Пуштете гледајте Хепи, сега гледав српски експерти се филмаат како Русите и Србите се најјаки, па Србите во Босна кога сакале ќе војувале,ѓпа тие две нации никогаш не губеле, ама и по нивната прогноза дури при крајот на зимава Русите ќе стигнеле во Часив Јар, ако не се случи нешто драматично од украинска страна. И тие пуштаа некои мапи, ама исмешаа, менувања, па Бахмут, па без него, пушти нова, смени стара, ништо не е јасно. И народов што збореше за Русија, БРИКС и слично, деновиве плаче по Фејсбук како Украина и Грузија почнале преговори, ние не. Што плачат? Часив Јар имал 12.000 жители. Па ова е како Паланка бре луѓе. А кои се тие будали што не сакаат милионски град како Харков, а сакаат некои провинциски дупки со три улици, две трафики, пет згради и два семафора? На Украина и требаше молскавична контрафанзива, уште една, ама како што кажуваат немаат доволно оружје како што им треба, а веројатно немаат добри борци како за првата. Се знае што е контраофанзива, два дена еден град, следните два дена уште еден град, за една недела враќаш пола окупирано, а не тука глупости, две години исти град се збори и успех било бе. Ако изгубат, ќе изгубат само поради суети, опуштање и тоа што дипломатски се дефокусираат од битни работи. Ако изгубат самите си се криви, а не дека Русија е јака.
А зашто прати српски експерти цело време кога нели се филмаат и ги мрази? Која болна опсесија е ова.. Нејзиново сите граници ги помина веќе. Аман напна со преговорите на Украина и Грузија. Коа ќе дојде неизбежниот крај, оваа поише ќе плаче од Зеленски, у депресии има да падне. @sonuvana туку замисли стварно да испадне руски шпион, ќе и се урне цел свет.
Па поради тоа дозирано ја информирам ....како пред некој ден за Одеса и Киев Греота девојчево, ептен се нервира...но, има време , ќе потрае ова уште малку, ќе навикне...а можеби и самата ќе му се врати на Достоевски, се е можно
Девојчето. Ако, информирај ја, да не остане без инфо, зашо нејзините инсајдерски информации се малку бајати некако. Ќе му се врати. Ај, еден ден ќе дочекаме и Тања да се помири со судбината, ќе видите. Нема да ви се верува колку ќе се промени. А Достоевски терапевтски ќе и влијае да го преброди ужасниот период. Се у свое време. Ќе биде подобро.
Готово, штом Зеленски е руски човек, утре кога ќе го пиете кафето наутро, Часир Јар ќе е паднат, украинската Крива Паланка. А што вас како демек не ви е криво што не не ни спомнаа во Брисел? Денеска слушам 2024 е изборна година, од ЕУ ништо. За влез ќе требало 10 години, ако воопшто почнеме преговори. Па ве нема на протести пред влада, да излезете, да алармирате да се престроиме на руски шалтер, таму гужва нема, никој нема, само Белорусија. Не би ме чудело да почнат инвеститорите од кај нас да бегаат во Грузуја, Молдавија, Украина. Украина требаше ни ден да не испушти со пиар војната, да ги разобличи скроз. Да сум на нивно место, бидејќи има Руси што се борат на страната на Украина, би викнала двајца на прес со Зеленски или Подољак, нека покажат изводи дека се родени во Русија или Донбас, нека потврдат со документи дека се Руси по националност, ако се дојдени од руска територија нека покажат фотки каде оделе во школо, факултет и нека си кажат зошто се борат на страната на Украина. Исто, требаше да обелоденат колку Руси се загинати за одбрана на Украина, дали се 1.000, 2.000, 5.000 кажи ги.
Си тропаш Тање дали си тропаш, ни извор наведваш од кај ти се информацииве што ги споделуваш тука, ни пак некој знај дали воопшто се точни или се е ова реакција на твојата бујна мечта исполнета со омраза кон Русија.
Украина која нема контрола врз целата својата територија и е во војна почнува преговори со ЕУ, хмм интересно. Значи кога се сака се се можи и ни едни Бугари ништо не би спречиле, ама ако се сака
Колк Телевизори дома имате ли? Па пуштете Хепи, не боли, додуша заврши. Пуштив линк погоре, од лидер. мк, Русија напаѓаа кај Бахмут. Ајде не лажете, следите сигурно српски канали, ако не ти лично, другите сигурно. 350.000 Срби на времето се отселиле во Украина. Се измешале со Украинците и живеат во регионите каде се војува. Објаснувањето беше дека задржале презимиња на ич. Информацијата двапати ја слушнав, еднаш од Шешељ, другпат од експертот Дарко Трифуновиќ. И немој сега да прашаш кој е Шешељ. Имаше навреди дека српската историја била ретуширана, па затоа се говорело демек да не биле Русите, во Белград ќе се зборел германски. Напротив рекоа дека црвената армија е одговорна за силување на илјадници српски жени, а тоа што се ослободиле е поради загинати српски борци, а не црвена армија. Исто Трифуновиќ кажа дека ни по православна линија не може Русија да им биде православна мајка, оти српската црква била постара од руската. Оооффф, како не сте виделе никој од вас што се збори по српските канали. Дури ја исмеваат дека руската армија сега е втора армија во Украина, оти никој не и даваше на Украина повеќе од 2 дена. Ова на Пинк го кажа тој еден млад експерт со брада и очила, не знам име, често гостува. Ништо не сте пропуштиле, скоро секое утро се збори на темава по српските канали.
Е тоа де. Нас не не сака никој, заслужено, а и нашава дипломатија повеќе се замара за признавање на Косово. Тоа што земја во војна излобира да почне преговори, и не претрка, ти покажува дека сме дно.
Те послушав пуштив сега кога гледам се потискаат едни, мислев некоја украинка е со некој русин се тоа да ти било реалното шоу "Парови"
Нормално дека се збори. Платеници има и во Србија, логично. А твојов пост е полн со лаги, полека малку....
Ако треба војна да имаме и да испогиниме сите за мочаната ЕУ не фала, слободно нека ја напикаат Украина кај сакаат
Така кажаа тие. Вистина ли е српската црква постара од руската, еве баш си реков може знаеш, пишуваш таму за религија. Ајде и Србиве биле платеници. Па нели се браќа со Русите, од кај сега платеници. Ти сигурно следиш српски медиуми, може и подобро од мене ги знаеш сите тие експерти. Дарко Трифуновиќ вака нешто кажа "како да не, не ослободиле. Ма немој. Па нашиве српски борци кај се? Ма нив никој не можел да ги запре, како сега по Украина, а за силувања никој не збори. Дури говореше дека Русија го одликувала Туѓман, демек лага е дека некогаш биле браќа Србите и Русите. Емисијата може да ја споделил кај Дарко Трифуновиќ кај него на профил, не знам. Збореше кнезови, па ко ј ги ликвидирал, па Русија замешан, тоа не го сфатив, многу збореше. Вистина ли е постара српската црква од руската?
Проблемот е што државава умира и без војна, економски и демографски. Дваесет луѓе може знам што не се Македонци, а се пишуваат како такви. Пример, Срби што се изјаснуваат како Македонци, со презиме на ич, Хрвати што од лојалност се пишуваат Македонци, Роми што се пишуваат Македонци. Вучиќ е добар пријател на Македонија, ама нема да е вечен. Ќе дојде друг, ќе се испрчи со барања. Дачиќ не навредуваше на пример додека беше премиер. Хистеризираат по Фејсбук нашиве, па сме за во ЕУ бе, вчера бев во Скопје, жардињерите кај пошта, тоест на 500 метри од влада се полни со смет. Пола народ ни е во таа ЕУ што е "мочана". Неќе да е така. Тешете се колку сакате, допрва ќе развиваме затуцаност на секое поле. Ќе влезе и Бугарија во шенген, ние 13-то прасе, никој и ништо. Владава не може да одржува јавна хигиена во радиус од 500 метри, па и ќе се жалиме оштетени ние, не откачиле од ЕУ. Срамота е државници да примаш во таков амбиент.
Ти изгледа и во српските платеници навлезе ццц Но, не се давам толку лесно Небитно е која е црква постара, најстара, Зеленски ти е Евреин секако
Не, не е исто, војна си е војна се губат човечки животи, а ни една загуба на човечки живот не вреди за да се (пази) започнат преговори со ЕУ кои можат да траат до бесконечност. Туку на Украина моментално и треба доста кеш, а Зеленски го одј*баа САД и ЕУ и не му дадоа ништо од ветените пари, го лажат со преговорите како утешителна награда. Имаш народ што заминал да работи и надвор од ЕУ, исто како што имаш народ и тука во државава кои од странски фондови е платен да јаде секакви трици но тоа е најмалку битно, битно е што не уценуваат со ненормални услови, да исполнуваме секакви гомнарии, додека во исто време овозможуваат преговори на земја која буквално е во војна и е нефункционална, и да ова е забегана работа.
Да не ја споредуваме Паланка со Часив Јар. Паланка во 2021 година по пописот имала 13.481 жител. Не ве плаќа вас никој, едноставно сте скарани со логика. Цел народ во Македонија е злорадосен, друго ниту имало, ниту ќе има и затоа општеството ќе биде тиња за век и веков. И сега само повторувате тоа што ќе си чуете еден од друг, платеници, нво, српски платеници, не знам што. И не било битно да преговараме со ЕУ? Ај важи, затоа ли сменивме и знаме, и име, и што не, само да не погледнат од таму. Зошто не сте веќе пред Влада на протести, да одиме на руското шалтерче каде дремат Чеченските брадоњи со барања? Да си застанеме рамо до рамо со браќата Чеченци таму? Правото на протест е загарантирано со Устав, пријавуваш во полиција, можеш да протестираш, ако не нарушуваш јавен ред и мир, никој не те чепка. На работа сите се очајни оти Украина и Молдавија почнаа преговори, ние не. Како луѓе се очајни, се каат што не се иселиле, не сакаат да гласаат за никој, дури една колешка намерно ќе земе бугарски пасош, иако е ситуирана, да имало Бугарин плус во Македонија, и планира јавно да се објави по социјални мрежи кога ќе го земе, а е мажена за странец од источна Европа, и тој нема врска со нас, ама се пишува Македонец. До кога? Сфатете дека сме сиромашни, дека сме на чекор да бидеме малцинство, дека допрва Бугарија ќе не уценува, а и Србија може да почне да го прави истото. Што правиме со Албанија? Дека Русите ќе ја освојувале Одеса, самите Украинци се смеат, новинарот Илија Пономаренко се смееше демек зошто Русија моли за преговори, и пушта пробни балони преку Илон Маск ако можела да ја освои Одеса и Киев, нели логично би било да ги освои, а не да моли за преговори. П.С. при последната посета на Зеленски во САД му ветија 300 милиони, не знам што си измислувате дека се вратил без ништо. Оттука замина во скандинавија, и таму му ветија пари. Се виде што правел на посетите, си излобира држава во војна да почне преговори, невидено во светската историја.