Така јеT!!!! Биљо, @Biljarkata да си се вратиш и после да збориш, уб'о ти го кажа феминката. Шала на страна , извинете што упаѓам непоканета во дијалог, три-јалог, симпозиум ил што и да е! Бегло ви прочитав некој ред, немам значаен придонес на вашите мисли, за мене сточиња се и руси и европејци, па и украинци не се златца ( овде мислам на политичари, разни огнени глави националистички, лидери кои не милиони, туку милијарди украдоа/"заработија", разни социопати и психопати кои имаат терен идеален да колат, уништуваат, разнесуваат, се богатат). Сите се гомна, кои го туркаат својот народ во војна. Од војната во '01 кај нас видов дека " тепаниот тепан, еб.... т е.ан, само главните стоки ќе си излезат неокрзнати, додека на луге и деца ќе им фалат бубрези, раце и животи.. За (не)среќа познавав двајца од нападнатите кај Вејце..едниот е преживеан. Другиот му се роди дете по смртта негова Проклета е и ужасна војната, и никој не е во право. Колењата во бивша ЈУ, изгледа ништо не менуваат во свеста, уште страни се заземаат као демек едните ослободители а другите агресори . Дур Америка трие раце... @Tanjamm не знам точно која ти е поентата, ти прочитав дел мислења и чат пат се сложувам, чат пат не..не сум најпаметна ни најинформирана, признавам. Ама на експат да му речеш 'врати се , па збори' тоа е хахах, во спротивност чак и со амерички устав за слобода на говор.Билјарката е далеку од тресач на зборови. Ниски удари не се аргумент кој ќе ти помогне за нејзината логика. И јас не се согласувам со некои нејзини ставови некогаш, но ја почитувам зашто е своја, паметна, способна и отворена за резонирање.. Ти си знаеш...јас сум исто замината од мк, и ама баш што сакам ќе зборам, и напамет не ми паѓа да се вратам..можам да споредам мк и еве овој мал дел од еу, бивш колонизатор, сегашен "демократ, заштитник на природата, општеството, крупниот бизнис нараааавноооо, ...не е никаде сјајно , и сите збориме од свој светоглед... Да, сите што евентуално ја љубат мадр Раша, нема да одлетаат таму да живеат, освен ако не ги посвои некој олигарх, но па и повеќето западни славејчиња пеат нарачана песна. Колку е само краток животот да се жестам заради одвратни колачи на луге и монструми во одела..
МУри, и ти да се вратиш па да збориш...каде вака, се знае, си има ред овде Јас не зборам више, евентуално некоја бројка да напишам...чек, како беше...ваљда нема некоја нула да утнам 162000000000... Ај да се вратам да работам сега, јер ни од форум, ни од војна не го заработувам лебот
Тоа е поентата, се окозија Македонците да објаснуваат колку е Русија кул, ама нема шанси да живеат таму. Имаше едно видео, деновиве го сподели Антон Герашченко од украинското Министерство за внатрешни работи, група Руси во руски град урлаат и пцујат по улици дека сите кои не се Руси, Ерменци, Чеченци и други треба да си одат надвор од Русија, патем руската пропагандистка Маргарита Симонјан е Ерменка, се гледа впрочем и по ликот нејзин дека не е Русинка. Еве чекам, чекам и не дочекав некој Македонец да се јави директ од Москва, да пише колку е убаво и дека не планира да се врати во Македонија, ама нема. Дури Руси не можат да најдат да населат во Мариупол. Прашање е дали има чиста вода за пиење, дали има некаква работа итн? Сарказам е, таман работа да се враќате од Западот овде. Туку љубителите на Путин тврдат не чинело таму, па реков да не ве мислиме, да не ни мрзнете и слично. А тоа пари дека се давало за пишување по форуми, е исто одлика на македонскиот менталитет. Ќе чуе народов некоја глупост, па не ни анализира, ја смета за апсолутна вистина и ја прераскажува. Да беше така, нема да работиме. Ај да се фаќам за работа, поздрав до сите и не се лутете. За убијци поддршка НЕ, макар и родена сестра или брат да е, не па некои си таму Руси што шпионирале црквата да не се ни признае.
И го набркаа профилот од кајгана, на тој форум има побудали не можеше да постигне со навреди и закани за 2 добива 10. Мене дотичната ми личи на една што преведува статии за нокти на сајтов, може грешам али нешто смрди тука затоа е толерирана додека величи смрт и насилства во име на патриотическа одбрана наместо како сите нормални луѓе да посака завршување на конфликтот.
А значи сепак не треба да се затворат и ти си против тоа. Абе реално, да беше се како шо треба па да си ги бркаат своите цели невладините како што треба, ок е да постојат, да фунционираат, да си ја вршат својата дејност ама голем дел од нив перат пари само преку овие фондовиве и грантовите и место целта за која демек се борат, они други цели и агенди тераат и поддржуваат прљави игри, мора да поддржуваат, сакале, не сакале тоа е, профитот личен е најбитен, чест на исклучоци ама мора да играат како што им свират. А името ептен јако им е демек невладини и непрофитни и независни. И ја порано коа немав појма си мислев дека се ама не биле. Умре денес хуманоста, речиси и да ја нема, све што се праи си има своја позадина. Не дека Русија ја кочат туку дека се вмешани во политиките и мисијата на Западот која пак се однесува на прљавите игри. А што пак врска имаат фриленсерите со ова? Сеа значи се насекира дека леб немале да јадат тие што им се соработници? Ок. Од кај знаеш дека нема? Од коа ќе заврши војната може ќе идеме таму, ништо не се знае во животот што може да биде и каде ќе те однесе. Еве ти може у Украина ќе идеш и ќе се омажиш дека ја сакаш Украина. Леле аман до толку ли е дојдено ни вода не пијат ни пак работат. Гревчиња тие. Се дава, се дава и те како. Исто ко на фб, твитер што има нарачани постови, не си чула? Затоа и се нарекуваат ботови. Глупост е сама по себе ама не е глупост дека вистина е, така да нема потреба од тупење кога е очигледно. Иначе, работите де, ова спаѓа во работните обврски, како не работите, не е шала ни ова, баш треба концентрација, внимание, посветеност па и гуглање, пребарување информации, контрааргументи, труд си е тоа, затоа и се цени и тоа очигледно добро. И ти примети ли? Реално не да има будали таму, не толерираат вакви работи, одма преземаат ригорозни мерки, а и со право. Во другово не навлегувам, да не шпекулираме ако не сме сигурни. Да збориме само за тоа што сме сигурни дека е така.
Eте, ви велам јас пола фемина е на кајгана. Замислете сега се јавуваат тие членови за кои мислите дека сум јас и ве пцујат. Не користам жаргон јас, не пишувам на искривен скопски дијалект. Никакви нокти, никакви статии, што ви е? Уште кајгана ми фали.
Хахахаха, ти не ни моеш на искривен скопски да пишуваш зашо си од Куманово. Ме чуди кумановски зашо не пишуваш, појако би звучела ама ај. А членов на жаргон пишува? Малце поопуштена верзија си, сепак таму полабаво е, дозволено е све. Опседнат членов е со војната и само на една тема реагира со лајкови зашо му забраниле да коментира, сигурно бан има. https://forum.kajgana.com/search/2161423/ https://forum.kajgana.com/members/yyyyyy.162241/#latest-activity За ноктите не знам, не тврдам ништо ама за Кајгана се гледа дека ти си.
Ни странски зборови не користам. Се трудам да почитувам правопис итн. Замисли сега се јавува таму некој маж и пцуе што го спомнале на фемина. Ххаахахаха. Абе за Били другите членки пишаа одамна дека копира од Кајгана и знам по тоа. Очи болат од лош правопис на кајгана, превод ќе ми треба.
Еј не си, не користиш странски зборови? Абе ти викам овде може поштуваш и правопис ама на Кајгана и пцуење и све е дозволено па така да се опушта чоек и си кажува како мисли, не се замара.
Кој пцуе, пцуе секаде. Не верувам дека на форумов имам цитат каде ставам У наместо ВО, освен ако е ненамерна грешка. На пример како што искривено говорите вие во Скопје, У СКОПЈЕВО, ШО, СЕА итн. Стомак ме заболе од смеење за форумите. Којзнае колку луѓе од тука имаат профили и таму, па после скапа струјата, лебот, доматите. Поздрав. Се најдобро. Ај ќе ви отворам некоја креативна тема, доста се караме тука.
Па не баш, негде се осеќаш поопуштено, негде мораш да припазиш, зависи. Овде сакаш да остаиш некој подобар впечаток, образована, начитана, интелектуалка, не викам дека не си, не ме сфаќај погрешно, а таму ете си отворила профилче и можеш буквално се да си пишеш што ти лежи на срце без политичка коректност ама многу си била агресивна па те банирале за жал. А у Куманово искривено не говорите а? Абе дијалектите се богатство на еден јазик, какви се такви се, како да збориме, на украински дијалект да не сакаш? Неформална комуникација е ова, таму кај шо треба збориме и литературно не се секирај. И мене ме заболе стомак, каква поврзаност имаат форумите и профилите со поскапувањата, демек поише профили и поише струја трошиме? Ајде поздрав. Не се караме бе, какво карање.
Вистина, ај отвори некоја нова тема, не е оваа за хумор терање. На пример цените на струјата и доматите се таман, лажни вести по форуми, вештачки генерираат паника. И јадете колачи, ако немате леб.
Леле, шо се изначитав Апла се познава дека ова е Тања. Не треба да биде предмет на дискусија, нејзино право е што ќе прави со своето време, ама не знам зошто упорно нè лаже како да имаме по 5 години. Не била таа, другите членови на Фемина се бадијалџии и читаат на два форуми, таа не се замара со Кајгана. Yeah, right.
Охооо, ова не е ништо, шо све не имало таму, пцуења, драми ама ја избришале, сум го пропуштила тој дел. Секако дека што сака нека си праи, кој смее да и се меша ама и мене ова ме нервира шо се праи луда, кажи си искрено, не сме идиоти ние да не разликуваме.
Во право си, проблемите во снаи и свекрви не смеат и не треба да трпат поради Русија и Украина. #тањетонаапарати
Ок, you've got me there Од друга страна па...ако им се свекрвите дома, не им е дома нит Русија нит Украина. ..сдк има поента да се свекрвите поголем проблем
Ова некое „цивилче“, кутро, невино со „загрозен“ руски јазик. „Руска култура“. Ааа, и во Грузија да повторам, дека ажурно пријавувате постови, Русите во Абхазија на вчерашен ден пред 30 години силувале па палеле живи луѓе, а некои ги убивале, касапеле, и ги фрлале свињите да ги изедат. Има видеа од грузиски телевизии, споделени беа вчера, па видов.
Двете страни вршеле и вршат злосторства. Проблемот е што ти упорно ги посочуваш само едните. Заради тоа ти реагираат.