Како без паники? Ако не е таа зграда има други слични или бетер. Што сакаш да кажеш, не се секирајте лажни се вестите? Не велам дека нема и ќе нема секакви слики ама дека се преувеличува за Трајанка психички да пропадне...не. Војна е.
Кој зад кого да застане, ме заебаваш? Русија да застане зад Србија а Еу зад Босна? Србија и Босна ги споредуваш со Русија и Украина? Зад Украина никој не застанува, еве за Босна и за Србија ќе се потепаат. Смешки. Каде беше Русија кога беше бомбардирањето во Србија?
Денеска е добро. Се бара неонацистот Зеленски кој го исклучил својот мобилен телефон и се крие во дупка. Путин ја повика армијата на Украина да си ја врати државата од нацистите и да продолжи во правилниот пат.
Зеленски на терен бил, може стренд ап им држи на Русите. Кличко отиде да се бори, оти Кличко. А се си мислев дека нема бетер од нашите политичари. Ко ќе се сетам и ние имавме боксер за премиер. Туку, ЕУ стварно не може да притисне со преговори место да се заканува со санкции? Само мене ми се чини или Меркел стварно фали?
Фали само Трамп. Оти само тој во 4 очи му кажа на Путко, ако нападнеш ќе ти влезам во Москва. Ама се знаеше дека е поголема будала и од Путко, па затоа овој си траеше 4 години, си се дружеа, си гугукаа на телефон. Ајдеее, дојде Бајден, се разгоре Израел, сега Украина. Што е наредно, Босна и република Српска?
Не ми текнува кој аналитичар беше, ќе изгуглам име и ќе пишам, баш тоа го рече, замина Меркел единствениот човек што можеше да му се спротистави на Путин па ова со Украина се деси.
Или како што рече @LiliBoz Украинциве изгледа и не се толку наивни и нема лесно да се предадат, вака или онака. Според некои Британски експерти, нападот на Русија не оди нај-по-план, и тие забавиле со нападот над Киев, поради што сè уште се на 50км од центарот на градот. Покрај ова, руското МЗ бара доктори и лекарства од целата територија на државата. Повеќе: https://twitter.com/EJ_Burrows/status/1497252061678813187?t=CFKggF4yI7V34IiiSEfUCQ&s=19 https://www.itv.com/news/2022-02-25...s-show-how-russia-is-preparing-for-casualties
Читав и јас, и така е. Единствена е која може да му се спротивстави, и единствена е која доста работи ги држеше под контрола.
Епа да се знае кој е побудала. Трамп, нормално. Јасно како ден му беше на Путко дека ако повлече еден конец, ќе го јаде дебело. И да врати, Москва ќе беше срамнета со земја. А сега, истата игра ја игра Путко на цел свет. Сега тој е најлудиот во приказнава. И ќе си прави што си сака, ја има Кина како грб. Ќе пукне и Тајван, ќе пукне и Босна а може и Косово. Оти им се може. Епа рече. Оти им направи ШАХ МАТ Јесте дека политичарите се лајна, ама никој не е до толку болен да објави војна сега на Путко. Тој прв појде ол ин и победи. Напазарувал злато на време и сега ужива. Сега е време да се обезвредни златото и да се измисли друг секјурити. Ама го има и лудакот од етериум за блокчејнови, си еба матер планетата земја, ќе владее овој дури не се симнат вонземјани
Па не е воопшто смешно ако ја земеш местоположбата на Србија! Босна е сеуште потенцијален вулкан,ништо не е готово таму,приведен мир,кантони,републики. Република Српска и Додик живеат од руски пари. Не дај боже речи да пукне па ќе ги видиш сите невозможни комбинации тука. Исто ко што Холанѓаните беа во Сребреница,а америчките војници во Арачиново кај нас. Баш тоа може да се случи што го пишав,да го користат статусот баш на Бих да се префрли огнот во друг регион. Така да не се небитни ставовите. Особено на Вуќиќ кој цело време се врти кон Еу ,а од Русија не се откажува.