Белоруски биле таблиците. Епа со двор полн терористи, мора изговори да се бараат. Цел ден кажуваат Русиве колку било лошо на Запад, озборуваат, а дојдоа пет терористи ја потепаа пола Москва, на форум читам победувале. Во ред да кажеш Украина нема војници, па таа Украина да капитулира за 2 дена или 2 недели, ама 2 години истото, не пие вода, залажување и тешење. Чекаат сега НАТО земји да ја потапкаат Русија по рамо, да свикаат Седница во ОН? А што ќе направи ОН за Русија полна со терористи? Не е Украина сигурно, ако некој сака да се теши, друго е тоа. И просто се чудам како терористиве се толку навежбани? Таков напад да направат. Синоќа експерт од Србија говореше дека терористиве ни куршум не промашиле, и не пукале рафално, туку директно во луѓето, значи не на трефка, туку директ во мета. Дошле 5, Москва ја кренаа во воздух, а да дојдат 50 или 500? И не сте во тек, тој татарскиот политиколог што го пуштав тука, Ајсинов му поднеле две кривични пријави, за тоа што плескаше против Русија. Мислите тие ќе дозволат некој да ги апси оти не сакаат да живеат во РФ?
Сигурно знаеш и ти е јасно дека регионите кои ги окупира Русија ќе бидат осакатени најмалку децении со примитивизам и мизерија... Таму нема да се вратат Украинци туку ќе населат фиктивно Исламистичко население од Руските републики како што направија со војната во Грузија во име на советско братство единство се проаѓа и секако под оазата на "православјето"
Еве ти мислење од Македонец што живеел во Русија. Каква е таа православна Русија кога за муслимански празници во Москва нема игла кај да фрлиш во 5 околни улици околу џамиите? Ми пријавиле тука пост, ми го избришаа, пред некоја година, муфтинствата во Русија забрануваат строго брак на муслимани со Русинки, и се знае зошто е така, не од љубов кон мајчицата. Веста ја имаше во руски медиуми, брак со Русинка никакво, дури и ако се конвертира и прифати ислам. Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин. Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан.
Каква карма бе, на обични луѓе?! Што се тие криви?! Децата исто?? Се нема осет што се пишува. Не знам зошто модератор упорно толерира говор на омраза на темава. Досега ниедно мислење нема за посакување смрт на Украинци (и не треба секако), ама затоа слободно на обични Руси можи да им се посакува. Само пази и ти како велат, внимавај што посакуваш можи да....
Еве не Руси и Украинци. Главното прашање е дали ако на Путин утре му се случи нешто, вас ќе ви е жал?
Тие луѓе гласаа за масовниот убиец и терорист Путин, а сега бетер терористи им дојдоа дома. Обични луѓе од Русија повикуваа на требење на сите Украинци, Полјаци, Естонци, Литванци. Вистината не е говор на омраза. Целта тема е броење на мртви Украинци. И синоќа пак Украинците пошљакале две рафинерии во Самара. Џабе аплауз за Американци тука. Нема јас што да им посакувам, само коментирам, а и не сум Господ за некого да спасам, да воскреснам и слично. Не ме прашувај мене, прашај се зошто Русија што ми ја фалиш не е способна да осутени напад иако САД дале информации. И прашај се зошто Русите воопшто не ги земаа в предвид опомените од странските амбасади дека може да има напади. Чекаме да видиме дали овие Таџикистанци биле од таа „јаката“ миграција што ја бирала Русија, се доселувале, некои, некој џихад отпад па и тоа замисли за фалба било. Дали работеле таму или само за нападот отишле. Абе и Грузијците, Украинците и Молдавците имаат деца, Русија таму реки крв направи, па збор нема за тие земји, велите „ќе видиме, може така не било“ или „што ги спомнуваш“. „Ќе видиме“. Па обичните Руси ако беа мирољубиви немаше сега да убиваат по Украина. Зошто никој не збори лошо за Кинези, Јапонци, Корејци? Затоа што се однесуваат цивилизирано како што доликува на 21 век.
@Tanjamm Членката ти збори за тие кои биле во салата. Не за некои кои јавно зборувале или правеле такви работи. За повредените и загинатите не се знае со кој став биле и што правеле. Поради тоа се смета дека се невини. Меѓу нив имало нечии деца, браќа/сестри/внуци, итн. Луѓе изгубија членови на семејствата! Не зборувај за кармата, оти ради твоето ситење таа може да ти се наврти. Не дај Боже, ама... Немој да се ситиш за невини луѓе. Погрешно е.
Не сум убила никој за да ми се врати мене да ме убијат. Од кај знаеме дека меѓу загинатите нема и некој што убивал и силувал во Украина? Читав Кадиров се фали неговите единици ги уапсиле терористите. Ако не лаже, нека се крстат во Кадиров, можеби немаше ни да ги фатат. Русија изгоре илјадници такви луѓе во неколку држави што немаат врска со ништо, па тука руски тероризам е ок, и се велича, а исламскиот е лош. Се е тоа исти кош, само едните се побели од другите. Видов на фб, само еден Србин од партијата на Стоиљковиќ споделил Преј фор Москва, друго никој не коментира, не се замара. Преј фор Париз, Истанбул веќе имаше, па сега види колку некој се замара со браќата. А имам скоро 5.000 пријатели, дел и Срби од Србија и Босна.
Дека се ситиш. Доволно лошо е. Ти може мислиш дека не изгледа така, ама твоите постови тоа го кажуваат. И колку пати ти се кажува да не дезинформираш, а ти упорно продолжуваш. Не е во ред и при недостаток на информации да ги превртуваш работите. И Реинбоу ќе мора да престане да те толерира од моментот кога ќе ја контактира некој за тоа.
Да, знам дека има тужи баби поддржувачи на руски тероризам на форум. Е ако де, нека ме банира, тоа нема да донесе победа на Русија во Украина. Кога ќе одам технолошки вишок, а дотогаш многу време, е тогаш евентуално ако Русија победи. Путин гоштеваше терористи на Хамас во Москва и мнозинството тука навиваа за Хамас, не биле терористи, она, она, пропаганда итн.
143 жртви, од кои 3 деца. 11 уапсени поврзани со нападот. 4те убијци бегале накај Украина. Дел од останатите 7 луѓе, тргнале накај Финска. Наводно добиле по $5000. Сите живи и здрави, ќе пропеат пред светот кој стои позади тероризмот во светски рамки. Кој да стои зад овој грозоморен настан, нема лесно да помине. Сите што се ситат на смрт на недолжни луѓе, кои може и се против војната во Украина, па и згора на тоа на деца, нека ги носат на душа.
Тргнале накај Украина, воена зона со десетици илјади војска на граница, уште толку од украинска страна. Мхм, обавезно. Логика нема што. Мириса на 99та. Туку имам неколку прашања. Кај беше обезбедувањето и полицијата во времето на нападот? Успеаа дури до украинска граница да стигнат бегајки, во две реноа? Едниот в шума, на дрво качен? Исис вика ние сме, путин вика Украина е, папагалите викаат путин е во право, Украина е Да не беше трагично ќе беше смешно
Пак вртиш. Нема такви во темава. Тој еден што претеруваше заврши баниран. Останатите понекогаш употребуваат сарказам што не умееш да го препознаеш. Нормален човек не зазема страни. Сите кои војуваат се извалкани.
Наородот на Русија и онака не живее преубаво. Голем дел од парите идат и воени цели, исто као у Египет. Не е дека немаат пари, ама нема обичниот народ. И не смеат збор да кажат на улица за војнава или Путин. Децата не смеат да искочат од државава. Така шо не им се ситете, може не гинат како Украинците, ама не им цветаат ружи. А од НАТО едно арно шо видовме, си е***** мајката ептен. Ќе почнеме прво Мердита па здраво да викаме. И никад никад нема да ги сакам и почитувам, и да умрам
Еве осуда од Пендаровски. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-osudi-krvaviot-teroristichki-napad-vo-moskva/
Вие со Тања одма знаете во детали каква била ситуацијата и што точно се случило, еве дури откривте и дека Русија сама со себе внатрешно војува. Вајда дека Путин победи па му се осветуваат?! Коа ќе се десат вакви трагедии од ваков тип, одма се јавувате со истиот наратив ко и секогаш, заземајќи одредена страна. Случајност?
Ја иам да кажам капа доле за @quattro за последниве страни Врв Иначе не е исто војна и терористички напад. И Украина ако сакаше, до сеа 100 пати ќе се договореше, а нема да бара влез у НАТО, иако е договорено Русија да НЕ ГРАНИЧИ ДО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО. Дали памтите како заврши Македонија у 2001? Кога се умеша НАТО? Дали памтите? Косово и УЧК влегоа у Македонија, почнаа да губат, НАТО и САД, аа не сеа ќе ве смириме, БАМ Рамковен. Зашо нас не ни помогнаа у 2001 туку нѐ заебаа? Зашо Џафери и Али не се у затвор или у дупка? Украина е ИГРАЧКА на Америка, као и ние и Косово. Да не им требаме ќе отидеме за секунда бе, две педи земја сме.
@Feminka22 Ме нервира шо многу добро се запознаени нашиве со ова и све им е јасно ко ден ама ете ради разно - разни причини лични или не знам какви се прават луди. А ги тангира и нив секако ама ај нека признаат ако смеат.