Навистина сочувствувам...ја истошти војнава цц А за што...за ништо. При Достоевски,со Лесја Украинка ќе се занимавала
Украина и Молдавија почнаа преговори, Македонија пуштена низ вода, додуша и самата се пушти, глуми каскадер, а е аматер. Никој и ништо. Па ни пофални зборови не видов, да не имало, да не сум испуштила? Па и се тешат немало овде војна. Нема да има војна, културно ќе стават две три рампи низ државата и толку. Русија цела да е, да живее Путин. Што бидна со Албанија? Многу згрешивте што не излеговте на протест кога дојде Лавров. А си мислев, викам овие од фемина гарант со некој транспарент ќе ги има на вести, протест противзападни лицемери, ама ништо, се разочарав. Требаше да му дадете поддршка, да ве има во предвид. И сега? Запад не отпишува, Исток не не запишува.
Ах колку убави времиња беа тоа, кога полнев вода од пумпа кај баба ми у двор...и нова градинка имаше во селото...и јајцата беа топли, од кокошарник и џабе, јер од баба кокошарникот беше. Не ова денес, плачење по телевизии за јајца и вода
Има Руси што тврдат дека сакаат преку Украина да ја осиромашат Америка. Демек сите пари Американците ќе ги даваат на Украинците и ќе пропаднела САД. Има логика еејјј, верувај на Русите и свирјај си. Шега настрана, прееска на Лавовџурнал видов за некој украински војник загинал во Бахмут, му оддаваат почит. Загинат деновиве. Русите ни Бахмут го немаат под контрола. Кај украинскиот офицер Петро Волошченко имаше фотографија од украсена елка кај Бахмут, сликано пред некој ден. Пред две недели имаше извештај од украинското Министерство за одбрана, руските сили вршеле напади кај Бахмут да ги вратат изгубените позиции. Јасно е дека Украина нема доволно оружје, но дури и на питачка Украина, Русија не и може многу. И да ве потсетам дека Украина со свое оружје ги набрка Русите кај Киев. Српски аналитичар кажа дека Украина шест месеци се бореше со своето оружје. Ме мрзи да барам, веројатно е точно.
Па, на влезот на Украина во ЕУ треба да се гледа како проблем. Може да биде доволна причина за официјален старт на трета светска војна. Украина не смее да влезе. А, и онака за влез во меѓународна организација треба да ѝ се постават дополнителни услови поради спорното потекло и нејасното минато. Не само ние да го јадеме стапот.
Утре наутро кога ќе станеш гарант освоени ќе се. Глупак како Путин мајка не раѓа веќе. Каква услуга му направи на Нато, ооххоо. Русите од дол на дол уште се во Бахмут, ќе го освоеле Киев со 3. 5 милиони жители. Кој циркус. Ова денеска во Брисел ти е една шлаканица за Русија од невидени размери. Вакво газење и понижување како Русија, просто никој нема доживеано. И шок ви е дека ЕУ отвори преговори со Украина, а нас не исклоцаа како отпад. Имаше некој американски медиум вчера, завчера, се повикува на свои извори дека САД ќе пратела некој американски генерал, имаше име и презиме, да им спреми стратегија на Украинците дека само 3 села вратија со контраофанзивата. Не видов демант од Белата куќа, а имаше точен идентитет на генералот. Ќе измислуваш после дека Русиве не ја сакаа Одеса, туку третиот ќенеф лево од Бахмут им беше место за привремен пикник. Одлуката од Брисел во однос на Македонија е во склад со убедувањето на народов. Сосема на место. Ваков народ што поддржува средновековно освојување на територии нема што да бара во ЕУ. П. С. Добро откако почна војнава не запознавте некој Русин кај нас? Не познавате некој Русин во Скопје? Мајка Македонија е крава за молзење. Македонците ја хранат, другите ја молзат. На еден клик се информациите, ама кој ќе бара.
Ама тоа секако ќе биде. Турција преговара 30 и кусур години. Украина, меѓу другото, ќе треба да обезбеди и права на малцинствата, меѓу другото и руското. Лоша лоша еу. https://english.elpais.com/internat...g-process-of-negotiations-to-join-the-eu.html
На српски медиум слушнав дека Украина вратила некои права за унгарското малцинство деновиве, тоест си донела закон, за да го омекне Орбан. Инаку, следам Унгарци кои се борат во војнава, го критикуваат Орбан, ептен, очигледно се лојални граѓани на Украина. Е, сега, по се изгледа дека руско малцинство нема во она што сега е Украина. Руски новинар на Раша тудеј го кажа тоа на емисија, а емисијата ја видов кај украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко ( не можам да ви ја барам, тој секој ден објавува многу постови). Кажано беше дека Руси нема во териториите кои Украина ги врати. Русите кои не се терористи веројатно се избегани, загинати итн. Се спомнува Одеса. Прашање е колку Руси има сега во Одеса, а беа 29% пред војната. Да ве потсетам дека и овдека пред почеток на војната во 2001 година, албанските паралелки 3 дена не дојдоа воопшто на школо, се скриле во Косово, јужна Србија кај роднини итн. И таму, кај смее Русинот да седи во Одеса, а ако ти влетаат ноќе во куќата и те пребијат, убијат? Сетете се само на нашава војна, каменување куќи во Битола, палење џамија во Прилеп, имало и палење на џамија во Охрид за која не се крена врева во медиумите, веднаш ја изгасиле. Ова ние што сме бубалка народ, а за таква разорна војна, кај смее да седи Русин во повратените територии, тоест смее ако е чист, ако бил лојален, ако не соработувал со терористите, ако нема извршено дела против државата. Утре од ЕУ да им речат дајте права на руското малцинство, тоа ќе биде мртво слово на хартија, а во реалноста кога немаш Руси на кого тоа ќе се применува. Најчевска спомна дека исламофобијата е проблем за во ЕУ. Украина има вкупно 160 џамии ( територија колку цела Југославија). Па јас мислам дека само Тетово има повеќе. Павле Трајанов ги пофали дека украинската дипломатија си ја завршила својата работа. Епа да, во услови на војна да излобираш за преговори е успех. Украина ги повлече и Молдавија и Грузија заедно со нив, Украина одбработе за нив. Ако Молдавија и Грузија се фатат сериозно за работа, може да дојде ден кога Грузијците ќе се вратат во Абхазија и Јужна Осетија ( КФОР, ОБСЕ, УМПРОФОР ако сакаат можат да помогнат како во Босна и Косово), а во Приднестровје во Молдавија си живеат Молдавци. Гласот на Русите во Молдавија ќе биде небитен. Ем се малку, ем тој регион не е чисто руски. @Cosmi барав на Википедија, има некои штури податоци, дали Тетово и тетовско сосе Боговиње, Јегуновце, Желино, има ли 160 џамии, баш ме интересира, чисто информативно за споредба? Јас мислам дека има, може грешам.
Бугариве и Хрвативе во мртва трка кој побргу ќе се огради од Зеленски. Како и низ историјата.... https://www.index.hr/vijesti/clanak...-uzaludnu-bitku-mrtvi-su-posvuda/2521850.aspx https://lat.sputnikportal.rs/202312...odlazi-sa-ukrajinom-je-gotovo-1165100141.html
Шо така? Западњаци големи нели се они, зашо не ја поддржуваат и бодрат Украина, да не смениле нарав и видоа колку е саат? Оф топик ама нема да забораам Хрвативе глупи потрчковци шо гласаа против прекинување на војната во Палестина по наредба нели се знае чива. Многу важни се прават од коа влегоа у Еу, па со мењање на куната, изградбата на мостот, чуда, врагови, мислиш идила е таму.. За бугарите па шо да се каже, татари гнасни.
Да, пуштен е наративот, но мене ситниве ми се интересни. За големиве не се секирам,сигурна сум дека ќе се снајдат.
https://lider.mk/lavrov-moskva-nema-intencija-da-gi-napadne-zemjite-na-nato/ Eве ви линк. Ај и ќе копирам. На терен, жестоки борби се водат во правец на Бахмут, Авдијивка и Запорожје. И на српските вести со денови се зборува, Бахмут, па Бахмут, а пролетва се славеше демек го освоиле, еве Нова година дојде.
Војнава од почетокот ја следиш и уште не знаеш кај се борат. Се дезинформации пласираш. Еве ти ја линијата. Русите одамна го освоија Бахмут, градот, истава линија е од летото, освен тие промените кај Берхивка, Јагидне и Клишиивка јужно, Украинците немаа влезено во градот. Сега продолжуваат Русите понатаму према Часов Јар, Иванивске прво. Црвено - Русија Плаво - Украина
Не знам бе Били, изгледа лажат од српските медиуми. И од украинскиот генералштаб споменуваат до недели дека има напади кај Бахмут. Еве ти од минатиот месец, Бахмут, па Бахмут. Не споменуваат Мариупол, Бахмут. Не е лага веројатно. https://time.mk/c/ff593a72bd/kiev-r...-gi-vratat-zagubenite-pozicii-kaj-bahmut.html
Дај извор каде што вели дека се војува во градот. Кога викаат Бахмут, мислат во околината на градот, ме ВО градот. Јасно и прецизно има мапи цело време.
Часир Јар од лани се зборува, не е од сега. Авдеевка колку месеци ја напаѓаат? Ме мрзи да барам, ама најмалку 3 месеци сигурно има. Википедија вели, состојба од 2020 година, Авдеевка имала 32.000 луѓе. Па ова е уште помало од Бахмут, не е ни пола од Бахмут. Ова е како град во Источна Македонија, како Радовиш на пример, ма бетер, помало. Упппс, сега видов, па Радовиш паднал на 14.000 жители. Најголемата држава на светот, држава континент што би се рекло, не може да освои гратче како тие во Источна.
Па не е битно колку е голем градот туку какви утврдувања има таму. Авдиивка е цела тунели, бункери и канали кои ниту бомби не можат да ги разурнат. Уште од 2014 таму се изградена таа дефанзивна линија. Еве видовме Украинците што направија во нивната офанзива, со цело западно оружје, со американски и германски тенкови, со химарси, со најсовремени германски, француски, американски хаубици, не можеа селцето Роботине да го освојат кое броело 480 жители. Не е битна големината на местото, туку теренот + колку е противникот укопан и во дефанзивна линија. Армиите не ги поставуваат линиите во огромни градови. Што дека е Харков 2 милиони, ако нема кој да го брани, и пример остават 2000 војници? Бахмут што дека беше градче од 50 000 кога во еден момент преку 100 000 украинска војска го бранеше. Ако немате познавања од некоја област, не коментирајте, само смешни излегувате и се укопувате. Еве ви анализа од војно лице како изгледа една офанзивна и дефанзивна линија. Украинците инаку имаат уште 2 дефанзивни линии во Донбас, таа кај Часов Јар, и таа кај Краматорск и Славјанск. После се до Днипро и Павловград е отворено, небрането поле.