Најмалце битно што јас мислам или ќе пишам, имаме две години ЌЕ, ЌЕ, ЌЕ, ЌЕ, и Русија се искека сирота, држи еден Мариупол и неколку града големи како Берово, Паланка, и слични. Овој отпимизам што го има на форумот, треба да се награди и во Русија не се толку оптимисти. Изгледа не сте свесни што значи да си втора сила во свет и да паднеш на ниво да се фалиш колку украински дрона имаш соборено на 1.000 км од украинска граница таму кај балтикот.
Во право си Русија се искака со советско оружје против цела Нато опрема. Моментално Русија не ни тргнува во офанзива освен за ширење на сивата зона. Сивата зона се проценува дека е некаде појас околу 80 до 100 км, Русија го држи тоа и планира да го крене до 120км барем за да го минимизира ефектот од останатата западна опрема. А кога зборуваме за оптимизам, доста си оптимистична со оглед дека историјата вели дека нацизмот никогаш не победил.
Откако почна војнава, кој го искритикува Путин умре на сомнителен начин. Сега скоро некој писател го згазија со автомобил во Москва. Стотина луѓе во Русија умреа паѓајки од прозорци, обесени, убиени дома, следен Гиркин ќе бил, сам се пожали. 30 членови на Вагнер што ги уби Русија, 9 пилоти им ги уби Пригожин, Дарја што ќе скапе во затвор оти го уби Татарски, тоа нели се жртви и тоа руски убиени од Руси. Вторава армија минатиот пат си урна куќи во свое село, по грешка. Немало жртви и повредени, да не веруваш.
Чим Вашингтон пост пиша, готово е со Жалузни. Уште пред една недела руморс по телеграм каналите имаше. https://www.washingtonpost.com/world/2024/01/31/zelensky-zaluzhny-ukraine-commander-ousted/ Иначе секако дека Русија ќе ги елиминира сите предавници. Затоа читаме како некој олигарх паднал од прозор, го згазило кола... Не се будали како нас што ги аболицираме и ставаме да ни водат држава.
Ќе го сменат Залужни со 58 години, ќе го стават Буданов кој има 38 години, кој е млад и способен човек, пак Русите нема да мрднат ни 1 метар. Што тоа ќе им смени на Русите? Дали ден по разрешувањето на Залужни ќе бидат во Ужгород? Смената ако се случи ќе биде во интерес на Украина, не во интерес на Русија. Треба цврста рака путинова и овде за Македонците, дај му 300 евра плата, ем тепај, ем не му давај да плаче, ако се буни фрли низ прозор, а не тука секакви будали ќе се исмеваат со премиери, министри. Се буниш каде Славјанка ги дала скапаните ни тенкови, 5 години затвор, нема АМА. Ама многу предавници бе, нели руската нација сложна беше со наострени заби, па сега ќе потепале се живо по Украина оти замисли Русите имале јазик, ејј, јазик имале. Слободно нек се требат меѓусебе, одлично за Украина е тоа. Тие руските вдовици што оделе во Киев да бараат коски, не знам дали се веќе скапани од ќотек и дали ќе им се суди? Треба. Русија и Јапонија никогаш не се договориле за територија. Спорот е отворен. https://www.vecer.press/самураи-извршете-харакири-медвед/ И муабетот од форумов испадна абе патриот ракети скапи, а руските пилоти евтини. И Мариупол беше помал од Скопје и пред војнава, сега е уште помал. Не е и тоа некој велеград, тоест е мал град во однос на милионскиот Харков, Киев и други. П.С. Дали фрливте западни лаптопи во контејнер, западни телефони (не полнете џебови на тие „лоши“ западњаци) и чекајте руски лаптоп Спутник, дали научивте руски јазик?
Тања све знае, и кој кого ќе замени, и кој колку години има, ама не знае дека западните лаптопи и телефони во Кина се направени.
Според проруските ставови, не би требало да признаваат и користат ништо што е направено во друга земја освен во Русија. Туку уште еден брод отишол https://plusinfo.mk/potopen-ruski-brod-vreden-70-milioni-dolari-ukrainski-dron-go-pogodi-ivanovec/ Секоја им чест, браво. https://netpress.com.mk/ukraina-na-avi-nova-kontraofanziva/ Не, не, допрва ќе ги потат Русите. https://vocentar.com/европската-унија-го-скрши-виктор-орба/ На овој националистот што црта карти на Голема Унгарија, малку му е.
Од што заклучи дека е националист? Не црта никакви карти на голема Унгарија, си постои карта на историска Унгарија пред да биде парчосана со Трианонскиот договор 1920 година. Самиот Орбан има кажано дека не треба да се живее во минатото, наместо тоа да се гради подобра иднина со соседите. Украина е таа која се однесува националистички кон своите малцинства (унгарско, грчко...)
Националист е општо, не поради Украина, таму има само 140.000 Унгарци, односно 12% се во регионот на Ужгород. Цела Војводина Орбан ја става во Голема Унгарија и тоа ги вознемирува обичните Срби. Во Војводина имаш градови со многу повеќе Унгарци отколку едно гратче таму во Украина. За мене се националисти и обичните Унгарци. Пред некоја година во земјава запознав Унгарец на еден настан, Атила, живее во Нови Сад, кога го прашаа од каде е „из Унгарске“, Србија не ја ни есапи изгледа. Исто во Војводина сум одела и увидов дека младите Унгарци не ни зборуваат српски јазик, а го учат во школо, така што тоа е една нелојалност. Значи ама ништо не разбира, ни најобични прашања на српски. Па и овде велат Етничка, автохтона Албанија, а тоа е Голема Албанија. Самите Срби се вознемируваат од картите на Унгарците каде Унгарија е делот до Земун. И делумно се плашат од нив. И Орбанчо ја прими нашата побегуља, така што немам некое високо мислење. Малцинствата во унгарскиот парламент нели се ограничени, ако се над 100 години на унгарско тло, мислам дека имаат загрантирано еден пратеник, без разлика дали ќе изгласаат повеќе. Мислам дека е така. Баталете идеи секое село свој јазик, тоа е така во пропадната Македонија и затоа сите ни се смеат. И Македонците се националисти, на пример, навредуваат „влашко лоби“ иако Власите имаат придонесено за Македонија повеќе од многу Македонци. Навредуваат Бугари со „Татари“, поим немаат кои се Татари. Грците ги нарекуваат „Цигани“, Србите четници итн.
Во чиј интерес ќе била смената? Еве кому веруваат Украинците и колку. https://www.kiis.com.ua/?lang=eng&cat=reports&id=1338&page=1 71 процент од луѓето кои му веруваат на Зеленски имаат негативен став кон смената на Жалузни. И други интересни графици од Киевскиот институт
Може и да не го сменат, останува да видиме. Да се коригирам, Залужни има 50 години, Сирски е 58, а Буданов 38 години. Довербата за Буданов не е ниска, висока е, а за Сирски веќе имаше вака усмени признанија од странски воени лица дека е „генерал на векот“ за одбраната на Киев и Харков. Од политичарите, Зеленски и Кулеба имаат висок рејтинг, другите тапа џонсон. За националност, од 700.000 борци на фронт, Унгарци има околу 400. Толку ќе се, тие заедници се под 0.6% во Украина. Ако го сменат Залужни, важно е новиот да испорача резултати на терен.
Можеш да замениш жена, кола, претседател, држава-ама не Жалузни- рече еден војник во интервјуто. Пишано е, не е рекла казала https://www.kyivpost.com/post/27438 И кој ќе го замени? Сирски? Тоа ќе биде катастрофа- велат за Вашингтон пост. И така. Останува да видиме кој за кого игра и со какви амбиции. И какви резултати на терен им се во план.
Ова не е точно. Нема што тој да ја става. Војводина (Vajdaság) некогаш си била Унгарија, заклучно јуни 1920 и дел од истата (бачки регион) кратко повторно 1941 - 1944. Србите се тие кои што се таму доселеувани во повеќе наврати - пред неколку века за време на големата преселба (денес староседелци - популарно наречени лале), за време на кралевина, за време на титова Југославија (личани, плус црногорци и македонци) и последен пат за време на Милошевиќ (крајишници и нешто косовари). Битно е дека Орбан е во сјајни односи со Вучиќ - односите меѓу Унгарија и Србија гледајќи низ историјата сега се на рекордно добро ниво. Тоа во поголем дел не е вина на унгарците туку на лошо водена образовно-јазична политика на Србија. Го учат српскиот исто како што кај нас албанците ги учеа македонски - неуоптребливи празни фрази од поезија и историја, практична комуникација ништо. Јазик не се учи така. Јазик се почнува со основни секојдневни зборови, разговор со другарчињата, во продавница, теми од зимување, летување, искачање... https://www.subotica.com/vesti/kako-uciti-srpski-kao-nematernji-jezik-id26915.html https://slobodnarec.rs/2022/10/26/kod-kuce-cu-se-osecati-usamljeno-ako-ne-naucim-srpski/ Ако е за утеха, дел од војводинските срби учат унгарски за унг. државјанство (им следи ако се староседелци). Има битна разлика! Барем правно гледано... Автохтона Албанија никогаш не постоела како држава во минатото, тоа е само идеја дека албанците би требало да живеат во една држава, исто како што е идејата македонците да живеат во една Македонија (сосе егејска, пиринска, вардарска). За разлика од тоа Унгарија има континуитет како држава 1000 години (со повремени промени во границите). Тој е нарушен со одлуката на големите сили по првата светска војна кога меѓу останатите, новоформираното кралство СХС т.е. Србија ја добива на подарок Војводина, хрватите Славонија и Барања, словенците Лендава... и тн. Па и србите имаат карти Србија до Ѓевѓелије и Драча и Дубровника... Таа мана ја имаат сите (националисти) низ Европа. Нам ни пречат карти на Голема Албанија, не ни пречат карти на Голема Македонија.
Текстот заборава дека дека тој буџет од 50 милијарди ЕУР се распределува низ 4 години, и дека договорот е постигнат откако првин ги прифатиле барањата на Орбан - унгарските ЕУ пари нема да ѝ се даваат на Украина, како и тоа дека се воспоставува контролен механизам што секоја година ќе проверува на што биле и на што би биле потрошени парите, што е најбитно тие пари за Украина ќе треба да се одвојуваат од буџетот на ЕУ а не од кредити. А самата Украина добива дел од тие пари како грант, дел како кредит кој ќе треба (можеби на куково лето) да ги врати. Унгарија си ја задржа позцијата - Унгарија на страна на мирот: да не се зема учество во војната, унгарците и понатака да не праќаат оружје. Што се однесува до замрзнатите пари, каква демократија е таа која поради различни ставови условува земја членка околу парите кои законски ѝ следуваат? Денешниот постигнат договор (чии микродетали ќе треба да се допеглаат следните денови) дава меѓутоа надеж дека ЕУ се враќа кон онаа стара состојба кога доколку на некоја членка предлогот не ѝ одговара, околу истиот да може да се преговара а не да се наметнува преку диктатура на мнозинството. Повеќе во обраќањето на словачкиот премиер на прес конференцијата:
Општо имам не така добро мислење за Унгарците, не конкретно за парите. Сети се на натписите Војводина е Каталонија, исто имаше еден случај во Војводина, Србинка се омажила за Унгарец, овие ја тепале, ја мразеле на национална и верска основа и во нејзиното маало имаа напишано Сања убичу те. Тие живеат во Србија, тој се оженил со Србинка, ама мразеле Срби и се закануваат. Тие Унгарци во Заткарпатија слават Ден на државност на Унгарија, прават некои лебови на тој ден, дозволено им е, имаат Универзитет во Ужгород, предаваат Унгарци и веројатно студираат на свој јазик. Има двајца професори Унгарци од тој град, се борат од прв ден, и многу го критикуваа Орбан. А секое село свој јазик чини пари кои Украина ги нема. Треба простории, наставен кадар, плати за тие вработени. Ако почне мнозинството да учи јазици на народности помалку од 0.5% кај ќе е крајот. Самиот Орбан кажа дека во врвот на украинската армија има Унгарци. Да, има, а се само 140.000 народ во 44 милиони. И види ја логикава на Орбан, добро е да се во врвот, да работат, примаат плата, ама можеле да изгинат. И Орбан не ни реагираше за војникот на кого Вагнер му отсече глава, а Унгарец беше од Заткарпатија.
Ерменија веќе не може да се потпира врз Русија како одбранбен и воен партнер зашто Москва постојано ја изневеруваше, изјави премиерот Никол Пашињан, додавајќи дека е време да ги зајакнат своите врски со САД и Франција. Тој рече дека Ерменија би требала да изгради безбедносни врски со САД, Франција, Индија и Грузија. И да го сменат Залужни, сигурно ќе биде заменик на новиот врховен генерал, нема од утредента по смената да продава пиперки на пазар.