Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Зошто се толерираат понижувачки мислења за Македонците и ксенофобични мислења за Руси (за оние кои не се дел од тамошната власт)?
    Исто така и упорното ширење дезинформации.
     
    На sonuvana, Mrs. right, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Македонија за својот народ не гледа, за други требала да гледа.
    Имам роднини во Германија, Швајцарија, Шведска и Германија. Сите едно кажуваат - дојдени се ништо да не работат, земаат убави станови, пари од државата итн. Не им се работи. Кажи ми, ако на другарка ти и било толку добро во Австрија, зошто се заакала кај нас? Па завршила во Албанија? Значи Австрија е класи над нас. Или удри на шетање, дур се може, ќе ги финансираат државиве? Нека си седи во Албанија, немора ич да се враќа. Овде деца лечиме со донации од искинат народ, ќе ја плукаме државата што не им давала помош на Украинци.
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 И јас не гледам крај на војнава со Демократи на власт во САД. Додека фрлааат пари и се мешаат, нема да има прекин.
    Друга алтернатива би била на самиот украински народ да му скисне од Зеленски и да го симне од власт. Не им треба љубител на деструктивност.
     
    На Bratot, Billy Idol и Amellie13 им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.243
    650.000 воени способни мажи ја напуштиле Украина наместо да се борат.
    https://www.euronews.com/2023/12/22...s-ukrainians-abroad-will-have-to-fight-in-war
    Нит им се чудам нит ги осудувам.
    Ама деновиве Полска ги потсети Украинците дека ги имаат тие луѓе во ЕУ, спремни се да помогнат да ги вратат. Хуманисти:inlove:. Ги потсети и дека имаат проневерено 40 милиони долари наменети за купување воена опрема. А и одлуката за смена на Залужни ја коментираат како одлука во советски, пардон руски манир.
    За грев за народот.
     
    На sonuvana и Mnik им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.513
    Допаѓања:
    13.813
    Веднаш со македонската љубомора и наивност, абе некој гратис го шетале. Си шета со свои пари. Не реков јас државата да им дава нешто, туку да не се маваат во гради нашиве, еве што сме, еве кои сме, никој и ништо сме. Тоа ти кажувам, дека дури ни за бегалци не сме атрактивни. Се е скапо, а не вреди за тие пари. Девојката е патувачки блогер, плус работи и нешто друго онлајн. Самата си кажа дека не сака да се шета по бегалски населби од град на град, кога има можности сама да си живее. Во Австрија самата не користеше никакви бенефиции, но посети населба со бегалци, каде имаше уредни бараки, како село, и таму имаше женички некаде 55-60 години си живееја во тие бараки и готвеа. Мажи немаше воопшто. Рај за очи, Австрија си е Австрија. Потоа замина во Словенија, Хрватска, Турција, дојде во Македонија, оттука виде најмалку месец помина дури ја пријават овде да има документ дека легално си престојува и отиде во Албанија. Не мораш ништо да им даваш, ама си платила уредно и си ветил за една недела дека ќе се средат документите, не мораш да се дереш во МВР и да ја влечкаш најмалку месец, да се чуди кај дошла. Што има таксист да ја пљачка? Употребила термин Северна Македонија, и се закачиле исфрустрирани Македонци да ја навредуваат оти било тоа Македонија, не Северна, ко да девојчето мора да ја знае цела политичка ситуација уназад во државава. Некој прадедо нејзин бил од Македонија, девојката носеше македонско презиме, ама Македонците толку им е осетот, текнувалото толку работи, ја навредуваа и држеа лекции Зеленски требал да се предаде. Ти ќе пофалиш народ каде одиш туристички да се шеташ, а те навредуваат за Заев, Грујо, Станко, Петко, тоа ти е ок? Ти би отишла како турист да трошиш пари некаде и да шеташ, а да те навредуваат, да се качиш во такси да те покрадат, еве мене ми е морничаво од Матка надоле до Шишево сама да одам, а имам одено со една пријателка, оти и јас кога бев автобус не ни дојде, шоферот си зема за право да не вози до браната, а и претходното натаму не имаше истресено во Шишево и нас и туристи, па снаоѓај се. Можеме да дробиме празни муабети, последни сме во се. За што би фрлала пари во Македонија, кога во Албанија има море, посредено е, поевтино е? Не како ние се гледаме, како другите не гледаат. Дури збориме колку сме мудри, невини души, фини, еве некои што беа на Косово ми кажуваат дека и Косово не надмина. Имале убави патишта. Македонците нека се сетат на изјавата на покојната Доста Димовска дека после Групчин државата не ја ни контролираше територијата веднаш по осамостојувањето, а тука се маваат во гради пет Македонци поарогантни од сите западњаци заедно. Немаме ништо, а за некоја година и ништото ќе е многу.

    Дошла Украинка со македонско потекло да ја истражува земјата на прадедо и. Виде, „убавина“.
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.731
    Пол:
    Машки
    НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСКЛУЧИ МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ ЗАПАДНИ ТРУПИ ВО УКРАИНА, КАЖА МАКРОН

    Се повеќе се шушка дека склучиле договори европските држави да праќаат своја војска во Украина.

    Планот им е прво да ги распределат во западниот дел, а украинските војници кои ја чуваат границата со Белорусија да бидат пратени на фронтот.

    Ова може да значи уште поголема ескалација на војната. Русија рече дека нема да дозволи некој од надвор да вмеша во Украина.

    Бонус:

    ЦИА уште во 2016, под кодното име "Златна Рипка" прави 12 скриени бази во Украина, во должина со границата со Русија. Со цел: "хакирање на руските воени операциски телекомуникации, следење и откривање на нивните сателити"
     
    На Mrs. right, Bratot, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Абе ај важи не користела она бенефиции. Кажа ти и јас ти поверував. Работата е што не се сите во бегалски населби, ама така ти кажала другарката, така е, готово.
    Прашај ја зошто почнаа да ги бркаат од Швајцарија, ако знае.
    Знам јас дека сме дно, ама ти претходно нешто ептен ја величеше државава дека била супер за живеење, нели? Сега дојде една Украина и ти наеднаш сфати дека не е така.
     
    На Mrs. right, nextredstyle и Аргентина * им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Не, Тања.
    Шоферите не си земаат за право да возат до кај ќе им текне, туку добиваат инструкции до кај да возат дента. За Матка си има убаво објаснување на вебсајтот на ЈСП кога 60ка не може да оди до последна станица.
    За секоја линија има. Не е тешко човек да провери состојба на сообраќај пред да оди некаде.
    И проблеми со сообраќајот има насекаде. Не сме единствени со тоа.
    И да. Зеленски треба да се предаде!
    Не на Путин, туку на народот. Треба да си замине од позицијата бидејќи неговите потези само ја тонат Украина.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    56.790
    Пол:
    Женски
    Овие навистина со цел ум сакаат да не однесат во трета светска?? Лидериве на демократија. (wtf) Историјата се повторува, пак Русија треба да си го спасува и да ни го спасува газот од нацисти и фашисти.
     
    На Mrs. right, sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.513
    Допаѓања:
    13.813
    Просто се чудиш дека некој може онлајн да работи и да заработува добро. И ти да земаш 1.000 евра месечно можеш да живееш на Балканот. Пасивни приходи си има, дропшипинг, рекламира брендови, календари, козметика, а попат и хотели рекламира, ресторани оти има изградено публика. Не е научна фантастика, работиш од било која точка на светот, ти треба само интернет, кој овдека кога ќе падне, може и со часови да го нема. И која е таа будала што прави добри приходи, а ќе се тутка со бегалци во камп, во барака, кога сама може да си дозволи да плати трособен стан во Тирана, Саранда и слично.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.513
    Допаѓања:
    13.813
    Јас кога одев, проверено на телефон, прашано на пункот кај Нова железничка, а претходно најавено на Тв дека за празник ќе возат директно до браната. На крај, шоферот не истресува во Шишево, луѓето му реагираат дека требал да вози до горе, овој се дере, пријдоа странски туристки, му подаваат листа, возен ред, прашуваат на англиски, овој не ни зборува англиски, не искипа како партали. Една наша жена почна да слика со апарат, ќе го пријавела во ЈСП. После фативме такси до Матка. Назад пеш до Шишево. Не функционира ништо овдека, знаеме. А за политика, нема право некој по улици памет да ти соли, посебно ако доаѓаш тука да се шеташ, пари трошиш, не седиш џабе. Во Црна Гора минибусите се точни како швајцарски часовник. Проверено.

    Абе уште коментираат погоре што рекла Русија. Две години е истото, нема да дозволат да се меша друг во Украина. Чекаме, ако Франција вели дека ќе прати војска, веројатно ќе прати. Само што ако Франција пратија, се надевам ќе прати искусни војници, кои ќе се драстично подобри од украинските 23 годишници кои првпат сега гледаат пушки, а Русија и од нив го јаде, освен кога ќе снема муниција.
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Некогаш се случува и ненајавена промена (некогаш гужва поради паркирани возила прави проблем). Но, ниту еден шофер не иде по своја волја, туку следи инструкции.
    Кога има неможност да се оди по оригиналната траса, шоферите се должни да возат по алтернативни. Кога не можат да возат до крајна, ги сопираат автобусите онаму каде што е можно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.513
    Допаѓања:
    13.813
    Може има некоја логика, не викам, не, ама нели е скапо од Матка до центар да ти наплаќаат 1.000 денари? Мислам дека е тоа лага, да опљачкаат ако се може.
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.731
    Пол:
    Машки
    Имате други теми за Македонија и ситуацијата кај нас. Темава е војната во Украина. Не одете оф - топик.
     
    На Amellie13, Biljarkata и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Јас за ЈСП можам да зборам бидејќи мој близок беше шофер.
    А, за таксистите не.
    И доволно е со оф топик.
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.243
    Цела тема е офф-топик, јер толку е знаењето и разбирањето.
    Европа се спрема на војна со Русија, ама не сега, јер сега немаме оружје и војска, ама за едно 10 години, плус минус. Во меѓувреме Русија ќе почека, дури да се наоружаме(facepalm). Ако не решат тие од преку океанот да ја забрзаат ескалацијата. Во меѓувреме на земјоделците им е преку такво, од евтин украински извоз и грин дил, ама во меѓувреме Русија превентивно забрани извоз на нафта. Се самосанционирале. Па да видиме на кај ќе тераме
     
    На Bratot, nextredstyle, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.822
    Допаѓања:
    129.341
    Пол:
    Женски
    Ако не му се просветли паметот на некој од запад, црно ни се пишува.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.731
    Пол:
    Машки
    Ако се решат да праќаат војска НАТО земјите. И ние, како членка на НАТО ќе треба да испраќаме наши војници кои служат/служеле во АРМ.

    Дали се согласувате со ова да праќаме наши деца да гинат за Украина? Посебно вие што го поддржувате Зеленски.
     
    На H.VAGA, Konfetka, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Чекај, чекај сега. Кај прочита да се чудам? Јас ти кажувам дека во Австрија и' давала најверојатно државата помош, како и на секој Украинец таму.
    Бонус - Дали разбираш дека не седат по бегалски кампови? Дали разбираш дека државите им плаќаат станови, исти, ко нашиве Македонци што си плаќаат сами?
    Во Швајцарија родниниве, од истите тие Украинци не можат стан да сменат. Убедувај ме ти до утре дека седат ко мигрантине од Сирија, по кампови.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.243
    И воениот рок да се врати. :mm:
    Тивко полека...
    https://www.index.hr/vijesti/clanak...ko-ce-izgledati-bit-ce-u-4-grada/2541698.aspx