Аиииииии ги згазиле US а? @Tanjamm Замисли Тањо за време на војна како е могуче ова? Кока кола не им треба такво ѓубре. Ете ќе дое денот да доларчето постане тоалетна. Животот таков е, еднаш горе еднаш доле си..
Кога ќе појди човек таму навистина ќе се увери колку западната пропаганда е пуштена на најјако тука. Колку само не берат гајле за вода, огрев, гориво, исто и маркетите полни ( ). Имаат и кока кола без гајле дури и свои брендови ко замена. Во споредба ние сме загреота со сметките до плафон. И ова не само за Москва или Санкт Петербург. Ама нека си продолжат да веруваат дека Русија пропаѓа.
Ни крив ни должен го папа човекот за џабе. Biković izgubio ulogu u HBO seriji nakon reakcije Ukrajine
Не може да преќути вакво нешто, се работи за црна пропаганда против неговата кариера. Еве уште нешто: Dimitrije Vojnov za Danas povodom gubitka uloge Miloša Bikovića u HBO seriji „White Lotus“: „Davanje enormnog publiciteta jednoj ulozi i PR poraz ugledne kuće“
Кампањата https://twitter.com/MFA_Ukraine/status/1750209346666160293?s=20 Нормални, ненормални, преку твитер држави се водат и све се решава. Со Никита Михалков работел. Фашист. И Оскар да си даде отказ, како така на Путинов пропагандист се дава Оскар. https://www.imdb.com/title/tt0111579/awards/ И то е децо, мачкајте се со фактор, да не ве изгори сонцето. Ќесето секако изгоре.
Има автобуски линии Скопје - Белград, сакаш со Ниш Експрес, сакаш со Галеб, Хисар и слични, а оттука има авион Белград - Москва. Кој сака нека повели во Русија. Не се собувајте, тепих нема. Дечки, а што е со Русинките пак на протести? По две години им текна браќа биле со Украинците, имале роднини по Украина? Некако доцнат. Да се поапси тоа, и фрлање низ прозор, тие ќе ја срамеле втората армија во Украина. Срам да им е. Што се потресувате толку што Биковиќ нема да игра во некоја западна серија или филм, кога вие само руски филмови гледате? Плус велите доларот пропадна, да волонтира ли Биковиќ? Како ќе го исплатат него кога сега Западот пропаѓа? Добра одлука донеле. Исправна. Милион проценти во негова корист.
Зошто верувате на западните медиуми па и ги постирате? Нели не беа за верување? Нека продолжат со санкции и „благосостојба“, немам против, нека има и јајца, и кока кола, ама тие Руси што ги изедоа украински кучиња веќе не јадат ништо, тоа го немате на ум, а станува збор за „велесила“. Не ти треба медиуми, колку Македонци заминаа во Русија лани и уште колку знаеш што оваа година ќе заминат таму? Еве јас знам полу Руси од овде што планираа да одат, ама не одат, оти дронови паѓаат низ Русија, не е зор да ризикуваат. И војнава не почна со ветување дека ќе имаат Русите јајца да јадат, војната почна со закана за два дена ќе биле во Париз, а еве се борат за некој дол во Украина. Војнава не почна за кока кола во маркет, не е камено доба. ПС. во еден од тие западни јаки медиуми имаше новинар Русин и си објавува проруски текстови, не знам дали беше ФТ или Вашингтон Пост, баш имаше за него дека е со потекло од Русија. Новосибирск, трет по големина град, куп згради без вода. https://www.trt.net.tr/bulgarian/sviat/2024/01/15/vriala-voda-zalia-ulitsitie-na-novosibirsk-2088506 Первоуралск уште е без вода, ако им средат по изборите. Ма само Путин е за во Македонија бре, па јас вакво нешто немам видено ни кај нас.
Еве бе, @Amellie13 ќе иде. Ти ако не познаваш некој што би живеел, готово мислиш не постојат наши луѓе што би се преселиле? А Америте кои кучиња ќе ги изедат? Многу кучиња им се настрвија и тоа потполно со право. Ти го имаш тоа на ум? Не е сеедно така? Коа сме кај велесилите веќе нели. Ахам. Тоа ќе да било. Фејк њуз, намерно пропаганда проруска шират.. Така си е. Баш за овде е. Да не опамети сите. Убаво да не опамети.
Бикович плаче, жена му исто, Американците ејјјј му откажале улога. Како вистински русофил со руско државјанство не знам што воопшто се нафаќал да соработува со Американците. Па и геноцидот во Сребреница го правдал и сам себе се нарекувал националист. Малку му е, треба да го прогласат за персона нон грата и нека седи во Србија, нека гради локална кариера. Ме потсеќате на Грујо кога не убедуваше дека сите се во криза, цела Европа пропаѓа, а ние први или трети по економски раст. Кока кола има и во Мариово, кокошките им носат јајца на мештаните, не молат турски фарми, значи ли дека мариовци се понапред од Русите?
Ем со руско потекло, ем има руско државјанство, ама помила му е Америка, парите, како и на секој друг лажен балкански русофил. Да му се одземе руското државјанство.
Бев, ќе одам пак. Има Македонци што се таму, има што би оделе, нормално не колку на запад, ама има. Мене ми изгледа дека трендовите се менуваат полека. Најголем проблем се соленките карти и визата, барем безвизниот режим да поминеше и да си останеа директните линии Скопје Москва, ама нее, сАнкЦиИ. Санкции кои многу повеќе им се удрија од глава на оние што ги воведуваат.
Човек, он во Русија мораше да глуми оти дома не беше сè ко што сакаше. А, оди како преставник на Србија. Тоа не го прави русофил. Тоа државјанство му е дадено од нив, он не го бараше. По твоја логика и по Американска логика, треба и на познатиот доктор и јутубер, доктор Мајк, да му изречат санкција. Ете да му ја одземат лиценцата за работа во САД бидејќи е Русин. Бидејќи по двете логики, русофил е оти е Русин по потекло. А, и критиките кон Русија му се нежни. По двеве логики, треба да остане без леб.
Ги зезам, да видам како ревносно ќе ја бранат кариерата на Бикович. Се потресоа за одлука на Америка на темава. Хахахах. Москва нели е доволна? Епа два геноциди правдал? Колку треба да правда да биде неподобен? И ако се уметници, што тераат политики? Нека дојде нека глуми во Македонија, чим дедо му бил од Берово, што ќе му е „сатанистичка“ Америка. Па таму се е пред распад, се е „лицемерно“, ххаххаах. А и не ценам луѓе што рекламираат кладилници. Очигледно секој денар им е битен, па не мислат дали е ок или не. Има и други српски актери што на времето во 90-те не прифатиле од некои причини да снимаат во Америка, после кукаа останале со трошки во животот. Сергеј Трифуновиќ имал некоја шанса, Ѓорѓе Давид исто жалеше за некоја прилика, за Белогрлич не сум сигурна. И ние во времето на Грујо, не да бевме јаки, како сега Русите, први, втори по раст, никој ништо не ни можеше, како воз „газевме“, еве не во среден век се вративме, ххахаа. Има неколку руски блогери (толку открив, може има повеќе) објаснуваат за лагите на Кремљ за санкциите. Лаги на Кремњ за санкциите укуцајте на јутјуб и ќе видите што зборуваат, само како не се сопнале некаде не ми е јасно, додуша едниот во Грузија е, пасошот му истече, ама мајка му таму му донесе пасош, очигледно дала мито и извадила нов пасош за синот. А истите бегаат од мобилизација. Ако се врати дома, или ќе се сопне некаде, или затвор.
Такер Карлсон најавува ексклузивно интервју со претседателот на РФ и неговата верзија на вистината: Дел од другите новинари го критикуваа околу неговата најава и тврдења но фер ќе беше да почекаа интервјуто да се објави па потоа да ги предочат своите забелешки.
Димокраси NEW – The European Union is considering imposing sanctions on Tucker Carlson over his interview with the Russian president - Newsweek BREAKING – The Ukrainian govt has put Tucker Carlson on their kill list, website 'Mirotvorets'
Биковиќ испадна поголем господин од црпкиве зелени кои по секоја цена сакаат да ги сожалуваат (како што прават овие од невладините за добар кеш), а од друга страна ако некој не им се допаѓа иако нема никаква врска со нив гледаат да му ја уништат кариерата. Секоја чест: Парите од оштетата за серијата Биковиќ ќе ги донира во хуманитарни цели
Што е тој плач и лелек? Па и Мариупол има театар, пуштавте снимки тука од тој театар и сега никој не вели „ама еве не е штета, Бикович ќе глуми во Мариупол“. https://24info.mk/2024/02/07/експлозија-во-руска-ракетна-фабрика-с/ Ова место е на преку 1.700 км од границата со Украина, односно 25 часа возење со автомобил. Е таму ги рокраат дури, се покажа дека секаде можат да ги рокнат на руска територија. За тие деца од 10 години, силувани во Буча, голи, загушени со кеси на главата, е, некој ќе треба со крв да плати, а Украина не е Македонија, Украинците не се Македонци со меморија на риба. И сега да сакаат ќе ја ликвидираат фамилијата на Путин, ама гледајте дека ќе чекаат погоден момент, кога ќе се создадат кризи и гужви внатре во Русија и ќе ги средат. Спомнаа дека и внуците на Путин нема да имаат мир. Кои внуци? Тој има само едно внуче, ќерката е разведена со Холанѓанин, тоа дете е со холандско презиме. Другата мислам дека не ни има деца. Ѓуро Билбија така се викал дедото со бркови на српски Хепи. Зборуваат нешто вака „ние бевме во Русија, видовме, има списоци државата, секој е на евиденција, е сега имаше едно девојче не земала пакетче, ама другите борци собраа пари, купија, направија церемонија“. Да не се работи за златно пакетче? Замисли ја смета за успешна држава што на детето на загинат бранител дала пакетче? Година и пол зборуваат како Украина праќала ретардирани луѓе на фронт, а еве гледам Арена спорт, боксерот Василије Ломаченко бил да се бори, неизвесно било дали ќе боксува, Олександар Усик мислам и тој, зема микрофон почна да вика „ЗСУ“ во ринг. Тие на ретардирани ли му личат на Билбија на пример кога се светски шампиони? И проверив да видам кај се родени Ломаченко и Усик, едниот во историско гратче кај Одеса, другиот на Крим. Па нели тоа руски земји биле, а овие Украинци се родени 1987 и 1988 година? И жител што живее во Одеса, ја знае секоја улица, а кога ќе види снимка снимена бог знае каде со титл преведен во гугл транслејт „еве како Украина регрутира војник во Одеса“ како нема да му е смешно? П.С. треба да видат дали нешто спорно изјавил Ѓоковиќ. Ако сакаат да бидат ѕвезди од светски ранг, прво нека се цивилизираат, а не денеска рекламирам брзо кредитче, утре се вадам на убавина, задутре се вадам на руско потекло, следен пат глумам политикант во Сараево, провоцирам и после куку, празен џеб.