Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    9.491
    Пол:
    Женски
    Ништо јас не пропагирам на forum.femina, не сум Тање. За факти се работи, поткрепено.
    https://wisevoter.com/country-rankings/average-iq-by-country/
    Офтопик, бтв. Држи си се ти до темата, не се воспалувај додатно.
    Па, ако не се потресуваат заради книгите, не би ги забранувале и носеле во непознат правец (така барем пренесуваш), ти ја гледаш логиката? :D Инаку, проблемите помеѓу Латвија и Русија не ме засегаат, нека се разберат сами како знаат. Коментирав по злорадостите што ги читам тука.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Знам за коефициентите, имам гледано листи. Сакам да кажам ако Балканците биле заостанати и неинтелигентни, сите ли други по светот се неинтелигентни што ја банираат Русија? И што да прави светот? Да ја наградат Русија за генодиците по Грузија и Украина, Чеченија? На секој Русин гратис куќа на Западот, една година да јадат и пијат. Кога некој ќе се закани и ќе искаже територијални претензии, кога ќе навреди цел народ, го прогласуваат за персона кон грата. Исто ти е со Русите, се закануваат на сите, сите ги банираат и тоа е тоа. И денеска кога видов како собираат руски книги во Латвија, исто имаше во истата репортажа и како Русин во автобус се кара, Русија ќе победела, и стои во автобус во Латвија, а во раката држи пиво, отворено, го пие дури автобусот вози. Ова на европски манири личи? Умесно е така, да те приберат во нивната држава и да навредуваш по автобуси и да локаш пиво во јавен превоз? Искрено ова ме потсети на сцени од минатото кај нас, се собрале мажи и пијат пред кооперација.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    9.491
    Пол:
    Женски
    Тие кои поттикнуваат отпор кон Русија си штитат доминација и интереси, не знам што не е јасно. Не го прават тоа оти се вжештени глави како некои, туку имаат дебели причини.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Untitled.png За Русија цел запад е сатанистички, педерски, со транс жени. Русија не поттикнува отпор со тоа? Шири љубов со тоа? Јас не познавам некој да отишол и да остане да живее во Русија, а сите стануваат Бугари за тој сатанистички запад, и тука ќе видиш колку Македонците се лицемерни. Кое влијание го имаат веќе Русите? Ерменија прави вежби со САД, Србите ги критикуваат Русите. Вчера на српски Пинк што е мегафон на Вучиќ и Жељко, кажаа дека Медведев се однесувал како инфлуенсер, а не како политичар и трескал глупости.

    Eве уште еден српски експерт, контра Русија
     
    Последна измена: 13 септември 2023
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    9.491
    Пол:
    Женски
    Се подразбира дека и другата страна користи пропагандни тролови за ширење извесно расположение кое и оди во прилог. Аман бе па тебе се треба да ти се нацрта.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Секако дека е така, ама па тоа е селска пропаганда за баби, не се млади луѓе да веруваат во неа. Ќе го спаселе светот од транс жени, педери итн.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.737
    Европски манири? Страмота:o
    Пошто англиски слабо разбираш, или словенски јазици повеќе ти лежат, еве вака, со асистиран превод
    -германско украински пијани односи https://uaposition.com/drunk-german-diplomat-shouted-at-policemen-in-kyiv/
    Сиже- пијан германски дипломат се кара со полиција во Киев. За контекст на односите, неколку години претходно, украински пијан министер бил задржан од полиција и не му било дозволено да полета со авион.
    За останатите пијани народи и инциденти во некоја друга тема.
    За цензурирањето книги, можеш да гуглаш. Не е позитивна демократска пракса, ниту била, ниту ќе биде. И да, синоним е за фашизам, диктатура, перење мозок.

    И најпосле, мачно е да ја читам веќе твојата пропаганда за баби на 100 страни на темава. Не оти сме русофили, туку оти не сме баби. Пошто пијаниците и книгите ги решивме, летс ток абаут мани. Зошто еу увезува 52% од рускиот лнг во 2023, наспроти 39% во 2021, зошто 162 милијарди долари на Русија од почетокот на оваа несреќна војна, м?
     
    На Mnik, Dentina, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Разбирам англиски, туку ако толку се увезува руски гас, зошто па рубљата е во кома? Не, не ми е ок некој Русин што избегал од Русија, да се пењави по Берлин, Талин, Рига дека сака да зборува руски, дека бил голем Русин и да ја фали мајчица Расија. Ако била толку добра, тој во Русија ќе си живеел. Абе и силување баби не е ок, сечење глави се ИСИС методи, па Русите го прават, ама веројатно да се фрли книга е поголем грев. Tи таму каде живееш македонски ли зборуваш, ги навредуваш ли сите, се закануваш ли? Овие тоа го прават.

    @Biljarkata ако толку е лош „сатанистичкиот“ Запад, ден да не им седиш на тие лицемери, врати се дома, таман овде сте тенки со Македонци, таман повеќе ќе сме.
     
    Последна измена: 13 септември 2023
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    https://mk.usembassy.gov/education-culture/grants/

    Toa што демек на Украинците им го „прават“ и на Полјаците и нас ни го „прават“. Има цела листа на грантови од САД, редовна годишна програма, сумите горе долу се тие, обрасците исти, само што темите варираат од држава на држава. Нормално во Полска тема ќе бидат бегалците, нема да биде тема загадениот скопски воздух на пример.

    И кај читате дека САД од туѓа држава демек преку грантови ќе протеруваат Украинци. Тоа кајгана експертите го тврдат, Били ги копира само. Прво, ќе се аплицира, па ќе бираат учесници за проектот, па реализација 12 месеци. Некој ќе си сработи, ќе си земе пари и тоа е тоа. Страшна логика, демек итно им требаат борци во Украина, ама ќе ги обезбедат откако со грантови Американците преку Полјаците ќе ги убедат да си одат дома, и во 2024 година ова време или зимата, таман Украинците дома ќе се.
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.704
    Пол:
    Машки
    Па веќе споделивме линк колку пара истура тука САД годишно на разни НВОа и фирмички да спречат таканаречено руско влијание во Македонија.

    Исто е и со овие грантови. Демек ширење на културни вредности меѓу Македонија и САД и некои такви пералници на пари со цел да наметнат мислење и начин на живот кој не се прифаќа овде.

    Па грантови за млади Сторош лидери. Демократија, еднаквост... бла бла, такви безвезални зборови зад кои се кријат цели перални на млади мозоци.

    Грдни пари се оставаат за пропагандата да си врви, и по телевизии, и по социјални мрежи, по форуми. Мора нормата да се достигне па макар и да се работи трета смена.

    Продадени души за пара се ќе направат, само да не работат. :)

    И во Полска ги има, таков шлајм со лопата да гo ринеш, закачени на грантови.

    Кутрите Украинци што побегнале од своите огништа, голи, и боси, сега ќе ги убедуваат колку добро е да си се вратат дома, посебно како што е нагласено во програмата, оние од источна Украина.

    Изгледа веќе пропагандата за привлекување на доброволци не е доволна. Видоа дека ниту едни пари не се побитни од животот. И дека не е ова Кантер Страјк, ниту пак Авганистан со калаши против нив.
    Тука се борат со светска сила која ги брише од земјата уште во тренинг кампови во Лвов.

    Кога ќе им треба човечка сила следната година, кој нема да сака милум, ќе го собираат силум по улиците на Варшава, Прага...
    Како сега што им прават по Киеви, Одеси...

    Да не си им во кожата на украинците. Се побунат ли, ги ликвидираат на лице место. :(
     
    На Mnik, sonuvana, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Леле ама си се пуштила пак Тања со реферативе, сеа читам.
    Стигна исплатата а? :D
    Од грантовите де, ова бонусите.

    Е вистина е дека има грантови од Сад ама за што се наменети?
    Што праат они со грантовите, поише знаеш ти за што ги фрлаат, еве тука кај нас?
    Астрономски суми се фрлаат ама за што?

    За загадениот воздух во Скопје баш им е гајле нив нити за било кои проблеми што ги имаме и со кои се соочуваме.

    Ете ги знаеш сите чекори за аплицирање, добро информирана си секако.

    Не им е целта да ги убедат а?
    А која им е целта уствари?
    Бегалците им биле битни.

    Туку зошто бе на Кајгана не се уклучуваш, не одговори, нели те прашав еднаш?
    Таму поактивна е темата, Клинтон сојузникот те чека, омилениот член твој. Таму лом те праеле слушам а, вистина е?
    Не си смеела вака жестоко да си го браниш ставот, а пак за плукање на националноста наша па уште повеќе, баш затоа изгледа те имаат ругано па не пишуваш, може и ти се заканиле, така мислам, а рече дека не си имала профил, имаш.
     
    Последна измена: 13 септември 2023
    На Mnik и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Веќе знам дека Били од таму си копира, ме мора да гледам и проверувам. Таму како што видов, се пишува на жаргон, дијалекти итн, јас како што забележуваш не пишувам така. Еве ќе ти кажам, за викендов имав слободно време, па отворив да видам еснафското здружение наше што работи. Што ќе видам, средба во внатрешноста, зборувале за проблемите во професијата, а последна реченица е дека средбата ја финансирала ЕУ. Абе не знаат со кого си фатиле работа. Значи патот до Охрид, Битола, ќе го плати ЕУ, јадењето ќе го плати ЕУ, а истите проблеми се зборуваат 10 и повеќе години, и тие што веројатно си пишале дневници и земале пари од ЕУ да одат до внатрешноста, самите ги создаваат тие проблеми, не да ги решаваат. Македонци се тие, парите се од ЕУ, не работат ништо, млатат празна слама, ќе земат дневници, ќе наполнат фрижидер дома, од утре се е исто, а може и бетер. Добро по ЕУ, можеби посовесно се трошат грантовите, верувам дека е така.

    Тоа со Полска е млатење празна слама. Со години овде странците плаќаат да се прават истражувачки стории. Имаат вишок пари, па предвидуваат буџети. Како за пример и една Србија дава за прекугранична соработка пари овде, финансира проекти поврзани со Срби. Која е целта велиш? Ај одговори си самата, веројатно не си толку мала, може си млада, мала не си.

    Еве Украина ќе регрутирала борци од Шпанија, за пари, велесилата од Куба и така. Мене ми се смешни тие муабети како се Русите прејаки, а Украинците преслаби, а војнава почна пред 19 месеци.

    Епа девојче бе, се лутиш за краток пост, еве реков долго, и пак не ти чини. И колку пати да кажам дека работам во приватен сектор, не во НВО. Тоа што со моето хоби пробувам да земам стипендија, макар да отидам во Босна, Србија, Бугарија, да ширам контакти, не ме прави платеник. Сфатете веќе еднаш дека има можности и во Јапонија и Кина, дури и Јужна Америка да си аплицираш самостојно и да отидеш да презентираш што работиш, па ниту си нво, ниту си платеник. Овдека кај нас во Пелинце на колонија доаѓаа уметници од Аргентина на пример, па платеници ли се? Да не сузбиваат руско влијание случајно со тоа што ќе дојдат, ќе прават инсталации, тие инсталации остануваат во Пелинце за украс, нив им е платен престојот и тоа е тоа.
     
    Последна измена: 14 септември 2023
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Били јас сум За Македонија да не добие ни цент од никого, се тоа да се укине, оти нема зошто САД, ЕУ, Јапонија, Кина, Турција да ни дава нешто. Моментално нека укинат се. Ти се уби да ни објаснуваш дека Украинците со плачење го гаѓаат Крим и руска територија исто, и дека Русите храбро и херојски бегаат метар по метар. Со солзи Украинците вчера рокнале два руски брода, утрово се јавува и за рокната руска подморница. Вчера пишуваа ќе имало изненадување во тоа Константинивка и фотка плус. Со тапани најавуваат, Русија не може да спречи ништо.
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Шо бидна, почна ли комунистичката револуција во Пут*евата Мајка Русија? 8-|
    Или од Октомври тоа?
    Исто и во Јуроп?
    A умре ли више Пут*е? 8-|
    Или чекаме нова пандемија и локдауни есенва да пуштат? 8-|
    Ја на планина дека бев затоа каснам со импресии и прашалници*
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Абе нека си праи кој што сака, нема ти или не знам кој да им забрануваат, како не мора да проверуваш и не проверуваш, кога проверуваш штом знаеш?
    Не пишуваш на жаргон и дијалект де, има таму член, уствари двајца се што пишуваат идентично ко тебе, во твој стил, или па и ти ги копираш нив може? :?:
    Уyyyyy чив профил е? :^)
    Ахам, јасно. Ова од искуство ли го збориш?
    Па веројатно у право си, штом викаш значи знаеш, у тек си.

    Празна слама? Истражувачки стории со матна позадина.
    Која е де целта, ти сакам да ми нацрташ, викаш имале вишок пари и сакале буџети да предвидуваат на туѓи земји, зашо, шо кур ги боли нив?
    Извини на речников ама ете ја жаргонски се изразувам, шо да праам, не сум ко тебе до толку политички коректна, јебига.
    Се секираат тие за буџетите, не можат да спијат ноќе од размислување како ќе го подобрат буџетот на Македонија на пример, колку се со добра намера златните тие.
    Искрено смешна и глупа ти е констатацијава ама најсериозно.
    Не бре, не се лутам, си дискутираме само, нема потреба да се лутам. :)

    Па си работиш во приватен сектор, знаеме, може хобито ти е другово, тоа што го негираш дека не си.
    Е да, да, сигурно, така е лесно и така иде тоа со вмрежување, ширење контакти и идење самостојно кај сакаш, само желба имај, биди вреден и посветен и одма директ идеш, те преќаат токму тебе.:nod:

    Пак си имаат причина зошто доаѓаат, ги праќа некој, ете ваљда да се промовираат, да ги запознае нашиов народ, и они нас, а може па и други цели си имаат, кој ги знае.:?:

    Ех бе Тањо, не е се така розово и наивно, како да не знаеш ти што све нема по светов и што далавери се праат.

    Може звучи ова како некоја теорија на заговор ама не се праи наивна жити се.
     
    Последна измена: 14 септември 2023
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Џабе трошам време да ти објаснам дека на пример Кантон Сараево може да те покани на изложба или некој настан, па ниту си платеник, ниту е против Русија тоа, напротив мала земја како нашата треба да се отвори за соработка со секого, затоа што е неафирмирана. Го зезам Били де, нека си копира, таман работа. Јас мислев ќе речеш дека имам 5 профили на кајгана и слично или да не има некој друг форум итн. За да некој искорени руско влијание, прво треба да го има. Колку фирми имавме до 24.2.2022 со руски газди, во колку школи се учи рускиот, колку од вас знаат руски, колку руски пејачи држеле концерти овде, колку руски туристи сме имале или сме правеле тури во Русија? Нема такво нешто. Лично сум да се затворат сите нво штом ви пречат, Црвен Крст не знам дали се смета за нво? Зошто никој не правел апсолвентска екскурзија низ Русија, зошто одите во Европа? Укуцај Срби преко границе и може ќе прочиташ зошто држави двојат пари за во други земји. Отвори Спона културни центар, оа оцени си што е. Откако Русија се резили по Украина, се некои платеници, ботови никнаа демек, и пропаганда, претходно тие зборови Македонците не ги ни користеа.

    И од кај знам кој профил на кајгана чиј е. Тоа личи како 2 луѓе да пишуваат за и контра, што знам.
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Нее, не мешај баби и жаби, сеа играш на карта на уметност и пробуваш да се испереш.
    Држи си се до првичната тема, а тоа е политика, а и да, за жал и во спортот, културата и уметноста е вмешана политиката, реалноста е таа.:|

    Кој пишува за и контра?
    Клинтон и Уууууу? Не бе Тање, тие поточно вие сте на иста страна и се бодрите и поддржувате, не се прај луда.
    А останатите, русофили што ги викаш ве заебаваат и мајтапат, ви се смеат.

    Од кај знам на колку форуми си член ама на поише сигурно, не само на македонскиве. Сигурно има и украински форуми па си газиш и таму, ги силиш, ги провоцираш, ги тапшаш по рамо дека НАТО ќе ги извлече од ситуацијата.

    Еве пак со истата песна, дека не сме биле во Русија, дека појма немаме како се живее таму, за јазикот бла бла глупости и бегаш од главната поента.

    Немало фирми? :?:
    https://pari.com.mk/top-10-kompanii-so-ruski-kapital-vo-maked/

    Аха, викаш да ги затворат НВО, океј.
    Црвен крст изглеа не е невладина, друг тип на организација е.

    Да бе да, не сме ги користеле, се деси војнава и ги научивме...
    На разни пропаганда од секогаш ние како народ сме биле изложени, мамата ни ја ебаа, од соседи па све до овие западниве, само памет ни продаваат и демек не просветлуваат.
    А од ботовите врие низ социјални мрежи, политичките полтрони кое се продаваат за ситна пара да се препукуваат и чукаат во гради, да се колнат во идеологијата на нивниот лидер, да дремат по штабови, да лепат плакати и што не.
    Добро ти е познато сево ова.
     
    На Mnik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.704
    Пол:
    Машки
    Македонија плаќа три пати поскап руски гас од Босна и Србија

    "Како резултат на тоа што Македонија реши да ја синхронизира својата надворешна политика со ЕУ, таа беше додадена на листата на непријателски земји од страна на Москва што се одрази на цените на природен гас увезен од Русија, при што Македонија плаќа 3 пати поскапо од Србија и Босна.

    Епилог од цените: Лани увозот на Македонија од Русија достигнал рекордно високо ниво. Во 2022 година во Русија сме префрлиле 419 милиони евра.

    Македонија бележи најголем пораст на увозот на стоки од Русија од земјите од Западен Балкан; 2,5 пати повеќе во 2022 година во однос на 2021 година.

    Растот на цените на минералните горива резултираше со невиден притисок врз владиниот буџет и економските оператори што резултираше со пораст на потрошувачките цени за 14,2% во 2022 година“, се наведува во анализата (.пдф) на Институтот за дигитализација, економија и иновации, ИДЕИ."


    Ај што и ставивме санкции на Русија и со тоа ни се случи катастрофална инфлација, туку имаме и рекорден увоз од Русија, што резултираше со богатење на Руската Федерација.
    Од друга страна имаме рекордно низок извоз кон РФ, до што уште повеќе допринесе со пад на економијата.

    Затоа секој што на темава активно пропагира продолжување на војнава, треба да му е јасно дека е директен причинител за порастот на цените во Македонија.

    Треба да превземе морална одговорност и хумано да помогне од свој џеб на најкритичните категории кои едвај ја преживуваат кризава.
     
    На Mnik, Amellie13, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано, се на место ама кој да разбере, уствари да сака да разбере.
    Си знаат и они многу убаво се како што е ама не сакаат да сфатат, нивните факинг принципи и убедувања од кои не можат да отстапат, не им дозволуваат.

    Една од милионите негативни последици од војнава што не таргетира лично нас и еве си ги чувствуваме и трпиме последиците веќе некоја година, а и полошо ќе биде секако во иднина.

    Да превземе одговорност и да помогне? Баш им е гајле, па тие имаат за нив, зошто да се секираат за другите?
    Очигледно не им сметаат поскапувањата, нека идат и уште пет пати од сеа, не се замараат.
    Грантот е голем, доволен е, ќе покрие све, без гајле, зима за нив нема да има туку ќе наебат тие што секогаш наебуваат, стандард, ништо ново.
    А да имаа одговорност и да беа хумани нема ни да се ситат на војна и ќе се соочувствуваа со жртвите, а не навивање и бодрење кој ќе биде појак на крај, тоа ги мачи највеќе, емпатија нема што да се очекува од овој тип на луѓе.
    Во тежок филм се влезени и убаво им е, нејќат да излезат, зашо не им одговара едноставно, дур можат ќе користат прилики.

    Ај овие што имаат полза па затоа и се залагаат толку и деноноќно цврсто и жестоко си го бранат својот став ќе ги разберам некако ама другите кои апсолутно ништо не добиваат туку само губат зашто и на нив сево ова не им иде во приолог, што да се каже за нив, стварно немам идеја.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.485
    Допаѓања:
    13.729
    Во Македонија веќе никогаш нема да има евтина храна, помирете се со тоа, не затоа што земјоделецот нема руски гас ( не ни имал), туку затоа што нема кој да работи, скапи препарати, климатски промени и многу болести, неквалитетни семиња кои во старт потфрлаат, а си дал пари. Во Македонија веќе не се исплати да садиш грав, боранија и други култури. Не се исплати да земеш семе ротквици да засееш во бавча, а да не изедеш ниту една единствена роткица, се раѓаат машки, расте само дрво нагоре од него, род нема, нема плод долу, нема што да јадеш.

    Македонското население е сиромашно, но не до степен да нема што да јаде, да нема сметки да плати. Многу луѓе одат по 2 пати годишно на одмор, плус одмори, шетања, а видете ги темите за патувања, па ќе ви стане јасно. За споредба има народи кои од државата никогаш не излегле, е тоа е сиромаштија. Ја форсирате Кина, ај погледнете на Балкан Трип како се живее во провинција во Кина. Луѓето рмбаат цел ден за едно скромно јадење, ништо повеќе. Овде да ги донесеме, јас мислам дека тие луѓе ќе прекопаат ридови, патишта ќе направат таму каде мислиме дека е невозможно.

    Јас мислам дека Западот треба да прекине да дава визи на нашите граѓани, да нема дознаки од странство, нека ги затворат сите невладини како што велите, иако некои се за семејно насилство, земјоделство, екологија, медиуми и што не и не знам како Русија ја кочат да не ме да одбрани некое село. Тие луѓе од НВО дали се 500 или 1.000 нека дојдат кај вас на работа да молат за ангажман, и таман ќе биде ок. И нели ви текна дека сите НВО имаат сајтови, хостинг кој им одржува? Сметководство кој им работи? Даноци нели се плаќаат? Баш сакам да се случи тоа. И Црвен Крст имаме во сите градови, нека се 30 организации, па нека се затвори ако не и тој за ваш атер. И дури мислам дека за ваш атер на македонски фриленсери треба да им се блокира пристап до сајтови за фриленсинг. Бидете солидарни, и другите народи во светот треба да јадат, не само Македонците.
     
    Последна измена: 18 септември 2023