Самитот помина, не бидна ништо со украина во нато, ф-16 ките нови едвај се чекаат како нови мети од русите а русија индија исфрлија размени со долар. Средба орбан со трамп преставува најголема надеж за прекин на војната во украина https://watcher.guru/news/brics-india-and-russia-agree-to-ditch-us-dollar
Аууу што се случува со Бајден. Го нарекол Зеленски "Претседателот Путин." "And now I want to hand it over to the President of Ukraine... ladies and gentlemen, President Putin." https://x.com/BRICSinfo/status/1811519871928152344 Реакцијата на Зеленскиот. https://x.com/CensoredMen/status/1811522006996652523
Пак ги измешал апчињата, ништо ново. Зеленски нека пука од мака. Ако му е. Какви болесници толкави држави као демек водат..
Му тргна Biden calls Kamala Harris 'Vice-President Trump' at Nato press conference Ја замислувам реакцијата во кабинетот на Путин после изјавава на Бајден со Зеленски до него
https://makfax.com.mk/svet/нови-лапсус-на-бајден-зеленски-го-наре/ Од овој чекаат помош? Мене ми е жал шо заборава. Ама овој веќе не е за у политика, поготово не у САД шо играат играчки со светог како им дое. Не знае ни на кој помага..
Сигурен сум ако го прашаат Џо на која планета живее, нема да знај Мислам тој знај, ама касно пали, уште на windows xp или 7ца работи па поткочува, иако овие беа подобри од 10ка и 11ка, особено 7ка Дај нека го апдејтираат до изборите хаха.
Замислете, овој човек решава дали и кога се палат нуклеарките. Утре ќе заборави кај се наоѓа, ќе стисне црвено копче со наредба за нуклеарки, ќе не снема сите.
Вајда нема пристап он таму.. Да се надеваме. Он сигурно е само фигура, кај е способен вистински да управува, освен што се губи ништо друго не знае. Намерно и го донесоа, вака изглеа им е полесно да си играат со светот. Држава која се смета за велесила да си дозволи вакви бедотии очајно е. Не верувам да е сигурен како се вика, не пак ова, шо ти е. И не, не е смешно ич, страшно е и трагично.
Тој и онака е пред умирање, па не му менува многу. И го гласаат уште овој бе, па буквално магаре е подобар кандидат од дементниов злобен дедо.
Паметот му заоѓа. Ако не го тргнат, и светов може да зајде ради негови криви одлуки. Или ради тоа што лесно е подложен на манипулации. Се изнасмеав на фацава на Зелениов кога го слушна.
Вие кога ќе се запишете на факултет, битно ви е во рок да дипломирате или ако дипломирате кога врсниците ќе ви одат во пензија се смешате за успешни? Нели тука пишавте пред 2 години дека пари Украина веќе нема да добива од Западот. Епа згрешивте со прогнозата. 40 милијарди ќе има за 2025 година со можност за корекција. Да не е малку? Ако мислите дека е малку, ќе дадат и повеќе. Абе самото доаѓање од Мелитопол(окупиран украински град близу море) во Куманово и тука питачење за работа, ти е да земеш еден чекан и да си го удриш по глава. Куманово нема море, има една рекичка полна со смет. Јас немам чуено некој руски да учи, да плаќа курс, прво никој нема време, а ни пари вишок да вложува во нешто што нема да има практична примена. Не гледам Германци, Французи, скраја било Американци по групи да питаат за работа во Куманово на пример. И нема ни да биде тоа.
https://rus.delfi.lv/life/55355270/...odozrevayut-v-lgbt-propagande#google_vignette Еве ви од руски медиум дека Шаман е на удар поради спотот „Ја руски“, не го гледав јас, само видов дека Срби му коментираат, не ја отворав цела песна, ама тука пишува промовирал хомосексуалност, тоест неколку мажи му аплаудирале и го држале на раце, тоест близу биле до допир на интимна зона(навистина вакво нешто имало? сте гледале?). Од авион се гледа дека е геј. И „Мој бој“ ја прифатиле како ЛБГТ песна. И таму да не имало такви сцени? Немам гледано. По руските закони, овој во затвор би бил, ама му се упикува на Путин и затоа не е затворен. И точно е дека Бајден не знае ни кај се наоѓа, само за во дом за старци е, ама па без да го допре, го тепа Путин и понижува, па сега видете на кое дереџе е Путин и мора да иде по Индија и слични држави, оти нема каде.
Упорно дезинформираш. Членкава веќе ти кажа дека има луѓе што учат руски. Можеби треба да му рече на еден професор да ти упати специјален поздрав на интернет. Јазикот постои и се зборува. Има примена за образовни и деловни цели. Дали санкциите на Западот успеваат? Не. Дали Русија запре? Не. И нема да запре додека Украина не реши да запре со слушање на Западот. Никој не успева да го понижи Путин, особено не сенилен старец кој има и побетер скандали од него. Единствени понижени во ситуацијава се Бајден и неговата САД. Економијата им пропаѓа, жителите или губат или не наоѓаат работни места. Сè повеќе луѓе не можат да си дозволат ни основни продукти. Дури и нивни славни личности почнаа да му откажуваат љубов на Бајден.
Чим таа не слушнала значи нема, или можеби треба да и ги сликам сертификатите. Мислам дека секој со повеќе од една мозочна клетка веќе треба да знае досега дека членката е дојдена тука само пропаганда, русофобија и лаги да шири. Точно. А што побрзо ги сменат сенилниов дедо и претседателот на Украина Путин..ова Зеленски, подобро за сите. Добивала пари и оружје Украина од западот, а тоа шо до гуша е во долгови и ја притискаат да ги враќа не се кажува. Тешко на луѓето таму, на тие што не избегаа, а особено жално за тие што умреа на фронт мислејќи дека за доброто на државата е.
Завчера во Србија, промоција на американски национални паркови, се прикажувал филм, Хил дава изјава оделе Србите се повеќе таму. Да не веруваш. Може по работа одат или на work and travel па се појачале посети на Срби таму, или некои богаташи ако патуваат. Вчера потпишале договор, нормално Србија со гол задник стапува во тој договор за соработка, а САД ќе даде неповратни пари, милиони и милиони, за соработка во 4-5 области, а кога ја кажаа вкупната сума колку милијарди неповратно има дадено САД на Србија, па тоа е исто како да им платиле воена отштета, односно им закрпиле цели буџети кога парите ќе се претворат во буџети. Не се фалат Американците со тоа, ни политичарите, ни граѓаните Американци, за разлика од нас балканците, ќе дадеме отпад, старо железо и после до крај на векот плачеме, колнеме, се фалиме со хуманизам, а всушност сме лицемерни. И невидено лицемерие е кога ќе се зберат син му на Шешељ, па некој адвокат, некоја си писателка и употребуваат термини сатани, зло, вакви, такви, а кутрите немаат еден пат сами да си направат. Тоа е невидено лицемерие, исто како и кај Македонците и сакаат почит, а се однесуваат примитивно, некултурно како тој примерот од погоре што се капеа во тиња и туркаа скапано југо дури децата не се врзаа со Американците да работат(што мајка бараш да работиш со Американци ако Русите биле добри, што лажеш). А 95% се такви, лажат сушат, превртливи, нестабилни, едно збори, друго прави, еве исто фановите на Русија тука, во други теми пишуваат дека работат за американски компании. Русија еве две години зависи од дронови од Иран и оружје од С.Кореја. Да не беа тие, ќе беше две села подоле во Украина. Ако Русин каже дека санкциите функционираат, утре ќе падне во некоја река случајно. Прво во многу земји, Русинот и да има пари, колку и да има, не ни може да влезе, туристички не ги примаат. Да, санкциите функционираат. Замислете да имате милиони, да сте некој руски бизнисмен, ама морате да седите дома и да пропуштате години и години од животот(веќе три години е војнава). Данокот на добивка се зголемува во Русија, да обезбедат 17 милијарди долари во буџетот годишно. Од што е ова другари? Од „економски процут“ ли крева даноци? Допрва има да крева, ако војната продолжи и трае. И многу сте безобразни кога водите есап од туѓи паричници, демек на кого САД и ЕУ ќе даваат пари? На кого сакаат ќе дадат, тоа не се ваши пари, нивни се. Молете Бога кога ќе се обновува Украина, да не кренат раце од нас, оти дотогаш ни за пензии ќе немаме, па ќе мораме да чекаме од ММФ, Светска банка, а Русија не го вратила ни долгот што го има од СССР кон Југославија на Македонија. Зошто тоа никаде не го споменавте? 100 милиони изгледа беа. Па сега кога се „појачале“, редно време е да ги вратат, долг е долг, а не да клошариме за донации пред западни врати. Русија е запрена таму некаде кај Часив Јар е одамнааааааа. Запрена е. Може за некој месец ќе се мрдне 2-3 села, или некое граТЧЕ, ама тоа нема да биде победа за Русија ако Украина влезе во ЕУ и НАТО после некоја годинка.
По средбата на орбан со трамп обид за ликвидација за време на држење на говор. Сега трамп сигурно победува доаѓа крај на војната сто посто сеа веќе можно е граѓанска војна во мурика
Која иронија човече.. Објавуваш дека на САД не им треба диктатор, се извршува атентатот, а после го осудуваш атентатот на претседателот Трамп. Сигурно на некој му смета Доналд, му смета завршувањето на војната во Украина па врши атентат, исто како шо им сметаше завршувањето на војната во Виетнам па го суредија Кенеди иако беше Демокртат ама со јасна визија за мир во светот.