Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    14.312
    Пол:
    Женски
    Не прекинува, залудно е све, си провоцира пошо има кој да и го чува грбот. И се може.

    Еве и го сеа Елинас аристократскиот гркоман, па да се подружат малку.

    @Elinas23 ама го дрвиш ти чоече у секоја тема со тој евтиниот ѓубре од леб, аман трауми ли имаш некои? ;(
    Не се замарај уопште ти за ова, глеј си ја Грчката.

    Ти газдарица си на форумов нели? :^)
    Така ми кажаа, некој твој битен влијателен чоек го купил.

    Не е можно сево ова да се толерира.
    Замисли друг некој ова да го пишуваше цело време дали вака ќе поминеш ко тебе?
    pop.gif (facepalm)
     
    На Konfetka, Bratot, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.039
    Допаѓања:
    17.249
    Пол:
    Машки
    Па ако твоите не се бореле и биле вака хушкачи од страна не значи дека и на други не се бореле.
    Искрено имам впечаток дека уште ти остана да ја поддржуваш, или шо би рекле браќата Срби ,,Пара буши, где бургија нече" :D

    Инаку воопшто не е точно дека имаат голема поддршка, еве ти колкава е:
    Ц, ништо и од ова, лошо гледаш лошо ептен.
    Проблемот со регрутирање нови војници за фронт што го губиш


    :o :worried: :smoke:
     
    На Mrs. right и Чанта им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    14.133
    Од лани го тврдиш истото. Две години и 11 дена тешење. Уште малце и одмор ќе планираме, а Русија ај што тргна да освојува туѓа земја, па и цели 10 км се има поместено. Ако читај си 10 вести, постирај ни тука две што ти се допаѓаат. Кои сме тоа само ние, вие, тие? Јас како што гледам Русија освен од Белорусија нема поддршка од никој(Лукашенко делува како да заборави да зборува). Ерменија сега замрзна уште еден договор со Русија, нешто за обука, вежби или такви вести не читаш?

    Замислете дека велесила го напаѓа Балканот и да слушаш муабети „ееејј, сега кога ќе го освојат селото Подржи коњ, па тоа е стратешко место, натаму се отвора пат за освојување на Крива Паланка“. Зарем не звучи пресмешно?

    П.С. кај и да е грчки остров ќе купам со пари од пишување по форуми. Хахахахахах. A замисли колку е очајно да браниш Руси што ниту ти помогнале некогаш, ниту се во право сега, ниту имаат пари да те платат да ги фалиш, ниту па им оди во Украина. Да знаеја дека вака ќе биде, нема да ја нападнат Украина, ама тоа е што е.
     
    Последна измена: 6 март 2024
  4. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    За каква велесила зборуваш? Кога Зеленски најмалку два пати изјави дека нема да може да издвои победа без помош од западот и толку досаден стана што веќе и не го фермаат баш. Русија црпи само нејзини ресурси. И ако ги следиш ти твоите извори ќе прочиташ можда и дека украина е стигната пред Москва :rofl:
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.039
    Допаѓања:
    17.249
    Пол:
    Машки
    Знам дека не ти се допаѓаат вестите што ти ги споделувам тука, ти ги побиваат лагите, јбг.
    Добро газдарице :rofl:
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Прифатлива е идејата на украинскиот претседател Зеленски ранети и повредени украински војници да дојдат на рехабилитација во Северна Македонија, вели претседателот Пендаровски. Македонските власти разгледуваат и можност за рехабилитација на украински деца од воените зони. На Балканот ваква помош Украина веќе доби во Хрватска.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    14.133
    Jaс се зачудив каква рехабилитација би можеле ние да им понудиме со ова наше здравство. Ај за децата, од тие завојувани региони, можат да ги пратат тука на некоја размена, да се прошетаат, да се запознаат со децата овде, да се разонодат, ама за здравството.
     
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Точно. Ние ниту имаме услови, ниту персонал за да им пружиме лекарска помош на нашите жители, а не па да примаме повредени војници кои ќе им треба 24/7 медицински надзор, помош и рехабилитација.

    Еве не знам како планираат да го изведат тоа, но ако на овој начин се добие инвестиција која ќе биде корисна за нашето здравство, се запослат нови млади луѓе кои би работеле во тие центри, зошто да не?

    Многу подобра опција ако веќе сме притиснати од сите страни да дадеме поголемо учество во војната, наместо да праќаме наши војници да гинат, да дадеме медицински услуги.

    А за децата, секако дека имаме доволно хотелски капацитети кои освен во сезона стојат празни.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    14.133
    Единствено некоја приватна болница да се понуди да прими некој војник на лекување(веројатно ќе бидат тоа некоја мала бројка на војници), ама тешко и тоа, инаку во јавно здравство срамота е да ги носиме тие луѓе, ќе ги доразболиме, море и ќе се исплашат кај дошле, нема тоа никаква смисла. Во Киев видов лекар извади куршум од отворено срце на војник, значи куршум некои 6 цм, веројатно имаат поасално здравство од нас. Ми текна на бањи, ама колку бањи имаме ние, единствено Каталоново, Кежовица, Негорци, ајде и Дебарски ако им врши некаква работа. А за хотели, кај сакаат нека ги носат децата, Охрид, Струга, Берово, Крушево, наши народни пари за наши хотели ќе отидат и готово. И така зјаат празни, па и Охрид зјае празен надвор од сезона и празници. Крајно можат и по семејства да организираат да ги сметаат, преку школи да се организира тоа и готово. Крајно имаме и пратеници, со високи плати, па нека примат некое дете тука да престојува, еве нека се покажат.
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Си ги видела ли ти болниците во Украина какви се? Не сега во војнава, туку пред тоа. Хорор филм. Се што останало од СССР не го одржуваа. Фасада уништена, кров тече, основни лекови немаа. Шајка немаа заковано.

    Кај нас колку толку се одржува по нешто, се реновира, се подновува со нова опрема, што со тендери, што со донации.

    Таму освен Киев и Одеса како центри, се друго беше застанато во времето. А беше меѓу најбогатите земји во СССР. Толку пари се имаше вложено, ама корупцијата се уништи.

    Белорусија иако се наследија од СССР, го одржуваа и изгледа во одлична состојба.
    Украина изгледаше како пост - апокалиптична земја.

    Сега па да не правиме муабет, којзнае колку е ужасно.

    Ова кај нас ќе им дојде како хотел со 4 ѕвезди. Само што ние сме мали и немаме капацитети за да примиме. Немаме персонал.

    А за децата, може и вие да земете некое де, да се покажете како прави поддржувачи. :)
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    21.982
    Пол:
    Машки
    Едино ако импровизираат Европа и Америка да донираат милјарди и да напрајме некоја модуларна болница и хонорарци да работат, за тоа сме способни. :)
     
    На Tanjamm, Billy Idol и Чанта им се допаѓа ова.
  12. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.715
    Пол:
    Машки
    А ти зошто толку ја браниш по Украина?
    Еве ти дади пример и прифати помогни на некои:деца, стари лица Украинци, и дај им кров над глава, храна.. една соба. За џабе ли толку ги браниш и хвалоспеви овде секој ден за нив пишуваш...
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Ковид болниците така празни стојат, модуларните. Сега, не се баш нај сигурни...
    Ама што мислиш, каде ќе ги сместуваат?

    Во Штип клиничкиот центар откога го градат и не можат да го завршат. А само лани САД фрли тука пари за "спречување на руско влијание" во цена од 3 такви центри.

    До сега што фрлија пари за да ни го сменат мислењето можеа да реновираат и прошират болница во секој поголем град. Ем ќе добиеа поддршка од народот, ем ќе можевме да лекуваме Украинци.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    21.982
    Пол:
    Машки
    Па и онака не сме способни за ништо, ова е најмалце шо можат да го сторат, ако веќе сакаат тоа оро да го играат. И че се измелезиме скроз, непалци и бангладеш за работна рака, украинци примање, што е следно, филипинци?
     
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ама што не ги праќаат во Полска, Германија, САД? Ние и Црна Гора, јаките земји, уште ова фали да плаќаме ние за туѓи војници здравствени услуги. Се е тоа трошок, пак граѓаните ќе го платат цехот на крај. Нека си ги носат во земјите што ја тапшаа Украина по рамо, и ја донесоа во ваква положба.
    И на крај, од каде да знаеме дека и ова нема некоја позадина, што ги знаеме какви ликови ќе ни пратат овде? Од Албанија, Грција, Бугарија го побараа истото, или само од нас, најглупавите на овие простори?
     
    На Mrs. right и Чанта им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    14.133
    Јас гледав емисија на МТВ, татко од Скопје го носел детето со посебни потреби во Киев, правеле третман со клетки од ембриони, а за тоа човекот собирал донации оти е скапо. Значи ја довеле девојката до степен да има напредок. И нормално сега поради војната прекинал да оди во Киев. Сепак, имаат стручњаци чим тоа го прават. Па ние ни персонал, ни услови, ни простор, ич ништо немаме и ние, луѓе ни умираа по болници. И кај нас ретко некој наш ќе се пофали од нашиве болници, не па странец да примиш да го лечиш, леле. Македонец се летнал на 1.000 км од дома во Киев да бара спас за детето, ти ми велиш ние поарни сме биле со здравството. Абе Зеленски не знае кои сме ние, чул во НАТО сме, мисли нешто функционира овде.
     
    Последна измена: 7 март 2024
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    14.133
    Јас донирав пари на бројот отворен за донации. Нема проблем, јас би примила, зошто да не? Сигурно едно лице нема да ме подјаде и оштети. Имам и друг начин на кој помагам, не е за објаснување во детали. Тие што се стари лица што дојдоа, си дојдоа овде кај нивни синови, ќерки, Украинци во брак со наши, тоест наши државјани, а младите избегаа по други земји, нема тука да седат. Ако се бегалци, и тие знаат да прават разлика. Патем мој сограѓанин се чекира со жена му Украинка во Одеса, замисли во воени услови седи таму, си оди на работа, не доаѓаат овде. Спиј мирно, за Украинците Македонија не е ветена земја, нема да ни земат ништо, оти ништо и немаме. Ако може без преценување, и пари да дадат од САД и ЕУ, нашиве дали и тогаш ќе одговорат на предизвикот, оти се знаеме колку е овде корумпирано, секој гледа да се доцепа до пари, а за професионализам на никој не му е, ќе биде некоја импровизација. Зеленски со сите договара лекување, не сме ние единствени што ги прашал, само што другите земји му даваат стотици гранати, па тоа се објавува како вест после средбите, а овде немале што муабет да прават, па ај, ако може рехабилитација. Тоа е само муабет, да имало нешто да се договори, ќе договореле.

    @orevokrsacka во тие земји што ги наброја одат на рехабилитации. На еден украински деминер во САД му ставаа некои сензори во ушите и така ќе можел да гледа, оти оштетил вид при деминирање. Клиниката тоа го направи гратис. Ова за нас е научна фантастика. Во Полска редовно одат и тоа во групи. Во Канада на еден Украинец што останал инвалид, Канаѓани му помогнале да се исели, да најде работа кај нив. Со себе ги зел жена му, двете деца и во меѓувреме таму добил и близнаци. Комплет му помогнале Канаѓани во цел процес на лекување и преселба.
     
    Последна измена: 7 март 2024
  18. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.715
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да заземаме страна и да ствараме непријател како Русија, цела ЕU и USA помагаат на Украина со оружје, милијарди пари, платеници, само со цел да ја ослабнат Русија како браник на православието. Тапкајки ја по рамо Украина, западниве ја направија пепел државата, од преку 44 милијарди народ ја преполовија, што загинати, што раселени. Па ти види колку добро им мислат "пријателиве". П. С На деминерот му го вратиле видот Америве кој што го загубил поради нив..
     
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Fine. Уште една причина повеќе да си го фатат патот по западните болници. Таму очи му насадиле, од овде може без глава да излезе од "рехабилитација" по болници.
    Доволно сме с#ебани и без вакви екскурзии.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    40.960
    Пол:
    Машки
    Можеш да ја споделиш веста и кога било тоа? Пошто овака ти е рекла-казала. Јас ништо не можам да најдам на Гугл.

    Не дека немаат одлични специјалисти, посебно постари доктори кои биле учени во СССР школи. Сите се остручен кадар, врвни научници, многу од нив веќе во пензија. И млад кадар генерираат, огромна земја се со културно наследство.

    Украина била меѓу најбогатите и најнапредните држави во СССР. Имале научни тимови за развој во медицина, агрикултура, металургија, воена индустрија, нуклеарна физика итн. итн.

    После Москва, Киев бил најголем центар во Западна СССР. Не Минск, не Рига, не Талин, туку Киев и Одеса.
    Пољаците за нив биле како Бугарите за нас.

    Ама по распадот на СССР се што вредело се урнисувало со години. Корупција цутела. И не, не се сите пост СССР земји такви. Ете, види ја Белорусија, иако многу помала и помалку просперитетна од Украина има многу подобар здравствен систем. Ама тоа е кога ќе ги поставиш темелите на државата правилно и нема да дозволиш надворешни влијанија да ти ја крадат државата.

    Ние секако не можеме да се рамниме со Украина. Ние сме 1.5 милион, Украина беше 40 милиони, и е втора најголема земја во Европа, после Русија.

    Украина со цел потенцијал што го има треба да се рамни со една Германија, со Франција. Треба да биде движечка сила во Европа.
    Таква била во СССР, после Русија.

    Они ја направија руина од земја, а народот го сведоа на питачки стап. На дното во Европа.
    Просечна плата во Украина беше 150 евра пред војната. Жално и тажно е за таква земја. Ама тоа е кога водиш погрешни политики и наместо лидери, на власт ти се полтрони поставени од други земји.

    Македонија е далеку пред Украина.
    Ако кај нас не функционира, таму беше бетер. А после војнава, не вреди ниту да се зборува.

    Еве каков беше Харкив пред војната. Руинирано се што се градело во СССР. Неодржувано. Нефункционално. Корумпирано.

     
    Последна измена: 7 март 2024