Како од Украина дојдовте до напади на Босна, Косово и Македонија Трите држави не се ни 1 посто битни колку Украина. Ко за почеток изгуглајте за Украина. Еве следно на агендата е Македонија, или Босна. Ваљда заради нафтата или гасот што го имаме
Економски знам како ќе минеме - крш. Друг ми е стравот, се прекројуваат зони на влијание и интереси, кај ќе се паднеме ние, што ќе ни донесе утрешнината..
Тетовски грав, Беровски компир, мариовско сирење, ресенски јаболка, струмички пипер, и да не заборавиме афионот. Шала на страна, Балканот е се уште буре барут.
За Шведска не сум сигурен, но Финска има повеќедецениска историја на изразита внимателност во врска со НАТО и како тоа би се одразило врз односите со источниот џиновски сосед. Прочитајте повеќе за Финландизација и за доктрината на финските претседатели Паасикиви и Кеконен.
И сеа може НАТО да реагира. И сеа може да е покољ. Мислам дека затоа гледат поблаги да се.... (значи мислењава мои не се стручни и многу подржани, да се разбереме).
Обавезно. На толку Нато оружје и војска концентрирана во источно крило на Нато, баш независно звучи Варшава. Нека одат во Цирих ако не, сигурно и двајцата знаат како да стигнат дотаму, аман. Знам, финландизација беше опција на маса за Украина, ама они не, Нато бил со нив, они Натови...и така. Сега не знам шо е победничкиот преговор. Иначе Финска беа претпазливи до вчера, сега се уплашени дека ако не влезат во Нато, може да им се случи истото што и на Украина. Башка премиерката шо политички квалитети има, ни самите Финци не се сигурни... @LiliBoz не, не може Нато да влезе да брани земја што не е во Нато. Е нешто миротворни мисии што си измислуваа низ деценииве, не разбирам, што, како, ама СЕГА е баш јасно кажано- не може да брани нато, земја што не е во Нато. Али многу поддршка ви праќаме и ќе навиваме за вас Иначе Полска е накрцана со Нато војска, во Словачка пред 2 недели со тепачки во парламент, е склучен специјален договор, меѓу другото за непречен транзит на УС војска. Ич не е досадно.
Аман бе Џули, зошто си толку наивна? Цела Европа е интересна зона за големите, нормално и Балканот. Гледаш се рваат на велико, Русов сака да ги истисне атлантистиве од Европа, тој да биде шефот сега, овие не се даваат лесно и спремни се за правење секаков вид гомнарии за да го задржат приматот. Нас како и секогаш, пишано ни е да јадеме ќотек од кого стасаме. Балканот е од стратешко значење и за едните и за другите. Ако не бевме, ќе не баталеа одамна. А не само што не не баталија, туку и џигерите ни ги изедоа.
Јасно де дека сме им интересни, ама не во моментов. Нема кај нас пари сега, остај стратешко значење, сега требаат пари, треба нафта, гас. Сега сме скроз небитни.