Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Untitled 1.png

    Значи ќе купат 800.000, ама тука не застануваат туку уште 700.000 гранати ќе набават за Украина. Добро е што Путин победи, уште 6 години толчење ги чека, затвори, паѓање низ прозорци итн. Вучиќ си призна, криво му е зошто сите скокале за Украина, но не и за Србија.
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Во просек сега трошат по 10-15 000 гранати на ден.
    Овие 700 000 се за 1 месец користење. :)
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Со гранати, без гранати, со малку или многу гранати, пак е исто, Русија е на истото место не гледам дека нешто напредува додека Украина нема оружје, не може. Малку или многу, нема си мислат тие за кого се наменети, оти тие ќе ги „тестираат“ гранатите. Ерменија ќе воведе санкции за Русија, нешто со банките, тоест плаќања со руски картици нема да има. Ова веројатно ќе ги погоди Русите што избегаа да не бидат мобилизирани, па ќе мораат да се дислоцираат. Столтенберг во Грузија да разговара за нивни прием во НАТО. Добро е да ги примат, да ги заштитат. Утрово на утринска на Сител имаше прилог кој е Путин, демек контроверзна личност, па еве кој бил, биографијата, итн, и што ќе чујам, па во детството бил многу сиромашен, живеел во стан во Санкт Петерсбург кој го делеле со две други семејства и тој стан бил без топла вода. Па си помислив дека Путин има 70 години, значи пред некоја деценија колку бил „напреден“ животот во вториот по големина руски град, просто да се чудиш виц да не е. Замислете да делите стан со уште две фамилии? Тоа ќе заличи на нешто како камп, не стан.

    Тие руските партизани што демек не влегоа во Русија, демек убиени, погодиле воена база во руското село Разумное. И во селото Козинка објавија видеа, уништени куќи. Гладков кажа во Белгород школи и трговски не ни работат, затворени се поради напади.
     
    Последна измена: 19 март 2024
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.051
    Допаѓања:
    17.278
    Пол:
    Машки
    За ,,Слободен печат" не е баш така.
    Колку се непрофесионални значи (facepalm)

    Арно има на Кајгана една тема за ваквите вести, трендови во МК медиумите од кои ни се кења.
     
    Последна измена: 19 март 2024
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    вода русија.png

    Не бил само Первоуралск без вода, еве и друг град. Прилогот е од руски медиум.
     
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.051
    Допаѓања:
    17.278
    Пол:
    Машки
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Good Morning from #Germany, where the birth rate has literally collapsed. While women still had an avg of 1.57 children in 2021, in fall 2023 it was only 1.36. This means the birth rate fell to its lowest level since 2009 within just 2yrs. The war in Ukraine, rising inflation & advancing climate change have made people feel more insecure. In such a time of multiple crises, many do not realize their actual desire to have children.

    [​IMG]

    Massive collapse in the German birth rate. It really is starting to feel like Germany is a dead man walking.
     
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    78.119
    Пол:
    Женски
    Ќе им донира жители Северна Македонија :rofl:
    Screenshot_20240320_233227_Samsung Internet.jpg

    А добро донира и мадр раша
    Screenshot_20240320_233206_Samsung Internet.jpg
    Таква златна држава за живеење, а толку малку рашанчиња да раѓаат, нешто не штима :tmi:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Дали знаеш колкава е разликата од 0.36 до 0.51 кога се работи за природен прираст?

    Мислам, 0.51 е исто катастрофа природен прираст бидејќи треба да е над 2 за да биде позитивен, но огромна е таа разлика од 0.15.

    А во цела Европа е под 2 бројката, со рекордно ниски во рајот "Западна Европа". :?:

    Ако се прочита внимателно твитот, Германија исто така имала 0.57 пред да падне на ова, рекордно ниско ниво.

    Слабо математика. :!:
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Во Македонија таа стапка на наталитет е постигната со помош на силната фертилност на муслиманските малцинства Албанци, Турци, Роми. Одбиј 40% малцинства па види колкав е наталитетот на Македонците. Да се смета само наталитет на Македонци, катастрофа е. Во Германија тој наталитет е постигнат исто со секакви народи кои се таму и е низок. Во Русија тој катастрофалниот наталитет е постигнат со просек од Руси, Чеченци, Татари, Дагестанци итн. Кратко и јасно, Македонецот, Русинот, Германецот имаат по 1 дете, Татарот, Чеченецот, Албанецот, Сириецот по неколку деца. Е сега, сметајте дека и тие малку деца Македонци што овде ќе се родат ќе завршат во Германија, а не во Русија, па по 6 месеци таму, кога ќе дојдат овде глумат Германци со муабети „ќе одам на шпилплац, одам до киндергартен“ итн. И како падот на наталитет во Германија и помага на Русија да освои две села на пример во Украина? Војната не почна за да се докажуваме кој има појак наталитет, а освен муслиманите никој нема добар наталитет и војната не почна за да Русија покаже дека не може да пропадне целосно. Имаше други мотиви. И Украина самата почнала да прави ракети што гаѓаат на 600 км, значи со свои ракети ќе гаѓаат на руска територија, па и дронови дневно правеле по 30 до 60, исто и тие се за руска територија. И сега? Германија изградила систем, само е важно како народ ќе привлече да ги пополни тие територии, дали Балканци или Сиријци и слични мухаџедини со кои Македонците тука многу како демек сочувствуваат. Германија има со што да привлече туѓ народ, Русија нема со што ни својот народ да го задржи, ниту па тој народ ја сака Русија, затоа што гледаме како Руси со Руси се убиваат, ич око не им трепнува, па и си пуштаат снимки, се фалат. Па тоа па селата кај Белгород, како нашиве села, на ништо не личат, ќе се удавиш во кал, куќи пред распаѓање. Па кој нормален ќе живее таму бе? Во Германија селата личат на мали градови.

    И бидејќи гори секој ден Белгород, паѓаат дронови по Москва, Санкт Петербург, сега како утеха ќе зборуваме абе таму некаде на запад малку деца се раѓале, брее Америка ја откривте. Не знаевме.

    Македонците ќе ја „потпомогнат“ Германија со наталитет. Во мојата поширока фамилија имам 4 деца Македончиња, отселени и учат во германско школо. Во Франција имам неколку роднини со деца, и тие ќе ја помогнат Франција демографски. Во Русија не знам некој да се отселил. Мора знам и вака наши Македонки што се омажија за западњаци.
     
    Последна измена: 21 март 2024
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Во Русија секоја година по 5.5 милиони имигранти доаѓаат.
    Во која заблуда сте дека не доаѓаат луѓе во Русија?
    Ако не се тоа Балканци, не значи дека не доаѓа никој. Дупло доаѓаат отколку во Германија.

    Највеќе Украинци дојдоа во Русија, преку 3 милиони луѓе згрижија. Сите тие се Словени со руско и украинско ортодоксно потекло. Сите добија руски државјанства.

    Од друга страна Германија и Франција прибираат највеќе муслимани. Им се менува демографската слика. Безбедноста е намалена на критично ниво. Цели гета се формирани по градовите. Масовни напади на луѓе, грабежи, силување на жени.

    Да, точно е дека најголем наталитет имаат муслиманите во сите овие земји. Но и покрај таков наталитет, Германија има само 1.36 деца. Тоа значи дека обичните германци немаат ниту 1 дете во просек.
    Тоа е нација која умира.

    И другово, Тања како секогаш во делузија. Успеаа да изгубат преку 200 војници и којзнае колку опрема на граница со Русија во тој демек "напад" на Белгород. Сето тоа за да направат ПР победа во време на изборите на Русија.
    Се што направија беше да гаѓаат и убиваат цивили со дрончиња. Уште еден срамен терористички чин.

    Крајниот резултат - сите украински војници беа елиминирани и веќе нема борби на границата.

    Ама знаеш каде има најжестоки борби? Во Роботине. Селцето кое славната украинска офанзива лани го освои и даде огромен број на жртви, сега е на пат да го изгуби. А нели викаше Крим ќе го освоеа?

    Ако толку добро и одеше на Украина, зошто Макрон праќа НАТО војници? Зошто потпишуваат нови пакети со војна опрема и праќаат? Оти излезе дека Абрамсите и Бредлијата убаво горат. :)

    Нели готова беше Русија, санкциите само што не и ја уништиле економијата. Путин паѓаше, рак имаше, пред умирање беше.

    2 години подоцна, руската економија никогаш појака. Путин со нов, 6 годишен мандат, добиен со најголема поддршка во историјата. Рускиот народ унифициран како никогаш претходно.

    Во Европа огромна инфлација, цени растат. Фирми се затвораат. Народ пали и уништува владини објекти, фармери на протести секаде, улици блокирани. Влади паднаа, како таа на Англија.
    Руски горива набавуваат од трети страни по многу повисоки цени. Русија никогаш немала поголем профит од фосилни горива.
    Војни резерви скоро им се испразнети на нула. Америка не може да постигне да ги надополни. Источното НАТО крило е ранливо, да се прошета руска војска, ќе нема со што да се бранат.
    Мораат свои војници да праќаат, да гинат за Украина, веќе снемува луѓе.
    Да, баш изгледа дека ја добиваат војната. :)
     
    Последна измена: 21 март 2024
    На Amellie13, potatoface, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Секој ден горат цели во Русија, Украина ги шиба со дрончиња кај сака и како сака, тука дефокус Германките не раѓале доволно деца. Па нели пола Украина заминала во Германија? Нели 10 милиони, 8, 15 милиони трескавте тука? Како сега Германија ќе се исламизирала и пропаднела? Кога Руси родени во Русија ја напаѓаат Русија со упади од украинска територија биле тоа „Украинци“ или „украински војници“, а кога Руси од Донбас бегаат во Русија, тоа биле „Украинци“, Русија примила „Украинци“. Значи Русинот по потреба е Украинец и обратно, во функција на тешење. Самите пишавте во други теми сте работеле за интернационални компании, а тие не се руски. Плус дел од вас и кликате реклами по секакви сајтови во надеж дека Американците ќе пуштат некоја пара, тука руската економија „јака“.Ххахахаха.

    Руските партизани тераат мајтапи со Русија, да сакаат ќе испотепаат неколку села со цивили и пак назад ќе се вратат. Се зезаат. За разлика од вас тие се родени и школувани во Русија, Руси се, ама Русија, Путин и рускиот народ го мразат и го убиваат со изговор „Јас сум добар Русин, тие во Донбас се лоши Руси“. Колку ги „елиминирале“ ќе гледате циркузи по некој месец.

    Ауауау, што прочитав, најатрактивна за преселба била Русија. Аауууу. Непалците се муслимани. Индијците се сосема друг народ. 2 милиони Руси од Украина нема да поколпат ништо демографски ако земеш во обзир Узбеци, Туркмени, Киргистанци, сите тие се муслимани. Зошто урлаа млади Руси по улиците да си одат дома сите што не се Руси во еден руски град, мислам ви пуштив тука видео претходно, ако имале „фини“ мигранти? И која е логиката Ерменецот да оди во Русија, кога еве сакаат и преговори со ЕУ да почнат, да им се обезбеди слободно движење. Која будала ќе оди да работи во Русија при ЕУ? Ерменците се христијани, ама група Руси во руски град ги навредуваа и нив, не ги сакале, да си одат дома.

     
    Последна измена: 21 март 2024
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Најголем руски напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време

    https://t.me/remylind21/16933

    Изгледа нема повеќе да горат.
    Математиката дома и на пазар не е иста. Толку од радоста.

    Плачки големи. :D

    IMG_20240322_095236.jpg
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    14.353
    Пол:
    Женски
    Ауауаууууууууууууууу кои фуфки од мечката. :o Кај се видело велесила да се плаши вака? :drunk:
    Уште да се повлечат. Бруки. Најјаки беа, од кај сеа ова? :( Шибала Украина.. (facepalm)
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Па тоа де, само САД ако ја спаси Русија инаку самата не може да се брани. Ако продолжат Украинците да ја гаѓаат Русија, ќе треба да бара влез во НАТО. Прво за заштита од руски групи, друго од Украина. Вчера Русинот Капутин изјавил дека внатре во Русија лесно можат да ја преселат војната. Абе Руси се убиваат со Руси, Руси војуваат против Руси, на кој народ му се случило ова? И вчера се споделуваше видео од руски војник, на кој му фрилиле дрон, едната нога месото одвоено од коската, а задникот му гори, умира така. Победуваат. И таа забрана е за рафинерии, а руска територија можат да шљакаат, ама нешто друго, не рафинерии. Абе ти пред година и пол кажа цела линија на одбрана ќе паднела после Бахмут и те разочараа Русите. Ако чекај си, таман пред да земеме пензија, ќе биде, Русија има да победи, хахахаххаха. И на кое дереџе сте паднале, се радувате што САД ја опоменува Украина да не шљака руски рафинерии, ееејјј. Чекате да победи Трамп, тоест Американец да помогне за крај на војнава оти Русија не ни може да се извади од фекалии. Делуваше како нереално дека Украина би гаѓала руски рафинерии, ама ете со леснотија тоа го прават и не промашуваат.

    И што си запнал за исламизација на Западот, кога само за Сиријци, Хамас, Палестинци, Хути збориш? Нели ок дечки беа тие? Додека Западот да се исламизира таман има шанси и Русија да стигне до Часов Јар.
     
    Последна измена: 22 март 2024
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    14.353
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Тања бе, откачи целосно ти, готово. Тебе само вакви работи може да ти текнат. :handshake:

    И ова скроз лабаво си го глеаш и си уживаш? :tmi: :x
     
    На Konfetka, Bratot и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Дали си ок? Не е можно овака да размислуваш и толку да ја утнеш суштината зошто САД не им дозволува да гаѓаат.

    Ај до сега за потсмев беше во темава, ама отсега за жалење си. Тешка дијагноза е ова, да уживаш во 18+ снимки каде летаат делови од тела. Мислиш нема такви снимки од другата страна? Има 10 пати повеќе, ама не гледам некој да земе да ги гледа и ужива. :fubar:

    Го виде нападот вчера? Буквално цела електрична инфраструктура Русија може да ја уништи во Украина.

    Ова е предупредување. И ако продолжат овака да гаѓаат рафинерии во руска територија со дронови дадени од САД, Русија може исто да го прави во Полска, Романија, Македонија, Германија, Франција.

    Нема одбрана цела Европа, а како што видовме во Ирак, ниту базите на САД немаат одбрана, а и убаво горат.

    Хутите што го сопреа поморскиот сообраќај во Суец за НАТО земјите, што мислиш, кој стои зад нив? Зад Иран?

    Доволно беше што им оштетија еден воен брод како предупредување, а им уништија еден танкер за да им покажат што можат.

    Следен пат ќе се најде некој носач на авиони или некоја фрегата на морското дно. Да не мислиш дека се неуништливи НАТО бродовите? Или дека руските дронови не можат да се прошетаат по Европа? Па лани еден им пуштија во Хрватска како предупредување колку се ранливи.
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На Bratot, Amellie13, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Замисли слоган „Русија во НАТО, за мирен сон во Белгород“. Па ако се радувате што Американците ги бранат Русите од Украинците, време е Русија да бара влез во НАТО. Јас така мислам. Што да исклучам ли интернет скроз оти на некој руски војник му фрлиле бомба со дрон и снимката ја шират секаде? Имало и нова епизода од „Наука на глупоста“, при вежба Русите си уништиле свој брод, го потопиле сосе екипаж. Време е за Русија да оди на НАТО обуки, да не прави такви грешки.
     
    Последна измена: 22 март 2024
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Стар ти е муабетот за бандерите. Тоа го правеа лани зимата, па ништо. Не гледам дека победиле. Русија удира шамар, па Украина враќа со шамар. Тоа е статус кво, далеку од победа. Две години ми кажуваш што можат Русите, еве ништо не можат, догодина ова време ќе бидат кај Авдеевка. Тоа е. Во САД, Германија, Франција не упаѓаат американски, германски, француски корпуси да убиваат Американци, Германци, Французи. Русите пола одродени се, а таквите моќни не се.

    Украинската вицепремиерка Стефанишина кажа дека рафинериите се воена цел, легитимна цел. Крсти се ти што кажале Американците, утре ќе читаш пошљакана некоја руска рафинерија. Гледам се крстиш во Фајненшл Тајмс, а лани пишуваше за западни медиуми што шират пропаганда. Се зезаат со Русите, и не е првпат.
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    40.980
    Пол:
    Машки
    Ова само ти овака го гледаш и никој друг. Во длабока делузија си. Толку ти се смешни мислењава што никој не те зема здраво за готово.

    Ако поентата е тука, ти си на Марс.

    Минатата година Русија ја остави Украина без струја, а им ги гаѓаа само трафостаниците. Не им ги уништија централите.
    Сега им ја погодија хидроцентралата на Днипро, за да ги предупредат. Им ја оневозможија целосно, само им дадоа до знаење што можат да направат.

    Не е ова за Украина, за НАТО е. Одамна Украина не војува, ниту оружје имаат останато, а и кубурат со луѓе.
    Додека ти се сконцентрираш на Авдиивка, паднаа држави како Нигер, Мали и останати француски колонии. Сите ресурси како ураниум, кобалт и слично што ги рудареа од овие земји, ги изгубија. Сега мора да набавуваат од Русија за нуклеарните централи.

    Затоа на Макрон му пукаат мозочни капилари и прати француска војска во Украина. Оти, нели, многу добро враќале украинците на шлаканиците. :)

    Русија денес објави војна. До сега го третираа како специјална операција, од денес, како војна. Значи ќе се шљакаат и НАТО цели.

    Ова трае, и ќе трае. Украина е само едно жариште. Војната не се води само на терен, туку економски, политички и секако.
    Откога почна, Русија само нагоре оди на секое поле. НАТО, само надолу.
    Се гледа на кој не му одговара што трае војнава долго, па затоа и само го повторуваш зошто Русија не победила.
    Се брзаш ли некаде?
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.