Се однесувате како вие неколку члена од форумов да сте основачи и сопственици на ЕУ и НАТО. Не сте. Што кенка Шаман воопшто за американската платформа Јутјуб? Како прав Русин не ни требало да отвора канал таму, еве вие откако сте родени се руска музика слушате и 100% ќе знаевте за него и без Јутјуб, нели?
Лудост е да се казнуваат артисти. Дури и некои да го поддржуваат Путин, немаат вина ради тоа нивно лично мислење. Тие не ја прават војната.
Да се кладиме дека нема да влезе украина во нато овие три дена, уште два три пакети санкции ќе има можда ќе ги исчешат русите на забот. Путин вчера во индија си среди за нова валута од септември и комплетен дич на доларот. Плановите не ви се одвиваат како шо треба. Едвај чекам август брикс конгресот да дојде п здравје од септември со господ напред до мај одгодина растурање на нато па долар колапс да си дочекаме и завршена војна у украина со самото тоа
Јаооооооооо Од кај знаеш дека не сме некако поврзани? Само ти смееш да лапаш и да се движиш во тие кругови? Кои небулози ги пишуваш во недостаток на аргументи бе човече и мислиш јака си. Е она ги замени со Лесја Украинка, више очи нејќе да им види. И украинска музика само исклучиво слушала, никаква друга.
Пред фактите и боговите молчат. Кога станува збор за украина мене ми е најјако кога им ги затворам устите со прозападни медиуми и инормации од истите. Веќе незнаат шо кажуваат уствари од истото можеш да видиш колку некоординирано се игра се па така едно кажуваат на изјави друго излегува статистички. Најмило ми е кога неможат да кажат еве руски весник или информација е нели као пропаганда. Е еве руска пропаганда од прозапдни медиуми блумберг цнн светска банка Ама џабе си зборуваш таа си одработува за кеш и е гајле, иначе не има во статистики и со име и презиме шо пишуваме тука ама ми е гајле
Шаман ви беше голем трн в око, човек што си ја сака државата каде се родил и пее за неа, ама затоа на држава што буквално врши геноцид ко Израел и беше дозволено да се натпреварува на Евровизија. После ќе ми зборува некој за западни вредности и демократија. Дволичност на ниво. Ама ок, Шаман бил крив за се.
Е така де, јако е и што самата знае каква е ситуацијата мизерна ама не смее да рече нешто контра од тоа во агендатата што го пишува. Не смее оти знае дека последици би имало тешки. Кај бе не има? Со име и презиме? Ај сподели. Да не не тужи Тања бе? И Тања се надевам ја има у статистики посебно коа шири говор на омраза.
Ние не сме основачи и сопственици на ЕУ и НАТО. Ама, нашите родители или некои членови од тука, поточно народот, на референдумот во 1991 гласале за "не зависна, самоуверена Македојија, полноправна членка во Евроинтеграциите". Епа како што народот донесол мислење и дал легитимитет некогаш дека нештото можеби би било добро за него, исто така има право тоа и да го повлече ако смета дека за него е штетно. Од НЕ ЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, полноправна (човекови права) членка на ЕУ и НАТО, поради овие две, станавме СЕВЕРНА со променато знаме, грб, име, со втор официјален јазик, и сега сакаат и идентитет да ни сменат по цена ако сакаш да си член. Епа така не иде. Со вакви уцени и вакви гадни игри на 21век каде луѓе се качуваат на Марс а некој да ти кажува како да се викаш, како да се чувствуваш, за да станиш некаде член, пардон протекторат, е нема. Црвената Армија ја ослободе оваа земја 1945 а не НАТО.
Шаман не да поддржува тероризам, туку го промовира за Путин да му даде пари од буџетот и да гради кариера(за ова има критики од другите Руси, имаше некои колумни за него дека е гребатор). Не само тој, може има најмалку 100 руски ултра националисти, како Дугин, Стрелков и слични. Шаман делува како геј, немам истражувано дали навистина е геј. Личи на жена и во нозете. Уметник бил, Русин бил, се правда, обичен терористички фанатик, гребатор за ситно и плачко за пари од Јутјуб. Толку. Лани дознав за него, тука го споделија. Да не му дава поддршка Путин, дали и во Русија ќе имаше кариера. Спотот Ја руски имаше малку прегледи со оглед на фактот дека во Русија живеат 110 милиони Руси, јас видов бројки, само не се сеќавам точно колку милиони беше, ама малку беше во однос на големината на руската нација. Сметајте дека русофили од Балкан како дел од Македонците и Србите му го отворале спотот, му правеле прегледи, имаше многу коментари од Срби. Мојата прогноза е дека Украина има капацитет најмалку уште 2 години да се бори против Русија, Украина пред нас оди во ЕУ, до 2030 година, во НАТО оди по завршување на војната(ова го кажаа вчера на Самитот). Урнатото ќе се изгради, економски можат да им помогнат западните земји, ако сакаат, а не верувам дека нема да сакаат. За 10 години од сега, не би ме чудело еден Украинец во Украина да живее драстично подобро од Македонец во Македонија, Србин во Србија итн. Тука имав пишано претходно дека Шаман и таквите треба да се под санкции. Сторено. Се случи. Погодив. Украина не падна за 2 дена, Западот не ја остави без поддршка, Украина почна преговори со ЕУ, Молдавија од вчера скрининг, Русите абер немаат за заземање на Одеса во блиска иднина, дека Русија никој не смее да ја загрози(ја загрозуваат украински дронови секој ден и напади на терористи кои се руски жители), на Зеленски ќе му се случи државен удар, Украина нема војници уште пред две години, сето ова се работи кои ги промашивте. Минатата недела видов пост во Кумановска женска група, Русинка од Мелитопол(окупиран град во Украина), жената со типично руско име какво Украинки не користат, бара работа во Куманово да држи часови по руски. Кај ќе најде работа со тоа, кога тој јазик скоро и да не го учат воопшто? За што би плаќал некој часови да учи јазик кога истиот нема да му се најде? Нашла кај да се досели, држава од каде секој што може бега, ама во Мелитопол или во Русија да е поарно, таму би си седела, веројатно, што знам, нема логика да е поинаку. За Црвената армија објаснија Србите на една дебата, тоа не е чисто руска армија, туку советска армија, а во жртвите дали се 28 милиони, така? Имало 4 милиони Украинци, имало и Грузијци и други народи. Ослободиле совети, не Руси, исто како што југословенската армија не беше српска армија, туку мешана. Исто, Русите имале извршено масакри кај Белград во тој период, имаше еден човек говореше за тоа (зборувам за јавна личност од Србија, не е анонимус) посочи дека има книга за злосторствата на Русите кај Белград, и кажа дека од неговата фамилија биле убиени 10-12 луѓе од страна на Русите. @quattro така е, уцени еден куп и допрва ќе ги има, ама ние самите се бодеме таму да одиме, ние даваме пред да ни побараат. Имаш опција, откажи се ако не бива и готово. Бирај што ти одговара. Утре можеме да се откажеме, ама нас бостанот ни е обран одамна и ние сме свесни. За да ти биде добро, треба да одработиш, изградиш имиџ, економија, па глеј ги Словенците, какво реноме имаат.
Не ја сака, туку потпалува прости народи маси со националистички песни и од тоа прави пари оти се додворува на Путин за некоја рубља. Сами отишол на таа „лицемерна“ платформа и сега плаче. Србите го имаат оној Баја Мали кинџа, Нинџа, како и да е, епа Шаман ти е истото, само малку пофеминизиран е. И зошто вака си пишала „ви беше трн во око“. Јас не сум газдарица на Јутјуб. Ние не сме газди ни на Евровизија, па да кажуваме кој ќе учествува. Ние правиме домашни фестивали, па имало скандали за местенки, поплаки и слично. Што е со тој филм дека сме ние безгрешни богови, совршени и ќе кажуваме кој каде пари ќе троши, кој со кого е склучува сојузи, кој ќе пее на Евровизија? Кои сме ние на мапата на светот, што толку сме постигнале и некого сме задолжиле ли со нешто, за да кажуваме итн? Да сме победиле некогаш на Евровизија, ајде, да реагира наш претставник да рече „еве во Газа се врши геноцид, Израел нека не учествува годинава“, а вака џабе. Да сме некој извор на демократија, правда, чесност, да кренеме глас некаде, вака како дувло на корупција и криминал, нашето мислење е скроз небитно. Не малку, ние сме многу лицемерни за да покажуваме со прст на туѓо лицемерие.
Така ви ветуваат а? Ќе видиме ајде, можеби негативно би се изненадила, не биди толку сигурна. И не ги преценувај. Жити се? Ќе се изгради урнатото, а народот што загина, ќе го вратат? Колку си без осет значи. Само материјалното те засега. Толку вредат човечките животи нели? Те боли уво тебе. И најголемите агресори да ти подзавидат на ладнокрвноста. Ако сакаат, епа нема да сакаат, еве ти кажувам. А и да сакаат нема да можат. Шо праиме ако не можат, си размислила? Не летај со паметот толку бе Тањо, у години си, не си дете. Браво што си погодила, си го доби ли заслуженото барем? Ауу ќе те изеде бе тебе љубомората жено.. Те замислувам како цмиздриш секој ден гледајќи клипови на Јутјуб од руски канали и општо вестите поврзани за Русија. Па ќе те фати еден наплив на бес и лутина, охх ги жалам тие околу тебе што мораат да те трпат. Намали бе малку со драматазирање. Ќе „победевме“ бе, забораи ли таа година коа на Тамара за малку и избега „победата“? Ја заебаа, тотално нефер. Кој и зашо сакаше да го рекламира новото уставно име пред цела Европа и пошироко, ти текнуе? Кринџ ми е колку се фејкаат и после ти збори ми повторно за лицемерие.. Оф топик идеме цело време ама не туку се глупирај дека педеровизијата не е политички шит. И апсолутно право има секој да реагира, и да се буни, нема што ти да кажуваш и да заќутуваш луѓе, јасно нека ти е тоа. У секоја можна тема го деградираш народот, леле бе колку си надркана човек, грев ми е искрено. Криви сме што ти даваме внимание тука место сите да те игнорираат, ама си се заебала ако мислиш дека ќе заќутуваш и ќе влијаеш на нечии мислења.
Како ќе градиш имиџ кога си под окупација, кога си протекторат на други големи сили, кога немаш право да зуцнеш ни збор, само да ќутиш и виткаш кичма оти лошо ќе е бидејќи си мал и слаб а ти рекламираат "демократија и слобода". Од 1991 до денеска за се се вмешува меѓународниот фактор. За секоја работа треба да добиеш "амин" од калето. Се смена еве и политичкава гарнитура, одма Агелер ги посете и им кажа да не шараат лево десно оти лошо ќе е, од сам старт одма закани. Нареден ден им отиде и овај Дејвид Гир да им каже дека мора да ги внесат бугарите и да викаат Северна. Тоа лие политика? Ова е употреба на сила. Вчера на самитот на НАТО, Мицкоски кај секој американски државник отиде на пеглање па дури и кај Филип Рикер стариот амбасадор. И кажа тој дека во внатрешните работи на државава се мешаат амбасадори. Овие амбасадори од 1991 до денеска не убедуваа дека знамето, па грбот е последно, па после рамковниот е последен, па преспа и сега бугарите а еве ги и грците пак се наоружуваат против нас оти овие не велеле Северна.. Словенците од секош биле критичари и народот и политичарите, ладни се. Уште од бивша СФРЈ се разликуваа тие во се, за ниво беа понапред од сите. Германска култура имаа, ете им ја Австрија, Рим и Ватикан католици се. Тие имаа спор со Италија за Трст, и никако не попуштија. Ако можеше тогаш западот да најде безболно решение за Словенија и Италија, тогаш зошто не најдеше и за Македонија итоа овде се работи за внатрешни работи, за чувства еј, за како да се викаш, чувствуваш, срамота 21век со што се занимава "демократскиот свет". Па во турско 500години сме биле македонци и христијани а сега за 20 години не избришаа. И нее логички Словенија да е рамниш со Македонија. Што ќе се обнови? Бетонот? Цименто? Се радуваш дека ќе никнат згради пак? Дека ќе никнат фабрики да им работат за ѓабе на капиталистите од запад, тие да се богатат уште? Кој ќе живее во тие згради? Кој ќе работи во тие фабрики кога нема луѓе, луѓето загинаа по фронтовите во кои ги вовлече западот, другите избегаа, другите се руси и дел од РФ. Или ми зборуваш за Украинци од западна Украина кај Лавов? Е тие не работат. Ќе се изградела бетонската џунгла.. А луѓето што загинаа и избегаа кој ќе ги врати.. Или Украина ја замислуваш како Германија после Втората Светска Војна? И Германија нее држава, беше поделена, сега е Бундес Републик т.е Сојузна и знак прашање е до кога оти некои покраини размислуваат за отцепување.
Eпа значи не сме ни требале да се одвоиме од Југославија? Милошевиќ му кажал на Киро дека нема да се откачиме од соседите ако бидеме независна држава и вистина испадна така. Сме знаеле што не чека. Не гледам што е лошо да работиш за западњаци, еве колешка ми купи два стана работејќи за Американци(мажот, не таа лично), еден двособен и друг од 120 квадрати, плус шетања по Рим, Париз, Дубаи, Египет, детето си го избави, го прати на студии во Словенија, си купија кола, од оштета од работа во Авганистан и ич не им е лошо да работат за тие „капиталисти“. Јас сум копук во однос на неа, ама тоа е мојот избор, сум била мутава и сум решила да работам за македонски газди. Поарно да работиш за западни капиталисти, отколку за домашни хоштаплери. Разликата е небо и земја. Погледни ги нашите по странските фабрики, буваат по 8 часа на нозе, едвај 500 евра и пресреќни(поарно не виделе). Такви фабрики Западот веднаш може да им отвори во Украина или овие од Балканот да ги пресели таму. Да не глумиме аристократија и буржоазија, демек се ладиме под балдахини и кафе ни носат на послужавник, па се чудиме што ќе правеле Украинците. Другарка ми Украинка од Албанија по патување на Балканот од две години се врати во Киев. Таму си е, јас да сум на нејзино место би се пријавила во армијата, макар за операции за дронови да се обучам, ама таа си знае. Ок е да кажуваш како е Русија нај, нај, ама со ваков пример „брат ми е таму, работи 5 години, заработува толку, троши толку, му остануваат толку, изградивме куќа од тие пари, еве и јас учам руски, па и јас ќе одам, во Москва ќе работам тоа и тоа...“ Вакво нешто не било и нема да биде. Вчера „изгорев“ еден Македонец. Збориме за жешкото. Му велам дека во Лас Вегас се измерени 48.8 степени, ми вели „ако им е, лоши се тие, нека им биде и 100 степени“. Му велам „абе се сеќаваш дека децата твои едвај купија кола на старо, па повеќе туркавте од што се возевте, па се бањаа само по Дојран и Преспа, едвај 2 -3 дена, и тоа храна си носеа, а сега откако почнавте да работите со Американци, куќа, кола, одмори на море, јадење по ресторани, гледаш Американците створиле нешто и за писмени и за неписмени(децата не му се квалификувани, случајно испадна прилика за работат со Американци), ама „лоши“ се да“. Заќуте и поцрвене. Е тоа е пример за злоба и лицемерие. И сите не знаат дека сме такви, користољубиви и затоа никој не не цени. Да ти кажам право, на една Словенка името и го згрешил во пишан документ, ни суета, ни дрскост, културно ме коригираше, ме фати срам колку ок изреагираше жената. На други Словенци сум барала услуги, онлајн само комуницираме, коректни, културни, ми завршија работа, а со Македонци, на кој сум помогнала, сум згрешила и ми се вратило со лошо. Да прашаш за совет Македонец и да знае нема да ти каже, намерно ќе те излаже и ќе те навреди. Словенците ти се НАРОД. Шаман сега троши доларчиња, од Јутјуб, затоа и плаче, за долари. Неговата постапка е како дома да ми дојдеш, да ме плукаш, мој дом, мои правила, на крај ќе те исфрлам и јас лоша. Животот е суров, не е желботека. Успеваат храбрите и упорните, така е за поединци, така е за народите. Замислете утре се распаѓа Русија, ама ги укинуваат во ист ден Јутјуб, Фејсбук(западни платформи), што повеќе ќе го потресе народов?
Не се измори малку да шириш лаги? Мора многу добро да те плаќаат за ова чим уште тераш на темава. Каков тероризам, каков геј, дали се препрочитуваш пред да пуштиш мислење? Како според тоа што човекот е патриот заклучи дека поддржува тероризам? И да, песната е добра и секако дека имало коментари и од тука, cry about it. Плус, си имаат тие и други платформи каде можат да споделуваат, не се само Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб единствените. И? Тебе да не треба да те праша каде ќе се сели? Мисли си дека никој не учи руски, особено Куманово. Русија нуди бесплатно високо образование, исто и секакви младински форуми, знам и луѓе што веќе се појдени да учат. И поштеди ме од коментари дека никој не оди таму туку сите трчаат на запад. Ако не можиме и не сме доволно битни да кажуваме кој ќе учествува на Евровизија, тогаш зошто сме доволно битни да кажуваме дали руските артисти, писатели, спортисти требало да се банирани? Абе ви нема крај ова лицемерието. За земја што врши геноцид не зуцнавте, ни најгласните радикални левичари не ја бојкотираа Евровизијата, и овде на форумов си пишеа ко ништо да не е. Ама Русите ги банирале од секаде, можеме да спиеме мирно, да живее демократијата, правдата и чесноста.
Шаман не е тој кој одлучува каде Русија да употреби оружје. Сексуалната ориентација на човекот не е битна за темава. И не. Артисти не треба да бидат под санции. Не носат одлука за војна. Со ова се дискриминирани. Не секој акт на терор е тероризам. Воената операција не е тероризам. Тероризам се случува во војната помеѓу Израел и Палестина. Украина нема капацитет без додатоци од надвор. Како што е презадолжена и губи луѓе, тешко да издржи и година. Единствен спас ѝ е или веќе нелегитимниот Зеленски да се согласи на мир и да се повлече, или во САД Трамп да дојде на власт и да смисли крај на војната како што зборува. Западните земји се исцрпуваат, нема да можат да ја крепат Украина. Забораваш дека ради ова секаде удри инфлација, а луѓе губат и работни места. Кои Украинци и Украинки ќе живеат подобро? Гинат, снемува луѓе за одржување на економијата. Уште денес да заврши војната, од ова нема да се оправат уште деценија или две.
Американците не не ослободија од Милошевиќ и Србија ниту Србија нас не ослободи нити пак некој трет фактор. За оваа земја македонците дадоја животи, за ти да живееш денеска слободно некој низ вековите платил со живот. Македонците со живот 45та се ослободија преку партизанските движења со поддршка на Црвената Армија. Не ми вели жити се дека ако не биле САД немало да не има. Киро Глигоров се тргна од Милошевиќ за да не гини македонскиот народ за Србија оти Милошевиќ беше и инсталиран од западот па после му го свртија грбот кога видоја дека е луд па ајде не чини сега. Немам против да се соработувам или соработуваш со западњаци, американци, французи, германци, англичани итн. Ама лично за себе. Немам против и лошо мислење да работам со Форд, Гугл, Фолксваген итн или некоја друга западна корпорација - си остваруваш прихот за себе личен. А за фабрикиве овде, ти се исто како логор ама модернизиран. Ама кога станува збор за држава, не можеш да се врзуваш само за една економија, партнери итн. Мора да играш со сите, не може другите да ги напаѓаш и хулиш бидејќи си зависен а еве и самата ЕУ виде дека е зависна од истокот. Другото не го коментирам и ова на требаше бидејќи од едно друго си исплеткала ама ај. Ако падне ФБ ама ич нема да мие гајле и онака живеат со двојни стандарди. Од една страна се залагаат за слобода на говор а од друга страна на руски, кинески и ирански страници и медиуми им ставиле етикета: China-State controlled Media или Русија/Иран. Ако ме прашаш дали ги користам, да, сите, ама ако паднат ич нема да мие гајле.
Ја само да искоментирам , е не можев да ќутам . Русите се појаки и појаки ми изгледаат , и покрај толку силни пакети на санкции . Па ја не знам дали постои земја воопшто во светот со такви рекордни санкции , како Русија ? Колку што знам , не . Ама заслепени поединци како Тања уште веруваат дека во Русија камења јадат откако големи западни фирми ги спакуваа куферите . Кад они .. отворија своја верзија на истите тие фирми и се свртеа кон домашното производство , што автоматски им дава можност на домашните компании и производители опстанок , плус буџетот им останува ДОМА . Не го даваат на Западот , немаат одлив на финансии . Колку само светот би бил подобро место за живеење ако секоја држава практикува барем мал дел од овие мерки што власта во Русија ги донесе откако Западот им удри санкции . Замислите во Македонија да се сврти политиката околу економски раст и развој .. не ми треба Lidl , сакам на пример Стокомак да биде Македонскиот Lidl . Ако само малку се нашите ( поединци , сопственици на поголеми трговски ланци па и мали сеедно ) поддржани како што е Lidl , верувам дека малку по малку ќе застане овој народ на свои нозе . Нема потреба да даваме вера за вечера на Западот . Имаме толкави плодни ниви кои никој не ги работи затоа што не им се исплаќа трудот . Оди отвори фирма , во загуба ќе влезеш и ќе банкротираш давајќи шаком и капом на инспекции , за да не те затворат за некоја новокомпонирана глупост . Што би било кога би се смениле некои закони , во корист на граѓаните и државата ? Да се направи компромис , каде и народот би добил дел од колачот , и државата не би била оштетена економски ? Туку Тањо , поречанка да не си случајно ? Ако си , јасно ми е зошто си толку инаетлива . Ние поречаните сме познати по тоа .