Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    На Mrs. right и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    И мене ми е мило за Чајковски и "Крцко Орашчиќ", не знаев дека Србите вака ме викале. :D
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Untitled.png

    Не сте во тек дека терористичките говеда убија Грузиец кога одел во црква близу окупираната Јужна Осетија. Двајца жители на блиско грузиско село се киднапирани. Ова се случи вчера или завчера.

    А руските блогери се рашетуваат по Грузија, дека нема каде, никој не ги прима, со исклучок на неколку држави, и секој коментар од Грузијците „ама зошто не споменувате дека Русија окупира 20% од Грузија“ го бришат од желба да се претстават демек цивилизирани сме, не сме како другите, бла, бла, бла. Просат пред западњаците, да им ги гледаат видеата, па кукаат како им паднале прегледите, па немало пари. Руси просат на американска чешма, чекаат Јутјуб да пушти парички.

    Инаку, минатиот пат отворив да видам што има главната библиотека во Црна Гора, видов ќе правеле промоција на повеќе украински писатели, договориле со украинскиот амбасадор. И во Србија имаше настани, бегалците од Украина, тоест децата ги носеа на планината Тара да им го разубават престојот. Мислам дека ова беше со донации од бизнис заедница.
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Ненормалниов го поканил Трамп.. :x

    А шо мислите ќе ја решеше Трамп ситуацијава, секако пред да ескалира до овој степен? :|

    https://www.vecer.press/конфликтот-на-блискиот-исток-фрли-сен/

    Битно Славјанка пак ќе им испратела оружје. :|
     
    Последна измена: 12 ноември 2023
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Гледав видео од украински јутјубери за цените. Не сте свесни колку е евтино. Видеото е од пред два месеци. Отидоа на зелен пазар и за 2 долари, односно наши 110 денари купија кило компири, кило домати, пола кило праски, 5 парчиња пченка, кило краставици и 10 јајца од преперка. Добро де, немале вода во очи, секако дека немаат, а ние да не имаме? Па кај нас ти требаат 400 денари за тоа што тие го купија за 110 денари. Кило компири кај нас 60 денари, домати најевтини и неубави за 60 денари беа, краставиците беа од 80 и до 90 стигаа, за 60 некои никакви, праските во маркет беа 70 денари, 5 парчиња пченка ти се 100 денари, во Скопје може се и поскапи се, јајца од преперка поим немам, ама сигурно не се евтини. За 10 долари купуваат храна за цела недела, за семејство, за готвење, не за самец. Одеса е поевтина од Охрид. За 550 денари пар јадеа супа, хамбургери и по две мали палачинки.
     
  6. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Не бе само Русинките вака заработуваат и се продаваат за пари по Европа и Америка.

    Инаку не е чудно ова, од секогаш го имало кај нив тоа, склони си се кон проституција.
    Сиромаштијата си го прави своето и за жал се одлучуваат на овој чекор, а со војната секако дека многу повеќе се навлезени во тој "спорт".

    А Тање ја нема да, еднаш на сто години ќе наврати, ќе сподели нешто и толку е.
    Како така, слабо работата више и од нејзиниот бизнис ништо изглеа. :|

    Епа и откажуваат љубов на Украина више, им прекипи и на нив.
    Кај цело време ќе им "помагаат" и ќе ги "бодрат" на разни начини, им скурче, сфатиле колку е саат, паметни ти се они.
    А и Израел е тука.

    Може па работи тајно у позадина нешто.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717

    Прееска видов, Русин од Русија кој се борел во редовите на Азов загинал во Украина. Значи напуштил државна работа во 2014 и од Русија се преселил во Украина. Некое објаснување зошто во Азов има Руси, ај што има Руси од Украина, туку некои од тие Руси се од Русија.

    Ич да не береш гајле дури живееш во Македонија, држава со најморално население во светот. Совршен народ, совршена држава, совршено се, угледај се на Русија ( уште поарна од нас) и озборувај ги сите други.
     
  9. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Ако, нека се снимаат они не ми смета мене иако нанесуваат удар на феминизмот, секој нека прави што сака со свое тело . Само викам повеќето народи на светот се сиромашни па не се толку навлезени во бизнисот и ме чуди каде е тајчето да ги пофали Украинците, уз пат да извреѓа колку сме глупи ние шо не ни текнуваат начини за брза, лесна заработка.

    Сега се тивки и заќутеа пошо газдите нивни ќе немаат образ да го бранат Израел ако трубат дење ноќе дека Русија е агресор иначе кој може да ја затвори големата уста на оваа тања ако не шефот, сполај му.
    Да имаше малце мозок да уклучиш ќе разбереше дека те одменувам тебе пошо заборави да ги пофалиш. Не сум фрустрирана како некој на темата да ги озборувам сите освен 1 единствен. Ништо не им фали на Русите во споредба со Македонија него ти си член на партија и мислиш цути државчето и другите се полоши.

    Шо ме цитираш дури 2 пати? Немој да си толку нервозна.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Ништо не им фалело на Русите? 200 долари плата во Москва со падот на рубљата, а кило домати 15 долари. Се молат Македонците да не ги демантираат Русите и нивните изјави дека никогаш не живееле убаво и не ни веруваат дека ќе живеат добро во иднина. Јака куповна моќ, затоа илегално како мигранти влегувале во Финска, еве сега Финска ќе ја затвори границата со Русија. Велесила ли е што ли е? Па 8 брода им уништи Украина за 1 година и тоа со дронови од просени пари. Значи Украинците отвориле сметка за донации, не плаќаат за тие дронови.

    Русија се фали со семејни вредности, ќе се бори против гејови, транс жени, а имала статистички повеќе разводи од секоја европска земја. Украина не се закануваше дека ќе се тепа со цел свет, ниту претендира да биде светска сила, Русија сака да биде.

    Зошто има Руси во Азов и Десен сектор, националистички украински организации? Податокот го има и на Википедија дека во двете организации има Руси од Украина и од Русија. Изгинаа некои од нив, па ги објавуваат со биографија, кои се, што работеле, од каде се доселиле.

    Инаку, киднапирано дете од Мариупол, имал 17, сега 18 години, петпати се обидел да им избега на рашистанците и да се врати во Украина, петпати го враќаат назад. Како мислат да го направат Русин јас не знам?

    ПС. Руските идоли нека ти дадат експертиза за оправање на државичево. Како за споредба син му на Кадиров три државни награди доби оти тепаше и снимаше руски војник кој го палел Куранот во Волгоград. И ќе му се суди во Чеченија на Русинот. Бреее, колку функционална држава. Просто паѓам во несвест од вакви примери. Никој не земате мочани 200-300 долари плата како Русите, добро ви е.
     
  11. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Јас верувам на луѓето што биле во Русија и виделе. Москва и Санкт Петербург се векови пред Скопје,таму тоа шо го има ти само на филм гледаш . Во помалите градови не знам како е.

    Кадиров батали го и глеј си го Али Ахмети, пред секои избори на него му се крстите за влада, ботче едно.
     
    Последна измена: 16 ноември 2023
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Сега сум фокусиран на тоа да добијам помош од Западот. Нивниот фокус се менува поради ситуацијата на Блискиот Исток и други причини. Без нивна поддршка ќе се повлечеме“, рече Зеленски на средбата со претставниците на странските медиуми.

    Прва изјава на Зеленски за "повлекување".

    Полека ги пуштаат низ вода. Одговорот како ќе заврши војната го знаеме уште кога почна, а сега полека ќе дознаеме и кога.

    Украинa ќе остане пример за сите нас како не треба да се игра во политиката.

    Секнаа парите, секнаа и ботовите. :)
     
    На daylight, Mrs. right, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Дури ме немаше правев анкети, политички, ама имаше и прашање за Русија и Украина, па само еден Македонец од моите испитаници, инаку гласач на Левица ( се изјаснуваат и за тоа ако сакаат) кажа дека Русија е супер, не била крива, другите Македонци кажаа дека Русија е агресор. Дури една повозрасна жена, доста образована за свои години, откако ми рече дека Русија и само Русија е крива за војнава, и посочив дека има многу луѓе што ја правдаат Русија, дека има тешки русофили кај нас, бледо ме погледна, па и двапати ме праша, ама каде тоа, кои се тие, зарем има такви што го правдаат вториот Хитлер? Па кога не чита фемина, во информативен мрак е, а во нејзино опкружување веројатно нема фанови на Путин, па се чуди.

    Погледнете си на географска карта, Украина е трошка во однос на Русија, а колку очајно изгледате кога коментирате дека „еве, сега, готово е, нема да им дадат оружје за Русија да ги задржи тие градовите кои заедно немаат население како еден Харков на пример“. Ахахаха, значи мечката не може да ја порази трошката, тоест не може да задржи ќоше од трошката. На руска вдовица во едно село деновиве и однесоа фрижидер. Мажот и загинал, таа со пет деца, живее во невидена сиромаштија и стопати кажа фала за еден фрижидер небаре е златен. Овој ли е тој народ што ќе наметне влијание некому? Не, фала.

    Читам деновиве, Русија напаѓала во Бахмут да ги врати изгубените позиции. Па нели во пролет го освоија тој Бахмут кобајаги?

    Имаше тука споделено едно бело дете со тажен поглед на денот на ослободувањето на Херсон лани. Фотката стана вирална, па пред некој ден новинари го нашле детето, на годишнината од ослободувањето на Херсон, го снимале. Го прашуваат која му е најголема желба, вели дека сака да се приклучи на ЗСУ, за да ги убива оние кои дошле да го убиваат неговиот народ. Утре да ги снема Зеленски, Бајден, Шолц, Урсула и не знам кој, кај милиони такви Украинци ќе има желба за одмазда.

    Мој комшија си шета по странство ( младо дете, си работи во Хрватска), сега е во Германија, следна за шетање Украина. Пишал вчера на социјални мрежи дека следно оди таму, веројатно нема да чека да заврши војната. Има пари, може да оди кај сака, ама ете се решил за Украина.
     
    Последна измена: 18 ноември 2023
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Чисто да се види во каков медиумски мрак е западот (и ние)...

    Денес некој украински пилот со SU-27 авион пребегал од Украина во Русија и се предал.
    Бараш на гугл информација за тоа...штама...мрак тотален, цензура на најако. Ниту еден медиум нема пишано. Единствено ако одиш на руски медиуми кои се забранети кај нас може да ја најдеш информацијата.

    [​IMG]


    Единствен извор најден на англиски:

    https://avia-pro.net/news/pilot-ukrainskogo-su-27-uspeshno-sbezhal-iz-ukrainy-v-rossiyu

    Утре ќе се пренесе инфово на некој од нашиве порталчиња што пратат Телеграм. Тие што се на запад никогаш нема ниту да дознаат за ова, па не е ниту чудно што не се информирани за војната кога имаат пристап само до западна пропаганда.

    Цариград кога веќе готов бил да падне под османлиите, луѓето таму абер немале што се случува, се гоштевале и славеле. :)
     
    На Mrs. right и dea.18 им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Видиш Тање, имало многу ко тебе исти, радувај се, а ти ги плукаше дека биле русофили Македонците, ете не биле бе.
    Сеа да им се извиниш на сите јавно.

    Апасиев е крив изглеа, ги расипал он другите.

    Хахахаха, ама и Кајгана. :!:
    Си требала да ги анкетираш членовите од форумите па да споредиш резултати.

    Оф леле, ете и крајот изглеа се ближи и уште не се помири со фактот дека никој што е саглам не поддржува агресори и војни туку друга е поентата.

    Со среќа со анкетите, и со здравје трошење на :cash:.
    Реков ја дека дејствуваш у позадина ти, кај седиш мирна.

    __________________

    И шо доби црепов со ова шо се инаетеше цело ова време?
    Само огромни загуби и штети кои не можат да се надоместат.

    Ааа да, добиле луѓето, подобар живот, стандард, ефтино било таму, како рече Тања преефтино, достапно за секого, шубаво го претстави животот таму ко песна да им е на луѓето. :^)
    А во Русија мизерии било, ние подобри сме биле и ко народ и ко држава, браво за нас, пример сме требале да им бидеме. :handshake:
    Ова е проверена информација така?

    Се глеа крајот више, изглеа за брзо ќе дојде.
    Епа готово, силата е толку, секој многу лесно би го предвидел сценаријото како ќе заврши. Не треба многу паметен да си.

    Овој пореметениов на душа ќе ги носи толку изгубени животи ради негов хир, беснеење да изиграва некој фактор, а и од неспособност.
    Он треба да се линчува, тоа заслужува.
    На некои баш им одговара да не знаат, си викаат шо ќе се замараме со политика ние, тоа си е работа на политичарите не на обичниот народ.
    Поарно било се да е у тајност, а не транспарентно, да нѐ не болело глава.
    Ова од повозрасните генерации го иам слушнато. :|

    И ај примеров со Цариград шо го даде тоа било у турско време, а сеа шо уште појма се нема за ништо при толку многу извори на информации што се.
    Ајде овие што не се достапни за пошироката маса и прикриени, за нив и очекувано е да не се дознае одма, туку општо, ич не сакаат да се информираат луѓето, индиференти се скроз.
     
    На dea.18 и sonuvana им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    @Mrs. right кога се прават анкети, има квоти за возраст, па така не анкетираш само млади, туку од сите возрасни групи. Ќе ги пуштат по вода, со милијарди европски пари. Русија ја исфрлија од Советот на УНЕСКО, ко за споредба едно Косово моли да влезе таму. Во чекалната на ЕУ, Украина и Молдавија се статус кандидати, исто како нас, само што во декември, за нив ќе се побуни една Унгарија, за нас Бугарија, Франција, Холандија. Значи изедначени се со нас, а ние сме во чекалната од 2005 година наваму.

    Читам деновиве градоначалникот на Лавов бил во Јужна Кореја, да бара експерти за дронови, тие биле понапредни во таа сфера, па ќе им помогнеле со експерти за производство на дронови, ама замислете градоначалникот воопшто не трошел пари, домаќините му ги платиле и патот. Значи Украинците повеќето работи ги добиваат гратис. Смешно е, ама па тоа е солидарност, кога некој сака да ти помогне. Двајца пластични хирирзи од САД дојдоа во Киев заедно со украинските колеги да оперираат луѓе кои имаат лузни. Не се сите војници, има и деминери кои се повредиле при работа на терен.

    Тие 9 члена што беа потепани на роденден во окупиран град, откако Чеченци сакале да им ја земат куќата, не се Украинци, туку се Руси. Да беа Украинци, руските медиуми немаше да објават вест, ниту ќе апсеа за случајот. Руските медиуми објавија за случајот, Украинците споделија, ама онака, чисто колку светот да види што се случува, а ако зебележувате Украина цело време користи термин украински граѓани, Украинци, проруски Украинци, не велат Руси, не велат Евреи, туку Украинци со еврејско потекло, со унгарско потекло итн.

    @Mrs. right во Украина е евтинија, и не е лесно за живот, ама тие никаде не се маваат во гради дека се појаки од Западот, дека Западот не чини, дека се нај, нај, Русија тоа го прави. Еве ти си во Скопје, имаш ли некаде во Скопје за 370 денари да седнеш во кафуле и да пиеш две кафиња и да изедеш две колачиња? Во оние кафичите кај Мавровска ако има, таму ни фискални не даваа. Во Киев за 10 долари, односно наши 550 денари, купуваат храна за цела недела. Следам едни украински блогери, како се живее на село близу Киев, па како кај нас, малку земјоделство, малку приходи од пчеларство, засадиле лешници, собираат печурки, чуваат добиток, снимаат видеа за јутјуб и не се срамат да го прикажат својот начин на живот. Никој не ги хејта од западњаците, напротив им се претплатуваат во тоа јутјуб премиум, веројатно две плати си вадат само од тоа. Нив им требаат 10 долари за храна неделно за семејство, а еден странец на пример за видео ги гифта по 12 долари. Во Одеса сместувањето во центар ги чинеше 14 долари, Охрид е поскап.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    https://libertas.mk/ukrainski-pilot-prebegna-vo-rusi-a/

    Има вест за пилотот, ама се е тоа наводно, наводно, цела вест е наводна со цитирање на некој извор. Истото ги направи руски пилот пред извесно време, ама него го имаше со име, презиме, од која единица бил, возраст имаше и слика. ТАСС е државна агенција исто како нашава МИА. Зошто не им е потврдена таа информација од руското Министерство за одбрана?

    Еве ја веста

    „Пилотот на украинските вооружени сили моментално се наоѓа во Русија и е сослушан од Федералната служба за безбедност“, изјави за агенцијата пилот на руски воен ударен хеликоптер, идентификуван од ТАСС како Алексеј Воевода. Зад операцијата наводно стојат Руските сили.

    Воевода одби да открие какви било детали за операцијата, додавајќи дека сега не може да ги сподели. Некои руски Телеграмски канали тврдат дека наскоро би можело да биде објавено интервју со украинскиот пилот. Неговиот идентитет и ранг остануваат нејасни. Според Воевода, украинскиот пилот бил командант на летови во Украина.

    Пилотот, наводно, им помагал на руските сили од почетокот на конфликтот помеѓу Москва и Киев, според тврдењето на заменик-министерот за информации на Народната Република Доњецк, Даниил Безносов. „Украинскиот пилот дојде на наша страна од самиот почеток на специјалната воена операција и ни помагаше со информации и на други начини“, напиша службеникот во објавата на Телеграм.

    Или е целата вест лажна, или се работи за украински пилот со руско потекло, ако навистина помагал од самиот почеток на војната, тоест си шпионирал.
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Што мислите ќе дојде ли Лавров во Скопје на состанокот на ОБСЕ? Замислете Лавров му пишал писмо на Османи да му дозволат да дојде. Делува како виц нели? Велесила моли едно мало државиче како нашево да му дозволи да дојде? Па нели ќе се одмазуваа дури и на Македонија и Црна Гора? Мислам дека нема да му дозволат да дојде, а ако дозволат, добро би било Лејса Украинка да си пријават протест по закон во МВР и да го „пречекаат“.
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.080
    Пол:
    Женски
    Не знам дали, но пожелно е да му дозволат инаку ќе направат прекршок.
    Screenshot_2023-11-20-22-18-30-691_com.android.chrome.jpg IMG_20231120_221956.jpg
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.