Не дека ќе потпишува договор тоа не верувам дека некогаш ќе се случи сулудо е да се верува во такво нешто само требаше да се почитува договорот за сфера на влијание. Не треба да се мешаат.
Ама јас не гледам дека Украина плаче за странски војници, туку кука за Таурус, а Шолц вели не дава Таурус да не ја гаѓаат Москва. Ми пишуваш како да од мене зависи дали НАТО ќе прати војници. Ќе видиме крајот ќе каже. Убаво си кажа за косоварите се држат. Од една фамилија се прават едно село со наталитет, имаат моќна и голема дијаспора, па и мафија и пари имаат. Со Русите не е така. Тие ни самите не си ја сакаат државата и затоа Украинец им отиде во база во Москва, на писта им уништи авион кој чини некои 200-300 милиони долари и никому ништо. Имал соработници Руси штом тоа успеал да го направи. Украина си кажа дека има соработници низ Русија и затоа кај сакаат и прават ликвидации. Далеку се Русите од Косоварите. А тука се прават споредби со САД, па во Америка луѓето повеќе се грижат за своите миленици од што Путин се грижи за Русите. Гледај денеска, Навални ни како куче не можат да го закопаат, нема погребално што ќе го однесе да го фрлаат во дупка за пет минути како пес. Жена му како што пишаа, ќе си најде некој маж на запад, а и тој само едно дете имал, ќерка, и таа ќе си остане во странство. Во Америка луѓево гледав на документарци солзи ронат хрчакот не им јадел два дена, на ветеринар го носат, а Русите што немаат што да јадат, се секира ли Путин? Очигледно не.
Престани да шириш пропаганда жено. Не е вистина дека немаат што да јадат и дека им се празни маркетите. Никогаш не си била таму за вака да кажуваш. Две години како папагал си на темава, не му е на никој гајле за тоа што пишуваш приказни, луѓето се свестуваат полека за реалната слика. Ако толку обожаваш да правиш споредби, зошто не кажуваш дека ако немаш доволно средства во Америка дури и за една обична здравствена услуга баш таму не те ни погледнуваат и ко пес ќе те фрлат, ама битно хрчаците си ги сакале, да повеќе од луѓето очигледно. Баш таму ги заболе за обичниот човек, оти државата не се меша за ништо освен кога пари треба да им платиш. Ако толку сакаш некој да и помага на Украина, оди ти на фронт, други луѓе сакаат само да запри војнава и да не гинат повеќе луѓе.
Aма самата Молдавија лани го преименува својот јазик од молдавски во романски, а не бил скроз ист, сличен бил. Самите Македонци си земаат бугарски пасоши, веројатно и Молдавците истото го прават. КОј е поголем проблем, тој што пред 100 години ти земал нешто или овој што денес сака да те избрише од планетата земја. Си била, ама не знам зошто се имаш вратено од тој земски рај во оваа наша држава? Што ти ги демантираш нив, кога самите признаваат во анкети дека платите и пензиите им се премали. Тон анализи има пишувани од руски новинари за нивната бесперспективност и тоа во руски медиуми или истите не ги читаш, си читаш СИ ЕН ЕН, БИ БИ СИ. Иди разбери се со Русите, не со мене, самите си кажуваат таму немало живот. Да не си прават самите на себеси пропаганда? Роман е Русин, не се сложува со тебе. Има многу такви. Види колку им биле платите, се исмева и тој и со рубљата. Има еден Ники, исто ја руга Русија и Кремљ. Ај те молам држи им курс за слога на Русиве. Jaс не сум ти крива што тие не си ја сакаат земјата. Куп Руси ќе скапат во затвор оти ја дискредитирале нивната армија, вчера новинар од Нова газетаја го уапсија за тоа. Тоа е тоа, се фрустрирате што Западот ја помага Украина. За некоја година ќе одите да работите во Украина, кога ќе се градат тие градови, а нема да плаќа Украина, ќе плаќа Западот. Се освестувал светот. Ххахаах. Затоа сега е на чекор НАТО да прати војници во Украина. Им е гајле на западњаците и за вашите фрустрации и за Русите што ќе јадат. Полни маркети и имаш што да јадеш се две различни работи. И кај нас се полни маркетите, ама секој во кошницата има макарони, шпагети од најевтините...
Од кај знаеш дека се вратив засекогаш? Медиуми не читам, сакам да слушам луѓето што кажуваат од искуство. И не продавам филм дека е најсовршено, бидејќи не е, всушност како секаде, има работи кои треба да се исправат. Ама ти тврдам дека полошо од овде сигурно не е, и дека западната пропаганда за таму е пуштена на најјако. Не зборувам на памет. Овде со едно пазарење в маркет не се поминува под 1000 денари за основни работи за еден човек. Цените рипаат платите не. Сметките вртоглаво растат, таму не ни штедат на струја и вода. За гориво да не зборувам. Најново сега е што го зголемија детскиот додаток до 2500 рубљи за второ дете и 6000 рубљи за трето и повеќе деца. Плус 450 000 рубљи помош за хипотека за родители на три или повеќе деца. Овде и тоа што беше за трето дете се укина. Пак ќе речам, не е совршено, ама не е и толку мизерно како што ти го претставуваат. Плус, ситуацијата се менува сега.
Не ми се лути мене, јас медиуми читам, не сум била, не сум ни помислила да одам, далеку е, ама овде луѓево си пишуваа дека на Русија и одговара долга војна, сега па да запрела. Неконзистентност. Јас кога прочитав во руски медиум дека чоколадите им биле луксуз, се осетив дури богато, оти во секое време имам чоколади дома, по неколку вида, кога слушнав на репортажа на Балкан Трип есенва дека возење во метро во Москва е пола евро за сите правци(пакетче мастики е поскапо) , кај сакаш вози се, пак се осетив богато, а кога ќе видам нивните плати 200-300 долари, пак се осеќам богато. И не мора да се богати, ама тоа што го прават не е ок во овие модерни времиња кога имаш милион начини да бидеш продуктивен и креативен, си одбраа да си ги колат браќата. Фино си пишала, немаат деца, па ќе даваат пари за наталитет. Муслимани има таму каде ти си била? Оти на многу анкети, низ Москва оппп, ќе си помине жена со шамија, дете забулено во метро.
Не знам кај си читала ама дефинитивно не се луксуз, па кај нас се поскапи чоколадите каде каде, баш споредба правевме. Купив барем 10 од нивната Аљонка за дома и не ме кошташе прескапо. И општо и со нивните плати можат повеќе да испазарат отколку нас овде. Единствен на кој му чини да има војна е САД, не мешај работи. Всушност тие кои ги прават скоро сите војни од Втора светска наваму. Русија не војува за територија (бидејќи ептен мала држава е па сеа уште сака ).
Гледам денеска уапсиле луѓе на погребот. А Навални, изгледаше страшно и секако дека ќе изгледа страшно кога мајка му 8 дена го барала телото, плус додека да договорат погреб, умрел пред некои 10 дена, значи човекот бел, абе почнал да скапува. Отиде во гроб на 47 години. За што е суден? За дела што Путин ги измислува. И да е умрен од природна смрт, да бил на слобода, ќе си одел на лекар, а вие тука говорите за дедо Бајден, абе тој има 81 година полни, Трамп има 78 години, Навални нив може син да им биде. Русите имаат пократок просечен животен век од Македонците, а западњаците имаат плус 10 години повеќе од нас. За чоколадите имав ставено линк лани, од руски медиум, луксуз ќе им било. Храна во маркет не е никаква екстра придобивка во 2024 година, да јадеш не е никаков луксуз, а пари за наталитет даваат само вакви држави како нас кои се дебело загазени во умирање. Ако даваат пари и на муслиманите за наталитет, има да се офајдат. Ај договорете се дали Русија сака територии од Украина или не, оти еднаш се радувате за Мариупол, после па не им требало. Еве Холандија потврдила дека е ОК да пратат војници. Инаку за во метрото во Москва, дневен билет е 30 денари, значи колку сакаш вози се, кај сакаш, ако сакаш и цел ден. Смешна цена.
Ајде, оф топик серија... Кој има дете за раѓање, во Јужна Кореја нека оди https://edition.cnn.com/2024/02/06/business/south-korea-firm-child-cash-payout-intl-hnk/index.html Германија не е веќе ветената земја, Америка никогаш не била...
Идам денес на пазарче да купам домати. Цена до небо. 120 денари. Добро, Март е, уште е рано и сега се продаваат единствено од стаклена градина. Доаѓам дома да ги пробам, гледам на нив залепено стикерче како на бананите, на руски. Се сеќавам кога нашиот домат беше надалеку фален како еден од најубавите. Тука се продаваше и по 10 денари. Го извезувавме по цела Европа. Русија беше нашиот најголем пазар за извоз на зеленчук и овошје пред да им ставиме санкции. 2 години подоцна, ние увезуваме руски или белоруски домати.
Па ние познати сме по тоа сами да си дадеме автогол и да се заебеме, после све друг ни е крив. Ама еве бе види им одговара ситуацијава на некои, топ не ги бие нив, немаат гајле нека идат цените у пм, јаки си се они, не им влијае. Можда монтажа е ова бе Тања.. Ги глеаш твоите колку се превртливи и расипани?
Точките што ги договориле Русија и Украина во Турција, во 2022 пред Борис Џонсон да им нареди да го поништат договорот и да продолжат да се борат. Едниот преговарач кој бил против тоа, го ликвидираа. - Ukraine becomes a neutral state not participating in military blocs - Foreign weapons will not be allowed on Ukrainian soil - The AFU will be reduced to a certain size. The range of Ukrainian missiles will be limited to 40 kilometers - Crimea remains part of the Russian Federation - The Russian language should act on an equal basis with Ukrainian in government and courts - The question of the future of Donbass “was left to the discretion of Putin and Zelensky during personal negotiations.” Се чини дека Русија не барала премногу, ниту пак територијални остапки требало да прави Украина. Повеќе на: https://www.index.hr/mobile/vijesti...i-putinovi-uvjeti-za-prekid-rata/2543557.aspx
Преговарачот е убиен пред воопшто да одат во Турција на преговори. И што е тоа „малку“, Русија бара Украина да биде нејзин протекторат и заложник вечно. Како украинскиот и рускиот да бидат на исто ниво, кога Русите не го ни зборуваат украинскиот јазик, па и го негираат дека постои? Ууауауау, па и Донбас го бараат, мислиш во секој град и село има преку 90% Руси, а тоа едвај 15, 20, 35%. Рефендумот за Илирида имаше слични барања како тие на Путин. Руси од Санкт Петербург вчера се евакуираа од две згради, 100 души, епа никаде не се безбедни, чим сакаат да убиваат, така ќе тераат. Такер очекувам сега да открие дека го молеле со месеци Русиве да оди да снима интервју, дека му платиле и дека го сместиле во најдобар хотел, го угостиле и му кажале кој рафт од кој маркет да го сними, за пари и пропаганда секако. Идете на www.stat.gov.mk, во дел стокова размена, Русија од 2011 година наваму не ни била ни во топ 5 земји извознички. Од 2011 година ја нема во топ 5, а и кога ја имало претходно Германија била прва, Русија дури петта. Санкции им ставаме во 2022 година, а не во 2011 година кога се едвај петти трговски партнер на Македонија. Домати, пиперки, допрва има да поскапуваат, кажано е тоа, оти третина ниви во Струмица нема кој да ги работи, отидоа струмичани на тој „клет“ Запад да живеат како луѓе, не да црнчат и да продаваат храна за без пари како порано. Јас веќе се изјаснив дека ние работиме ниви, поседуваме, колку и да ви делува смешно, така што ако поскапе зеленчукот, ние поскапо ќе го продадеме и тоа е тоа. Зијан од тоа немам. Кој му е скапо, нека сади на викендица, нека се пресели на село, нека работи од дома итн. Нема и јаре и паре. И во двор имам садено пет бразди боранија, една е доволно за мене, од другите 4 берам и продавам, 100 денари лани беше кило, додуша не се наоѓа на пазар, ретко ја има, оти народов не ни сади, нема кој да сади. Носиш 6 кила, продаваш за пола часа, земаш 600 денари, си одиш и така. Посебен труд не ни бара освен вода.
Брат ми живее во Русија (и тоа отиде за време на спорот) и не би се сложила со тоа дека немаат што да јадат. Ако ти кажам колку плаќаат за сметки,колку за бензин,колку за храна ќе се крстиш, колку поголеми можности имаат за нормален живот од нас. Каква култура има таму и меѓу народот и на улица и на секаде. За тоа колку се и побожни не сакам да зборувам. Не мешај политика со народ жено! И башка политиката што работи таму во корист на народот (зборувам на пример за стандардите за живот и колку се добри условите). За другото ,и кај нас има сиромашен дел иако сме земја со милион и пол жители и на толку мала популација не би требало да биде случај тоа! Да не зборувам според нашите плати колкави сметки плаќаме,бензин,основни продукти и т.н.
Јас никаде не реков дека нас овде ни е екстра убаво, вие тука упорно Русија ја нарекувате велесила и ја споредувате со нас, една од најсиромашните и најмлади земји од Европа. Ќерката на Навални студирала во САД. Туку не сфаќам како мислат дека еве ако нема санкции за Русија, доматите ќе беа евтини? Демек мислите ќе ги зберевме сите домати и ќе ги испорачаме директ во Русија на народ што зема плата по 300 долари(помалку од нас) и ќе бевме екстра богати? Демек имаат капацитет скапо да платат, па ќе бевме во ќар? Или друго сценарио, мислите ќе увеземе домати од Русија, ќе ги донесат од илјаднициииии километри и ќе бидат џабе за нас? Кој нормален увезува од илјадници километри, ене ја кај е Албанија, па и Турција е поблиску за увоз. Доматите беа евтини додека овој народ беше 100 пати поутепан од сега. Немаше странски инвестиции, едвај по некоја домашна текстилна, чевларска фирма или оние за делови за автобуси каде работат мажи и никаде скоро немаше ни редовна плата, а не пак добра плата. Тогаш бевме под визи, одење на Запад беше мисловна именка, па сите удрија на земјоделство, се мачеа, ни ден стаж, вриеше од земјоделци по пазарите кои продаваа скоро за џабе. Откако ги тргнаа визите, и шуто и рогато ако знае да учука шајка оди во Хрватска, Германија, си заработува добро, нема да се пече по ниви, па ако удри град да остане без денар и во загуба. Еве што вели електронскиот попис од 2021 година, само 72 Македонци има во Русија. Лихтенштајн и Луксембург толку мали, ама таму има повеќе Македонци од една Русија, има добра причина за тоа. За споредба во САД има преку 9.000 Македонци. Што бара народот во САД, ако Русија е како што ја опишувате и ако народот бил русофилски настроен? Во дел од муслиманските земји има повеќе Македонци отколку во православна Русија. А ако мислите на муабетите на Апасиев, во Санкт Петерсбург го пуштиле со попуст во музеј, тоа не е привилегија, и овде има попусти, по Балканот со индекс и гратис пуштаат, не со попуст. Не плаќаш ич. https://popis2021.stat.gov.mk/Vebpo...VARvTajpo38ocgWiUi47EvTHJSaWksSy8kOi8HERJIrzE
Заборави да додадеш дека е поддржувач и на Навални пак од тука доаѓа и неговото исмејување на Такер и Путин, а не дека Русите не си ја сакаат земјата.
Па вие тврдевте дека Русите ептен му веруваат на Путин, дека е неприкосновен, дека Русите се многу единствени, дека Путин ги препородил и не знам што. Има и други, не се само овие двајца што го исмејуваат Путин и Русија. Ако ја сакаат земјата, зошто бегаат од неа? Требало да се пријават во армијата, сами, доброволно, а не да бегаа од мобилизација. Инаку, на погребот на Навални, викаа луѓето „Украинците се добри луѓе“, „Стоп за војната“. Нели беа нацисти тоа? Нека се договорат Русите меѓу себе прво.
Русите се договорени меѓу себе дека не сакаат да војуваат. И Украинците исто. Ама, за беља, имаат политичари. Добро, и платеници, нив им се војуваше едно време ептен, ама и нивниот ентузијазам се потроши со времето.