1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    26.684
    Пол:
    Женски
    Во право си за украинците. Моментално они се во прв ред за се. Еве и во Германија, они имат предност за станови, за детски додаток, за азил, офентал, и се друго по ред. А имат пари. Ама сакат да земат и од државата.
     
    На Mnik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.230
    Уште малку, па ќе им ги вратиме. Еве Кулеба ги бара назад, му требале за одбрана и обнова на државата.
    70% од тие кај мене се вработени, често на пониски од реалните позиции, пошто не знаат јазик или пример не им е признаено школо. А баш минатиот пат во итната не третираше украински доктор. Ама еј, ако Кулеба ги бара, нема проблем. Ќе градиш живот негде, па негде другаде, и ќе дојде некој кхмрајбер да тргува со тебе како со стока. (wtf)
    Битно знамето ќе го вееме.
     
    На Victorian и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.512
    Допаѓања:
    13.810
    Убаво село со монтажни куќи во Австрија. Сите куќи исти, внатре се цакум пакум. Ама ако имаш убава заработка и можеш во Скопје секој втор ден да јадеш надвор, во ресторан, кафуле, да пиеш кафе, сигурно нема да седи на едно место и да чека додаток од некоја земја, кога патем оди од држава на држава и рекламира брендови, хотели, ресторани, па корејска храна и што не. Дури и во Скопје, рекламираше хотел и ресторан, па и специјализирани продавници за храна, ликери итн. Значи сепак тие фирми сакале да помогнат, не биле путофили со педигре. Епа тоа што ги го зборуваш, ти покажува дека западните земји сепак се ангажираа да им помогнат, а не да ги остават на цедило како што тука се пишува две години. Како за споредба јас имам читано коментари од Срби дека при војна во Македонија, не сакаат да примат Македонци, нека си одат кај сакаат, далеко им куча итн.

    Крајно ако во Австрија и дале парична помош од државата, што е спорно, не ограбила банка. И ти да си и ти ќе земеш.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.512
    Допаѓања:
    13.810
    Били пола армија не се Македонци. Не верувам дека нашиве ќе се од корист, веројатно со очи немаат видено од тие оружјата што западот ги произведува и со кои вежба. Ако праќаат, ќе пратат професионален кадар, американски, француски.
     
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.744
    Пол:
    Машки
    Ништо од пропагандата за Навални, а после реакцијата на Русија европските лидери ја смируваат тензијата и понизно кажуваат дека немало да испраќаат војска во Украина.

    Навални починал од природна смрт
    Началникот на Управата за разузнавачки работи на министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.
    „Можеби ќе ве разочарам, но знаеме дека Навални почина од згрутчување на крвта. Ова не се податоци од интернет, помалку или повеќе е потврдено дека се работи за природна смрт“, изјави Буданов на средба со новинари.

    Шолц ги смири тензиите: Европските земји и НАТО нема да испраќаат војска во Украина
    Германскиот министер за одбрана Борис Писториус исто така одби испраќање копнени трупи во Украина.

    „Тоа не е опција за Сојузна Република Германија“, рече Писториус на прес-конференција.

    Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Велика Британија не планира да распореди борбени трупи во Украина.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.731
    Пол:
    Машки
    А што се? Ако мислиш етнички да не се Македонци, што има тоа врска? Сите се наши граѓани. Ние ги плаќаме како дел од АРМ, а во спротивно, нивна должност е да ја бранат Македонија.

    Ете во Диво Насеље кога беше, полициските службеници не беа сите етнички Македонци, имаше и Албанци кои починаа. Дале заклетва во оваа држава, небитно што се по етникум, должност е да ја бранат. Потоа, дадоа заклетва во НАТО, како дел од тој воен сојуз.

    Инаку АРМ веќе одамна е инкорпорирана во НАТО и тренираат со НАТО оружје, НАТО воени формации и вежби прават по директна команда од НАТО офицери на Карпалак. А имаше и македонски единици кои ги пратија на тренинг во Романија и Балтичките земји за во случај да се прошири конфликтот со Русија, и да го бранат источното НАТО крило. Колку се французите спремни, толку се и македонците. Нема разлика.

    Плус, веќе се почнува и со носење на одлуки да се врати воениот рок, ете @Biljarkata сподели инфо од Хрватска. Ние сме на браникот на НАТО, и ако некој прв треба да се бори, да враќа и освојува територии во корист на НАТО, тоа ќе бидеме ние.

    Сите што имаат синови сега тинејџери, за некоја година може ќе треба во војска да ги праќате. А сега пошто половите се инклузивни, може и ќерките ќе треба да се праќаат.

    До сега излегоа јавно лидерите на Чешка, Словачка, Унгарија и Полска дека нема да праќаат своја армија во Украина.
    Нашиве никаде немаат излезено до сега со такво нешто, па така ако дојде наредба од НАТО, ќе треба и ние да праќаме, посебно што веќе имаме испратено војници во Романија и на Балтикот.

    Кој е твојот став во тој случај?
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
    На H.VAGA, Victorian, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.821
    Допаѓања:
    129.333
    Пол:
    Женски
    Аууу, Брате. Сега Тања ќе падне во шок. :rofl:
    Уште да пратат.
    Со кој памет би било тоа...
    Не треба странци да гинат за Украина. Кога лидерот им се снаоѓа со време за да се слика за Вог, нека си се снајде и за борбите, он да се бори на терен.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Јас се думам Славјанка што (би) рекла... :^)
     
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ма јок, не било воен рок, туку "курс за сензибилизирање на луѓето":)
    Па и не звучи лошо со оглед на денешнава "несензибилизирана" машка популација. Нема да им падне круната ако потрошат 2-3 месеци од животот, и поднаучат некои вештини.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Криволак
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.512
    Допаѓања:
    13.810
    Со влез во НАТО имаш привилегии, но и обврски. Ако праќаат, ќе пратат војници од најдобрите армии, нема да дојдат до нашите оти и самите Украинци веројатно се поспремни од нашиве. Дури и да речеме дека ќе праќаат, пак ќе оди по проценти, по големина на држави на пример и колку ќе прати Македонија? 4 луѓе од кои 2 се само Македонци, еден Албанец и еден Србин. Ако дојде до таму работава, што мислиш нема нашиве да даваат отказ од армија, тие што ќе бидат повикани? Има и од југословенската армија наши што дадоа отказ па продаваа на тезги да не одат на Косово или во Босна. Исто ќе биде и сега. Остави што дале заклетва, и Талат дал, па дезертираше. Исто како што Франција го нападна Нигер така и Македонци ќе војуваат во Украина. Нема ништо од тоа. Кога се нафаќаш да бидеш професионален војник, се знае кои се обврските, затоа некој бира да биде слаткар, некој професор, некој војник. Да се врати војска не е лошо, Хрватска ја врати, па дури и таа војска не е никаква подлога. Украинците бараат Таурус, не бараат странски војници. Ќе видиме што ќе испадне од муабетот на Макрон.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.230
    Ма секако, со вештини ќе ја тепаме мечката.
    Нели Нато беше единствената војска што ни е потребна, од кај сега ова дека ни треба војска :smirk:
     
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Ти тврдеше дека другарка ти не земала пари, туку само* си заработувала. Не јас.
     
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ми спотребала Нато - војска :doh:
    Остај ти мечката, вештини за самозаштита и заштита на други од реални "ѕверки" никогаш не е на одмет.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.943
    Допаѓања:
    187.230
    Ама не зборам за тебе. Се распуштија, само пари им требале, сега одеднаш и луѓе им требаат.

    Ако ја спукаат мечката, мечката си кажа-толку ќе биде.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.955
    Пол:
    Женски
    Ќе кажат монтирано е и ова антипутофилите без педигре. :drunk:

    Пак ги извисија.. :^)
    И ова ќе речат монтирано е а
    Некој не може и одбива со сила да се помири со фактот дека ќе не искористат ко куртони и скапо ќе платиме.

    Ама изгледа сака, со оглед на тоа колку е непријателски настроена кон својот народ.
    Си го кажа ставот она, нека гинат слободно што ја засега. Убаво се изјасни вчера вечерта дека цел наш народ го мрази освен некои поединци.
    Ова само на своја кожа не дај Боже да осети она и другите како нејзе па ќе ја пршам тогаш сеедно дали ќе и биде.
    И ја сум за да се врати, треба ред, дисциплина, навики, вештини и спремност некаква да се стекне, убаво е.

    Овие генерации посебно и моите и тие пред, да не зборам за уште помладите све се, само мажи не..
    Не дека идење у војска чоек те праи ама сепак искуство е.

    Само од друга страна да ги користат за нечии агенди и да гинат ради забегани монструми е нон сенс.
     
    На Amellie13 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.731
    Пол:
    Машки
    Така де. Сигурно нема французи први да одат да гинат за Украина. Нашиве прво ќе ги праќаат.

    И онака има веќе пратено АРМ водови во Балтичките земји и Романија, ем на зајакнување на источното НАТО крило, ем на вежба.

    Како стои ситуацијата и украинската одбрана се крши, а Украинци се помалку има за регрутирање, ќе се размислува на ова да се воведе. Чим Макрон јавно излегува да зборува, прашање на време е.

    Ќе има лидери како што се овие на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија што ќе одбиваат, ама ние немаме такви луѓе да ги заштитат нашите чеда. Нашиве први беа што испраќаа воена опрема, први санкции воведоа, најгласни се против Русија, а највеќе зависни од руски енергенси. :)
     
    На H.VAGA и Mrs. right им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Да, само за внатрешна, одбранбена улога мислев. За Нато војска, никако, противник сум отсекогаш. За Македонија, и за Балканот е идеална воена неутралност, како некогаш што си бевме "неврзани". А сега само свињарии може да доживееме од "партнериве" во Нато.
    Што значеше изјавата на Макрон? Пробен балон пуштен од чичко Сем, да видат има ли сомови за на јадица? Па јас сум најисплашена дека токму нашине мекотели први ќе се понудат да пратат наши деца таму да гинат, само за да се додворат некому. Арно рече Били, Французот и Германецот нема да се затрчаат, туку нас ќе не потапшаат по рамо.
    Не знам, ќе видиме што сакал да каже писателот.
     
    На Mrs. right и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.512
    Допаѓања:
    13.810
    АКО и дале(препоставка), не е грев, ако нешто те следува. Нивни пари, кај сакаат ќе ги даваат, а девојката не е должна банкарска сметка да ми полага мене, ама гледам каков стил на живот има и се гледа дека троши. Девојката само го посети селото со бегалци во Австрија, не седеше таму. А две години што ќе плаќам кирии по Европа и Балкан, стан ќе купам и не знам дали утре ќе има право да ја тужи Русија и да бара отштета. Не ја открив Америка, со фриленсање може да заработиш добри пари. Колку пари му требаат на едно лице да живее цел месец во Словенија, Хрватска, Турција? Сигурно околу 1.000 евра, сосе кирија, сметки, храна, автобус, посета на заболекар, а немаш осигурување, посета на фризер, да си купиш облека и слично. Во Скопје за забар девојчето плати 2.500 денари. Кирија за гарсониера на Водно колку е(оти таму живееше)? Настапуваш некако љубоморно и со скепса, демек како така некој пари имал, па се снашол, демек ете мора да им дале. И мажите на Македонките да се тепаа две години со втората армија во светот, и нив ќе ги сместеа во монтажни куќи во странство и ќе им дадеа услови за живот. Ако и било за да живее гратис, да лежи, ќе си отишла во Германија, немало да стапне во Македонија, да ја открива земјата на прадедо и.

    3333.png
    2.png

    Ако им пратат, ќе пратат некои пилотишта, некои снајперисти, некои спремни војници од запад. Вие сте виделе какви војници се примаат во армијата по Рамковен? Во касарна сте биле? Сте збореле со некој што работи во АРМ? Свесни сте дека никој наши нема да прими таму, чисто да не зезнат нешто со оружјето да го оштетат оти е скапо. Што мислите сите знаат јазик убаво па да се разберат? Нашиве се препредени, дури и да имаат шанса да одат, ќе одат ако проценат дека ризикот е мал, а парите големи, а ако видат дека е густо нема ни да одат, ќе фаќаат врски да не одат или крајно отказ ќе дадат. Тоа се полнолетни луѓе, самите си носеле и носат одлуки. Врти сучи исти патетики, вас некој ве искористил, вие малолетни, невини, сироти, не сте знаеле, сменивме име за влез во НАТО, од зор и страв, не од љубов, уплашени за нашите граници. А другарка ми со средно текстилно(примена во арм преку рамковен) нели го искористила тоа НАТО да оди во мировна мисија во Авганистан, да заработи грдни пари, да си го среди животот? Ем англиски учи, ем со нозе и раце се разбирала таму со Американците, па и се отепа од фалење како комуницирала. Одамна беше ова, ама се скапавме од смеење.
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
  20. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.744
    Пол:
    Машки
    И така е во шок цело време.
    Ич не се думај, најверојатно би рекла како ќе каже НАТО.
    Се е монтирано, само нејзините приказни се вистина :D
     
    На H.VAGA, Mrs. right, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.