Колку што отиде Дариа Дугина чиста фингерајка да имаат што да пишуваат медиумите и двајцата уживаат некаде на Бахамите со нов идентитет
Не дека се апсолутно невозможни такви манипулации, но реално шансите се малечки, ништо не оди во прилог на тоа... Пригожин не беше таков тип кој би бил подготвен анонимно да пие коктел на некое егзотично крајбрежје, би полудел од таквиот живот. Тој копнееше по моќ. Освен тоа, се имаше замерено со целата војска на РФ, тешко дека тие не би ја разоткриле таквата представа, а да не збориме за САД, Франција (поради плеткањето со Нигер) и останатите.
Update https://sitel.com.mk/zelenski-izbor...zemji-obezbedat-sredstva-za-nivno-odrzhuvanje Сака да си оди, изгледа.
Нека си иде аман, ради него испогинаа толку луѓе, од што се праи мангуп и тера инат, а пријателчињава западни го дупат у мозок како сакаат цело време и уште бе не се опаметува и продужува да игра како што му свират.. Понеспособен претседател на држава од овој не знам дали имало негде, тешко на граѓаните таму, а за тие што упорно го величат уште херојов, немам речи.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека Москва може да ги анектира грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија. https://kajgana.com/medvedev-rusija-mozhe-da-gi-anektira-otcepenite-teritorii-na-gruzija Изгледа сите се „криви“, само Русија и Русите „невини“. Дури Медведев збореше дека грузиската култура била руска, а некое грузиско јадење што се правело на скара, руско било.
Ако од украинскава криза извлеков некаква нова поука, тоа е дека на избори не се гласа од сеир за тролови/маргиналци. Во иднина, како еден од факторите кои довеле до ситуацијава, ќе наведат дека претседателот на Украина бил падобранец без претходно политичко искуство, што ќе биде само изговор и им ги олесни плановите на сите на кои овој конфликт им одговара и го скуваа.
А што демек не е он падобранец? Да не беше немаше да дозволи ова да се дешава и да зависи од нив, да им го праи ќејфот. Што ако не се некоја богата земја имаат толку многу потенцијали штета што дозволи вака да се уништи, он е крив за се, нека не се праи жртва дека е, го научивме одамна више сите, не му поминува тој филм више. Он ни трол не знам дали е, бетер и од трол е, шо сакаш бе глумец прав. На тие гадовите секако дека изговор ќе им биде, они пуни со изговори се, само да се оправдаат, да биде по нивно и да си ја остварат целта, ај да се надеваме дека еден ден ќе им дојде крајот ама за жал уште многу вода ќе истече дотогаш и што ли нема да се исподеси.
Тој е, според мене, со умисла поставен да биде падобранец. Не мислев на него само, во многу држави предизборно се појавуваат слични и привлекуваат разочарани. Мислам дека е подобро да не се гласа воопшто отколку вака, овие сите што се нашле на гласачко ливче се или стануваат нечии марионети. Џабе пробува граѓанинот да се одмазди мајтапејќи се со гласот, системот на избори не можеш да го зезнеш.
И нашава држава е една од тие примери. Не сум гласала ниту еднаш од кога се стекнав со право на глас, а нема ни да во иднина да гласам. Ама проблемот е што пак они си наоѓаат овци кои се лесно подложни на манипулирање, ги поткупуваат со трошки и пак си праат лагано Влада, и мораме сите да ги трпиме потоа. А се прашувам што би било коа никој не би гласал, бојкот онака вистински ама никој да не избере ниту еден од кандидатите? Ќе се створи хаос тотален ама може и поарно, шо ова сеа не е ли хаос и безредие? За овие ваквиве падобранци само така.
Јас од мала им велам на луѓево да не гласаат, џабе им се зборува. Не можеш да им докажеш и секој е слободен да реши за себе. Едните се плашат дека ако не гласаат, албански партии ќе дојделе на власт (божем сега не владеат тие), други гласаат за инает и од омраза, не зашто мислат добро, пр. ќе го заокружи зајко за да паднеле вмроните, трети чисто од личен интерес си гласаат, за вработување или да има предност над комшијата од ривалската партија. Има и луѓе кои се посовесни и не спаѓаат во дадениве групи, ама не сакаат такви особи да одлучуваат наместо нив, па затоа и тие излегуваат на избори и тоа ти е. Јас мислам дека политичарите ќе го сменат односот и начинот на кој што го гледаат народот ако извисат за гласови, ќе мораат да сменат насока, додека ова голема албанија е за мене заплашување на мали деца, што не им дадоа голема албанија пред да ја примат земјава во НАТО? Се извинувам за офтопик, еве, како би изгледало пред светот доколку и НАТО земји членки почнат да се делат како Украина? Не оти е невозможно, но мене не ми се верува.
https://kanal5.com.mk/vo-moskva-e-uapsen-ruski-voen-bloger-video/a598421 Дечково не е против војна, туку му е криво што лошо им оди. И Русија е полна со ултранационалисти, како на времето Шешељ, Караџиќ и слични што се закануваа на секого. Отворете на Википедија, руски националисти, ќе видите колку ги има, па некои се и доста млади. Мили они, на 32 години млад човек да навива за геноциди и за уништување на цели држави, просто се чудам тој висок степен на „цивилизација“ дали може да се најде кај некоја друга нација денес во 2023 година. И конечно видов кој е Дејан Берич. Имам многу пријатели Срби и од Србија и од Босна. Само еден заеднички пријател имаме со човеков, ама тој па не е Србин по националност, а од Србија е.
Ваљда ќе го сменат наравот коа ќе видат како народот се освестува и више не им иде по газот ни за личен интерес ни за ништо, и ја се надевам дека тогаш малку ќе се освестат и ќе забават. Ама со нашиов плашлив и пасивен народ тоа малку потешко, знаеш неаме ние муда за тоа. А баш би сакала ама ептен би сакала никој да не се појави да гласа, епа доста више они не играат аман, дај малце и ние да покажеме карактер и став, не им се смачи ли истото па истото со децении више. Абе тој сон они одамна си го сонуваат за голема Албанија и целат кон тоа, проблемот е што, да не стане јаве тој сон, како тргнала работата. Епа како да им дадат пред да не примат у НАТО, сеа Америка уште повише може да манипулира со нас и да ни се заканува, заплашува ако не сме послушни, да не управува директно, уценува, поставува услови како Еу што праи, зашо не примија иначе, од добра воља, се сожалија на нас па викаат ај ќе ги штитиме овие будаливе. Не е невозможно, па нив целта им е да не поделат, еве нас конкретно, зашто сите овие случувања инаку кои лично нас ни ги приредуваат? Светот баш го заболе ако не поделат, небитни сме им ама на Америка секако и одговара голема Албанија да се создаде, не за џабе Косово го напраија они, си имаат све испалнирано што и како, само многу добро глумат и се камуфлираат па го збунуваат народот да им верува на нивните наводни добри намери.
https://kanal5.com.mk/slushnal-dete...rainski-i-go-frlil-od-most-pa-izbegal/a598508 Деца во Германија зборувале украински, маж ги терал да зборуваат руски, па потоа влечел девојче за коса, фрлил дете од мост, детето се повредило, овој и со стаклено шише го удрил детето по рамо. Насилникот сигурно бил Русин, од каде би знаел руски, и би разликувал украински од руски? Какво племе. Спремни се деца да убиваат и по туѓи земји затоа што збореле украински. И после кога по Германија, Франција, САД или било каде им велат „одете си кај Путин, терористи“, тие како божем „невини биле“.
Ама насилници и психопати ги има сегде, во секоја земја, што не значи дека сите се исти, пореметени, ментални и злобни. Човеков си е сигурно со некоја тешка психоза, дали нормален би го сторил ова ај размисли? Па од кај сака нека е и ради политички причини еве да е нели, да бил некој нормален, не верувам да го стори тоа. И за Албанците важи дека се племе па не може да генерализираме дека сите се лоши, сите се ултранационалисти, со злобни намери, криминалци, мафијаши. До индивидуата си е тоа, не е во ред цел народ да го етикетираш.
Замисли да ја напуштиш Македонија поради војна, и тие што те избркале од дома, да ти фатат дете на мост во Германија, и поради јазикот и националноста да го фрлат од мост? Абе види, сите нас може и воз да не удри еден ден, или да починеме од канцер, ама дека ќе се воодушевувам на докажани шовинисти, националнисти, терористи, мало морген. Гледав една наша државјанка со руски потекло на тв, па за војната не смееше да рече војна, туку „ситуација“, оваа ситуација. Знаеш зошто? Ќе им требаат услуги во нивната амбасада, па да не се замеруваат. @TMNT во ред е. Сфатив дека Русија е пред голема победа, вечер ќе ја прогласат до полноќ или најдоцна утре во 7 часот, а Украина е умрена стопати досега, затоа секој ден на руска земја паѓаат по неколку дрона, баби ги лансираат. Отвори си тема за Африка и слични вукојебини што чекаат спас од Вагнер.
Па нели ти велеше дека ќе тепаш, плукаш, навредуваш руси/нки каде и да си ги сретнела, бидејќи така заслужувале? Значи ти и русинов исти, само на различни страни
Тууу, како ќе дојдат кога се под санкции, летови имаат само до Белград и забораваш дека сме прескапа дестинација за повеќето Руси оти рубљата е во кома. Јасно и директно ќе им кажам што мислам за нив, а тоа не е фрлање од мост.