазик, не знаеле молдавски, тие биле Русинки, ќе зборат руски, плус прават некои сељачки покрети, мавтаат си прст и се закануваат на новинарката дека таа и нејзините деца мораат да научат руски. Севкупно дали Русиве беа 30 луѓе на протест. Оди Русинка во болница кај доктор Молдавец, и тој вели „не оперирам Руси, да имам пушка и во глава ќе ги пукам, затоа што вие сте наши непријатели, а ако не ти е јасно зошто го кажувам ова, отиди во Украина, ќе ти објаснат“. Таа почна да му се умилкува, од Молдавија била. Колку лигави суштества. Само ако им е зор, се прават не знаат кој е Путин, не знаат колку војни направија, од Марс се паднати. Што бара Русинка кај доктор Молдавец на кој му ја разбива државата, плус си го има терористичкото Приднестровје, нека се лекува таму. Додуша во Приднестровје 70% се неруси, тоест Молдавци и Украинци, ама руско било. Во секој ќош терористичко гнездо. Сега им вадат видеа од балтичките земји, како навиваат за војна, добиваат парични казни за тоа, па Украинците им се смеат дека се З париоти, кои живеат во Европа, ама навиваат за Русија. Од тие 17% во Украина, дали 1% се лојални и тие се борат на страната на Украина.
A post by a well-known Ukrainian journalist on Facebook: "Today, I received information from my sources in the SBU: As of today, the number of deceased soldiers of the AFU is over 310,000. Thanks to Zaluzhnyi." Преку 310 000 изгубени животи, преку 600 000 повредени Украинци за година и пол. Гледаме луѓе како ги собираат по улици, насилно им влегуваат во домовите и ги праќаат на фронтот да гинат како топовско месо. Почнале и луѓе со психички проблеми од психијатриски болници да праќаат на фронтот. Украинската офанзива излезе крајно неуспешна. Го изгореа западното оружје, ги пратија своите луѓе во неповратна мисија. Жално, и тажно за сите тие обични луѓе кои насилно ги праќаат во смрт. Безброј видеа како ги убиваат тие што не сакаат да одат да се борат. Многу од нив се предаваат на Русите само да се спасат од смрт. Меѓу народот тлее незадоволство од власта на Украина. Ќе дојде до точка на вриење каде што луѓето ќе се побунат и ќе следи преврат. Нема долго да тераат Зеленски и Залужни.
Борба за енергија, енергија како природни ресурси? Па Русија не бара од никого, зошто било кој мисли дека треба да го подели и расцепка своето? Иако често на темава истакнувам дека Русија секако ќе победи, свесна сум дека оваа војна тешко може да се добие само врз основа на техничка надмоќ, бидејќи главните протагонисти се горе доле технички изедначени. Идеологија е потребна. Рускиот човек, како и современиот западен, живее без Бога, 100 години веќе. За сето тоа време се обидува да биде прифатен во тоа елитно друштво на моќни, кои својата моќ ја базираат ограбувајќи ги народите ширум светот. Толку мал процент на пребогати има и толку голем на сиромашни и гладни. Сега Русија дојде на ред, не е фер да биде толку богата, а да не раздели. Голема шлаканица добија либералните,прозападно ориентирани Руси, кои обожаваа да трошат и да се натпреваруваат во тој исти западен свет,кој исклучиво свои правила поставува. Православниот човек во своите гени носи запис, кој дава длабока потреба за правда,слобода,независност, традиционални вредности....се спротивно на либерализмот кој сака да унифицира,покори,релативизира,обезбожи.... Поради тоа Македонците,Србите,Бугарите....денес се русофили и покрај огромната пропаганда, иако многумина тешко рационализираат зошто е тоа така. Зошто ги протераа верниците од Киевско Печерската Лавра и го затворија нивниот владика? Нели Украинци, УПЦ....зошто нова црква формираа која народот не ја прифаќа...каква врска имаат со РПЦ? Каде ги однесоа светите мошти и со која цел? Знаеш ли дека Сталинградската битка и битката за Москва е добиена благодарение на светата икона на Богородица Казанска. Премногу сведоштва има околу тоа, кога и самиот Сталин учествувал. Јас верувам во чуда и Божја заштита. Не знам дали е Путин дел од божјиот план, но ако не е, ќе се појави веќе кој треба.
310.000 жртви не е ништо, се борат со суперсила. Распореди ги во цела Југославија ќе видиш колку се. Пата - пата ако е бројот на загинати е успех за Украина и пораз за Русија. И аман, ги собирале на сила, еве вие им браните територија. Многу сте душегрижници, смешни се вашите жалопојки. Еве сега Украинците ќе прочитаат на Фемина што сте пишале за бројот на загинати и одма се предаваат, до вечер. Има ли некои изгледи дека Русија ќе победи и кога? Како тоа Русија ќе победи ако Украина се предаде? Тоа не е победа на бојно поле. Во нација од 50 милиони фрли 310.000 загинати, тоа е помалку народ од тоа што им уби короната, а Украина војува со демек суперсила. Дечки вие кај живеете? Нели гледате дека Путин е виц за козоебачи по РФ? Залужни немало да траел долго, па кај е Суровикин? Отиде на одмор и го нема, ништо чудно да е под земја досега. И не знам дали добро сфативте, Русинки од Донбас, имаат руски и украински пасоши, се рашетуваат по Европа, слажале дека се Украинки, пцујат по Украина, а се шетаат со украински пасош. Па рускиот пасош за што е? За бришење задник? За што го земале? Приказните дека Зеленски ќе го нема ви се од 25.02.2022. Рисет, Русија по 17 месеци војна држи шестина од територијата на Украина. Не сте за жалење, треба стопати поголем терор овде да ви вршат малцинствата, по пример на Русите. Русинот никаде не збори туѓ јазик, па зошто Албанецот да ви збори, кога тој практично ви го купи пола Скопје? Фаќајте пат за рушевините Маруполски, не знам што седите да бидете овде заложници.
310 000 убиени + 600 000 повредени и исчезнати. Скоро 1 мил жртви потврдени од украинската страна. Повеќе од пола Македонија. А колку е стварно бројот, кој би знаел. Тоа е страшна бројка за било која армија во светот. САД имаше 58 000 жртви во Виетнам пред да колапсира, како пример. Во сите југословенски војни немаше повеќе од 150 000 жртви. Ирак имаше 460 000 жртви кога САД ги разруши и ги врати векови назад пред да капитулираат. Ова што и се случува на Украина е егзодус од невидени размери. Жално и тажно за народот.
Aбе Босна имаше 200.000 или 100.000, само Босна. Тоа е ништо, тие жртви што ги имаат во војната во Украина се помалку од тоа што убиваше короната. Војна е, не е свадба. Гинат необичени луѓе, тоа не е армија. Идете на профил на Федир Шандор, Унагрецот, на Петро Волошченко, на оној Валериј Маркус, има еден Леонид Михаил, Алина Михаилова, значи војуваат од сам старт, ни повреда, ни ништо, тоа е армија, а другите се обични граѓани кои имале некоја обука и тоа е тоа. Мало невнимание ги носи во смрт. 310.000 распореди по градови, ќе сфатиш дека не е многу. Си живеат нормално повеќето. Еве сега мојата пријателка од Украина е на одмор во Албанија, таму се со цело семејство. Мислиш ако пола фамилија им е на бојно поле, ранети, изгинати, ќе им се оди на плажа? Нив на пример никој им нема изгинато. Ни 1 милион не е многу, можат да идат до 7 милиони како во Глодоморот, и пак ќе опстанат. Русија не знам дали ќе има сила со толку многу народи што вриштат да се цепат. До кога ќе издржи. Гробишта има во Бурјатија, Тува, Башкортостан, не кријат, воени гробишта, а Русите кријат, секако, немаат загинати тие. И ако Мариупол е крш после година и нешто окупација, за што руски блогер го снимал каков е, допрва ставаат асфалт по улиците, како би го изградиле цел Донбас и гратис да им го дадат?
Зборуваме за војска, не за цивилни жртви. Цивилните жртви ако се сметаат, па и оние трајно раселени, бројката е во милиони. Без окупираните делови што се под Русија сега, дали 25 мил се останати од тие 40 мил жители во Украина што имаше пред војната. Веќе нема доволно луѓе да се регрутираат во војската, па почнаа и луѓе со инвалидитет и психички пречки, како и малолетници. Има преку 15 000 полски војници и којзнае колку други регрути што војуваат. Ако се продолжи овака, ќе се праќа уште војска од источните НАТО земји. Сеуште не се пред колапс, но колку жртви може да издржи армијата? Војната може да трае уште години, нема никакво наговестување за преговори. До кога? Додека украинската армија не колапсира тотално, или народот не се дигне да ја смени власта. Тоа и ќе се случи како е тргнато.
Можат да идат до милионски жртви. Жално е за секој еден човек, но 310.000 е ништо за 17 месеци војна, во тие имаш барем 50.000 неукраинци, па и неколку илјади лојални Руси. Oд лани е муабетот дека нема војници, август еве ќе дојде, во меѓувреме и многу жени научија да пукаат. Еве Роберт Маѓар објави видео како жена му пука со митралез, веројатно и сите други воени лица ги имаат обучено жените, а колку ли само се обучија самите по стрелани. Ако можел Коста Кецманович, што не би полнолетен Украинец во Украина. Не ми значи мене ништо таа промена на власт во Киев, и нив не им значи, до седмо колено ќе се борат против Русите, не знам како не ви е јасно? И да се тргне власта, борбата ќе продолжи, а пари ЕУ ќе обезбеди за следните 4 години за модернизирање на укринската армија. Има ли подобра власт од оваа која секаде проси од оружје, храна, возила, лекување на војници. Да бараш не можеш да најдеш. Ама што го споменувате Залужни, па тој и Сирски, Русите ги умреа пред два месеци. Зошто не ги верувате? Како ќе тргнат мртов човек? И Буданов е мртов, не го споменувајте и него. Тој им суреди Русин да убие руски генерал во Русија. И во меѓувреме, Татарстан го призна Глодоморот за геноцид, пред носот на Путин.
Така е, ќе војуваат до последен Украинец. На Бајден, Џонсон и Макрон не им смета тоа, гајле им е дали пола или 1 милион ќе изгинат. Битно им е Словени да гинат, од двете страни. И еден друг пред да падне почна да регрутира деца, жени, и инвалиди, па сите знаеме како заврши, а и кој после плаќаше за репарација.
Аааа,,, Словени гинеле, теории на заговор, дури руски поп осветува тенкови. Сирота Русија, мора да убива Словени, а неќе, ама од внатре шејтанот ги тера. Зошто толку се секираш за тоа колку Украинци ќе изгинат, зошто им се мешаш до кога тие ќе војуваат,( тебе не те прашуваат, тие САД не ги слушаат, што им даваат оружје, си гаѓаат на руска територија често), а се лутиш што ти менуваат име, знаме итн? Ќе ти менуваат допрва, оти нашава армија не и се исплатеше да удри во Арачиново, жртви ќе имало, мислиш армијава е за да чисти контејнери, а не да брани држава. Украинците се борат против мечка, не против две банди. Нема војна без жртви. Путин сака сценарио „последен Украинец“, ама невозможно и далечно е, оти нација се репродуцира и во војна. 310.000 се мал број жртви за ваква војна, ако воопшто е точна бројката, оти до Нова година беа 92.000, а Урсула заокружи на 100.000 и во Киев потврдија дека се околу 100.000. Кога изгубија уште 210.000 Украинците кога офанзивата оди метар по метар? Нашиот лузерски менталитет е тој. Македонски мажи плачат за леб и сметки, како ќе плателе, ама баба од 83 години во Украина заработува на интернет. Бабава е поголем херој од сите мажи во Македонија. Што има врска Макрон и Џонсон со руската геноцидашка, терористичка, колонизаторска политика која трае неколку века. Отидоа Черкезите да им протестираат во Москва за геноцидот извршен во Сочи пред 150 години, руската полиција одвлече девојка во притвор. Среќа има интернет, инаку Раша Тудеј не објавува такви работи, само победуваат, Залижни умрен, па уште и 8 години постар го направија. Добро, па ако пишуваш лажна вест, барем пиши му точен број на години на човекот. Сега ќе видите дека сите државички во РФ една по една ќе го признаат Глодоморот за геноцид. Во Татарстан не сакаа ни руско знаме на јаброл да им стои.
Не сакам да гинат невин народ, присилно да ги мобилизираат и да ги праќаат на фронт да бидат топовско месо. Имам пријатели, познаници, ги чувствувам како близок, братски народ. И општо сум против војни, сакам се да се реши со преговори. Aко толку сакаат да војуваат, нека ја тргнат забраната за сите мажи од 18-65 да можат да ја напуштат земјата, и нека одат на фронт само доброволци и резервисти, а не невин народ кој не сака војна. Ете имаше преговори каде склучиле договор да се повлече Русија од сите окупирани територии од почетокот на војнава, а за тоа Украина да остане неутрална, да се демилитизира и денацифицира. Ама го убија преговарачот и продолжија да се борат. Од тогаш Украина изгуби 20% територија засекогаш, разурната е, раселена и економски уништена. Па кажи ми зошто сакаш уште да гинат и ништо не биле 1 мил жртви? Викаш требало 7 мил жртви да дадат? Зошто поддржуваш војна и тиранија? Оди тогаш ти како доброволец и бори се.
Се е по план. Нели Русија сака долга војна? Залужни, Сирски, Буданов не треба да ги спомнувате, штом Русија објави дека се мртви, сигурно се, освен ако не се. Не, Русија е многу јака, тоа жртви 10 на 1, секој украински војник по 5 часа на фронт, изброј денови, часови, гарант имаат победено Русите само западните медиуми лажат. Русија може со цел свет да се бори, што ви е бре? Каков договор, Русија светот ќе го покори. Има пострадани Украинци, ама вчера видов Русин, екипата на Маѓар со дрон им фрлила бомба, Русинот трча, а грбот му гори. Овој некако не го жалиш? Русија држи шестина од Украина, а нели ќе ја изореше Украина за 2 дена? Нема јас што да велам, Били што да вели, Трајко, Петко, нас ли ќе не прашаат. Видов ЕУ проекти, сега отвориле, Украинец кој е надвор од Украина може да земе грант од 40.000 евра, па пратив на една Украинка која живее на релација Софија - Киев, нека искористи шанса, зошто да не. Путин може има таен план да се откачи од лоши Чеченци, Дагестанци, Татари, а Украина е феит. Види го, вика јас сум сакала да гинат. Кажа Залужни дека Крим не им го остава. Нека си идат Русите дома, никој нема да гине, ама како тргнало се на нос ќе им излезе, руското малцинство само ќе си отиде од Украина, освен тие ситна бројка лојални, Украина во НАТО, можеби и во ЕУ пред нас, не би ме чудело, Русија во распад или во граѓанска војна. Не знам што лидер е тој Путин, кога народот му се шета по светски метрополи и протестира против него, носи резолуции против него? Што лидер е тоа?
Нели Пригожин херојот го освои Бахмут, нанесе огромни загуби на Украинците, и еве пак Украинци ловат кадировци во Бахмут. А глеј „цивили“ што правеле во Донбас во 2014. Кршеле заби, коски на украинско дете, па му пукале во глава. Да си дочекаат вакво нешто, на нивна глава. Терористи гнасни. Со ваков џган само Македонци може да прифатат да преговараат, други не.
@Tanjamm колку те плаќаат за ова што го пишуваш? Сериозно ме интересира, пиши и лп ако ти е незгодно јавно, не е проблем. Ама изглеа добра пара се врти нели? Алал да ти е на посветеноста, ти се дивам да ти кажам, продолжи така уште појако. Само ова што го праиш е многу нехумано и злобно ко да им се ситиш на маката на кутрите луѓе делува ама па пара е слатка, те сфаќам и тебе. Ништо лично, не скокај одма у одбрана, само ти се чудам на инаетот, не попушташ и не, а тврдам дека знаеш дека не си у право. Ја нит иам симпатии кон Русите нити кон Украинците ама емпатија малце човече да имаш кон жртвите. Иначе имаш потенцијал за лидер на држава, баш стратешки размислуваш и анализираш, секоја чест. Дај кандидирај се кај нас, ќе те гласам, ќе ја опраиш државава сигурно.
Dosta chitate propagandi po cel den. Sho ne se otcepija dosega tie -stanovite, republikite od RF ako mozhat, ili trebashe da se sluchi Ukraina za da im tekne, onaka od solidarnost.