"Bank of Russia" на 3ти август 2023г го објави изгледот на првата дигитална валута на централната банка на Русија како и провизиите за користење на истата. Според податоците кои ги добивме од извештајот на "Bank of Russia" провизијата за користење на оваа валута до 2024г ќе биде 0%. Почетокот на 2025г ќе почне наплатата за користење на истата односно за трансакција бизнис со бизнис ќе биде 15 рубљи(0.16$), додека пак за физичките лица ќе биде 0.3% од сумата која се префрла. Секако ова ќе биде почеток на една нова ера во финансискиот свет!
Пропагандата пуштена на најако. Еве како се богати, па покачувања, па и бонуси. Ние си ги плаќаме на крај, на овој, или оној начин.
Copy - paste Добиваат документ што треба да пишат денес, кои реченици треба да ги содржи постот. Другото може малку да го изменат. Затоа мислењата им се како робот да ги пишува, а не човек со критичка свест. Ако се види шемата кој за што пишува и кои зборови ги користи, одма може да се знае дали е некој бот, или пишува по сопствено размислување.
Излезе податок за лани дека кај нас фрлиле 67 милиони. Огромна цифра, со која може 3 клиники како таа во Штип да се отворат во државава и да се реши проблемот со пренатрупаноста во државна болница. Ама затоа треба да сме пресреќни со некое канта комбе што ни го донирале. И да сме им понизни. Може да се види и кои земји се највеќе таргетирани.
Имаме и тука кај нас вакви примери ете гледаш што добро лапаат и рачето им е постојано у медот. Учат од најдобрите. Машала све топ јаки земјички равиени сите ептен. Сеа ќе се развиеме и зајакнеме уште поише без гајле штом Нато ни праќа астрономски суми, најјаки ќе сме. Доаѓаат подобри времиња. Ќе биде...
Значи се некои твитови таму се криви, инаку Русија ем ќе победеше да не беа тие, ем чиста како солза ќе беше, оти цело време е во хумана мисија. Ахх, тие пусти твитови. Били, абе авторски права ќе ти бараат од кајгана оти им копираш постови.
Па твитовите ја отсликуваат (не)реалната состојба донекаде, не се за потценување твитовите, иако да секој може да си каже што мисли и да заземе свој став како што му одговара. Ти поубаво знаеш, нонстоп користиш твитер и не информираш за случувањата и фала ти за тоа. А чекај сеа, кој тоа е на Кајгана, @Tanjamm ти? Шо вика Кајгана, како е таму? Дека гледам у тек си. На Кајгана е појако или тука? Кај има поише русофили да знам? Таму дозволуваат све да се кажува или мора со цензура за да не го јаде стапот некој?
Еве ти како Русите запалија живи луѓе во авион во Грузија. Едно врапче ми кажа дека постот на Били е копиран од Кајгана. Веројатно и таму истите луѓе имаат профили, не знам. Не е до твитовите, до фактите е. Среќа имаме интернет, па можеме да истражиме. Ако чекаш на вести да кажат за Грузија, нема да дочекаш. Иди на сам крај на видеото, ќе видиш дека од луѓето останаа само куп кожи.
Лелееее језиво и жално. Паметно тоа врапчето било. Све ботови бе се вртат по форумите, спас нема значи од нив...
Видеото не сум го снимила и измислила јас, од 1993 е. Русија ова го направила. Женава е адвокатка во Грузија. Мислиш лаже за постот?
https://fokus.mk/ruska-novinarka-pretepana-vo-chechenija/ https://meta.mk/ruska-novinarka-napadnata-vo-chechenija/ https://nezavisen.mk/vo-ruska-chechenija-pretepana-novinarka-na-novaja-gazeta-i-nejziniot-advokat/ https://www.vecer.press/напаѓачи-се-изживувале-врз-видна-руск/ Ja имаше веста секаде, не јас измислив јас. И рубљата сега е го најголема кома за 16 месеци, само немаат видено.
САД не НАТО. Иначе повеќе од пола од земјите на мапата се Нато членки. Како граѓанин на не-Сад држава, морам да кажам-ова се одлично потрошени пари на американските државни обврзници. Сигурна сум дека и тие се воодушевени
Вчерашен ден 2008 година, Тбилиси, Грузија. Русија почнува инвазија на Грузија, а претседателите на Украина, Полска, Латвија и Естонија држат говори во Тбилиси, даваат поддршка на Грузија. За жал овие се единствените што застануваат за поддршка на Грузија. Ете ви го Виктор Јушченко до жената. Украина дава нешто оружје на Грузија, прима дел од грузиските бегалци, а дел од украински доброволци на своја волја одат да се борат во Грузија. Дечки, нели Украина беше проруска цело време се до 2014 година? Ова е 2008 година, очигледно не било така. Ама ако комшијата ти каже проруска била, готово, што има да читаш, да проверуваш податоци, да се замараш. И Западот е крив за ова. Да им ставеа санкции тогаш, сега немаше да гори Украина.
Кои се тие? Раша тудеј ли каде кажуваат дека Берлин, Париз се ќе биде руско? Зборувате за независни медиуми, ама не постирате такви. Па Русија од почетоков на војната забрани повеќе медиуми. Не постои медиум што ќе го оправда рускиот средновековен варваризам.