Не дека се радувам, коски ми се тресат. Ама... во љубов и во војна нема правила. Ете, и без да е членка може да добие подршка и заштита... Каме на ова мислев..
Нема ништо погрешно во нашата поддршка за Украина, имајќи на ум дека е единствена земја која се покажала пријателска кон нас. Реакцијата беше кон исмевањето на боите на нашата Влада.
Може и треба да добие. Спротивното сценарио е како да имаш маж кој те тепа и не ти дава да се дружиш оти ама те сака и ти мисли добро, а сите околу гледаат и ти викаат седи раат, маж е.
Вашата влада секогаш ќе биде за исмевање. Инаку вакви позерски работи мислам дека веќе се во аут, бои, pray for... луѓе ни криви ни должни умираат, држави што можат да сменат нешто стојат на страна, битно згради во бои ставиле. Еве солза ми капна од гестот.
Точно, само не е толку едноставно како што би било да е членка. Не случајно Путин не ги сака во комшии
како членка на НАТО, НАШАТА влада не смее да мрдне со прст без да добие зелено светло од нив. Едино што може е да бои згради и да дозволи протест на Украинци во Мкд.
Па и не е дека има што друго да направиме нели? Доволно е што се врти вниманието кон даден проблем, моќта на медиумите и притисокот на масите никогаш не се за потценување.
А што има да мрда со прст? Нека легне и нека се прави мртва, прст ќе мрдала Зборам за битни држави, Мк нека си седи и ќути.
Путин направи лош стратешки потег. САД фрли мамка, он ја загриза. Агресорите против кои зборува, ги фати во оро, им задоволи нагонски потреби со прогон и братоубиство. Ова ќе ескалира ако не се заврши за една недела, на било кој начин и под било кој услов. Тоа беше и планот. Затоа сега кога ќе се вратам во ретроспектива сфаќам дека Пендо наш на денот на прогласување корона криза чекаше фоун кол од странција да му кажат дека влеговме у НАТО. Зошто се` беше ова однапред испланирано. И повеќето знаевме дека ќе дојде до ова. *Само за потсетник, важен историски факт. Некаде 94 година Украина на Русија предаде артилерија и оружје, а Русија за возврат им гарантираше суверенитет и безбедност. Ама тоа девеес четврта... Кога стискањето рака, идентитетот, честа беа бар за три скалички помалку валкани од сега.