Види поентата на муабетот не е да бараме кој е посилен, ако некој фрли нуклеарка колку и да е слаба сите губиме. Праат сеа самит за мир у швајцарија на 15 ти мислам дека беше а русија не е викната за да се решава проблемот. Тоа ти е исто како у втора светска војна да има самит за мир а да не се викне германија. Апсурд до апсурд од имбецили западни. На 9 ти ќе видиме ама ми стое дека петродолар капут до нова година. Колку повеќе притисок и праат на русија толку побрзо го јадат. Иначе русија е четврта официјална економија во светот; појака е и од пред војната сеа одолговлекуваат да извадат извештаи за тоа ама сакат неќат ќе мораат да објават.
Се гледаме после 9 ти, ја на секој пост ти објавувам запдни статистики, таму читам ти ако незнаеш да читаш тоа си е твое
Путин: Не ми треба нуклеарно оружје за да победам во Украина Употребата (нуклеарно оружје) е можна во исклучителен случај - во случај на закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Мислам дека тоа нема да се случи. Нема потреба. Но, доктрината е жива алатка и ние внимателно следиме што се случува во светот околу нас, така што не исклучуваме некои промени во неа. Ова исто така важи и за тестирање на нуклеарно оружје.
Што не фрли слабакот? Тоа што не ги канат, ти е доказ дека се битни како и Македонија, никој и ништо. И не е првпат, имаше и претходно конференции без нив. И цел муабет е демек еве колку е Путин страшен, еве сега што ќе биде, ништо нема да биде, не е јак, смотан е, оти политичари со интелигенција проценуваат ситуација кој од кого ќе добие поддршка, а тој нели во КБГ бил, агент ова, она, се гледа колку му е капацитетот.
Советувај ги тогаш Русите да се потрудат, да се цивилизираат и за едно 20 години може и ќе ги канат некаде. Самиот си потврди, подот го бришат со нив, нема што да ги канат, поарно е да ги понижуваат.
Леле бе Инаку, ако не сте приметиле во Европа живееме сите. А атомско склониште е хрватски бенд од бивша Југославија. И така...
Русите да се цивилизираат? А кој да го цивилизира "дивиот запад"? Не залудно е наречен див запад. Или демократија можат да продаваат само на протекторатите, иначе пу пу не важи.
Ја читам и Тања, а и членови кои релативизираат војна и се обидуваат агресорот да го оправдаат, да го претстават како разумен човек, жртва, борец против злото. Нема разлика меѓу Тања и сите што се против неа. Тања можеби нема капацитет ситењето и радоста од неуспехот (во дадени моменти) на Русите да ги нашминка како што тоа го прават оние од другиот табор. Директна е. Тања: Така им треба на Русите, катастрофа се, мизерии, пропаѓаат, браво, бла бла бла... Останатите (против Тања): Оф кутрите Украинци, жал ми е што западот ова им го приреди, ах тој Зеленски, ќе војува до последен Украинец, сами си се криви за ова, нацисти се, Путин е разумен човек, не сум за Русија ама...
Ова твоево е релативизирање. Можеби мижење и незнаење. Прифаќање на сервираното. Или пропаганда нарачана,како ли? Се подразбира дека сите го жалиме обичниот украински човек кој војува во моментов, нема тука ништо контрадикторно. Најлесно е да се посакува мир декларативно. Но, некои од нас се обидуваат да разберат и нешто повеќе од она што се прикажува званично. Разговараме овде, ама смета очигледно слобода на говор... @Realist1 вистината е една.
Неможам да ти цртам повеќе од ова зошто е војната во украина. Сеа и за нафта ќе добиеш https://internationalbanker.com/fin...ominates-but-de-dollarization-is-unstoppable/
Еве ти и за нафта и за население и за се за брикс до сега уште непроширени, сфаќаш ли сеа зошто гинат руси и украинци? Ја сфаќам зошто гинат руси ама никако неможам да сватам зошто гинат украинци. А женската шо вика неможеле да ја земат украина нека се теши, ќе го фатат цело приморје доле не им треба украина. Незнам како да нацртам повеќе што се случува и која е причината за се. Се запрашуваш ли зошто им даваат таирус и ракети со долг дострел? За да ескалира уште толку затоа шо украина е готова а ако падне украина паѓа цел запад поентата е само да се претстави русија како агресор за да може да се почне трета светска затоа шо западот веќе го губи влијанието низ светот. Гасот од русија оди во турција па оди во германија и европа, кој зема процент? Зошто гасот не оди дирекно низ украина за германија цевките се здрави? Каде е економски германија во споредба со пред 15 години? На кој му одговара ослабена европа? https://www.visualcapitalist.com/economic-growth-forecasts-for-g7-and-brics-countries-in-2024/ https://www.visualcapitalist.com/visualizing-the-brics-expansion-in-4-charts/
Тање еве да ти објаснам толку многу шо му се восхитуваш на твојот макрон како давал оружје и како ќе праќал луѓе во украина. Дали стварно мислиш дека макрон многу ја мисли и е загрижен за украина. Незнам дали знаеш ама франција уште има колонии во африка е сеа буркина фасо се ослободи исто и мали е самостојна и моментот кога макрон почна да кажува дека ќе праќа војска во украина е моментот кога нигер се ослободи и ги избрка сите француски и американски војници и ја покани русија и нејзина војска во државата. Ете гледаш причината не е дека му е многу битна украина причината е што колонијалистите ќе останат сами на себе веќе ќе нема кој да работи а тие да живеат.