Го заземале објектот на гаспром во Суџа. Сега видов на Твитер, на профил Armed forces of Ukraine, снимка на војници во украинско знаме кои на руски јазик кажуваат дека го зазеле објектот. Русија ракети имала, а? Па кај се? Ракети може имаат, ама памет немаат очигледно, а ни граничари изгледа немаат. И што ако им текне сега на Украинците да не ги напуштат тие територии? Што правиме тогаш? Ракети имале, ама гледам население евакуираат? Ракетите не се чоколадо за јадење, се знае за што се користат. Ова руската работа како македонската, можам, ама неќам, а реално му се рика оти не може ни Руси во Русија да заштити, кутриот за три дена во Европа ќе идеше. Кој грев. Овие збореа руски(разбирам веќе украински и разликувам од руски), ништо чудно и Руси да пратиле да прават нереди, па ако ги убијат, таман Руси со Руси се убиваат, Украина нема зијан од тоа. Па нели Украина не пушта гас и нафта преку своја територија? Нели Орбан пискаше за тоа скоро? Да не сакаат да им оштетат некој скап објект околу гасот, па да не можат да го оправат со години?
Русите тоа што освоија е со покритие и нема назад обезбедено со логистика и се што треба. Украинците нападнаа во јуриш со оклопни возила само со тркала а не со ланци што движењето го олеснува. Регионот е евакуиран повеќето од цивилното население,а Русија во тој регион имаше само погранична гарда и таа што ја викаат 2 линија со лесна опрема. Без санитарна,воена,човечка и без логистика со храна тргнаа Украинците,тоа и некој со 50 IQ ќе ти каже дека е самоубиство зошто нема назад за тие истите котелот ќе се затвори за неколку дена макар и 20 км да е. Бајдавеј.... Другарката не ти пушти видео како дрон удира во зграда каде што имаше цивили и светеше спратот и се ситеа на сето тоа. Брачедата од Казахстан не ти се пофали каква хациедна од милиони милиони купи Зеленски во Италија и од кого? И Макелеле од Африка не ти кажа дека Украина ОФИЦИЈАЛНО призна дека финансирала и обучувала терористички келии во неколку држави низ Африка? Две од нив веќе ја финализираат потребната документација за ОН и МКС. Па добро е да се знае кој,каде,кога навива за нацисти,терористи и подржувачи на истото.
Despite the war with Russia, Kyiv has allowed the gas to continue flowing through its Soviet-era gas pipeline unabated as part of a $2bn-a-year contract between state-owned Naftogaz and Russia’s Gazprom. From Ukraine, the gas transits in the direction of Slovakia, where it forks off, one of the branches going to the Czech Republic, the other to Austria. Не ти кажа Борат за гасот и транзитот? Седи единица џабе ја излижа тастатурата од пишување,само маваш и ловиш во празно.
И ? Дали дрончето и вилата ја капитулираа Украина? Ај, кога ќе капитулира Украина означете ме тука, се надевам дека ќе сум жива, ама влезена во пензија. Мора пролив ќе фатиш од радост да имаш армија како украинската, ееххехе, знам јас, ама дека немаш, па нацисти, биле терористи биле, мора да има некое тешење. Pray for Russia ставивте ли на профил или се срамите? Не гледам никаде. Зошто? Се ќе дадеш вака да го потиш непријателот, душата во нос да му дојде, ама оти нема да го можеш тоа, терористи, ова, она. Е ако де, пиши си тука што ти е кеиф, Украинците не дека тебе ќе те прашаат што да прават. Ви изгаснаа пожари „сатаните“ сега можете да делите квалификации. Кога ќе седиш во ОН, кога ќе го замениш Гутереш тогаш донесувал резолуции за нацисти, терористи, вака се тешиш.
Не благодарам, од проџихад Македонци од косовски виалет подароци не примам. https://www.slobodenpecat.mk/ukrain...zhen-ruski-grad-mestoto-e-pod-nasha-kontrola/ Еве, потврдено е дека го зазеле.
Реално во право си. Ова е голем срам и брука за Русија. Не може во војна да се 2 години со соседна држава и да имаат таква порозна граница и никаква разузнавачка служба за каде се движат колони со возила, што се спрема и дека ќе нападнат Украинците баш таму. Не можат, а и не смеат да си дозволат овака да им влегуваат и да им се шетаат. Не, нема да ги задржат украинците овие територии, ќе ги изгубат, и ќе бидат уништени. Пирово ќе го платат овој излет како што ги платија тие кај Белгород. А искрено, им се рика нив, зошто ги тераат да одат во вакви самоубиствени мисии каде што освен што ќе и направат штета на Русија и изгинат, ништо нема да ce смени. Ама и Русите никако да си ја научат својата грешка, и еве и ова ќе го платат со жртви, нереди, и доста заробеници. Докажаа дека не се на она ниво на кое се очекува да бидат. И затоа трпат вакви срамови.
Добро е, барем си призна дека е ова брука. Ни на сон не сум мислела дека Украина има вакво разузнавање, Буданов е млад човек, 38 години е. Сметај веќе 3-та година тера војнава, значи од 35 години тој си ја брка работата. Не го јаде лебот на Украинците џабе, тоа е за почит. Не верувам дека ќе останат таму Украинците, нема логика, може сакаат некоја штета да им направат на Русите, може ќе уценуваат за некои заложници, оти тврдат дека заробиле руски војници, може само им прават ремет, да видам како изгледа да ти урнат куќа, да бегаш лево - десно. Гинењето не е ништо ново во војна, некој ќе изгине дома, друг на фронт, некој на работа, некој на улица. Тој што се плаши не војува 3 години, не војува ни ден, напротив како нас тера, од страв потпишува договор по договор и се глави, а тоа не е добро. Поарно е една генерација да помине тешко, да војува, отколку 10 следни да бидат робови и да живеат под диктат на комшијата. Блинкен најавил ново оружје вечерва за Украина. На српска Тв слушнав држави што имале договори со Русија да земат од нив оружје, се откажале, договорите пропаднале, не знам дали е ова точно, небитно, еве Хрватска сега купува Химарс, тоа прочитав деновиве.
Украинци и Грузијци во Белгород, е овие зборуваа на украински јазик. Вториве зборуваа на руски јазик, руски партизани, Руси родени во Русија, се заблагодарија што Украинците им донеле оружје. Ако не лажат, значи од внатре се организирани на бунт, не се дојдени од Украина. Ја тераат во мајчината руска армија, да не доаѓа во Курск, а позади на таблата пишува веб страница каде други Руси можат да им се приклучат. Добро бе, како Украинците ќе бидат пуштени по вода кога Украинци, Грузијци и Руси се тепаат против Руси во Русија? Па повеќе Руси ќе изгинат тепајќи се со Руси сега. И овие во видеото кажаа дека Украина никогаш не правела проблеми на Руси и Русија, Русија да иде во мајчина што лаже. На овие Руси да им речеш дека Украинците биле нацисти и малтретирале Руси во Донбас, те пукаат го глава директ. И Украинците ќе ги истераат назад во Русија, а овие се руски жители, кај ќе ги истераат? Ако се жители на Суџа, кај ќе ги тераат?
Брејкинг њуз- украински нуркач одговорен за експлозијата на северен тек. https://www.ft.com/content/b427976c-f059-466c-9c85-65bdeb45c755 Уште една теорија на заговор- упс...ништо од самоубиствените руски напади. И така тоа...
Ми се појавина видеа на тт како руски и украински мајки, сопруги, деца, роднини си ги погребуваат своите млади синови, како сопруги и деца се разделуваат од својот татко а само што се родиле, исто и сопруги.. На човек срцето да му се распарчи од тага.. За гревота млади луѓе да гнијат во земја, мајки плачат ли плачат по чедата.. Ете ја последицата од НАТО Агресорот и неговото ширење во источна Европа се до руските граници а знаејќи дека тие нема да дозволат такво нешто и ја ставија Украина да биде жртва и тампон зона, невини луѓе гинат за туѓи интереси.. Мора да се стави крај на братоубиствената војна, ова што се случува ги надмина сите граници. Нека земат сега пушка Блинкен, Бајден, Макрон, Столтенберг, Шолц, Зеленски и компанија чим се толку јунаци, војувајте вие ете ви ја Русија чим ви смета, вие гинете а не невини млади деца.. Или лесно е од фотеља да кажуваш кој што да прави зошто гајле тие за другиот.
Кога ги видов оние млади Украинци како се исмеваат со телефонот во тоа командно биро во Курск, и демек му ѕвонат на Шојгу и на Герасимов да прати два тенка, па не е паднат моралот на Украинците. Еуфорично и со насмевка влегоа првите тенкови со мрежи на руско тло. Алал вера за таа железна храброст и пркос. Така се сака и брани држава и нација, така се настапува кога знаеш кој си и што сакаш. Сега смрдлето што ги спореше како нација ќе си добие по нос, а може и Русија да влезе во граѓанска војна и распад. Ти убиле мајка, брат, комшија било што, е така се прави, идеш на таа нација и го кршиш носот, под бришеш, а не да плачеш дома и да молиш Господ да ги казни како што прават некои. Прееска видов некое видео, немам време да се посветам да видам што е, некои Чеченци од Ичкерија со полуфантомки се закануваат на Русија. Дали е вистина, ќе видиме идните денови. Па дури и Србите што две и пол години кажуваат дека Украина е готова, еве само што не се распаднала армијата, вечерва нагласија дека за да ги истера Русија сега Украинците ќе треба да даде многу жртви, настрана техника и дека имала многу сериозни грешки со чувањето на границата. Кога ќе почнете да редите имиња, набројувате се живо на планетета, Путин и само Путин е виновен, и сега има да плати висока цена, многу висока. Дали ви реков дека Русите треба да ги исфрлат од Јутјуб не се сеќавам и ме мрзи да барам, дека нели Западот сатанистички, еве се случи. Сторено. Монетизација нема. Ќе прекинат и да снимаат било што, оти кој ќе губи време и ќе троши ресурси за џабе. Арно сторено, дури и се толерирани. Тоа е американска платформа и нема потреба да се толерира и од неа да профитира народ што мрази Американци и мрази цел свет со исклучок на некои муџи. Очекувам ако уште малку влезат Украинците во Русија, напади на Москва оттука. Друго, Путин се плашел да не има напад од друга страна. Од кај знаеме дека Полска нема да дозволи напад од нејзина територија на Русија, како што Белорусија дозволи Русија да се изживува на Украина?
Сега му е шансата на рускиот Хитлер да рокне нукеларка, да му е*е матер на светов.Така никој нема да се сеќава дека на втората најголема сила во светот, лагано ѝ влегоа украинските ,,нацисти" и им се рашетаа низ Русија. Лол. Ќе спреми некоја одмазда руското џуџе, мрази кога му го чешкаат егото.
Ама џабе се жалопојки по форуми колку било страшно да се војува, ама ете самите Украинци кажаа дека се спремале со месеци, а лесно влегле во Русија. Веројатно можеле уште пред месец или два да влезат, значи ја преценија Русија и изгубија драгоцено време. Друго, мојата сосетка што двапати за една недела е тепана од мажот насилник трпи поголема агонија од Украинките цивили, оти ако падне граната, смрт настапува за неколку секунди и крај. А женава во комшилук пола саат ја слушав како во агонија собира здив да вика за помош, како трча и се брани, душа во нос, а не сме воена зона, да била Украинка војник, ќе имаше оружје во рака, барем ќе се бранеше. Украинците се полни со ентузијазам за одмазда. Друго, се што сте пишале пред две години сте промашиле (јас нешто погодив, дури и за Јутјубот дека кај и да е ќе ги скинат, лесно е чим ги имаат во раце), а вие целосно промашивте, значи да водевте држава, ќе ја натеравте во пропаст. За комумпираноста, сте чуле на вести дека Украина е комумпирана и цело време тука се форсира тезата дека ние сме драстично поарни. Па не сме. Еве читав книга од украински писател, пишувана по 2014 година, во кој е објаснет процесот на шверц на оружје на црно. Значи, ако некој Украинец војува во Донбас, ако му падне во раце оружје од некој загинат Русин кое не го должи, може да го шверцува тоа парче по цена од 2.000 долари, а додаток ако треба да се купи од странство како ноќен нишан, тоа плус се плаќа, ако сакаш тоа воено лице да те обучи, исто ќе платиш за неколку часа(200 долари да ти покаже како се полни и пука). Воените лица во Украина не земаат некои високи плати и ова е начин да ќарат нешто плус. Но, овие шверцери на оружје се постојано следени од Тајната служба, на секои 5 дена менуваат телефонски броеви, да не бидат уловени, се договараат по апликации каде е тешко да ги следат, по телефон зборуваат во шифри, а со странката која сака да купи оружје се гледаат надвор од град, на тајно место, никогаш не кажуваат кои се со вистинското име, каде живеат, што работат точно во армијата и дали се дел од армијата. Плус, шверцерите на оружје не договараат средба ако потенцијалниот купувач не уплати депозит од некои 1.000 долари, а оружјето е 2.000 долари на пример. Плати пари ако си сериозен, ако не, нема ни средба на тајно место. Овие шверцери на оружје СБУ ги фаќа, а ги следи и нивните муштерии. Значи се борат против тој криминал, не како кај нас на секој чекор и секоја будала што може зема мито, па никому ништо. Судството ти е исто како кај нас, за моќни лица, судии, обвинители, закон нема. Ако убие човек нема да одговара, ќе добие условна. Истово е опишано во книгата. Писателот се враќа од студии во странство во Украина по 2014 година, оти сака да е дома и да помогне на Украина. Да се плашел, немало да го стори тоа и еве го вчера купи не знам кое возило по ред за ЗСУ.
Ауу што пишуваш ејјјјј, дефинитивно не си океј ти.. Абе жено, без разлика за која завојувана страна збориме, срам треба да ти е ова да го кажеш. Иди прво у војна и прати твој чоек па збори ама да имаше муда до сеа ќе го напраеше тоа. Немаш. Убаво реков неколку пати, ти ова ко игра си го сфаќаш. На твои години вакво размислување, страшно е. Какви се бе споредбиве ма Тањо, свесна ли си што трескаш? И на место ти е ова што го кажуваш? Аман и за Јутубот аман значи колку си напорна бе. Срања изнапиша повторно. Ни срам ни перде бе. Дефинитивно садист и мазохист си ти.
Колку треба да бидеш човек без чувства за да посакуваш да се војува, одмаздува, многу си среќна што влегле во Русија, сигурно направивте коктел парти во Калето. Бравос, само напред. Ало, луѓе гинат, не вини луѓе од двете страни. Шо не земиш ти да војуваш, оди, ете бараат, ќе те обучат, ќе ти платат по 20.000еур, оди војувај, нигде не бега Путин, пукај. Земи го и Блинкен, Зеленски, Макрон и компанија. И не знам како се уште не можиш а и не можат да сфатат дека ова е војна меѓу западот и Русија а не Украина и Русија. Украина е колатерална штета, тампон зона меѓу две светски сили. Украина е само изговор. Се знаеше дека Путин нема да дозволи пред нос да му се шетаат натовци, предупредуваше, и Советскиот сојуз ко беше имаа договори потпишано дека нема да се шират на Исток. Се прекршија, ама се. Епа на човек некогаш и преку глава му доаѓа, тие арното го прекршија. Ко сега Мексико да војува со САД, а Мексико да го наоружува Русија. Би дозволила Америка да и се шета пред нос Русија?
Нее, тогаш Америка херој ќе биди што се брани од лошата Русија и нејзините сојузници. Врти сучи така ќе е секогаш, лошата Русија против добриот запад. За некои луѓе само црно бело постои. Знајме дека членката е платена да лупа глупости и шири пропаганда, ама дајте малце модератори зауздајте ја. Срамота е во 21ви век да пишуваш и навиваш за војна и да се радуваш дека гинат невини луѓе.
Ова последново мислам најзабеганото нешто од неа што го иам прочитано е. Може имало и полоши работи пишано, не знам. И ваков калибар чоек после ќе ти проповеда за нешо, ќе труби кој колку бил поштен, морален, правичен.. Со кое лице бе кажуваат? Да ти е срам тебе место нив.
Ве плаќаат ли Русите нешто? На Северна Кореја кози дале, ние да бевме русофилска земја, во најдобра опција брбушки од козите ќе добиевме. Нели во Русија ќе сте иделе пишевте? Кога? Да не отажавте?
Не знам колку треба човек да е безчувсвителен и без ИЧ ама ИЧ жал за да се радува дека убиле не знам колку души, влегле во Русија да се одмаздат.. Ах бе. Е вакви и светот го водат, затоа си трга маки обичниот народ. U.S Embassy Kale typing...