За 2050 година ли збориш кога Русија ќе биде муслиманска држава, а воедно и Македонија? За тој крај ли мислиш?
Вака ли ни објаснуваш што е психопатско, а што не? Или дека овaа од 20 век беше војна за парче земја па небитно е?
Во 1960 година сите градови на Косово, освен северот се мнозинство Албанци. Сега и тие градови имаат извесен процент на Албанци. Просто е, не правиш деца, бегаш, се повлекуваш, продаваш, губиш држава, исто е и со пола Македонија.
da tokmu taka konkretno ete kosovo kosovo e izgubeno za srbija, odgovaralo ili ne, pa sega ti kazi mi dali vredi srbija po sekoja cena da napadne? ke ginat luge od dvete strani, ke go razrusat i sto? ke bide del od srbija? ne, nikogas veke, bilo nekogas srpsko,sega e prekasno
Што има врска дали се албанци или не? Живеат во Србија. Тој регион е дел од Србија. Не може ти насилно со војна да отцепиш регион, да не направиш ниту референдум и да ги прекршиш сите меѓународни правила. Има региони во други држави каде што далеку повеќе луѓе живеат што се од друга етничка припадност, па не се отцепуваат. Откаде знаеш? Меѓународно Косово не е признато. Земено е со сила, од страна на САД. Утре САД кога нема повеќе да има своја база и војска на Косово, Србија ќе си го врати. Исто и со Авганистан се случи. Го држеа толку години, после гледавме како бегаа гз преку глава, оставајќи се само да се спасат од Талибаните. Него, прашањето е зошто ти не го осудуваш Косово? Нели рече психопатски е да водиш војна за територија? Косово што е? Плус, немаа ниту референдум, така незаконски парламент си направија и си изгласаа независност.
Во 1889 година Албанците стануваат мнозинство во Косово. Ни Господ не помага со ваква демографија, за референдум да не збориме ич. Со нив не се живее, Србија се откачила од канцер, гледај го тоа така. И таму не плаќале ни струја, ни данок, ништо. За што им се? Кога Србија и Косово би биле една држава, сметај колку пратеници косовари ќе има во парламентот, плус гласовите од Прешевска долина, над 15% ќе бидат и ќе ја уценуваат Србија како и Македонија. Порано одеа културно уметнички друштва во Лепосавиќ, Митровица, наши, сега не сум чула. Кој ќе оди таму на ризик? Не си свесен колку Србите се плашат од косоварите и страв им е да не има пак војна. Дури една Србинка од Србија во Германија сретнала косоварка, фатиле муабет, пред други, кој си, од каде си, и ова извадила пасош „Косово е сега наше, ние си направивме држава, еве види имаме пасош“. Србинката нема поим Косово како изгледа. За разлика од Русите во Донбас кои доцна доаѓаат во Украина, овие се тука неколку векови. И се множат многу, а Русите и Украинците не. Русите не се мнозинство никаде во Донбас, овие секаде се и тоа многуууу одамна.
Остави вакви муабети, небитна е демографијата. Имаш други територии каде е многу поголема демографијата од Косово, па уште се делови од матичната земја и ги поштуваат законите таму. Пошто ти се изјасни дека ја поддржуваш независноста на Косово, и го поддржуваш бомбардирањето на Југославија тогаш од земја каде што нема ама апсолутно никакво нејзино малцинство, тогаш што е разликата и зошто не поддржуваш отцепување на Донбас, или еве Тексас, Каталонија? Што е со Палестина? Ете и таму се демографски мнозинство. Плус, луѓето си излегле на референдум и си гласале за својата иднина. Запазени се сите правни меѓународни закони. Не може вакви двојни аршини, Косово може, Палестина не, Каталонија не, Крим не (и тука се мнозинство Руси). Лицемерие се вика ова. Ама одамна сите те знаеме, и го имаме 3 пати до сега изверглано муабетов со тебе. И како и секогаш, кога те фаќаме во лицемерието вртиш на друга тема, па џабе е да се продолжи, нема потреба да цитираш повторно кога не одговараш. Остави да ги демаскираме и другиве малце.
pa kolku sto znam seuste nema vojna vo kosovo, kogo da narecam psihopat? psihopati mozam da narecam onie kaj nas teroristi , t.n borci za prava a sega se na vlast za kosovo mislam deka e izgubeno za srbija,
Па имаше војна на Косово де. Тие истите кои војуваа сега се на власт таму иако дефакто САД го контролира, плус база има воена, незаконски поставена на српска територија. По сите меѓународни закони тоа значи окупација. Зошто не ги нарекуваш тие психопати туку викаш изгубено било за Србија? По твојата логика и Донбас и другите региони се изгубени за Украина пошто секако не ги враќаат воено. Да не заборавиме дека според договорот во Анкара, Путин не ни сакаше да ги анектира, туку да ги врати во Украина. Се што бараше е поголема автономија на Донбас. Ама дојде Борис Џонсон и пропадна договорот. Инаку ќе завршеше војната за 2 месеци.
ne znam kolku pati da ti povtoram veke pisav psihopati se site koi vojuvaat za parce teritorija koe spaga vo druga drzava, dali se amerikanci, rusi, francuzi, kosovari, izraelci itn nema putin pravo da se mesa nepokanet i bara pogolemi prava, avtonomija, bilo sto vo tuga drzava a ako gledame taka pa spored tebe pr bugarite vo pravo se sto ni postavuvaat uslovi ? nemoj so tie dvojni arsini
1. Прочитај ги правилата на форумот. Едно од нив е да користиш кирилица. За почеток почни да користиш интерпункциски знаци. Без нив не ти се разбирливи мислењата. 2. И Украинците не се чисти. Но не го спомнуваш тоа. 3. За Бугарите може да збориме во друга тема. Оваа е за Русија и Украина.
Што повтори? Дека изгубено било Косово за Србите и требало да го отпишат? Украина и Русија потпишаа мировни договори во 2014, во Минск, кои украинците не ги испочитуваа, напротив, почнаа да се вооружуваат. А Ангела Меркел и јасно кажа дека намерно не ги испочитувале и ја спремале Украина за војна, за да испотепа се живо и диво на Донбас што е против пошто таму се војува од 2014. Преку 14 000 жени и деца имаше жртви до пред да почне војнава. Плус на тоа Русија имаше договор со САД од 1991 за не проширување источно од Елба. Каде се сега? Згора на тоа почна НАТО да прави ракетен штит против Русија, а официјално кажува дека било против Ирак/Иран. Путин 2 пати се понудил да соработуваат, овие два пати го одбиле. Следен чекор ќе беше да им стават ракетен штит и ракети на граница во Украина. Да не сакаш Русите да ќутат и да не превземаат ништо, да гледаат како им ги убиваат сонародниците во Украина, ги палат во згради, газат со тенкови, им забрануваат јазик... Не, не, не се они Македонија па да трпат се и сешто. Што треба да направат кога НАТО не поштува никаков мировен договор кој е потпишан и не се придржува до тоа што го ветил. Да им ќутат и бели знаменца да веат? Види како САД реагирала во време на кубанската криза кога им било загрозено нивното постоење. Сфаќаш дека светот се менува и не може веќе САД да прави што сака повеќе, да бомбардира рандом земји, да краде ресурси, да им прави Мајдани, обоени револуции, да менува влади и да притиска да потпишуваат секакви погубни договори. Како времето минува се помал фактор ќе бидат во светот и нема само они да се прашуваат. Па, така нема да мораш да се понижуваш и да се нарекуваш граѓанин на Северна Македонија, да мрзниш за пасош да извадиш, а и нема државата да ти ја водат УЧК. Тогаш никој нема да те условува да потпишуваш погубни договори со Бугарија, да измислуваш работи дека не биле фашисти, дека тука имало бугари, иако само 2000 и нешто се изјаснија дека се бугари. Над 1600 се имаат изјаснето за Македонци во Бугарија. Нека не стават во устав и нека ни дадат секакво право тогаш, што чекаат, и така се европска земја. Демократија, малцинства, ово-оно, не? На Македонецот му е преку глава од ваквото лицемерие.
А што на Косово да имаше референдум демек една шака Срби ќе надгласаа над 80% Албанци? Косоварот има 7 деца, направил 5 куќи, спремен е да се бори, има поддршка од Албанци од Албанија, Македонија, Црна Гора, па и се повеќе Бошњаци ги поддржуваат, и Турција ги вооружува, и ти овие ги рамниш со Русинот во Донбас што има пола дете, жена му е Украинка, живее во куќарка, има празни џебови, пие, шљока. Сирски е еден, Русин што се бори за Украина, а косовски Сирски што би се борел за Србија нема да има. И во цела приказна ги забораваш Чеченците. Ем се 95%, ем двапати војуваа со Русија, ем пак не се независни. Нереални сте скроз. Србија ќе го вратела Косово. И најтврдите Срби не го кажуваат тоа. Како ви се верува во вакви филмови? Американците не им правеа деца на косоварите, сами си ги правеа. Ич да немаше војна, Србите секако беа демографски потопени. Србија никогаш нема да го врати Косово како и ние Западна Македонија, оти животот не е желботека. Останува да видиме дали Украина ќе има сила да ги истера Русите, ако успеат, тие се најхрабар народ на светот. Имам роднини во Србија, длабоко во српска територија, неколку часа возење од Косово, се уплашија од тензииве дека Косово нив ќе ги нападне, а не тие ќе го враќале Косово. Кој да го врати, пензионери ли? Децата им се по странство, се чудат како да преживеат, а ако се снајдат се женат, мажат, само да останат таму. Во Србија не им се седи, на Косово ќе иделе. Катастарски многу имоти во Лесковац, Ниш се на косовари. И не сте свесни колку луѓе се пишуваат Срби, а не се Срби. Ги заболе нив за Косово. Таму јас кај што одам, етничка заедница што на попис има 300 души, реално зафаќа пола град, односно некои 5.000 луѓе. Друг јазик си зборуваат, мирни се, ама за Косово ги заболе. Мирни се дури не почне соседната земја да им агитира, да им нуди нешто. Кога им спомнав што е Рамковниот договор, им светнаа очи.
Русинот Михаил Ходорковски не се сложува со тебе, имаш денеска 12 лаги на Путин од интервјуто. Иди на time. mk, ќе видиш, вика Стрелков нападна, се фино објаснил дека Русија е крива и Путин лаже. Човекот бил соработник на Путин. Слободно Србите утре нека го заземат Косово, Русите нека отидат во Париз, ама тоа се фантазии, а за муџахедините од Палестина, не се замарам, не делам ич никакви вредности со нив. Ти цело време забораваш дека државата Албанија постои. И во Врање ако се шеташ ќе чуеш некој збори албански, исто и во Велес на пример. Демографијата се менува. Си правиш филмови, демек Србија ќе убиеше преку милион Албанци на Косово и еве цел свет ќе ќути и Албанија ќе ќути. Србите 3.5 години тепаа по Босна, па вкупните жртви се 200.000 од сите три народи.
Секако дека тебе не ти е гајле за децата во Палестина. Сеедно ти е што невини луѓе гинат и им вршат геноцид. Одамна знаеме дека за тебе нема секој човечки живот иста тежина. Најдобронамерен совет, посети стручно лице да поработи, да го најде изворот од каде потекнува оваа крволочност во тебе. Нешто не е во ред. Нормален човек нема да напиши вакво нешто.
Фала на препораката. Не сум фан на џихадисти што исекоа глави на млади луѓе од 33 држави. Со такви не се дружам.
Русија е крива и Путин лаже. Во манир на факт чекер. Дали Зеленски ракоплескаше на нацист во канадски парламент? Дали Зеленски забранил мировни преговори? Дали го убија преговарачот? Дали го сменија Залужни пошто не им исполнуваше моронски желби, за крв до колена и жртвување на Украинци како топовско месо? Дали е Европа спремна да лови Украинци кои се раселени низ неа и да ги праќа на фронтот, оти треба некој да гине? Им фалат техника, оружје, не знам што...и 500.000 војници. Аман Тање оди, помогни им со својата ревносност. Ќе навива за војна што воопшто не требаше да се случи, војна која можеше да заврши многу брзо откако почна...за нов Авганистан за сиромаштијата од Нато-Северна, само што овојпат малку помалку пари и поопасно за живот ќе биде. За да ја рокнат нуклеарката евентуално. Да видиме дали ќе развиеме имунитет на рак, како волците од Чернобил.