Нема шанси. Ќе тера како Сирија. Ќе слабее поддршката во оружје, ќе се повлекуваат дел од НАТО трупите. Ќе се делат зони на интереси каде што ќе владее едната, а каде другата страна. Русија ќе ја шири својата зона на владеење постепено и во другите региони. Тогаш работата ќе оди побрзо поради помалата поддршка од НАТО. Е сега прашање е каде ќе ја прават поделбата. Одеса, Днепар... Они си знаат. Сигурно имаат и веќе договорено, као "до тука ќе е наше, од тука е ваше".
Насловов требаше одамна да се смени, по две и кусур години од почетокот на војнава/a.k.a. специјална воена операција
И Трамп ако дојде вака ко овој ќе се понаша? Може би се договориле некако. Ама па овие се заслепени со таа идејата за да бидат у НАТО примени по секоја цена. Мора да се сменат работиве. Тие секако ќе поделат, и ќе обележат граници, неизбежно е тоа, одамна знаеме дека изгубија Украинциве и треба да се помирени со поразот али редно е веќе да заврши и да завладее мир колку што е можно. Стварно. Нема смисла насловов веќе. Требало само Руско - украинска војна 2022.
Браво и фала за корекцијата за насловот, модератори, или веќе кој и да го коригира насловот. Очобол ми предизвикуваше.
Ова е вистинската слика за Русија, ова е тоа што масивно се релативизира и брани под параван на „антизападна“ политика. Фашистички, империјалистички, етнонационалистички, терористички режим. https://kyivindependent.com/ukraini...es-as-reporters-investigate-their-assailants/ Ама не бе, НАТО и Америка ги тераат да силуваат жени и киднапираат деца...
А за млади девојчиња шо ги праќаат на фронт да гинат за туѓи интереси дали имаш нешо да кажеш? Дали тебе ко радикална феминистка ти е нормално тоа и ги оправдуваш?
Каков whataboutism, уау. Ова е исто како феминистка да ти дава статија за нацистички злосторства и ти да ѝ расправаш дека партизанките екшли биле антифеминистичка појава. Бранење на сопствените домови и блиски од агресор што сака да ве истреби се „туѓи интереси“, важи. Инаку, Русија буквално го има прогласено феминизмот за екстремистичка идеологија, а декриминализирано е и семејно насилство. Буквално едно од најлошите места за живеење во Европа е за жените, ЛГБТ луѓето, и општо луѓе од било која маргинализирана заедница. Пресмешно е апологети на Путин да ми објаснуваат за феминизам, навистина.
Чекај, значи ги оправдуваш што се приморани со сила да војуваат? Дали тоа е во ред и хумано по тебе? Мислиш им се војува нели? Ама кој ги прашува. Херои сакаат да станат можеби? Сопствените домови значи, а не туѓи интереси? Ок. Знам дека нема да се разбереме. Кој се апологетите на Путин? Ние на темава? Прво русофили, после апологети.. Ние лошите, злобните, вие пресветите, хуманите добри ангели.. Е нормално некој како тебе апологет на Западот ќе тврди дека вистината е теорија на заговор, јасно ми е. Не дека очекував поинаку ќе кажеш. Во ред живеј си во паралелен универзум како до сеа. Има време ајде, можеби би сменила пак мислење и ќе дојдеш после тоа пак со нов профил. Никогаш не се знае тоа.
Така ли? А шо правиме со западната демократија? Вака ли има слобода на говор да кажеш свое мислење, да произнесеш свое барање, да имаш свое јас и да кажеш шо не чини? Или не, тоа само на хартија постои и важи само за малечките кај шо можи да се извршат закани, притисоци па и да се направи дестабилизација на државата затоа што не биле "послушни" на чичковците од запад зошто отстапиле од демократските вредности. А тие демократски вредности за нив не важат, да не можеш на улица да организираш јавно мислење и да кажиш на последиците, одма полициска бруталност, униформа од прв степен како за на фронт а не за со обични луѓе. Колку жени беа брутално нападните во Париз, Амстердам, Берлин, но тогаш никаде ве немаше да кажите ни збор, важно за Русија знаете. Лицемерни сте. Париз, Франција - женава нее удрена, туку брутално ПРЕТЕПАНА до без свест од страна на француската полиција по наредба на француската влада Амстердам, Холандија - полициско куче "Германски овчар (вучјак) брутално му ја каса и кини раката на човек. Имаше и по експлицитна фото ама ај За ваква демократија ли зборуваме и безбедно место на живеење? Полициска бруталност ако не си истомисленик со владата а е демократија и слобода на говор. Каква е тоа безбедно живеење кога на улиците се случуваат силувања на жени, деца, мажи, напаѓање, крадење, од страна на мигрантите? Вака ли се демократските влади спремни да обезбедат мир за секого? Ама Русија била не безбедна за овај за онај. Русија е безбедна за секого. Кој и да се најди таму, нема да доживее никаков не мил настан како шо можи човек да доживее во Германја или Франција на улица. А сите штетни организации кои шират секаква пропаганда се забранети со устав заради можно нарушување на опшествениот, моралниот, човечкиот а и уставниот и државен поредок во земјата за кој народот на Русија вековно низ историјата и неговото постоење сето ова го градел и одржувал во духот на моралните, националните и семејните вредности.
Пред некој ден терористи беа уапсени во Турција и самите кажале во полиција дека планирале да одат во Москва и да извршат напад во трговски центар. Не знам дали ја видовте таа вест. Среќа па Турција има колку толку ефективни институции. Дагестан има нафта, гас, минерали итн. Русите во Дагестан се само 4.7% и замисли тоа е Русија. Mинатата недела имаше напад во затвор во Ростов на Дон. Исламисти, Чеченци и Ингушети земаа затвореници како заложници. Значи два напади во рок од една недела, едниот, третиот планиран напад очигледно го спречија Турците, турската полиција сепак си ја работела работата и браво за Турците што личат на држава. Колку е безбедна Русија, а колку Западот останува да видиме во годините што доаѓаат. И демографијата е многу важна. Без демографија нема држава.
Се до завршувањето на брикс во август очекувам зголемување на терористичките напади во русија, особено сега пред одржувањето на нато самитот на кој главна трма ќе биде приклучување на украина кон нато. Сите овие провокации се случуваат со цел да се испровоцира русија да удри врз цивили и цивилни структури во украина и со тоа да се оправда влез на украина во нато а со самото тоа почеток на уште поголем конфликт. Првиот терористички чин во кој загинаа околу 140 цивили се докажа дека е нарачан од украина во овој терористички напад во дагестан загинаа 16 полицајци плус останато цивилно население со цел да се испровоцира меѓуетнички немири во дагестан. Западот користи секакви прљави игри за да ја оствари посакуваната цел. Колку е пријателски настроен западот Спрема украина и зошто толку се замара за украина се покажува во следново видео од американскиот сенатор кој целосно ги открива картите зошто е војната во украина и кои се интересите на западот за истата. https://youtube.com/shorts/HBSZfKXK3XQ?si=ZtCKQo9FxlTIKBsZ Во меѓувреме колку се пријатели ус може најдобро да се види со тоа како истата за да ја заштити својата економија од пропаст влијае врз јапонија па така јапонија држејки ја економијата на уса дојде до тоа да вредноста на нивната валута падне за 50 проценти во однос на доларот. А истите се инвестирани во американски државни обврзници кои доколку ги продадат ќе ги продадат во загуба. Приватниот сектор од јапонија го избегнува внатрешното инвестирање и ја избира америка како место каде што вложува. Останува да видиме во нареден период како американците ќе ја жртвуваат јапонија и јапонскиот народ за да ја заштитат својата економија. https://amp.theguardian.com/world/2024/apr/30/japan-economy-yen-currency-value-falling-low-impact Едит: Како шо најавив во предходните постови дека русија е четврта економска сила веќе во светот и дека сеуште одолговлекуваат за да го објават тоа еве веќе излегоа податоци дека русија покрај се стана четврта економска сил во светот. https://www.intellinews.com/russia-...an economy has overtaken,at the start of June. Со ова јасно покажуваме зошто е војната во украина, особено со изјавата на сенаторот се открија картите на дволичниот запад.
Да те потсетам само на " демократскиот потег " за случајот на Џулијан Асанж и Едвард Сноуден . Америте да беа чисти , ќе ги остава да зборуваат .
Асанж да беше во Русија, досега одамна ќе беше паднат низ прозорец. Никакви потерници, судења, ништо немаше да има. Читајте му ја биографијата, човекот не е чист, хакирал на 16 години, го затвориле, менувал школи, места на живеење, патувал со лажни документи, обид за силување или силување. Еден еден куп дела и секако дека ќе биде гонет за издавање на строго доверливи информации. Асанж трпел закани од лица од САД, но и од Русија. Истиот Асанж го хакирал телефонот на претседателот на Еквадор и го уценувал. Ако извадам фалсификат пасош и патувам со него, па ме фатат, ќе скапам во затвор. Што е Асанж поарен? Дека е сега веќе светски познат па треба да му се прости. Демократија не е да издадеш државни тајни за цел свет и да ти се прости. Ви текнува на новинарот Кежаровски за што го малтретираа? И тоа во една бабана држава како нашата за наводно оддавање државни тајни.
Демократија е хелихоптерот и мскање на цивили во ирак, ама да заборавено ти е тоа асанж ти е крив оти хакирал и открил вршење на воено злосторство.
Уцена, силување, хакирање, користење лажни документи, а се селел едно 50 пати, далеку од невин. Знаеме дека правеле Американците воени злосторства, не открил топла вода, сите што војувале некогаш и сега прават воени злосторства. Не знам зошто не хакирал банки, може не му е предизвик да ограбува луѓе.
Гледам се најде испровоцирана , па да ти објаснам . Путин и Русија не се цвеќенце , ама глумењето демократија на Америте ме иритира . Русите бар не глумат . П . С . По има веза колку пати се сечел и дали патувал со лажни документи ? Ја одлежал ли казната за сите ( не )дела што ги правел ? Ако да , тогаш не разбирам зошто толкава хајка против Асанж за издавање на воени и државни тајни . Патем , не само на Америка , туку општо од цел свет .
Асанж е убав вака за око ( добро сега остарен е веќе), ама има некоја фаца онака невина, наивна, детска, така делува и буди емпатија. Се создава впечаток како да е скроз невин, а некој трага по него. Не е невин. И нормално дека сериозни држави ќе сакаат да му судат, не е тоа Македонија. Замисли некој да хакира наши институции и да објави доверливи информации. Нормално дека за тоа следи гонење.