Убаво што веруваш на изнудено лажно признание од терорист и што кажуваш дека Украина може да направи напад во срцето на Русија(руските служби на распуст ли беа) , ама Турција веќе не дава визи на Таџикистанци. Има причина за тоа, не е Киев, туку е висок ризик од тероризам.
Кај изнудено дури и лажно а? Да не беше сведок во испрашувањата шо го тврдиш ова Тање? А тоа шо ги фатија додека бегале на кај украинска граница или и тоа е лажно? Спојлер: :( Ова исто како да ме прашуваш што правеле службите на САД, Франција, Австрија... кога терористи им направија терористички напади и тоа се ова во мирни времиња за нив, но сепак не успеаа ни да ги откријат ни да ги фатат терористите, каде за разлика сега кога веќе Руската Федерација е во специјална воена операција но и покрај тоа службите си ја завршија успешно работата и ги фатија живи и еве ги пејат како славејчиња кој им бил нарачателот. Ај да видиме шо вика и Буданов Украинскиот прв разузнавач Буданов: На почетокот на летото Москва ќе напредува кон Часив Јар Шефот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов, денеска изјави дека Украина очекува Русија да ги засили офанзивните акции кон крајот на пролетта, почетокот на летото, пред се во близина на Доњецк. – Тие (вооружените сили на Руската Федерација) ќе напредуваат малку кон Часив Јар. Ќе се движи во правец на градот Покровско, стратешка насока – изјави Буданов во интервју за германската телевизија АРД. Во исто време, шефот на украинската специјална служба смета дека нема да има значителни промени на фронтот пред почетокот на очекуваната руска офанзива. – Ситуацијата е доста комплицирана, но е под контрола – истакна тој. Коментирајќи ја набавката на 800.000 артилериска муниција за вооружените сили на Украина од европските земји во трети земји, во рамките на чешката иницијатива, шефот на ГУР рече дека сè уште „не го чувствува“ нивното присуство на фронтот.
Ja спомнав изјавата на Буданов претходно. Ако влегле во Часив Јар (Русите се пофалија на 5-ти април дека влегле), како Буданов после 3 дена вели ама на почетокот на летото Русите ќе напредуваат во истиот град? Русите излажаа изгледа. Сам тврдеше пред 2 страни дека не е Украина зад нападот во Крокус, дека било САД, сега велиш Киев, па Киев. Што те премисли така брзо? Нели парите на картица ќе ги добиеле, како сега тргнале накај Киев, па и рубљи да земат. Украина користи гривни, не рубљи. Денеска на Евроњус Србија гледав документарец за Приднестровје. Српски новинар бил таму, снимал. И во Молдавија имало Сирски, во војната кога Русија ја напаѓа Молдавија, во армијата на Молдавија имало војници Руси, па ја бранале Молдавија, неколку изгинале за Молдавија, дури и нивните гробови ги покажаа, закопани на воени гробишта, со руски имиња и презимиња, ама нив Молдавците не им оддаваат почит. Во канцеларии кај молдавските функционери, на маса стои молдавско, романското и знамето на ЕУ. Очигледно се сметаат за браќа, далеку од односот Македонци и Бугари на пример.
Или пак Буданов лаже од немоќ ама доволно и вака кажува колку се веќе неспособни за ништо. Па добро рековме веќе дека позади се ова што се случува во Украина е САД, сметам дека нема потреба повторно истото да ти го повторувам, доволно си паметна за ова да го разбереш, инаку пола пари веќе и ги зеле како што изјавија веднаш по апсењето, а во шо валута не знам, ете прашај ги кога ќе бидеш присутна на испрашувањето
Ќе напредуваат летово и го заземале сега не е исто. Кога ве читам вака, па што е Париз во однос на Часив Јар? Гола вода, хахаха. Ок е Украина да е неспособна, не е срамно, не е чудно, тоа е држава неколку пати помала од Русија, со инфилтирани руски терористи по градови, кои трупале оружје со години ( и пак џабе, не се утврдија бе Русите во Харков кој тврдеа руски град бил, со 30% Руси, како бе така бе?) туку комедија е како Русите не можат да стигнат до гратчето Часив Јар, а што ни таму немаат мнозинство и тоа не е нивно, и не се во право е сосема друга тема. Буданов е далеку од немоќен, а кој е чело на руското разузнавање не ни знаеме? Буданов е одличен разузнавач. Сум запознала наши разузнавачи, македонски, знам кое е нивото. И пресмешно е тоа што сите војни Русија ги направи со изговор за некакви „угнетени“ Руси кои на крај се испоставува дека имале државна работа во соседните земји, а дел и биле воени лица, односно Руси од Украина и Молдавија загинале од руска рака и се бореле против Русија. Ај ќе излезе и некој Сирски и во Грузија со тек на времето. Русинот Генадиј закопан во воени гробишта во Молдавија, оти загинал за таа земја, борејќи се против Мајка му Русија, и мајка му го убила, па сега Молдавците не го ни чествуваат. И секако дека на терористите им рекле да кажат Киев, замисли да кажеа Вашингтон, па ќе очекува јавноста дека Русија треба да се пресмета директно со САД, а тие ни до Часив Јар не можат да стигнат. Греотка.
Русите комплетно ја уништиле електраната што го снабдуваше Киев со електрична енергија. Украинците им се "заблагодаруваат" на нивната одбрана: Thank you mr @SecDef for your deeply concerning about strikes on russian oil factories.
Добро, Вучиќ сега ќе даде 3 милијарди евра на Макрон за авиони Рафал. Па нели му смета на самиот Вучиќ да купува авиони од НАТО земја, дека вие тука окапавте со тоа НАТО бомбардирање на Југославија? Гледате, самиот Вучиќ не сака да купува од Русија. Друга работа, кога ќе кажувате дека Србите се „невини“ постирајте слика како борците на Аркан поливаат Бошњак со гориво и го палат, а во логор кај Приједор истите Србите палеле оган како за Бадник и оние луѓе прегладнети заробеници направени како Африканци, ребра им се броеја, ги терале да играат оро околу огнот и ги туркале во огнот( има документарец за тоа со преживеаните). Па во Хрватска истите Срби терале мајка и син да имаат секс, за да не ги убијат, во Босна другари да имаат секс да не ги убијат. Така што кога ќе зборите што им направи НАТО, кажете што првеа Србите за да им дојде НАТО. Ако сега Србите платат за геноцидот, и Русите ќе платат за 10-20 години.
Хмм хмм, го уценувале ли, поради тоа ли е се ова, не ќе да е туку така правдањево Vučić: Laž je da me je Makron ucenjivao da uvedem sankcije Rusiji
Нека си купи од тие руските неприкосновени воени чудесии кои скоро никој не ги купува, што се замара Вучиќ со лошиот запад. Србија е думкана на коленце, толерирана до бесвест. Западот да беше лош ќе ги прекинеш преговорите со држави како Србија, оти се двојат за санкциите.
Украина е тргната накај пораз „Не само што на украинската војна и снемува муниција. Одлагањето на западните пратки со помош значи и дека на земјата и снемува нешто уште потешко за надополнување од гранати: борбениот дух неопходен за победа. Моралот на војската е низок, уништен од непрекинатото бомбардирање, од недостатокот на напредно оружје, и загубите на военото поле. Во градови оддалечени стотици километри од фронтот, толпите млади луѓе кои во првите месеци од војната се редеа да се приклучат на војската исчезнаа. Денес, потенцијалните војници ја избегнуваат регрутацијата и своите ноќи ги минуваат во ноќните клубови, а многумина целосно ја напуштија земјата,“ пишува Џејми Детмер во текстот за Политико. *** Почна ловот на регрути во Украина Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.
Офнет веќе две години го пишува истото, дури насловите им се како жолт печат некогаш, извадени од контекст, со навреда, пцовка, ставаат такви некои наслови надвор од етичките и професионални стандарди. Си заземаат страна де, исто како антропол и сличните. Ако тргнала кон пораз, кога ќе е тој пораз? И Трамп сменил мислење изгледа, важно било Украина да опстане. Е ај сега, сите што се крстите во Трамп, видете ја последната негова изјава. Не е против оружје да даваат, ама зошто Европа не дава исто толку.
Од Политико им е превземен текстот и препишан, со цитирани делови, со се. Таму се плаќа, па не може да се прочита. Офф.нет само препишуваат, небитни се. Е сега вие што се информирате од СNN и живеете во ваш свет , е ваш проблем. Реалноста е друга.
Не е проблем кој што чита, ако попладне Украина добие пари од САД, ако изгласаат, ќе видите дали бил во право Политико, офнет и слични или кои и да се медиуми. Тргната накај пораз? Па не е срамота Украина да биде поразена, туку срамота е што велесилата уште не стигна ни до Часив Јар, не до победа. Не видов некој медиум да направи анализа како тоа „втората армија“ во светот се бори две години за еден Часив Јар, Бахмут и слични граТЧИЊА. Тоа нема никаде. Ако проверите ќе видите дека Офнет од јуни 2022 година истото го пишува, Украина пред пораз, ова, она, слични утехи... Насловите на Офнет се полни со погрден речник, навреди често, ме мрзи да барам, а тоа не го препишале од Политико, сами извадиле такви наслови. Што мислите за изјавата на Трамп дека Украина им е битна да опстане? Нели чекате фамозниот Трамп да ја спаси Русија од бруки по Донбас? Јас мислам дека ако Трамп стане претседател, а војнава уште трае, ќе интервенира САД директно.
Сите дркаа на Италијанската премиерка дека ако ја изгласале, вака ќе направела, онака ќе направела. Ја изгласаа, прва крена глас против Русија, ги снема гласните Сега истото е за Трамп се збори, нека дојде па ќе видиме напад на Иран и трета светска. Украина останува на Европа да ја брани, дали ќе дозволат фронтот да е Украина или да им дојде на европска граница па после да ја правиме големата. Еве им изјави Лавров дека Харков, Одеса, Днепро и Запорожје се руски градови. Нека се туфкаат сега во европскиот парламент. Ако не седнат во скоро време да се договорат, ќе букне светска војна, а дебелиот крај Русија ќе го јаде.
Добро, ја отвори ли воопшто статијата на Политико за да го видиш насловот? Ukraine is heading for defeat Офф.нет само препишуваат. Но, препишуваат од по-репутабилни медиуми. Не од тралалајки како CNN, Oryx и Kiyv news кои вие ги ставате овде. Па затоа не ти одговараат. А секако дека се овие насловите од 2022, кога уште од тогаш се знае дека Украина губи. Ама, океј, продолжете си вие во ехо комора да живеете. И онака никој здраво за готово не ве зема. Реалноста на терен е позната на сите одамна.
Еве и Аргентина сака да биде партнер на НАТО, упатиле барање и ? Нели Лавров, Медведев, Путин ги молеа за во БРИКС, чекаа, чекаа, ништо. Кое бришење под е тоа за Русија...Читав дека Аргентина имала два хеликоптери добиени како донација од Русија, па решил претседателот Хавиер Милеј да ги донира на Украина. Не се замарав подетално да ја пребарувам оваа информација дали е 100% точна, веројатно е. Ти заборави дека при смена на Залужни требаше да има државен удар и Зеленски да биде соборен. Ништо од тоа. Нели армијата ќе крахираше при смена на Залужни? Ништо од тоа. Нека седат Русите во Украина, ако вака оди и дојде Трамп, ќе изедат ќотек директно од НАТО на крај кога ќе им прекипи на странците. И Русија нека зема пример од нас, Рамковен договор и да наведнат главите да ќутат дома, за комшилук и да влијанија по свет, нека не сонуваат. Вчера имаше видео како Руси тепаат девојче во класот во Москва оти била малцинство. Викаат „Русија за Русите, Москва за Московјаните“. Истите Руси што за 2 нивни во некое си село државата ја бараат на тацна, а ваму им пречеле муслиманите. И кога ќе заврши војнава како и да заврши, допрва ќе гледаме циркуз по Русија, тепања Руси со малцинства и слично.
Чекај сега не ви беше муабетот за насловите на порталот Офф.нет, кои патем си се и тоа како на место?! Од кај ја напика сега Аргентина и Залужни или виде дека повторно не ти држи вода тоа што го тврдиш и класика се префрлуваш одма на дефокусирање