Секој си ја гледа ситуацијата од своја страна и свој аспект. За некого е агресија, за некого е одбрана. Некои си се убедени дека ако нема војна сега таму, најскоро ќе има ваму...
Портпаролот на руската дипломатија Марија Захарова објави дека пристапот на Финска и Шведска во НАто би имал војни и политички последици. Финска си има договори со русите од 1939 и ‘41 . воопшто не се наивни овие закани кои ги објави нивното министерство за надворешни работи.
Искрено на снимки ич не верувам. Сликите со срушени згради се од 2015, видеото со наводниот руски тенк (не е тенк) е непотврдено и дискутабилно, бидејќи сите руски единици имаат испишано Z на возилата, а тие што влегуваат во Киев се Z во квадратче. Возилото на видеото нема никаква маркација, никој не може да тврди чиво е. Впрочем руската и украинската војска имаат голем број возила од руско производство, и токму затоа и оние руски ознаки, за да препознаваат кој е кој. Од друга страна, многу руски видеа се ефтино обработени. Така да фејк видеа и вести има на двете страни. Искрено во моментов не верувам на ништо.
@Biljarkata https://mobile.twitter.com/Femi_Sorry/status/1497217148267253760?s=20&t=_F4zKvG6RhAOLo9NZWrs5w
Првата снимка што се појави и што го заокружи светот вчера беше од Call of duty. Го кажувам само ко за споредба колку лесно може нешто такво да стане вирално. А далеку од тоа дека не постојат слики и видеа, нормално дека постојат. Поентата ми е дека треба да се проверува.
Фала, сега видов нормални вести, со контекст и се. Мислам, досега беа независни и никој немаше проблем. Ама сега е, ако не си во Нато, не те штитиме, ако ти текне да влезеш во Нато, незнамшто. А теоретски вечерва може да влезат во Нато, ама што е тоа незнамшо. ..тие си знаат Заебана ситуација упм...
Украинскиот државен врв во униформи и на улица... https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3018618901721799&id=100007211555008
Мене ме разочарува Еу што не знае кај тера. Изгубени се,Урсула крши прсти,сите се закануваат со воведување санкции кои притоа се санкции сами кон себе. Немаат никаков план,устите отворени за санкции,а не можат без руски плин. Да не е смешно би било тажно. За некој месец ќе трчаат италијанците во Русија да продаваат чевли и другите да пласираат производи. Дома што ќе каже Германецот ? Не ни треба плин ќе се грееме на дрва,а индистријата на дрва ќе работи,ќе се грееме на сонце кое никаде го нема или ќе плаќаме поскап амерички. Во замка сме,сите. Каде се политичари,дипломати? Не знаат да преговараат? Тешко на нас со глувци ко Макрон и корумпирана Урсула,никој не ја оправа Европа. Колку и да беа украинците залажани од западњациве и Сад,тие се суверена држава кои сега ги гази туѓа чизма,руската. И нема право на тоа. Вучко (Вучиќ)пак ќе добие медаља од Путин,тој е на страната на Русија. Кој парадокс. Со ова се става и на страната на косоварите,Нато и Сад кога им го земаа Косово.
Еве пример за лажни информации. Видеото со мртви војници, иако потресно и престрашно не е од сега. Веројатно од Крим 2014 е. Во северната хемисфера на пример, моментално е зима, а околу Киев паѓа снег, како што гледавме цел ден по видеава. А на ова видео војниците по кратки. Малку невнимание фали за да се прави хистерија, од друга страна малку внимание е доволно за да се забележат недоследности.
Не е лажно. Јас згрешив. Убаво си пишале-еве како изгледа војна. Го дале како пример што се случувало. Јас дека видов украински униформи помислив дека е од сега.
Кое видео, кои слики? Постирај па кажи. Имаш официјални вести и новинари што во живо известуваат и немаш вакви проблеми. Не коментираш слики од фб од Трајанка.
Кој к.р се битни БиХ и Србија и Македонија што се ко кловнови кога коментираат ситуација и дали подржуваат или не? Тотално небитни.
Ако сега не деактивирам, фб, инста, социјални мрежи, не знам кога. Се надевав дека сепак се може да се реши на цивилизиран начин, не ми се веруваше дека ќе почнат војна, како и да е работава нема да оди кон добро, тоа на сите ни е јасно. Не можам да кажам дека не ме плаши неизвесноста и идните случувања. Од политички аспект нема да коментирам, затоа што не следам политика, не е нешто што ме интересира, а не ни сакам да глумам сезнајка, знам онолку колку што треба. Ги прочитав мислењата на сите и разочарана сум од некој членови, навистина разочарана, иако сум многу помала и помлада, истите па истите членови во секоја тема за политика мора да си ја верглаат истата политичка агенда, иако морам да кажам, може малку грубо ама врска немаат од политика. Не мора да ја труете темата во вашите про-нато, про-руски ставови, оставете простор за нормална дискусија, за упдејт информации во врска со ситуацијата и за членови што навистина се упатени колку толку во политика, историја, факти, затоа што вреди да се прочита нивниот став и мислење, а не едни исто, да отечат со нивните политики(ала сдс, мислам ве знаеме веќе, окауу е).
Еве ти еден пример, бидејќи зградава вчера беше на многу насловни страни по светов. А за повеќе, преверувај си сама. Не сум агенција за известување лажни вести. Секој сам има одговорност за информациите кои ги прима... Тоа ми е поентата цело време. Без паники, на сигурно...за наше психичко добро...
Па всушност Србија е стратешки доста битна. Особено сега ако станат руска испостава. БиХ е битна бидејќи со неа уште меѓународни сили ја контролираат и раководат. Малку фали чкорчето да се запали таму. Ако се запали,тогаш Русија ќе застане зад Србија и република Српска во Бих,а Еу и Сад зад бошњачките кантони и херцеговачките. И ќе биде пепел,ко што беше. Е нашиве е најпаметно да ќутат и да не се плеткаат.
Далеку сме веќе од психичко добро другар. Денес во лабораторија ни музика не пуштавме, ниту се смеевме ко други денови. Емпатија, сочуство и страв. Не сум паничар по природа, ама откако имам дете стравот лесно ми се активира. Реалноста е таква дека економски ќе го јадеме... но барем да не удри во пошироки размери војна.