Почна муабетов шо го оставив пред некој ден. Ќе се смират сите војни за брзо. Муриканците ќе имаат мноогу проблеми дома и нема да можат повеќе да се замараат со што се случува со светот. Доколку работите со долар топла препорака да си барате чаре уште од сега.
Дај Боже вака да е. Муриканците редно е да си го гледаат више својот двор конечно. Од глава им се удира све.
Да им се исушат рачињата Така е, убаво кажуваш, само за обична раја би било заебаното, за моќните - тешко.. Они ќе се снајдат секако.
Хе. Да видиш на пример како забавно нафташите пропагираат зелена енергија, дури истовремено се диверзифицираат и си праат монополи со ветерници. The house always win.
Зелено битно. Таа боја е магична. Сите ја сакаат. Зелена агенда нели, одржлив развој, ти реков ми рече.. Бајковито, идеално, утописки Абее, проклети нека се сите до еден. Лицемерен идиотизам.
Решен сум, на падот на најголемата империја да направам богатсво кое ни моите внуци нема да можат да го потрошат. Верувај нема да се случи преку ноќ ама тешки времиња доаѓаат за муриканците.
Моментално по 2.2б нафта го намалуваат производството дневно за да ја одржат вредноста на доларот. Ценат се држи вештачки ама кај и да е ќе почне да тече балонот па ќе пукне.
Ја вака размислувам, има една наша на човек најлошо шо можеш да му посакаш е да има многу па да падне на ништо. Со тој живот шо го живееа можат само да си замислуваат како нашите со ексјугославиа. Е сеа ко ќе видат како е, а заради профит пушка се купува со лична карта таму, цело население е вооружано до заби со арсенал на оружје, кога ќе се запали фитилот не ми е јасно како ќе се изгаси. Жално за обичниот граѓанин ама тоа е.
Абе, за секоја навика има и одвика. Ако се мора, ќе се мора да се стегне газот, нема друго. Жално е ама еве нас и другите кој не прашувал? Стварно се разгалени до максимум и ова шок им е тотален и лекција на некој начин. Треба да дочекаат срања па можеби би се освестиле малку од малку. За обичните секако, тие другите не ги рачунам за луѓе.
Не не им е шок уште, сеуште живеат во илузија. Мурика моментално се наоѓа во периодот на југославија со анте маркович. Допрва ќе се освестуваат, после нова година иде интересното. Да сме живи и здрави само.
Нека живеат, тие па и ко што знаат да се индиферентни тотално и да не се замараат за ништо, не ме ни чуди. Вака е поинтересно и појако. Се океј навидум, у ред, наместено и перфектно и после одеднаш се се менува и како што рече, си никој и ништо. Појако треснување нема од тоа. Иритирачко е што стварно семоќни се замишљаа(т).
Абе јас не реков идат лесни времиња, само ме интересира тој првиот дел Мада, нема пари кои можат да го надоместат распадот на општествата што ги знаеме. Јер-споени садови...
"Не мешајте политика и мржња во спортот". Амх ок. Рајнметал е иначе еден од главните добавувачи на оружје за Украина. Дно од клуб, биле и останаа. Дури и навивачите им се срамат од потегов.
Stop War пишале а донираат оружје за да се продолжи војната, која трагикомедија. Не се разбирам многу во спортски клубови ама овие се дно дна.
Овие на сликава иначе беа и финалисти во ЛШ сега пред некој ден. Добро и што не ја освоија европската титула, ваков срам никогаш не доживеал германскиот фудбал а и општо спортот како целина. Од толку економски конгломерации, индустриски гиганти што ги има Германија, овие потпишаа договор и ќе печалат пари со фирма и фабрика што произведува оружје за да се убиваат и умираат луѓе а од друга страна шират пропаганда за мир.
Сите Украинци кои имаат двојни државјанства од денес се само украински државјани. Не смеат да ја напуштат Украина. Ајдее нови регрути за фронт. Демократија на дело.
Russia overtakes Japan to become the fourth largest economy in the world in PPP terms Санкции, забрани, изолирања, сиромаштија, dooms day сценарија пишување овде последниве две години за пропаѓањето на Русија... 2024, Русија ја поминува Јапонија економски и сега е 4-та во светот. Време е сите експерти по економија да си ги искинат дипломите.
Има еден филм the big short се вика еве, изгледај го ќе ти стане јасно. Само шо овој пат ќе биде мноогу поголемо и не преку недвижнини ама поентата е иста. https://m.imdb.com/title/tt1596363/