Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Е баш го заштитија Украинците :D

    Убиен во Шпанија: Трагичен крај за Максим Кузминов, рускиот пилот кој побегна со хеликоптер „Mi8“ во Украина
    Според наводите на светските медиуми, поранешниот капетан Кузминов е убиен од огнено оружје со најмалку пет куршуми во Виљахојос, во шпанската провинција Аликанте, а неговото тело е пронајдено во подземна гаража.
    [​IMG]


    Припадник на Главната разузнавачка управа на Украина Андриј Јусов потврдил дека Максим Кузминов, некогашен припадник на военото воздухопловство на Руската Федерација е пронајден мртов.

    Кузминов кон крајот на август 2023-та година во рамки на тајната воено-разузнавачка операција „Синица“ дезертирал и на украинските вооружени сили во воздушна база во областа Харков им предал борбен хеликоптер „Mi-8“ со вредна документација и тајна техничка опрема, за награда од 500.000 долари, пренел тогаш „Kyiv Independent“.
    Човекот кој со хеликоптерот вреден 17,5 милиони евра пребегал откако неговото семејство побегнало од Русија бил на листата за ликвидација на руските специјални сили, наведува британскиот весник „The Sun“.

    Според наводите на руските медиуми, поранешниот капетан Кузминов е убиен од огнено оружје со најмалку пет куршуми во Виљахојос, во шпанската провинција Аликанте, а неговото тело било пронајдено во една подземна гаража.

    Кузминов наводно имал проблем со алкохол и наркотици, а соседите во шпанскиот приморски град изјавиле дека се однесувал несоодветно, врескал и во пијана состојба зборувал за своето минато и сегашноста.
    Тоа што збунува во извештаите е соопштението на шпанската полиција дека во гаражата во Виљахојос е пронајдено тело на маж на возраст од 33 години, додека своевремено, во извештаите за бегството на Кузминов е наведено дека тој имал 28 години кога дезертирал до руското воено воздухопловство.

    Според првите информации од извори од шпанската полиција кои ги цитира „Tass“, во градот Ел Кампењо е пронајден запален автомобил, со кој, според шпекулациите, атентаторите побегнале.
    Кога побегнал, Кузминов во документарецот кој го објавила Главната разузнавачка управа на Украина, рекол дека неговиот мотив за дезертерството бил „противењето на руската инвазија на Украина“, а медиумите во Киев ги пренеле и тврдењата на украинските разузнавачи дека на рускиот пилот му биле понудени „нови документи, нов идентитет и парична надомест“.

    При слетувањето во Хершон двајцата членови на неговиот екипаж не сакале да го поддржат неговото дезертерство па припадниците на украинските вооружени сили ги ликвидирале во кратка престрелка.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Тракер видно изненаден од "пропаѓањето" на Русија :D

    (видеа имате на линковите)
    Такер се шокираше од московското метро
    Такер Карлсон, на своите Американци (на кои им е кажувано дека Русија е една голема пустелија која има само природен гас и нуклеарки), им ја покажува московската станица Киевскаја, изградена од Сталин пред 70 години. Нема стаорци и ѓубре, нема бездомници, наркомани, силувачи и лудаци спремни да те бутнат на шини, не мириса на урина... „Како таа Русија има нешто што е поубаво од што било кај нас?“

    Такер пазари по Москва
    Откако се испоначуди од навистина фасцинантната метро станица Киевскаја, дур е таму, Такер Карлсон реши да посети и руски супермаркет, нешто што Америка очекува да биде девастирано од санкциите. Не само што крцка со роба, и домашна и странска, туку и наполнетата количка, за која Такер и екипата проценуваат дека дома би платиле околу 400 долари, овде ги чинеше, ќе видите колку.
     
    На Amellie13, sonuvana и Аргентина * им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Интересен заклучок на Тејт за интервјуто на Путин.

     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Добро, цело време зборувате против Американците, Такер не е Американец или ако Путин му плати за интервју е „добар“ Американец? И што ви е важно што кажал некој Американец за Путин, било да е Трамп или Такер, или кој и да е, нели Путин и онака е хипербог кој еве две години војува против Украина и уште е два чекори поназад од таму каде почна пред две години?
     
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Такер сам изјави дека на свој трошок заминал во Русија, првиот пат кога требал да го сними интервјуто бил попречен од тајните служби на САД, но вториот пат успеал, а инаку не видов тука некој да зборува против Американците туку само против политиките на власта во Америка и како тоа ја втурнаа Украина во војна која сами не ја сакаа...

    До каде се стигнати моментално е дискутабилно, но Медевед ја објави целта до каде им е планот да стигнат а тоа е Киев.
    Медведев: Мораме да стигнеме до Киев. Каде да се сопре? Не знам…
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Ќе ги потроши парите што му ги дале Русите, после ќе извади валкан веш за нив. Медведев уште пред две години вети светот ќе го ништел, нели светот ќе баботи и трепери, а пред две години ова време тргнаа накај Киев.
     
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Не се сеќавам дека баш вака изјавил, но ако не светот дефинитивно Украина ќе ја уништат.

    Во меѓувреме Борис Џонсон се јави од некоја ливада да го демантира обвинувањето од Путин :)
    Борис ни Џонсон & Џонсон не го пере
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Тешење и плачки, ќе се договореле, ама некој се јавил. Греота, најголемите градови после тоа Украина си ги ослободи и поврати. Рускиот блогер што кажа дека Русите изгубиле 16.000 војници за освојување на Авдеевска, умрел веќе.
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.952
    Пол:
    Женски
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    56.765
    Пол:
    Женски
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Две години од почетокот на специјалната воена операција на Русија во Украина, ситуацијата на терен САД упорно продолжува да се бори против Русија до последниот Украинец

    1.jpg

    додека во меѓувреме Зеленски кој не знае кој пат да го фати, цело време моли за кеш и воена помош од западните му партнери

    2.jpg

    но некои од нив поинаку гледаат на таа помош, како на пример претседателот на Латвија
    3.jpg

    и додека популарноста на Зеленски опаѓа, во спротивниот табор на Путин се зголемува, а доказ за тоа е и гледаноста на последното интервју со Такер
    5.jpg

    така да западњациве кои очекуваа да добијат пропаѓање на Русија и Путин, на крај добија само
    4.jpg


    и по некој селфич како суптилна порака дека им останува само да се сликаат
    6.jpg

    наредна анализа на 24.02.2025 год. :mm:
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Тоа ќе е, две години пуштање монтирани фотки за утеха. Франција, Германија, Данска потпишаа безбедносни договори со Украина до влез во Нато. Туку не кажувате какво ви е чувството кога читате дека Украина формирала тимови за преговори во Еу, а нас не не ни спомнуваат веќе, не сме во никаков план изгледа. Заслужено. Јас се чудам што досега се замараа да не споменуваат.

    П. С. За Русинот Сирски и за Навални што го убија и закопаа како пес нема ли некоја фотомонтажа?
     
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Нема ништо посебно.
    Освен една снимка, изгледа на друг Форум ја видов, таму ја споделуваа, Навални се пазареше со некој Амер за колку милиони долари ќе го симнел Путин од власт. Од поодамна било ова, ништо ново и ништо важно во овој момент. И онака се беше јасно. :)
    А го закопаа веќе Навални? Таа жена му што глуматаше пред камери, колку ја искеширале за улогата? Разведена од него неколку години, нафатирана и стационирана кај некој друг "ерген", еднаш не отишла да го посети во затвор, ама сега дојдоа нејзините 5 минути да ја тера "шарената", а?
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Не мислам за жена му, туку мајка му што молеше да и го дадат телото. Нели и дале рок три часа да го закопа? Па нели е тоа закопување како куче? Ааахх, добро, значи Путин има право да убива под изговор дека се некој бил шарен, ваков, таков. Ако нека тера, неделно убива по неколку Руси, алал да му е, редок феномен е тоа. Ама има многу за фрлање низ прозор, не знам со тие руските вдовици што се жалеа за руски па и за западни медиуми до каде е? Дали ги реши или планира да ги реши. Викаш жена му на Навални ќе си најде некој ерген? Па нели Русите беа ептен за семејни вредности? Како така?
     
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Види, како прво, Навални е кркнат од Циа. Како последен обид да имаат некоја корист од ваков веќе неупотреблив платенички куртон. Мислеа дека токму погребот ќе биде фитилот кој би потпалил негови приврзаници да почнат да "шаренеат" низ Русија.
    Затоа и бил даден рок на мајката, за да немаат многу време да мкнат луѓе од секаде и да тераат нечија агенда. Дознале Русите сценарио Тања, и го спречиле на најбезболен начин.
    Според тебе, на тапани ли требаше да кажат ден и час, за да се наредат сите викнати и невикнати, сосе CNN на чело, па филм да снимаат? Холивуд не е пожелен во Русија, очигледно. :)
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Буданов вели умрел од природна смрт, од тромбоза. Ако е така, што е спорно, нека го дадат да го закопа мајка му. Инаку, ако е точно дека загинале 31.000 украински војници, значи сепак се борат лавовски. Зеленски вели Русија ги знаела плановите за контраофанзивата. Ништо чудно, ако Сирски е Русин, којзнае уште колку Руси од Украина си работат во украинската армија, па ќе најдеш некој за пари да купиш, да ти дошепне. Или не мора да е Русин, има и други националности во армијата, не се само Украинци. Инаку, ако е оваа бројка точна од 31.000 загинати украински војници, а сите не се Украинци, значи далеку е Украина од тие филмови тука што се правеа пола милион, 700.000 и не знам што. И од тие 31.000 украински војници, ако таа бројка е точна, колку се Украинци, а колку се други народи, па и Руси меѓу нив? Лично не верувам дека има многууу повеќе загинати војници, во смисла 310.000, ама еве Зеленски лаже, вели 31.000, во тој случај би имал реперкусии. Пред Урсула да спомне 100.000 офицери(дали мислеше загинати и повредени заедно), Украинците пуштија информација за 12.000 загинати војници, ова го видов кај новинарот Илија Пономаренко, ама тоа беше одамна, лани. Или ако сметаат сосе повредени да стигаат до околу 100.000, 31.000 загинати и плус ранети. Е сега, некој е огребан ( на пример пејачот Андриј Хливнук имаше рана на образ од дел од шрапнел“, а некој е без рака, нога итн. Сега скоро имаше информација дека од почетокот на инвазијата, 3.000 тешко ранети украински војници се лекуваат во европските земји. Ова од ЕУ го потврдија. Епа не може да има 300.000 загинати, ама само 3.000 тешко ранети, нелогично е.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.134
    Телото е предадено на мајка му.
    Ама кој сега кажува вистина, Буданов или вдовицата?:smirk:
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Ич не ми е гајле, си го бирале, нека си го трпат и нека им нанесе што поголема штета. Знам дека е дадено телото, ама фрлен како пес, не знаеја ни кај е, ни од што умрел, не соопштуваат, па нели го премрзнувале во затвор итн. Што има толку со денови да чуваат тело на мртов човек без објаснување? Земја од соништата, еве пет - шест души кај и да ќе се преселат таму. Пред два дена, во Грузија се одбележуваше јубилеј, надвор од војната од 1993 и 2008 во Грузија, имало и друг Грузиец, го фатиле руските терористи близу Абхазија, го мачеле, убиле и дури по еден месец го дале телото на семејството. Изгледа сакаат да мачат, убиваат, и да чуваат мртви тела после. Кој ќе им пријде до бодликавата жица во Абхазија, го фаќаат, мачат, убиваат.
     
  20. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Машки
    Украина е осудена на пропаст.Благодарение на западните "пријатели".Сега Русите ке одат до Киев, како што рече Медведев.