Хахахах, леле. Не, не сум. Едните исти се тие и секаде вртат по емисии, а како им успева да добиваат толку често не знам.
Брате сакав да кажам не гледам со часови, не гледам ниту еден час дневно, туку кај пуштиле дома, ако фатам нешто ок, ако не ништо.
од кај знам бе дека се истите, не ги пратам ја, ти викам случајно беше пуштено, ќе се замарам ја со нив ама ова апла се познаваше, истите зборови бе уште за војната да спомнеше и готово.
Абе Тање за да знајш дека една иста се јавувала повеќе пати мора да пратиш, не зафркавај сега Јави се утре од сабајле и викни ги тука нека дојдат да се искажат, да им олесни
Војната со Русија и Украина трае со години наназад, ама не беше модерно да се секираме за оваа војна пред 12 години.
Русија годинава ќе ја заврши со суфицит од 75 милијарди долари Како што само може да се очекува кога цел западен свет ќе го блокира извозот во твојата земја, но и понатаму ќе остане навлечен на твојата нафта и гас, и гнасно ќе ја плаќа, така Русија 2023 ќе ја заврши со блесав плус во трговијата со странство од 75 милијарди долари. https://off.net.mk/vesti/biznis/rusija-godinava-kje-ja-zavrshi-so-suficit-od-75-milijardi-dolari Секоја чест на овдешните прогнозери, економисти, аналитичари и ботови кои лани прогнозираа дека Русија ќе банкротира од санкциите. И не убедуваа дека толку им е на русите, ќе умрат за леб. Браво и за оние огромни умови во ЕУ и НАТО кои и ги ставија санкциите. А посебно на овие нашиве од влада што ги поддржаа и се истрчаа први да банираат секаков импорт/експорт од Русија. Вакво харикири не се случило во историјата. Ви благодариме за високите цени на струја, храна, станови, автомобили и за 35% инфлација. Генијалци сте!
Добиточно жито се трици, а градот не е некоја провинција туку е северно од Москва. @Mrs. right ме изнасмеа синоќа со тоа од Канал 5, утрово станав 10 минути подоцна. Инаку, добиточна пченка и пченка шеќерец се разликуваат, едното го јаде стока, другото е за луѓе, втората е таа што се пече, вари. Тие што пробале да варат добиточна пченка од љубопитство виделе дека тоа има вкус на трици. Линковите погоре се од руски медиум, а коментарите се од Руси од Русија. Ако имате некој проблем со нивните новинарски текстови, си има таму контакт мејл, можете да им пишете дека грешат, не ги оставајте во информативен мрак и на обичните Руси можете да им пишете коментар испод текстовите. П.С. Мојата покојна баба во 90-те правеше тричник ( леб од трице) за кучето.
Од сојузник на Русија и добри односи со пола свет доби окупација на 10% од територијата и лоши односи со речиси сите. Војната е голем пораз за Путин. За џабе загина толку луѓе и толку се потроши.
Реално така е https://www.youtube.com/shorts/V04-K1sDWRg Ведрана брутално искрена https://www.youtube.com/shorts/w9LDNyimCao
https://lokalno.mk/sinot-na-kadirov...lachki-vod-koj-e-del-od-silite-na-ruskoto-mo/ Чеченците потсетуваат на една наша партија, добро се пазарат. Инаку, руски новинар на руската државна тв кажа дека во териториите кои Украина ги поврати веќе нема проруско население. Јас видов на профил кај Антон Герашченко, тој споделува видеа од руски емисии. Значи во повратените територии нема Руси, останати се Украинци и другите лојални граѓани.
После признавањето на преговарачот во Истанбул од украинската страна дека се договориле со Русите за примирје, ама дошол Борис Џонсон и им рекол дека договорот не важи и треба да се борат, сега и Арестович истото го кажа. Arestovich admitted that the war in Ukraine could've been stopped in March 2022. “The Russian side still insisted on peace initiatives. And the Istanbul peace initiatives were very good, an intermediary document... Now 200-300 thousand would be alive, probably, and half of Ukraine would not be destroyed and mined... They agreed to political discussions on Crimea... We made concessions, but the amount of their concessions was greater. This will never happen again, it won’t, they will push more and more.” Како што зборевме на темава уште на самиот почеток дека како мине времето, се повеќе и повеќе услови ќе бара Русија за да има мир. А зошто и не би, кога имаат моментум да го зададат последниот удар. На крај ќе дојде до тотален распад на Украина. Зеленски најави нова мобилизација од 16 години, до 77 години. Претходно беше 18-55. Почнаа и старци, и деца да праќаат на фронт. Тажно и жално за украинскиот народ. На крај, сами ќе му пресудат за се.
Денеска е 1.12.2023 година. Јас мислам дека може да се слави јубилеј една година од муабетот дека Украина собира баби, старци, деца. Путин исто ќе мобилизира 170.000. https://nezavisen.mk/putin-bara-da-bidat-mobilizirani-ushte-170-iljadi-rusi-za-armijata/ Ај што „децава“ украински им рокнале руски генерал во Херсон, туку и најмодерниот тунел во Русија го кренале во воздух накај Кина. https://kanal5.com.mk/ukraincite-dignale-vo-vozduh-voz-vo-najdolgiot-tunel-vo-rusija-video/a614207 Добро е на мапа да се види каде е ова, далекуууу од Украина, очигледно минале илјадници километри за да ја завршат задачата. Тоа е во Бурјатија. П.С. Аргентина неќе во БРИКС. Ако е вистина тоа што го кажа рускиот новинар, а веројатно е, добро за Украина е тоа што во границите на она што е Украина сега, нема веќе Руси, или како што велат проруско население. Утре да речат, стоп, тука е крајот, ќе има некоја минорна бројка на Руси што за некоја година ќе се претопи, отсели, едноставно ќе ја нема и нема да им се мешаваат на Украинците. И како е можно на пример во реоните под украинска контрола да нема Руси? Веројатно избегале сосе руската армија по контраофанзивата, дел сигурно изгинале и така.
Што се радуваш на терористички акт каде гинат невини луѓе? И на Америка им ги дигнаа двете згради во воздух сред Њу Јорк. Преку 2000 луѓе загинаа. И за тоа ли се радуваше? Или можеби за 300к мртви украинци се радуваш? Денес ги потврди Арестович, и што заедно со преговарачот признаа дека им било наложено од Борис Џонсон да ги прекинат преговорите? Како може странски премиер да спречува туѓа земја да потпишува мировни договори и директно да им наредува да им гинат сопствените луѓе? Нели е ова директно мешање во внатрешните работи на Украина и треба да се одговара пред меѓународен суд?
Кај виде ти дека при уривање на тунелот имало жртви? Ооофф, тоа е маката што Украинците не ја дадоа земјата, да не се резили Русија. Не се одговара за вербално мешање во Хаг, ти ако имаш измислено некое ново дело, таму се одговара за воени злосторства. Ако се одговара за вербално мешање во внатрешни работи, Русија пак ќе биде прва во редицата таму. Има стотици изјави од Путин, Медведев, Захарова со повици за уништување на цели држави, а имаат ли докази за изјавата на Џинсон освен ти реков ми рече муабети? Судовите бараат докази, не озборувања. Дека гинат Руси никаде не споменуваш. Доста броиш мртви Украинци, не испаѓа есапот, руски новинар ти вели дека во оние територии кои Украина ги врати нема Руси. Каде се? Да не биде после од загинатите цивили 60% се Украинци, 30% Руси, другите се од другите помали народи. Руси има што се борат на страната на Украина, Евреи, Унгарци, и други народи, сите жртви не се од украинска националност, ни цивили, ни војници. Утре ја запираат војната на пример, Украина останува во постоечките граници, Украина влегува во НАТО на пример, ќе преговара со ЕУ и што ако во окупираните територии си останат да си живеат Украинци па со години можат да им подметнуваат бомби под автомобили на окупаторите? Украина со години може да ги ремети со дрончиња и да се прави дека нема поим што се случува. Ако Украина влезе во НАТО, а за две три години може да избијат внатрешни немири за поделба на Русија. Каков став ќе заземат САД, ЕУ, НАТО е многу битно. Деновиве уапсија терорист во Москва планирал напад, да ја крене железничката станица во воздух. Зошто Путин вели дека во 2024 година нема да дозволи поделба на Русија и меѓурелигиски раздор? Ако нема такво нешто, зошто зборува на тие теми? Ерменија моли да преговара со ЕУ за безвизен режим, Грузија се ќе даде за ЕУ и НАТО, не се сите во светот крив што Путин е глупав како коњ. Еднаш Русите да не им исполнат една желба на Чеченците, има да отидат во Москва и цел свет ќе гледа циркуз. И како може син на Кадиров на 16 години, малолетен да биде главен на единица во руска армија? Може, бабана држава е тоа.
Па не е ниту прв, ниту последен терористички акт каде што се радуваш на убиства на цивили. Ете ти го тој од Њу Јорк, и на тој ли се радуваше и поддржуваше чим си по терористички акти? 2 официјални лица на Украина ја дадоа изјавата за Борис Џонсон. Затоа и е тргнат од политиката, зошто си го изработи своето. Жртвите на Русија се минимални, едно 10 пати помали од тие на Украина, ама апсолутно никаков импакт немаат на Русија. Од друга страна имаш официјални искази за над 300к мртви Украинци кои можеа да живеат. На која душа одат тие? Знаеш ли дека тие луѓе никогаш нема да може да ги вратат? За другово не знам во која делузија живееш, кога официјални челници на НАТО и ЕУ одговараат дека Украина никогаш нема да влезе таму. Нели гледаш дека им ја скратија помошта и ги пуштија низ вода? Толку е. Војната е изгубена за нив, за НАТО, за Украина секако беше уште откога почна. Таа држава никогаш нема да биде она што беше. И, секако, нема да биде закана за Русија да ја маваат со дрончиња или не знам што. Затоа и русите ја нападнаа, за да ја неутрализираат комплетно. И стави линк, извор, поткрепи ги тврдењата кои ги изнесуваш. Овака се ти е рекла казала пропаганда за која не вреди да се дискутира.
Ова не е проблем, а проблем било Русија шо се мешала и нејќе Украина да влезе во НАТО според нив. А вака колонизаторските копилиња шо си играат курот смее тоа. Двојни аршини и лицемерие. Па таа цело време брои загинати, ти текнува? Може таква задача има, да води за тоа евиденција. Така и наредил шефот. Спојлер !тофеш ос овабу аат акор еС Ја се кладам дека Тањава и по украински форуми и платформи разни дреме и ги „бодри“ вака. Којзнае таму шо пишува коа тука види ја каков мазохист е. Како може старциве да војуваат како и оние со попреченост, кај се способни тие? Попрво Тања би војувала отколку они. Леле бе да можеше овие ко Тања фејк украинофиливе да ги измаршираа од сопствените земји и право у Украина на фронт да ги пратеа, небитно националност, вера, пол, спремност физичка и онака скапаницана праќа и ќоро и сакато да војува. Не знам на Америка како не и текне таква акција да спроведе, па нека се рокаат и нека гинат. Би прифатила ли @Tanjamm таков ризик за милион долари на пример и америчко државјанство како награда? Може нема да загине, вреди да се ризикува и барем од корист би била, а не само напразно да си пишува рефератчиња. И треба искрено да му пресудат, не знам како уште трпение имаат да толерираат толку долго.
Ллелеле, човек, им го рокнале најголемиот тунел во државата на 4.000 километри од границата со Украина, ти ми велиш Русиве ја неутрализирале Украина. Хаг не се занимава со рекла казала, рекла казала не се гони ни прекршочно, не кривично, а скраја било не е воено злосторство. Да потсетам дека и македонски политичари имаат давано сугестии за туѓи конфликти, како Србија - Косово, па Нагорно - Карабах, па тоа не е мешање, сугестија е, дали ќе прифатиш или не, твое е. И што и да има аудио и видео изјава од Борис Џонсон, што со тоа? Потерница има за Путин, нели тој демек не се плаши, ќе оди кај сака, не смееле да го апсат, па гледам се на Зум се вклучува.
Лелее. Ти кажав колку ти е глупа споредбата. И на Америка и ги рокнаа кулите од другата страна на светот. Па ниту пропадна, ниту се расцепка, ниту значеше дека е слаба држава, напротив. Не знам зошто се ситиш цело време на терористички акти. И сега, и претходно кога го оштетија Керч и загинаа невини луѓе. Овакви чинови се само доказ за немоќ. Не знам зошто дозволуваат воопшто поддршка на тероризам на форумов. Во Македонија е казниво со закон да поддржуваш терористички акти. Нема да одговара никој во Хаг затоа што тој е смејурија од суд направен само за балкански банана републики. Суштината е јасен показател дека Украинците, па дури и власта не сакала да војува, туку наложено им е од надвор, со којзнае какви закани да продолжат. Резултатот го гледаме денес. Изгубија толкава територија, и тек ќе губат. Да не збориме за економски, инфраструктурно и се останато што ги вратија цели декади назад. Ама најжално е за загинатите украинци што присилно ги праќаат да гинат. Вистината исплива на виделина со видеава и тек ќе се дознава уште повеќе. И еден ден народот во Украина ќе си наплати за тоа што им го прави нацистичката наметната влада.