1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Не знам што чекаат, нека одат. До полноќ имаат ли шанси да го освојат Киев?
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.142
    Ко о чуму, баба о кукурузу:D
    Тање, ако Буданов вика од природна смрт умрел, а вдовицата нешто друго- кој ја кажува вистината? И двете страни се против твојата омразена Русија, оти вакви недоследности?
     
  3. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Машки
    Секако.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Битното е дека Путин ги намалува Русите, причината прашајте си некој од форумот што е во Москва сега, ќе каже инсајдерски информации. Од прва рака инфо, нема поарно од тоа.
     
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.952
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ти, Путин знае што праи.
    Седи мирна.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Какви монтирани еве ги само се сликаат, од вчера ова.
    1.jpg

    Туку беше ли ти вчера на собиров да дадеш поддршка?

    Гледам доста с(т)е собрале 30тина души некаде изгледа се свести народот како стојат работите, или и ова е монтажа? :?:
    2.jpg


     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    100% е монтажа со литванскиот претседател. Истите мубети се веќе 1.5 години, нема војници, готово е, па некој пишал на Твитер еве војнава оди лошо и кој е епилогот? Русите ја земаа Авдеевка ептен дека на Украинците им доцни оружјето. Балтичките земји преземаа многууууу мерки против Русија. Деновиве гледав на тв, снимки каде се прави регрутација во Украина, болницата каде се прават прегледи, нова, чиста, нашиве болници се канта, ова личеше помодерно и од приватните наши болници. Ако гледаш на пропагандни клипчиња, во некој ходник викаат некој што е ретардиран, па демек еве како ќе го регрутирале, бла, бла, благ, а описот на видеото на украински ама со гугл транслејт. Каква е таа велесила што ангажира 50.000 ботови да пишуваат постови преведени со гугл транслејт. Снимање на ретардирани лица и јавно објавување на ликови е казниво со закон во сите земји, треба да се замати ликот, лични податоци исто треба да бидат заштитени. Замисли ти, Русите снимаат клипови по некои подруми со надеж дека на Украина нема да и дадат оружје. Хахахах.

    А тоа со Лесја Украинка ти го сметаш за протест на Украинци или на сеопшт народен собир на кој треба да излезе цело население во државата? Виде ли ти на попис од 2021 година колку Украинци има во земјава? Па толку се во Скопје и сите излегле. И дури и да не излегоа Украинци на протест во Скопје воопшто, како тоа на руските муџахедини ќе им помогне, ај објасни ми? Упорно манипулираш и се тешиш. Што се свестил народот? Се свести народот да не седи во оваа вукојебина, среден век, па бега за Германија, друго не гледам што се свестил. Ти и пет члена на фемина ли сте цел народ? За името идеа 100 пензионери на протест, а овде како што гледам 30 Украинци има. Вчера видов Павле Васкопулос од Лерин(Македонец од Грција од партијата Виножито) дава поддршка на Украина, не не Русија. Имаше пост за тоа. Каде сте вие поддржувачите на Путин пред руската амбасада кога ги протераа дипломатите? Ве нема. Пред Владата што не одите да се прекинат преговорите со ЕУ, барајте си излез од НАТО, за таму не сте? Кај сте, да ве видиме колку многу сте. Викате многу сте биле, ама ве нема.

    Не пишавте дали ви е убаво што во чекалната на ЕУ сме зад Украина? Сигурно ви е многу убаво, ама треба да ги прекинат преговорите да ви биде уште поубаво. Гледавте ли синоќа на вести, дека текстилците во источна немаат соработници, европјаните си најдоа поасални од Македонците, па сега илјадници луѓе ќе останат без работа.

    @Mrs. right па кажи си дека си за геноцид, етнички чистења, а не тука глумиш како демек си пацифист. Ај да те потсетам дека и кај нас на протестот за името пред Собранието имаше група Македонци што викаа „Ќе ве чистиме од Тетово, Гостивар...“, така некако, дали сметаш дека е грешка што Албанија и Косово не направиле инвазија на Македонија во стил на Путин да го заштитат албанското население кое живеа во пола Македонија? Нема ни еден тука што живее во Русија, дали има 2-3 што воопшто биле таму. Денот на Македонецот како му тече „оди во Вестерн унион, зема 100 евра што му ги пратиле од Германија, ќе купи леб, па пишува на фемина колку е убаво во Русија“.

    ПС. Украинка што живееше во Македонија, замина еве скоро година е во Албанија и е позадоволна од таа држава. За разлика од нашава пропадната држава, таму средувале многу брзо и за пријавување во полиција, за престој, за се. Си работи онлајн, паричките ќе ти даде во Албанија, нема да плаќа астрономска кирија да се труе во Скопје и да гледа депонии на секој чекор. За парите што овде ги даваше за гарсоњера, таму најде голем стан, со три соби. И тие Украинци што живеат овдека, жално со каков народ дошле да седат тука. И од бегалците ретко кој ќе сака да остане тука.
     
    Последна измена: 26 февруари 2024
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    А тој " од прва рака " да те повика во Москва, да доживееш културолошки и цивилизациски шок ?
     
    На Mnik, Mrs. right, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    129.197
    Пол:
    Женски
    Добро што заминала. Таман да не биде товар на Севернава. :D
     
    На Mnik и sonuvana им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    56.765
    Пол:
    Женски
    Неа прво во омилената Украина треба да ја пратиме, доволно е да ги покажи таму мислењава што ги пишува тука неуморно две години за да и дадат државјанство. :D
     
    На Mrs. right, sonuvana и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Епа работеше во Скопје онлајн, нетот паѓал, а си плаќаше кирија, сметки, плус одеше во кафичи ако нема нет што е плус трошок. Отиде до Матка, назад автобусот не ни дојде, а таксистите ќе се потепаат кој да ја земе за 1.000 денари. Пеш до Шишево отиде, па оттука со 2 до центар. Таксист и барал 250, па на крај ја однел до Сити мол и рекол не работи такси метар, дај 550 денари и дала, нема да се тепа со говедото неразбран. Во Охрид беше, виде цените оган и пламен, планираше да се врати во сезона, не се врати, никакви соби, а скапо. Се чудеше како ЈСП автобусите нон стоп доцнат и нема начин електронски да дополниш билети. И јас да сум нема да лупам пари, да седам во ѓубре, да дишам отров. Во Албанија цело време купува риба и морска храна оти била поевтина од Киев и плус свежа. Сето ова го снима и објавува податоци за другите Украинци да знаат каде какви се условите за живот. Македонија и Македонците најлошо се покажаа. Државава не им понуди ич ништо, никакви можности, за споредба девојчево беше и во Австрија и тоа таму што им се нудеше беше супер. Кога Албанија ќе остави стопати поарен впечаток од Македонија за странец, види колку сме залутани. И плус имаше забележано дека Скопје е пензионерски град, што не е случај со Тирана, Софија, Загреб.
     
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Ахх (facepalm)
    Не, не е Тање, еве ти го постот.
    https://twitter.com/edgarsrinkevics/status/1759858026087842229
    Собир на кои што треба да излезат сите оние кои ги поддржуваат и сочувствуваат со нив.
     
    Последна измена: 26 февруари 2024
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    На местото на Сирски а? :wasntme:
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Maнипулираш. Прво самите се организираат преку амбасадата и здружението, не е тоа сенароден митинг. Македонецот има милион причини да протестира, па не излегува за себе, ќе оди да одбележува две години од инвазија. Сабота е ден кога многу граѓани и онака се на работа, работен ден е тоа. И дали Македонците ќе им дадат поддршка или не, е тотално небитно во глобалната слика. Овде Македонците не одлучуваат за ништо од 2001 година наваму.

    Ај види дека се истите луѓе и лани и сега, минус некои 10 души можеби(тие не се наши државјани, класични бегалци се) на кои не им се исплати овдека да фрлаат грдни пари за живот и да не работат ништо(работа нема ни за домашното население). Две семејства од тие што одат на протестиве(може има и повеќе), овие ги знам, со едните соработуваме имаат фирми и плаќаат даноци овдека, наши државјани се, Украинци мешани со наши, а Македонците уште читам се чудат како ќе отишле на интервју за работа надвор од град. Па со магаре, како инаку. Не дај боже да сме во војна, да треба во туѓа држава да се снаоѓаме.

    Имаше неколку случаи на ограбени Украинци и Украинци, бегалци, еден беше и претепан па заврши од болница. Толку од „мирниот народ“. За еден телефон и 10 евра, душа ќе ти земат, не па да ти помогнат, скраја било. Видоа овде дека по 22 часот не се спие од машини што вртат на евтина струја, јасно им е „колку имаме вода во очи“, видоа дека во стара чаршија се е албанско, накај Матка, се е албанско таму, жими Водно остана, ама и таму ураснато, треви, смет. Е беа брате и во Битола, во Хераклеа, на Маркови кули, си пиееја кафе на Широк сокак, си седнаа на ручече таму после споменикот и фонтаната. Ама толку, што ќе прават овде? Не се будали да седат овде, освен ако не се мажени, женети.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Untitled.png

    Нели Зеленски пред два дена донесе закон да можат странци да бидат дел од ЗСУ. Еве „другарот“ на Путин прв праќа војници. Дали ова значи дека војници од НАТО земји ќе одат да ги истераат Русите? Чекаме да видиме.
     
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.736
    Пол:
    Машки
    Ау, не знаев дека на протестен собир можеле да присуствуваат само тие со специјална покана, мислев дека е за секој кој сака да изрази незадоволство, а за манипулација ти барем не зборај, цело време споделуваш информации без да посочиш извор и најверојатно многу од нив ги измислуваш, како што измисли и дека е лажен твитот од погоре :D
    Како и да е се повеќе е очигледно дека Украина ја губи и таа каква таква поддршка што ја имаше.

    А ова е она кога туѓ срам те јаде :tmi:
     
    Последна измена: 26 февруари 2024
    На nextredstyle, Amellie13, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.142
    Како му е овој другар на Путин, кога бил претседател во Нато? :^)
    Пак ти се помешале лончињата изгледа.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Г
    Кога го избраа, имаше еуфорија проруски настроен бил.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.507
    Допаѓања:
    13.806
    Две години и два дена Рашистан се бори за едно ќошче со 4 града и 7 села во Украина. Извор не ти треба, види календар, денеска сме 26.02.2024 година.
     
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    56.765
    Пол:
    Женски
    Единствена надеж за побрзо завршување на војнава гледам во Трамп ако дојде на власт (и се надевам ќе дојде). На сенилниот дедо и неговите другари секако им е во интерес да трае војнава што подолго. Ниту за Русите ниту за Украинците ги заболе.
     
    На sonuvana, Billy Idol, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.