1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Машки
    Фаќање страна во војна е рамно на глупост. А ти сити се на едните или на другите.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Во последниве 30 години Русија е земја што убила најмногу православни. ИСИС е шега во однос на Русија.

    https://www.idelreal.org/a/32537842.html

    Русија реагирала до Јапонија за форумот пост Русија одржан во Токио. Ахахаха, значи им пречи форум, а не им пречи што си припоиле неколку јапонски острови. Веста е од руски ТАСС, се надевам нив ги верувате. Русија се заканува ќе се одмаздела за такви провокации. Ахаха, цел свет ќе го ништат „космополитите“. Преведете си со гугл транслејт.
     
    Последна измена: 8 август 2023
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Денес дознав дека личност која има најголем број споменици ширум светот е украинскиот поет и сликар Тарас Шевченко...се зачудив бидејќи ми беше некако несразмерно со неговата уметничка вредност и планетарна популарност...да беше Шекспир, Гете, Ван Гог, немаше да се зачудам хмм ... но Шевченко има околу 1000 споменици во најразлични земји и во сите на Балканов.....интересен ми беше овој податок....од една страна глобализам,од друга величање на борец за национална слобода...

    https://shevchenko.ca/taras-shevchenko/monuments.cfm
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Допрва ќе се популаризира украинската култура. Еве јас лично барав книги од украински автори, го читав Шевченко, па се зачудив зошто не станал Нобеловец. Лесја Украинка многу ретко се наоѓа по нашиве библиотеки на македонски јазик. Допрва ќе ги преведуваат украинските книги на странски јазици. Имаше некој податок дека во скандинавските земји сега преведуваат повеќе украински автори, затоа што има интерес кај публиката. Патем јас веќе разбирам украински можеби едно 70%, дури и знам да кажувам реченици на украински. Има и странци онлајн го учат јазикот, да ја посетат земјата после војната, а за споредба има руски јутјуберки кои запреа со снимање видеа за часови по руски, затоа што странците масовно ги хејтаа поради војната.
     
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.962
    Пол:
    Женски
    Браво што си научила, спремна си за таму.
    Па коа ќе заврши војната пакувај куферите и можеш да се преселиш, може и сеа, што ако се во војна.
    Ако треба ќе изгинеш за Украина.
    Од како почна војната на сите некако Украина ви стана омилена, се прашувам претходно исто вака ја сакаше?
    Сериозно те прашувам.
    Да не имаш потекло од таму?
     
    На sonuvana, Bratot, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.752
    Пол:
    Машки
    Не мора да чекате да заврши војната, уште сега може да одите и да се покажете на дело. Повикот сеуште важи. :D

    [​IMG]

    Шала на страна, и ја би сакал да ја посетам Украина. Уште ми е криво што ја испуштив шансата за Одеса. Сега ако ја разурнат... :worried:
     
    На RockinIt, Amellie13, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    16.836
    Пол:
    Машки
    И мене ова ме интересира, Тањич ја сакаше стварно и пред тоа или после ја :cash:засака:cash:?

    @Tanjamm
    #прашањакоимемачат
     
    На Konfetka, Billy Idol, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Сите ја разбравме твојата љубов кон Украина, легитимно е тоа.

    Но,зошто споменици на Шевченко низ цел свет, а не на Миладинов,на пример....исти чувства ги бојат нивните стихови, исти емоции покреваат...

    Или е ова план и продолжение на минатата светска војна? Во Аргентина, земја кај што побегнале нацистите, па и оние од Галиција, му подигнале споменик уште пред 50 години....а во последниве 20 и насекаде низ светов....сите да чујат за Украина и да и се додели улога....не си единствена, многу ја засакаа наеднаш....
     
    На Bratot, Billy Idol и Mrs. right им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.962
    Пол:
    Женски
    САД наредува да ја сакаат мајка Украина и мора да ја сакаат.
    Ете гледаш ли што рече, украинскиот станува битен јазик, може у иднина па светски јазик ќе биде, така да ај да го учиме со време.
    Ја би идела на курс кај Тања, нема никој друг подобро да ме научи од нејзе.;)
    Добив сеа желба сериозно да го учам.8-|
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.752
    Пол:
    Машки
    Грузија ја заборавате? Цело време се пишува за "геноцид" врз Грузијците за Абхазија што се случи пред две декади. А никаде збор за тажната судбина на Ерменците.
    Моментално масовно ги убиваат и иселуваат од Нагорно Карабах.
    За тој геноцидот Турците што им го направиле, не вреди воопшто да се пишува.
    Народ се со слична судбина како нас, дури и далеку полоша. Ама не, нивните генициди небитни се, оти Европа зимово ќе се грее на азербејџански гас.
    Тоа е тоа лицемерие. :)
     
    На orevokrsacka и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.852
    Допаѓања:
    129.589
    Пол:
    Женски
    Ценење на украинската литература може откако ќе заврши војната. Штом руската е отфрлена, треба и украинската да биде. Двете држави имаат крвави раце.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Eпа тоа зошто нема наши, треба да си се запрашаме ние. Лично за мене, Шевченко треба да биде повеќе вреднуван, рака на срце јас сум голем љубител на литературата, ама Кобзар ја читав откако почна војнава. Квалитетен е. Гете ми е преценет, скоро читав од него, песните како детски се.

    Лично, сметам дека Петре М.Адреевски е многу, многу квалитетен, ама споменик негов нема во Скопје? Ако грешам исправете ме. Како да има надвор од Македонија, кога ние не се цениме? Јас колку пати сум поминала во Жена парк, па не сум ни погледнала дека Тарас Шевченко има споменик во Скопје, сега сфатив откако почна војната. Јас не гледам ништо лошо во тоа да има бисти на поети, писатели, актери, каде сака нека се, тоа е многу подобро отколку да има војни, нереди итн.

    @Billy Idol требаше Русија да му сржи на Азербејџан, да ги остави на раат Ерменците. Русија тоа не го направи, откако Ерменија си капитулираше се јави Русија да биде гарант на договорот за капитулација. Јадни се, ама тоа им е, не ги брани никој. Еве мојата пријателка од Ерменија ги мрази Турците, поради геноцидот, и знае дека Македонија била 5 века под турско. Проучувала. Германија го призна геноцидот над Ерменците. Тоа официјално е геноцид. И секако дека е геноцид во Абхазија да убиеш над 10.000 Грузијци. Па 1.000 жртви во Молдавија не е мала бројка, со оглед дека е тоа мала држава. Геноциди се тоа. Работата е дека не треба така да биде. Пред некоја година предавач на семинар ми беше човек со многу чудно име и презиме, црн дечкото, а одлично зборуваше македонски јазик, па помислив дека е Турчин, но не, Еременец бил.
     
    Последна измена: 11 август 2023
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Абе доста со тие пари, смешни сте. Бахато погано људеи в Пивничној Македонији, хххххх. Еве ти на украински одговор.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Нема,зошто на Шевченко мора да има....не знам што не ти е јасно.
    Чиста манипулација со човечки умови и емоции.
    Инаку и мене ми се допаѓа патриотска поезија и на многумина ширум светов, но Шевченко не треба да биде замена ,разни народи си имаат свои национални автори, од кои ретки планетарно познати стануваат.
    Како Гете, на пример.
     
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.752
    Пол:
    Машки
    Американците им направија пуч уште пред колку години, и им го ставија Пашињан. Ги пуштија сега низ вода во војната со Азербејџан.
    Т.е. они и го науружуваа Азербејџан, заедно со Турција. Таму прв пат се применуваше турскиот Бајрактар дрон и беше клучен во таа војна. Сега се гледа во Украина дека е играчка кога од друга страна се има современо ПВО.

    Секако, причината е гасот и нафтата, што Ерменија ги нема. Азербејџан е поголем, помоќен, и секако него ќе го поддржат во земање територии, вршење геноциди и раселување на луѓе од своите огништа.
    Повторно, западно лицемерие на дело.

    Е откога го увиде тоа Пашињан дека е пуштен низ вода и ја загуби војната, тогаш одеше и го молеше Путин за помош. Па затоа Русија е гарант за мировниот договор и стабилност, иначе пола Ерменија ќе ја изгубеа. Секако, Русија дојде на "помош" пошто е во нивни интерес, не од некоја љубов кон Ерменците.

    Ама Ерменија е доказ како САД може да те пуштат низ вода ако имаат поголема корист од твојот сосед.
    Иста судбина како нас делат. Штета што не учиме од нивните грешки, и нивната историја ни се повторува моментално со Бугарија. :)

    Најголем геноцид што е случен во последниве 50 години е тој во Ирак, кога Америка уби 500 000 деца. А Маделин на ТВ го оправда тоа.
    Сеуште ниту една земја од западот го нема признато овој геноцид.

     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Ерменија, Грузија, Модлавија. Ако се мали не значи дека не треба да постојат. Жално е тоа и не е фер. Ама па види ги Турците, не се глупави како Русите да убиваат браќа, туку ги поддржуваат Азербејџанците со кои имаат иста вера и многу сличен јазик, а веројатно и генетика. Има еден канал real Ukraine, таму на една анкета, скоро секој Украинец во Киев кажа дека има роднини во Русија и дека веќе нема да ги примат дома, дека ги мразат. Тоа е ок? Значи Русите ги убиваат своите братучеди, сватови во Украина. Мене ми е криво за 100 загинати во 2001, како нема на Молдавецот да му биде криво за 1.000 загинати?Па и тоа е многу.
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.752
    Пол:
    Машки
    NATO Chief of Staff, Stian Jenssen, suggested on Tuesday that Ukraine may gain membership in the alliance in exchange for ceding some territory to Russia, which may be part of the end of the war.

    I think a possible solution for Ukraine could be to give up the territory in exchange for NATO membership,” Jenssen said according to Norwegian newspaper Verdens Gang.

    Почнаа да ретерираат со можни решенија за крај на конфликтот. Т.е. да ја пуштаат низ вода Украина.
    Прашањето е дали и тогаш ќе влезе. Дали Русите би дозволиле тоа што ќе остане од Украина да влезе во НАТО? :)
     
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    16.836
    Пол:
    Машки
    Треба да дозволат да влезе, оти тоа е за нивно добро :)
    Украина треба да влезе во НАТО за доброто на Русија
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.752
    Пол:
    Машки
    Која смешка. :)

    Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.

    Србија, Либија, Сирија, а сега за скоро и Нигер не се согласуваат со ова. :)

    Во другите вести:

    [​IMG]
     
    Последна измена: 15 август 2023
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Не се радуваат на руска победа оти ја нема, туку се радуваат Западот ќе ја притиснел Украина да не се занесува дека и Крим може да го врати. И какво е тоа пуштање низ вода кога имаше некоја вест до 2027 година ќе добиваат пари од ЕУ. Ај една стручна и незавина анализа ако може зошто е рубљата во кома? Вчера имаше зезање дека била поевтина од тоалетна хартија. Во три најлоши валути на светот е со лирата и аргентинскиот пезок.