На Телеграм читав, француски, германски и полски војници се стационирале во некој град близу Киев. Терористички напад во Москва, има убиени и ранети. Имам чувство дека времево забрзано тече..
In your dreams. Ако полесно ти е, ондак веруј дека вака ќе биде, што да ти кажам. Имаш право да си фантазираш, никој не ти брани. Забега ти одамна, со реалноста немаш контакт ама ич. Се радуваш за терористичкиот напад така? И што после ова, размислуваш ли шо ќе се деси или кур те боли? Не е можно до толку да не размислувате за последиците.
Читав и јас. Терористички напад во некој трговски центар во Москва. Преку 40 жртви до сега. https://twitter.com/narrative_hole/status/1771240421886148920 Симптоматично е дека американската амбасада предупреди за нападите уште пред една недела. Амбасадата на САД во Русија ги предупреди Американците да избегнуваат големи собири во Москва, во следните 48 часа. Како да гледаме реприза на терористичкиот акт во московскиот театар за време на Чеченската војна. После тоа знаеме што се случи со Грозни, и како беше срамнет со земја. Едноставно тој акт му даде тогаш одврзани раце на Путин да дејствува со сите сили. Слично беше и со кулите близначи на САД кога им ги срушија. Ескалира работава. Ќе се случува нешто набрзо. Ќе следи јак одговор од страна на РФ. Француските војници, изјави Путин дека се на мета. Последниот дел од планот го кројат за Украина. По сите оние информации што излегоа на интернет, исходот се знае, само уште да ни кажат каде ќе ја стават границата.
„Браќата“ од Ингушетија, руска република. Сега Медведев и Песков се закануваат со одмазда. Не ми е јасно, ќе одат да ја нападнат Ингушетија? Некои нивни исламисти ви пуштав дека се закануваа ќе се борат против Русија и сакаат да ја распаднат, мислевте се зезаат? Да ве потсетам дека во Арас лани Ингушет отсече глава на француски професор. Ингушетија ти е дувло на терористи, ништо поарни ни Чеченија, ни Дагестан не се. И нели пред недела дена Русите потепаа неколку ингушетски терористи? Може се одмаздуваат за тие неколку нивни. Нели беше пропаганда дека тие муслимани не ја сакале Русија? Вие така зборевте, ама не било така. @Mrs. right се зезам за влез на Русија во НАТО, ама кој се чувствува загрозен нека бара прием. Не сум сериозна, сарказам е тоа. Секако дека странски амбасади ќе знаат, затоа постојат разузнавачки служби. Не е првпат да има предупредувања за напади во некоја земја, имало и ќе ги има. Русија е многу далеку од победа во Украина, многу е блиску до внатрешна граѓанска војна и многу е блиску до испраќање на НАТО војници во Украина. Каде гледате тука поволна ситуација за Русија? Ахахах, бутнала бандери што се поправаат и трафостаници, а самата со своите граѓани не може да се справи, не па да заземе некое село во Украина. Јас никаде не брзам, Русите брзаа, сега се на спора лента, нешто како болна желка. Ве потресе Макрон и многу ви е жал за француските војници. Макрон кажа дека не ни треба да се плашат од Русија, ја нарече средна нуклеарна сила и економски послаба од Франција.
⚡️ Regarding the alleged wanted posters of 5 people from Ingushetia. It is fake, officials from the Investigative Committee, FSB, and the Ministry of Internal Affairs have not yet sent information about the suspects. @Tanjamm , не постирај лажни вести на темава. Не се овие убијците. Покажи сочувство, има деца таму што загинале. Не знам како може да не осудиш терористички акт и да се ситиш на смрт на цивили. Инаку, не е битно кој го извршил, туку кој е нарачателот. Што ние и никогаш нема да дознаеме. Terrorists understand only retaliatory terror," Medvedev said. "No courts will help if force is not countered by force, and deaths by total executions of terrorists and repressions against their families. "If it is established that these are terrorists of the Kyiv regime, it is impossible to do otherwise. All of them must be found and mercilessly destroyed as terrorists, including officials of the state that committed such an atrocity" Ден на жалост во Русија. До сега сите земји изјавија сочувство, и ЕУ, и САД. Русија ќе свика седница во ОН каде ќе се разговара јавно за заканата од терористичките напади.
Па не е баш сочувство, ама да, сите се согласни дека е страшен чин. Само на Тања и е одма јасно кој го извршил, и е нормално дека странски амбасади ќе знаат, и се радува дека еве, само што не се распаднала Русија. Буквално секој ден, секој еден град, може да биде таргет на терористички напад. Само што не е, или не ни даваат најава. Опасни играчки во секој случај.
Исламска држава ја презеде одговорноста. Сведок кажа биле некои брадоњи. Оофф, тешења. Не биле битно од кај се, дека се од Русија, затоа, тешко е да се признае вистината дека таа држава е гнездо на терористи. Утрово Русите се закануваа имале ракета за 2 минути ќе стигнела до Париз, попладнево бараат помош од Западот, да го осуди масакрот и седница на Советот на ОН. Нестабилност. Еј ќе те тепам, по два часа, ама дај помогни ми. Тие Руски корпус божем потепани беа, се јавија со реакција дека не се вмешани. Попладнево американски генерал изјавил дека Украина смее да шљака рафинерии, оти се воена цел. Русија две години го озборува цел свет, кој каков бил, што бил, а тие кутри не се способни за ништо. Сами нека си ги решат проблемите, што тропаат на врата на земјите што ги презираат? Па само еден терорист фатиле, другите четири им се шетаат низ Москва. И од терористите има поголеми терористи. Си пишал Русија оди нагоре вечерва. Не, надоле оди, се тешиш ти и другите. Во таа Германија што ја исмеваше вчера, вечерва сите се на број, најадени, напиени, не им паѓаат дронови на глава, ниту утре ќе биде Ден на жалост, а цела Москва вечерва нема да спие, имаат Лидер, се "грижи" за нив. Бандерата се оправа, ама со терористи е тешко. Мали, Нигер, и таму вечерва се дише полесно одошто во Москва, Русија денеска покажала на што е спремна. Леле мајко, 5 терористи не можат да фатат, тоа докажаа. Дека Русија оди напред те лајкува феминка од Германија. Како да ги кобиш Русиве, абе буквално, се што рече обратно испадна. Ти тврдеше за 2 дена Украина е готова, по 2 години друг муабет тераш, немало потреба од брзање.
Русија сношти пуздер го направи Киев, само нека гаѓаат Украинците, колку повеќе гаѓаат толку повеќе губат. Wave of Russian missiles strikes Ukraine’s Kyiv, wounds more than a dozen
Украина сама ќе процени Тање тогаш кога врбата ќе роди грозје. Продолжува поддршката од порно ѕвезди за Украина, овој пат е и повеќе морбидна од претходно. Ukrainian Porn Actress Poses With Injured Soldiers In Elegant Calendar For Cause
Тоа што денеска ја снајде Русија е 10 пати полошо од тоа што ја снајде Украина. Се правите поголеми Руси од Русите, ваму бандерите што паднале било трагедија, а не било штета што Русија изгуби над 40 млади луѓе и 130 се ранети. Билансот има да расте, дел од повредените до утре ќе починат, утре којзнае од која грмушка ќе истрчаат терористи, ај сега најди вест дека некој невоспитан западњак уринира во некој парк, за дефокус. Украина не е поразена колку што знам, ама Русија денеска е на колена. Чекаме да видиме дали се брадоњите од Ингушетија или да не се омилените ти кадировци од трлото на Рамзан. Украинците не одлучувале, демек Русиве имаат голема контрола на ситуацијата.
Јас мислев нема ништо страшно кога гинат луѓе, тоа за доброто на комшиите е. А не, чекајте. Тоа само Украинците може да гинат. За војната 300 оправдувања, за ова плачки и трагедии. И пак само Путкинон си го лади во фотеља дур све ова се дешава. И дечки ај не паламудете со кој покажал сочувство, кој се сити. Ве знаеме, ај
Како можеш вакво нешто да напишеш? Како се толерира ова вооошто? Чист говор на омраза, ширење на ситост, оправдување на насилие и тероризам, русофобија. На терористички акт во кој загинуваат невини луѓе гледаш од одмазничка страна, демек за она во Украина, ова ви требаше. Така звучиш во моментов. Што има врска ова со војната и тероризмот вчера? Во Украина се ратува, имаш противник, а ова е терористички акт, кукавички, одиш во Ист Гејт или Сити Мол и замисли на еднаш слушаш пукање и си мета на некој болесници, знаеш ли како воопшто се опишува човек кој прави вакво нешто и пука од ненадејност, како се опишува терорист? Па и Украина не превзеде одговорност, и Украина и ЕУ го осудија злосторствово, и украинците испратија сочуство, а можеше само да игнорираат и да се ситат на туѓа не среќа како ти сега, во која загинаа невини луѓе меѓу кои и деца. Знам ќе речиш сега, а во Украина не гинат ли цивили? И во Украина гинат цивили, точно, животот е живот и секому е вреден. Ама Русија од самиот почеток правеше и прави напори да не се вовлекуваат украински цивили и бараше пат да се евакуираат иако се украинци, а Зеленски и компанија што направи? Ги мобилизира цивилите не обучени, им стави униформа и пушка и ги пушти директно во оган, зошто украинските професионалци ги нема повеќе, погинаа, и сега кој? Кој стигнат го мобилизираат, затоа и бегаат украинците. И кога ќе кажат бројка на погинати цивили во Украина, не кажуваат дека тоа биле мобилизирани луѓе со сила и со сила им е ставена униформа, ама се бројат како цивили а не војници. И Русија првично гаѓа воени цели во Украина, за да се парализира воената моќ на Украина а и да се демилитизира на некој начин. Ќе речиш а што бара Путин во Украина да војува? Е од проста причина како сношти што се случи во Москва. Од 2014 година во источна Украина во Доњецк, Донбас, Крим, се врши терор и геноцид врз руското население од страна на украинските власти и националисти. Русија 1000 пати се понуди да преговараат, ајде седнаа на маса и меѓународната заедница и Украина и Русија, се договорија, ама овие пак исто, пу пу не важи, пак по старо. Кога почна војната, ајде преговори со Украина ама Англија и Борис Џонсон ги повлекоја украинците и рекоја нема преговори, ќе се пука. И по барање на руското население Русија да ги заштити од теророт, Путин ја почна операцијата, ама овие ја поистоветија со војна, оти неќаат да преговараат на маса за геноцидот кој го прават, оти знаат криви се. И оваа нее почнато од 2022 како што сите мислат, туку од 2014. Треба да ја согледаш и другата страна, не само едната.
Друже, не се ситам јас на ова, другите се ситат кога Украина се распаѓа, еве се гледа по остатокот на коментарот твој И да, многу ќе ми е полесно ако загинам во војна, место терористички напад, нема грешка. Или можда гордост е да загинеш од Путинова рака, еве не знам. Иди кажи му на 2 годишното дете од болницата што загина дека тоа во Украина е поарно. Ама не можеш зашто не е меѓу нас. Ако се грозиш, од двете се грозиш, извини. Путин од сам старт немал жал за цивили и треба да престанете херој да правите од тоа....не знам како да го наречам више. Демек војна се води со разум, план, противник, ова е кукавички. Абе иди таму. Секое "Ама Русија" ви е оправдување. Точка.
Украина се распаѓа од неразумни политичари и политики. Исто како ние што се распаѓаме. Знаеш кој ја води Украина? Луѓе од типот на Таче и Заев и останатите што ги имаме и ние, ете такви се инсталирани и таму. Е сега кажи дали тие убо да живееш со политичари како нашиве? Ако бараш ум и разум од Таче, Заев и Мицко, тогаш ок. Од самиот старт го осудувам лично јас ова, цивилите не се виновни за ништо. Дали се украинци или руси, луѓе се, плус ние македонците сме и вековно културолошки поврзани со нив, и со едните и со другите. И затоа потенцирав дека од Руска страна, се бара пат за еваукација и да не се мешаат цивилите, ама овие неќаат да преговараат, ќе седнат, ќе дојдат Англичаните ќе ги станат. Тоа е исто, како да му кажиш на илјадниците руски деца од 2014 до 2022 кои погинаа од украинскиот терор, не од украинските цивили, туку тие националистичките платеници, а а за жал, не можеш, не се меѓу нас како што нее и украинското невино дете од болницата.
Не ми е Ама ако комшијата има проблем со Таче и Заев, нека иде со нив нека се тепа лично, место со тие внатре ни криви ни должни. Можда па јас сум глупа што во животов не се одмаздувам на недолжни луѓе. И Путин прати војници, то ест други луѓе да напаѓаат, ваљда не отиде он лично во оган. И нема никогаш да отиде, фала богу. Уствари он беше храбар јер се бањал во грч ладна вода, да херој.
Русија нема проблем со комшијата, туку има проблем со тие што стојат позади комшијата и прават раздор и делуваат преку Украина. Се сеќаваш дека од самиот старт на ова, дека Русија и Украина седнаа на маса да преговараат? Седнаа. Дојде Борис Џонсон и Англија, ги стана украинците од маса, им дадоја оружје заедно со САД и останатиот запад да гинат украинците за туѓи интереси. И кога Украина ги загуби професионалците, почна да ги мобилизира и цивилите. А ако почнеја преговори, ќе се дојдеше до вистината за геноцидот од 2014 до 2022, а Америка и Англија не сакаат така, зошто тие се промотори на "мирот и демократијата и слободата" во светот, ама како тие што сакаат. Е така 1000 пати Русија се понуди од 2014 до сега да седнат на маса, ајде ќе седнат или ќе се договорат па после "пу пу" не важи или пак ќе ги скорнат англо саксонците и ќе им дадат оружје праќајки ги во жив оган да гинат за тие да си ги остварат нивните интереси преку Украина.
Kaрма. Што ќе сееш тоа ќе жнееш. Заборавивте дека до вчера само Русија примаше палестински терористи од Хамас, Исламски џихад и Хути на разговори? Се сеќавате дека руски деца што не знаат задник да избришат, снимаа спотови покрај тенкови и пееја националистички песни како ќе ги убијат нивните браќа во Украина. Русија претпладне се заканува на Запад, попладне тропа на вратата на истиот тој запад. Истото го прават и Македонците, за секој проблем, тропаат на западна врата, а по форуми инаку се екстра паметни. Кога Македонец ќе планира да оди на Запад, добро е Западот да го прочешла, ако имало постови за поддршка на Путин на социјалните мрежи да го означи како екстремист и да не ги ни прима. Сосе тие 7 евра за влез во шенген, да оди и таа проверка. Западот не е сиропиталиште за длабоко неспособни нации, а примаат кого стигнат, на нивна штета секако. Вие радо би сакале убијците да се Украинци, ама не се, имале и појаси со динамит, радикални исламисти се од РФ. Што ќе преговара Русија со Украина? Нека си преговара со руските корпуси и со исламистите внатре во Русија. Руска пропаганда е дека од 2014 година до 2022 година загинале илјадници руски деца. Бројот е драстично помал, и тие деца се од секакви националности, а не само руски, оти ни Донбас не е доминантно руски, туку доминантно украински си беше. https://nezavisen.mk/kako-se-pojavija-dezinformaciite-deka-ukraincite-ubile-13-000-civili-vo-donbas/ Русин, Чеченец, Сириец, Палестинец, тоа се само варијации на тероризам. Ај да ве потсетам, Русите убиваа Грузијци, ги сечеа на парчиња и ги фрлаа на нивните свињи да ги изедат. Тероризам од највисок ранг. Документарец има цел, не можам да постирам тука, сензитивно е, а и нема ништо да смени за вас.
Па сите К на светов од таму искачаат.. а ова во Москва стварно језиво. Може и да не е Украина. Салата собирала 9500 луѓе, имало околу 6000+ Ама многу дечиња погинати