Интервјуто на Такер Карлсон со Владимир Путин, за кое Илон Маск изјавил дека ќе бележи рекордна гледаност и дека има големи шанси да биде досега најгледаното интервју воопшто од сите интервјуа во историјата. https://twitter.com/TuckerCarlson/status/1755734526678925682
Се ова сценарио е одамна планирано дискусија водела или не во светите книги пишува.е сега има една работа трета светска или крај на светот?секако Русија полека ја рамни Украина.русите чекаат не дека неможат преку ноќ.но чекаат зошто знаат што планираат америве.за кратко време уште војни ќе има.мај месец.очекувајте преговори Турција со Грција ако не и војна.
Поентите од интервјуто ги има веќе. Бајати работи, стопати кажани и плачки. Спремен бил на преговори со Украина, немало да ја нападне Полска, можеле да се обноват односите со САД. Руски Биковиќ, плач и лелек. И немало да има глобална војна, нормално, кога 2 години се во едно ќошче во Украина. Туку преку 10 милиони Украинци планираат да ја тужат Русија за стрес, загуба на близок, повреда, изгубен дом, работно место. Кој ќе плати?
Залужни сменет, на негово место ставен Сирски. Вестите кажуваат дека е мислењето за него е крајно негативно, и во армијата, и кај луѓето во Украина. Исто така чудно е што цела негова фамилија живее во Русија, ја поддржува Русија и не зборуваат меѓу себе. Родитељи новог главнокомандујућег украјинских снага живе у Русији, подржавају Путина, а брат не прича са њим ▪Генерал-пуковник Сирски рођен је у западној Владимирској области Русије када су и Русија и Украјина биле део Совјетског Савеза. Његов брат Олег и даље живи у истоименој престоници покрајине, открива новинска агенција ТАСС. ▪Олег је рекао новинарима да годинама није разговарао са својим блиским рођаком. "Не комуницирам с њим. Не знам ни где је. Не знам ништа о њему. Прошло је много времена откако се преселио (у Украјину)", рекао је Олег за ТАСС. ▪Према њиховим налозима на друштвеним мрежама, родитељи Сирског редовно присуствују прославама победе Русије у Другом светском рату. Објаве на друштвеним мрежама које је наводно лајковала мајка Сирског укључују поруку у којој се жели добро здравље председнику Владимиру Путину.
Сирски е роден во Русија, школуван во Москва, татко му цел век работел во руска армија, а местото каде е роден е со 96% Руси, Украинците се само 0.9% во таа област и чисто се сомневам дека е од тие мал број украински семејства, скоро невозможно. Русин е по националност. Медведев го нарече Сирски предавник. Епа прочитајте ја биографијата на Русинот Сирски, пресметајте колку Руси има убиено од 2014 година наваму во Украина. И Сирски влегува во 17% Руси во Украина, само е лојален на државата Украина. Ако во воени услови кога гори под нозе, Украина нема проблем Русинот Сирски да биде врховен командант, пропаѓаат сите смешни тези за некакви „малтретирани Руси“. Ќе видиме дали ќе направи молскавична офанзива. За Залужни не знам дали војувал на терен или давал наредби од канцеларија, Сирски објавуваше видеа од терен, снимки од неговото воено одело кои снимаат на лице место, како трча кај Бахмут, како пука. Сега фали уште Русинот Сирски да направи план и да ги здроби и трајно да ги протера Русите од Украина. „Сложната руска нација“. И нормално е Украинците да имаат ниска доверба во него, сепак е Русин, а тие тоа одамна си го знаат. Колку ли Руси имаше во армијата и колку од нив се изгинати на страната на Украина и се осакатени? За интервјуто, досадно, голем дужебрижник бил Путин, па кажува Русија била прва економија во ЕУ, Америка предзадолжена, во Германија лошо се живеело, кооперациски муабети кога одел во Украина, видел натписи на руски, демек Украинци и украинска нација не постојат. Јас одамна имам гледано на Дискавери, во САД од измет правеа струја, а Путин од народот прави арско ѓубре за по украинските ниви и се споредува со Америка.
https://www.tatar-inform.ru/news/ge...oma-vsu-zaluznogo-i-kto-takoi-syrskii-5935174 Втор пасус, си пишува Русин по националност. https://vz.ru/question/2024/2/8/1252566.html По националност рускии. https://news.obozrevatel.com/societ...kotoryih-ukraintsyi-ne-znayut-ili-zabyili.htm рускиии Сирски е Русин. Гревови. Колку ли луѓе вака Руси со Руси се истепаа?
Одличното интервју на Владимир Путин за само 24 часа брои над 154 милиони прегледи. Додека ова интервју беше пренесено изворно како што е снимано, еве како изгледа кога го интервјуираат Зеленски (видео на линкот), баш сечено, лепено и монтирано, ваков едит може да направи секоја просечна инфлуенсерка на својот мобилен телефон со наједноставна апликација за видео едитирање. Инаку добро е да се знае дека коленичеле и овие кај Путин за интервју ама добиле шут карта. Што ќе ни е Такер кога го имаме CNN?
Во интервјуто Путин пука од самобендисаност, но и добро го разобличи својот имењак од Украина. Навистина е чудно како може еден Евреин чиј народ страдал поради нацистите и фашистите и чиј татко се борел против тие, да си дозволи такви луѓе да имаат влијание и да делуваат во неговата земја. Карактерно не се разликува многу од него. Има алчност кај двајцата.
Ќе биде многу јако ако Русинот Сирски осмисли некој добар план и ги истера до последен Русин од Украина. Јако, јако. Епа мајка му џабе се јуначи во Русија и постира патриотски песнички. Нејзиниот син во име на Украина од која прима плата, избичка илјадници Руси, некои од нив лично им има пукано тој. Туку и брат му нека го пратат на фронт, Сирски ќе го среди. Удри Путине, западот ќе даде оружје, Русинот Сирски ќе ве среди. За интервјуто, гревче, пак моли да не праќале оружје на Украина. Кутар, си признава дека не може да ја порази Украина. За жалење. Гајле му е на новинарот, сигурно му платиле Русиве, си направил екскурзија до Москва. Нормално дека на Украинците им е помил Залужни оти е Украинец. „Слава Украини“, вака поздравува Сирски.
Многу ми се интересни сите разочарани од интервјуто на најголемиот државник на 21.век, притоа претседател на најмоќната воена сила, со традиција долга скоро колку и постоењето на Универзумот. Па се жалат нешто, дека не го прилагодил својето обраќање да ја заинтересира и привлече "најглупата "нација на светот....како да е стенд ап комичар, па треба да забавува... Притоа се заборава дека Американците обожаваат историски романи и филмови и дека нивната фасцинација со стариот континент, никогаш не проаѓа... така да делот каде Путин раскажува за историската позадина на оваа војна, според мене е одлично обработен.... Останативе кои си страдаат од недостаток на концетрација, си имаат Тик Ток, просто е....
Путин ништо ново не кажа, Такер ништо ново не праша. Си даде своја интерпретација на историјата наназад 5 века. Си има историчари за тоа, Путин не е историчар. И за телевизиски формат има рамка, интервјуата не траат по 2 часа, евентуално може да биде поткаст, иако не е, па и не сум видела толку долг поткаст. Платено интервју, на Такер му е гајле, на Путин му е зор, гревот мора да се додворува на странците. Кој е критериумот за најголем државник на 21 век? Тоа ли што две години се борат за некое гратче како Берово и што платите им се помали од нашиве? Се што плукаше, излижа. А дека Сирски е Русин требало да кажат уште во 2014 година не во 2024 година или срам им беше? За 10 години Сирски колку Руси убил лично? Мајка му нека вика дома Расија, Расија, а тоа што Сирски израснал, се школувал, работел во Русија и денес таа држава не ја спомнува и се бори против неа, ти покажува која канта е државата Русија и кои се терористите во Донбас, дека ни тој не ги поддржува, ги убива и дури сега ако му се даде оружје ако може ќе ги избрише до последен. Украинциве се преблаги, требаше јасно да кажат дека Сирски е Русин, дека пуздер ги направи рашистите кај Киев и Харков, а и требаше да објават колку Руси се борат за одбрана на Украина и колку загинаа.
Интервјуто на Бибиси со Лукашенко од 21- 1 саат. Зошто Бибиси правело такво интервју со еден не така битен лик?
Може ли некој да го сумира интервјуто со Путин? Не ми е гледано, и немам никако време периодов пошто патувам. Прочитав само дека зборел пола саат за историјата и постанокот на Русија и Украина. И гледав краток тикток каде што кажа дека ЦИА стои зад уништувањето на Nord Stream, директно.
Зар такво чудо постои? @Billy Idol на Српски Курир ми беше пуштен Тв, не гледав цело, но кажа Северен тек го уништиле САД, Украина славела нацисти како Бандера, Зеленски ракоплескал на нацист во канадски парламент, Русија била економија број 1 во Европа, во Германија било многу лошо, САД имала долгови во трилиони, доларот ќе пропаѓал некои муабети врти сучи, историјат на Украина од дедо Ное, практично се однесуваше како Украина да е Русија, а Украинците Руси и по тоа што го зборуваше, имало натписи на руски, значи го негираше украинскиот јазик индиректно, ќе се договореле во Анкара, Борис Џонсон се јавил, немало шанси да ја нападне Полска и балтичките земји, глобална војна не доаѓало во обзир, а и намигнува кон САД така меѓу редови за соработка. Спомна и нешто за БРИКС општо. Познати работи, ништо ново. И да не и праќаат оружје на Украина и тоа го повтори. Се стари работи, веќе кажани.
Точно е, не кажа ништо ново, што ние кои пишуваме на темава ,не знаеме. А и што ново да каже, кога вистината е таа. Упатено кон западниот човек, историскиот дел, да укапира дека војнава не дошла преку ноќ, сите чекори кои доведоа до тој чин ги опиша, Минските договори,западното лицемерие.... Постојано потенцираше дека рускиот народ е братски со украинскиот,кој е поробен од нацисти. Лично,ми се допадна како со гордост говори за својот народ,за неговата душа, православието, одбраната на татковината која дала толку многу жртви во борбата против фашизмот и нацизмот. За Зеленски чии родители се бореле против нацистите,а тој им ракоплеска како и оние во Канада.... Јасно изнесе став дека никогаш немале намера да ги напаѓаат околните земји и дека се спремни за преговори,како и дека е убеден дека преку преговори ќе се дојде до мир и дека Русија и Украина повторно ќе живеат во мир. За Кина,за ситуацијата во Европа и Америка,за Србија.... Како Џонсон се вмешал кога биле на чекор од потпишување на примирје. И така....достоинствено, државнички, многу ќе научат нешто.....
Зарем за фалба е ова? Плукање по сопствениот народ? Замисли на што е спремен таков лик? Не знам како се восхитуваш на вакви личности....поразно ми е и да прочитам....
Да, дефинитивно ќе се оди на заоштрување, за жал сеуште не е крај. Можеби и ќе навлезат во руска територија. Ќе се гине, страда....слабо се капира колку е опасно...штета,бидејќи Русија никогаш нема покорена да биде, жално за толку невини жртви....
Тоа многу кажува за руската нација. Не си ја сакаат нацијата, ни земјата. И Русија да била посаглам од Украина, ќе си фател патот за Русија со време. Па кога Русите го озборуваат цел свет и ќе не учат божемски на морал, чест, семејни вредности, нека си се погледнат себеси прво. Нема што да му се восхитувам на Сирски, очигледно е лојален на државата каде сега живее, а работа на едно воено лице е да ја исфрли непријателската војска надвор од границите на државата која го плаќа, тоест Украина. Сирски не е единствен што се бори на страната на Украина ( единствен е што е врховен командант) и тоа ја побива тезата на Русија за „малтретирани Руси“, а всушност им се лапа територија и туѓи ресурси, тоест ресурсите и онака им се туѓи, како на пример 85% од дијамантите им биле во Јакутија, а таму си живеат Јакути кои немаат врска со Руси, ни јазично, ни генетски, никако, ама Русите ги окупирале за да ги молзат. Прашајте се колку Руси има во пониските ешалони на армијата што не се на ранг на Сирски и што војуваат, што загинаа, или се без рака, нога. Пуштив тука претходно видео од Руси што од Владивосток избегале во западна Украина, решиле да живеат меѓу Украинци не меѓу Русите во Донбас, за да не му плаќаат данок на „државникот“ и да не живеат во диктатура. Почнува војна, синовите близнаци се пријавуваат да војуваат против Русите, а и тие самите се Руси, гинат откако бомба им експлодирала кај главите, а таткото поп исто Русин рече дека после погребот пак ќе се врати да војува. Досега може и тој е загинат. Имаше и други Руси што загинаа бранејќи ја Украина. Па ако Русин од Украина се бори против Русите од Донбас и тие од Русија, што да ти кажам, не е како што се зборуваше на почетокот, јазик, ова, она, глупости. Вагнер колку Руси уби во Русија? Убија дете со посебни потреби, постара жена со секира во глава, друг си ја силуваше внуката, сега брзо пак имаше случај вагнеровци упаднале кај некоја жена, ја тепале, силувале, ограбиле, убиле. Никому ништо, амнестирани се оти војувале, не е тоа држава. Којзнае колку такви случаи има што не се пријавени во полиција или не се објавени во странски медиуми. Нека тераат. Русија е веќе покорена. Дронови им паѓаат секаде и тоа е само почеток на тоа што ќе ги чека ако ја изгубат војната. Затоа Путин плати интервју, да глуми миротворец, а е масовен убиец, тој уби стотина Руси кои упатија критика кон него. Па нормално нема да кажат за Сирски дека е Русин, оти цело време лажат. Инаку, во Куманово има Албанец кој ја бранеше државата во 2001 година, како воено лице, тоа му е работа. Брат му е општествено одговорен човек кој дал поголем природен за државата од многу Македонци и сега некој ќе рече „ааа тој на што е спремен“. На лојалност е спремен. Тоа е лојалност кон државата каде живееш или чим е за Сирски некако не е исто?
Работава не е дали е Сирски русин или украинец. Се нашол таму каде што се нашол. Во ваква ситуација и не може да саботира. Работата е што оваа е братоубиствена војна како што беше таа во Босна и Хрватска. И од двете страни има руси и украинци. Сите се меѓу себе поврзани, делат фамилии, роднини и пријатели, мешани бракови итн. итн. Секој трет во Украина има фамилија во Русија. И фала ви за кратката содржина од интервјуто, ќе го гледам кога ќе имам време. Но, да, не очекувам нешто ново, затоа што за нас сите работи се познати. И како настана војната, Мајдан, Мински договори, како го убија преставникот на Украина во Турција и како Борис Џонсон не им даде да потпишат примирје. Дека Путин ја повлече војската од Киев во знак на помирувањето и го изиграа, а не како што овде се викаше дека била неуспешна операција, за северен тек кој го уништи, дека Бајден е само марионета итн. итн. Дури и ја спомнал аналогијата за падот на Рим со падот на Пакс - Американа. Нешто што во неколку наврати го кажавме и овде. Луѓето во Рим немале појма тогаш дека паѓала империјата, но, ние од денешен аспект знаеме. Исто е и со Англо - саксонската империја. И секако, дека војната ќе трае додека праќаат оружје од НАТО, и додека има украинци да гинат. Планот не им е да ја добијат војната, секако, знаат дека е загубена, туку да ја ослабат Русија што е можно повеќе. Некако не им оди до сега. Како и да е, тоа што интервјуто е погледнато над 200 милиони, и што доаѓаат овие зборови од човек како Путин, а не рекла казала телеграм портали, даваат голема тежина, и секако, допираат и до обичниот амерички човек. Колку и да се бирани прашањата, што секако се, не дека ќе му дозволат на Такер да го напаѓа Путин, тоа што му дозволија да дојде во Москва, и да направи интервју амерички новинар говори доволно за демократијата и отвореноста на Русија. Следно, нека повели Бајден на интервју со новинар од Раша Тудеј или Спутник. Нека ги негира обвинувањата од Путин.