Калас го рекла тоа оти Путин сака да ја гони. Макрон лае, ама често народот му ржи. Проширување на војната би било колективно самоубиство.
Лојд Остин не е министер за одбрана на САД? Читни што кажал денеска. Ако Украина падне, ќе се вклучи Нато.
Не младите, армија си има за тоа. Чаре имаат сигурно, луѓе имаат, оружје имаат, само дали имаат вистинска желба за директна пресметка. Ќе видиме.
Точно дека Руси се 30%... Ама на референдумот за независност во 90тите гласале 95% од населението ЗА отцепување... Така да...
Има, ама Бајденовци можат да форсираат учество. Треба да се бара дипломатско решение, не дополнително разгорување. Украина си ги изретчи младите, па и иднината. Другите држави не треба да дозволат да им се случи истото.
Ако НАТО почне директна војна со Русија, цел свет ќе го снема. Толку е. Така да, такво нешто нема да се случи.
Шо збориш и шо посакуваш свесна си? После она ќе кажела кој бил агресор и посакувал војни.. Антиделулу апоите пак не ги зема.. Ама и тие не делуваат, треба нешто појако.
Абе тие нивни референдуми 102%, ќе испаднат. Во Грузија Русите во двата региона беа 16%, тие си гласале, не дозволиле ниту еден Грузиец да гласа, истепаа се што мрда, запалија живи луѓе, раселија народ колку пола Македонија и ги правдате. Гледав на Евроњус, со каков ентузијазам говореа од Молдавија и Грузија за ЕУ. Романец од Букурешт се вклучи во живо, се гледаше дека ептен ги сака Молдавците, и кажа дека Романија ќе помогне Молдавија да влезе во Еу, ама без Приднестровје, а потоа ќе се бара чаре за тој регион. Ако ја пипнат Молдавија, ќе се вмеша Романија, тие две држави во минатото биле едно, а Молдавците се и двојни државјани. И види дека ширум Русија имало референдуми за отцепување, па тие не ги коментирате никаде.
Не што мислиме ние, францускиот премиер денеска наведе за кои три сектори би биле задолжени француските војници. Сигурно не му било досадно, па правел празни планови. Едното беше воздушна одбрана.
Па добро сеа по американски референдум може да испадне и дека нема Руси. Така да некој баланс треба у информации.
Јас сакам агресорот дебело да плати за уништување на Грузија, Украина, Молдавија, па и Чеченија, и да си оди дома со подвиткана опашка, а ти и другите сакате дедо ви Путин да убива до бескрај, па и глумите психијатри и кажувате кој бил за апови.
За првото, така е. За второто- не знам. Значи, западњаците ,,открија, , дека Русија имала нуклеарно оружје и критериум кога би го употребила истото. Исто ,,открија,, дека критериумите биле релативно ниски. И сега, што да правиме со овие ,,откритија,,? https://www.ft.com/content/f18e6e1f-5c3d-4554-aee5-50a730b306b7 Или, која порака сака да ја прати текстов? Или, овие фајнаншл тајмс за кого се уствари, за вмро или за сдс?
Лол, а за дедо ти Бајден шо викаш? Он треба да плати и ќе плати или? Не глумиме, препорака ти е, за твое добро, да не си нервозна многу, да се смириш.
Ситуацијата со Молдавија и Романија е како со Македонија и Бугарија. Романците се прават да ги присвојат Молдавците. Им негираат нација, јазик, култура. Им даваат пасоши како нас Бугарите ако се пишат Романци. Плус, пола земја е окупирана од страна на Романија. Ова е само мал дел од Молдавија. Всушност, исто како нас имаа проблем со името и не можеа да го користат името Молдавија. Нив официјално име им е Молдова, за да се разликува од регионот Молдавија кој е во Романија. Немаат право на тоа име. Иначе Молдавија е постара од Романија. Уште во средновековието постоело кнежевство Молдавија. На чело со Стефан/Штефан биле единствените кои ги запреле Османлиите и не им се покориле. Романија како држава во овие граници никогаш не постоела претходно. Составена е од 4 региони: Валахиа (Влашка), Трансилванија, Банат (Тимишоара) и Молдавија. Дел од овие региони им се добиени по падот на Австро - Унгарската империја, каде голем дел од територијата на Унгарија им е доделен нив. Исто и со регионот Молдавија, но никогаш не го контролираат цел. Единствено цел го контролираат во периодот на 2 Светска војна кога им е дадена од страна на нацистичка Германија на контрола денешна Молдова и делови од Украина, заклучно со Одеса. Во тој период, како нацисти, имаат извршено страшни злосторства кои се граничат со геноцид врз населението во Молдова и Украина. Цели села и градчиња имаат исчистено. Молдова е ослободена од страна на Советскиот сојуз пред крајот на втората светска војна, и станува земја членка на СССР. Останатиот дел, Молдавија останува во рамките на денешна Романија, кој во тоа време бил сателит држава на СССР, по превратот на владата таму. Слично како и Бугарија. Да го решеле советите тогаш прашањето со Молдавија, да им го врателе делот и да ја комплетирале цела земја, денес ќе била многу подобра судбината на Молдавците. За жал, денес делат слична судбина со нас, Македонците.
Па не би рекол. На сите нивни канали и тв станици се жалат дека имаат огромно опаѓање во интересот за војска. Мака мачат со квоти и не постигаат да ги изротираат по светот.
Со кеиф и со сјај во очи, со гордост Романец од Букурешт говореше за евроинтеграциите на Молдавија. Политиколог или пратеник не знам што беше. И во Грузија имаше еуфорија, објаснуваа колку планови имаат, што ќе прават за млади, какви стратегии. Едвај чекаат некој да ги прими во клубот, да ги прибере на сигурно и многу елан за работа некако, тотална спротивност од нас, готовани, токсични, со нула желба за промени. Треба да им се помогне, дефинитивно. Греота е што имаат преживеано од Русите во 20 век.
Тоа е политичка одлука и тука треба консензус ама не верувам дека сите ќе се сложат да го направат тоа бидејќи неко земји се и блиску Русија, а второ за такво нешто одлучуваат Нато генерали нечиви платенци, така да не верувам некој свесно да си ја уништи земјата да е толку глупав или глупави или да доведат до поголема војна мешање. Имаше договор кој требаше да се испочитува за сфера на влијание и дека земји блиску до Русија нема да ги тераат да влезат во Нато. Ова е втор ваков конфликт бидејки еднаш Русија сакала да изгради нуклеарни станици во Куба а Америка во Италија и Турција, само сега Нато премногу сака да има влијание. За жал тоа се теоритории под нечиво системско влијание нормално да и одговара на една голема држава да има држави околу себе под свое влијание да ги држи. Направи компарација со Македонија и ние реално не сме доволно заангажирани и лојални кон Македонија истото ни се случува една заедница ни води цела држава, и контрола поголема маса на народ, само што не се сме под влијание на нечива државата кај нас има пропагандна. Кај косоварите е друго и генерално кај албанската нација они имаат свест и се научени да се држат заедно А зошто би требало да се пушат војници од Нато да се борат на Украинска територија, прво тоа е мешање и опасно, а второ што има наши војници или други да гинат за друга држава.
Исто како Бугаринот што зборува во Софија за нас, и сака да ни помогне, а од друга страна има територијални претензии кон нас, исто и со Романија и Молдова. Ние тоа што го минеме сега, обезличувањето, менување на име, јазик и националност, Молдавците го поминаа веќе во пред 20 години. Прво, мораа да сменат име, во Молдова, не смееа да го користат името Молдавија поради регионот Молдавија во Романија. Второ, пред падот на СССР, за прв пат им воведоа латинична верзија на јазикот, А во 2000-те мораа да признаат дека јазикот им е Романски, а не Молдавски. "In 1989 the script of the Moldovan language was changed to the Latin alphabet; thereupon began a heated debate over whether the language should be called Romanian or Moldovan. By the middle of the first decade of the 21st century, there was general agreement from both sides that Moldovan and Romanian were in fact the same language. Nevertheless, Moldovan pride in the Moldovan language is reflected in the country’s national anthem, “Limba Noastra” (“Our Language”), and the national motto, Limba Noastra-i o Comoara (“Our Language is a Treasure”)." Молдавија (или Молдова) е единствената земја пред нас што мораше да се потчини и да изгуби секаков интегритет за да биде примена во ЕУ. И, наместо да ја примат, они и ги крадеа сите ресурси. Па, од една од најдобрите земји за живот во време на СССР, богата со вино, со топол народ, денес е на дното во Европа по ГДП. Ако некој доживеал поголема неправда историски од нас, тоа се Молдавците. Повеќе од пола земја им ја земаа Романците, т.е. Власите, затоа што Романија како име не постоеше пред 19 век. Најубавиот дел, Бесарабија (сега дел од Одеса), излезот на Црно Море, им го земаа Украинците. Исто и планинскиот дел, Буковина им е земен од Украина. Во овие региони, нацистите од Украина, и од Романија го чистеле молдавското население до степен веќе да го нема. Им се има случено пострашен геноцид од нас во Егејска. Единствено овој дел кој беше под кралска Русија, и потоа под СССР успеа да го задржи името, јазикот и националноста, бар, додека постоеше СССР. Молдавија е постара земја и од Романија, и од Украина. Меѓу најстарите кнежевства во источна Европа, со огромна историја, култура, јазик. Затоа е многу битно да се знае историја пред да се тресат некои глупости и да се вика "треба да им помогнеме". А под "помагање", значи окупација. Налет нека е таква помош од земји како Романија и Бугарија.