Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Ама не пишувате за Русите, мене ми се нафрлате. Зошто? Дека ве држам на кондиција ли? Нели се велесила? Нели цел свет ќе го тепаа, како сега украинци војници од едвај 25 години се мајтапат по руски канцеларии во Русија, знамето руско под нозе, па и стигнале да се сликаат. Да не е пропаганда ова? Да не се случило? Полесно е да веруваш дека некој е платен да каже дека Русија не е велесила, отколку да сфатиш дека има храбри луѓе што знаат кои се, што се, што е нивно и не даваат, а ти фрустрирај се.
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    8.540
    Пол:
    Машки
    Не ти се нафрламе, само не ни си јасна како можеш да се радуваш на одмазда и убивање а притоа се залагаш за демократски свет како западот за мир, правда, и правдини. Ќе ти болдирам кај грешиш.
     
    На Feminka22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.524
    Допаѓања:
    14.388
    Пол:
    Женски
    Калето и наредило пак јако да почне, мора да се пофали. Туку, многу непрофесионално и со ниски удари почна да мава, што е работава? Им гори под нозе?
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Арно ви беше кога пишевте Русите ќе оделе во Одеса, па се исмејувавте дали Украинците ќе одат во Москва. Акцијата им ја води Сирски, Русинот од Русија, школуван во Москва. Сега ќе видам на мапа колку е далеку неговиот град. Кој тоа кажува кои биле невини? На форум ли се делат тие титули за невини? Демек Русите невини, а Макрон виновен? Мајката. Украина на Украинците и по секоја дена мора да вртата тоа што им е земено, и на Грузија да се врати територија, за тоа се криви Русите. Многу плач бе, многу паника. Полека, велесила е тоа, ќе се снајде. Кој сака туѓа земја, ќе јаде стап. Сега ќе видам како се зема туѓа земја. Рок имате ли? За колку време ќе ги истера велесилата Украинците или „крајот ќе каже“, а крајот мислите на 2070 година?

    Па во демократски свет бре никој не се однесува како Путин од среден век, да упаѓа во туѓи градови и села. А тие Руси имале време и тоа многу нешто да сменат на избори или преку протести, сега гледам плачат кокошките и свињите останале дома, куќата пепел? Па две години е така во Украина, значи кармата ги стигна. Им се врати тоа што го прават на другите.

    Па нормално дека на Русија треба да се одмаздат, да не треба мене да ми се одмаздат. Буча ја имате заборавено така?
     
    Последна измена: 15 август 2024
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    8.540
    Пол:
    Машки
    Не знам кај виде ти дека сме пишале Русите да оделе во Одеса и дека сме викале Ураа.. дс убив Јас до сега немам прочитано дека некој пишал нешто такво и да се радува зошто русите влегле во Украина и убиле украинци невини.

    Колку шо знам, овде на темава од почетокот на конфликтот се дискутира за тоа дека НАТО, НАТО, North Atlantic Treaty Organization, OTAN, како да ти објаснам веќе дека НАТО војува со Русија а Русија со НАТО а не Украина со Русија или Русија со Украина. Како не го гледаш и сфаќаш ова...
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Убаво лажете, а и добро се тешите. Тука може 10 пати беше пишано дека Русите ќе одат до Одеса, па и до Приднестровје, не лично ти, други. Одлучете дали сте во 3 век пред Христа или во 2024 година. И небитно што пишуваме, кој му е земено ќе оди да си наплати долг, да помогнеш не можеш, освен ако одите да се борите со Русите. Да те потсетам, Сирски е Русин, и се бори против неговата матична држава. Кај и да е ќе стигне до дома, до неговиот роден град како тргнал. Андриј Јемак(советникот на Зеленски) е од татко Евреин од Украина и мајка Русинка од Русија, полу Русин, со Украинци нема ништо генетски. Објасни ми како Руси се борат против Русија? За Сирски, Јермак и другите Русија ти е битна како кесичка за смоки, јадеш смоки, фрлаш кесичка во канта, и гледаш дека немаат проблем да убиваат Руси, очигледно Русите не знаат кај тераат, само лажеа на почеток. Многу е јадно што отепавте со муабети за фалење на руска слога, јачина, не знам што. За козите коментар? Или пак ќе пишете Калето? САД не го окупираат Мексико, а ако го окупираат има право да збира оружје од секаде да се брани.

    Аха, Русија се борела со НАТО, значи тие руски партизани по нација Руси од руска територија кои со Украинците се борат против руската нивна армија, значи се борат за НАТО, така? Значи дел од Русите се на страната на НАТО, така? Каков нож во грб од Русите за Путин.
     
    Последна измена: 15 август 2024
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    8.540
    Пол:
    Машки
    Го знаеш деветиот круг од пеколот на Данте Алигери? Епа тука се сместени предавниците.

    Не бе НАТО не војува.
    Читај сега:
    22 Јануари 2022 - САД испраќаат оружје на Украина

    1 месец МИР И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСИЈА западот да не ја наоружува Украина, сите молчат. Како еден месец, година и нешто го предупредуваа западот.

    По 1 месец,

    24 Февруари - Русија започнува операција

    Зошто САД испраќаа месеци и месеци оружје а немаше војна и не се пукаше? Кого го провоцираа, кого го предизвикуваа? Казахстан? Таџикистан? Кого? Или Русија?

    22.01.2022
    Screenshot_2024-08-15-14-30-20-718_com.android.chrome-edit.jpg


    1 месец потоа после милион молби и предупредувања
    24.02.22
    Screenshot_2024-08-15-14-35-17-190_com.android.chrome-edit.jpg

    Како не војува НАТО?
     
    Последна измена: 15 август 2024
    На sonuvana и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Како тоа имало Руси предавници? Нели сложни со наострени заби ќе потепале се што мрда во Украина? Нели такви тенденции се изнесуваа тука?

    Гледам дека нашинциве во Берлин се чудат што да прават, кој да ги евакуира, во САД веќе некои градови срамнети со темел дека НАТО со Русија војувале. Колку луѓе се евакурани во НАТО земјите?

    Секако дека Украинците ќе се одмаздат, не се како некои што ги плукаат сите соседи, а тие таму секое лето, и коли им кршат и пак таму. Сите народи не се исти, некои се храбри и докажуваат на дела, други само се маваат во гради на празно.

    САД, па и Франција се убија од шиткање оружје по светот. Македонското тешење нема врска со реалноста. Ако кренат бунт сега и Чеченците дали се борат за НАТО?

    Селски озборувања, кој кому оружје и пари ќе давал, кој кому сака и што сака ќе дава, за тоа нема да ја прашуваат Русија што една мочана граница не чува и подарува кози. Захарова го повикува западот да реагира за упадот, па тоа е исто како со својата урина да измила лице наутро, селанката цело време го озборува западот. Се понижува и плаче исто како што вие прво убедувате како Русија била јака, а плачете за еден украински упад.

    Руските јутјубери како и македонските плаќале данок и полнеле буџет на Русија.
     
    Последна измена: 15 август 2024
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    8.540
    Пол:
    Машки
    Бравос за тебе, ако стварно ова го оправдуваш.. Со тероризам да убиеш десет деца, трудница, брза помош и да пукаш во манастир среде литургија каде присуствуваат голем број на луѓе... Големо браво за одмаздата, бравос. (highfive)
    Screenshot_2024-08-15-15-35-35-967_com.facebook.katana-edit.jpg

    На Захарова не можат ни на малото прсте да и се фатат од тоа што жената е поспособна од цела администрација на Белата куќа и останатиот запад.

    И треба да знаеш дека некои работи што ги сакаме се не возможни, не можат да се остварат. Верувам сигурно дека како мала си сакала многу нешта, не остварени соништа па и сега еве, ама сепак ги немаш. И јас сакам Јахта ама нема. Така и Украина. Не може да биде членка на НАТО, ниту да се соработува со НАТО, едноставно не може, природно не може зошто до себе има светска сила, а сила како Русија нема да дозволува да и се шетаат во двот натрапници. Ништо против Украина, жално и за земјата и за народот, ама западот целосно ја уништи за своите интереси приближувајќи и се на Русија до глава. Епа не дозволуваат, исто како ти шо нема да дозволиш јас кај тебе да дојдам и да правам што сакам, сигурно нема да ме оставиш така.

    Не знаев дека нашата јутуб сцена е жива :party::D Кој снима и кој е популарен кај нас жити се? Лазаров само итоа тој инфлуенсер е и водител, ваљда нема да чека пари од Москва, и овај Ритко шо го затворија. ЏП не снима 5 години, итоа гејмер беше тој.
     
    Последна измена: 15 август 2024
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Префрли калето плата и за Украина префрли буџет.
    Има и за вазелин :D
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Не е само Лазаров, и не снимаат само на македонски јазик, снимаат и на други јазици, не си налетал на нив, оти веројатно такви содржини не ни бараш. Нема да ти кажам секако конкретни имиња, ама солидно заработуваат, а замисли некој Русин што имал 100.000 претплатници, повеќето странци колку заработувал. Друго, сите тие Руси се надвор од Русија за да не ги мобилизираат, а живееја од Јутјубот, ја ругаа Русија, санкции, руската армија и не смеат да се вратат затоа што ќе ги судат за ширење на лажни вести за армијата. Нив прво ги отследија странците, драстично, а сега не ни имаат монетизација. Ем дома не смеат, ем ќе треба да бараат работа во Грузија, Турција итн. Кој во Грузија ќе вработи Русин кога ги мразат поради двете инвазија?

    Ти не ме разбра изгледа, прегледи од Русија не носат пари(ако мислиш на тоа што Јутјуб е баниран во Русија) небитно би ми било ако имам јутјуб канал. Прегледи од домашната публика и сиромашни земји како Русија не носат профит, сите се борат да снимаат на англиски за да имаат пубпика од секаде, а најмногу пари влечат прегледи од САД, да не ти објаснувам, имаше членка тука пиша вадела и пари во криптовалути, а имала публика од САД и плац си купила. Јас лично знам луѓе Македонци што купија покрупни работи од Јутјуб, ама не снимаат на македонски, туку на англиски и не се потпишуваат со Митра Митровска, туку со псевдоним ајде да речам. А данок во УЈП мора да се плати, освен ако правиш финти да ги вадиш во Косово, Србија итн. Руски блогери имаше доста на јутјуб, се чудат и тие од што пари да земат.

    Колку пати сте се повикале на Арестович, ама тој не е Украинец, туку мајка му е Русинка од Воронеж, а татко му е Полјак од Белорусија, а самиот Арестович е роден во грузиско гратче со доминантно грузиско население. Реално, тој не направи некоја штета на Украина, освен што трескаше откако се повлече дека треба да преговараат, а сега дали тоа е негово убедување, или Русите го плаќаат, лобираат, не знаеме. Ништо страшно не кажал. Тој бил разузнавач, ако сакал, можел да го издаде Зеленски на прв ден, само тој знаел да ракува со оружје во кабинетот кога Русија пуштила специјалци да го убијат. Украина со 78% Украинци, има доста луѓе кои не се Украинци во самиот врв, армија, претседателство, разузнавачи итн. Нели угнетени беа Русиве, како сега овие Украинци „јаки националисти“ не излегле да протестираат против Русинот Сирски?

    Tи велиш Украина не може, таа докажа дека МОЖЕ. Tи веруваше дека ќе дојде ден Украинци ќе упаднат во Русија? За цивили ич не збори, Русија 2.5 години убива, којзнае колку мртви има во Мариупол, а тие што останаа мораат да земат руски пасош, ако не, ни на лекар немаат право. Значи тебе ова ти е ок? Која друга држава во светот направила вакво нешто? Нема Русија што да збори за цивили, тероризам, окупација, само и враќаат со иста мера, додуша убиле 12 цивили, не масакрирале 445 како Русите во Буча. Кој веќе ќе ја смета Русија за суперсила? На подрум ли беше 2.5 години па сега приметуваш дека убиле 12 цивили за една недела од упадот? Па во Украина имаше напади со 50 жртви, ако ти забораваш, има кој памети, Украинците. Ај Украина проси, руските бегалци од Русија сега која економија ќе ги храни? Ти сметаш дека Русите се побитни од Украинците, и дека првите имаат право да го истребат вторите, па што тогаш се буните нешто на нефер однос од било кој? Одличен е односот кон Македонија и Македонците чим ставовите се такви.
     
    Последна измена: 15 август 2024
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    5.068
    Пол:
    Машки
    Тање колку е платата у амбасадата, ама реална бројка ако може….
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Одамна еден портир во амбасадата ми рече земал 90.000 денари, а кога му ја кажав мојата тогашна плата се истресе дека толкава плата со очи не видел, и нон стоп си чекаше евтин работнички автобус. Просечен македонски маж. Секако дека лажеше. Тоа прашај ја Агелер, туку овие што вадат пари од американски компании, долари, а ја фалат Русија, не кажаа колку заработуваат и дали плаќаат данок или вадат пари во Врање и пак се жалат.
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Ја сепак сум некако за Путинчо.
    Од АСПЕКТ:
    Нато ни го начука у 2001 со орлите.
    Го мрзам од дното на душата.
    Сеа друга држава отиде курбан. Шо ќе ги жалам коа прво ние сме за жалење. За тие вошкари, Тито и Путин се мамата. Доколку некој уште мисли дека е Украина Вс Русија. Преиспитајте се
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    5.068
    Пол:
    Машки
    Незнам, не сум запознат, ја за евра работам - просечен македонски маж. Ни имам допир со рубља ни со долар. Ако ги знаеш имаш опција, пријави ги, мора од некаде да почнеме да се средуваме.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    И работава е се зборува Украина НЕ Може во НАТО, а Украина во Киев веќе има преставник на НАТО И договори со 30 земји за воена соработка до влез во НАТО и обнова, овие договори се 10 годишни. Словенија таков потпиша, а Македонија на Самитот само имаше средба, даде поддршка, ама не потпиша. Па ние немаме веќе стари железа за отпад, а пари да дадеме за обнова и тоа немаме, не можеме да се обврземе.

    Нас секој ќе ни го начука, мене не ме чуди, ние да имавме дипломатија во 2001 година, и храбар народ што ќе се бори, добри генерали, и нас може ќе не поддржеа целосно. Албанците ги извадија од Арачиново, арно ама желба на Албанците беше поделба на Македонија, цела Западна да ја отцепат, а тоа не се случи, ниту па е федерализирана Македонија до ден денес. Албанците не бараа Рамковен, ја бараа третина Македонија. Не може да се каже дека Запад целосно ги поддржа, нив делумно да, нас ич, а и сетете се како разговараа некои наши политичари со странците, дека нема преговори, не седнуваат на маса, дури имаше и една информација за удрен шамар од наш политичар на западен во еден скопски хотел. Тие се упикуваат на сите што се помоќни од нив и од кои ќе имаат ќар, ние се правиме јаки на зборови, на дела многу Македонци пиеја кафе, а гинеа некои Ромчиња што сакале да земат дневници од војување и да купат коњ, е вакви имаше од Прилеп, од иста фамилија и загинаа во масакр.

    Да сте Украинци што ќе правевте? Баш ме интересира?
     
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    5.068
    Пол:
    Машки
    Тање ние не изгубивме 2001, изгубија неспособните политичари, и не нас немаше да не подржат уствари ние можевме за 24 часа да го решиме проблемот ама некој не ни даде. Како бе се наопаку ги гледаш работите. Ова е офтопик ама ајде
     
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Многу чудно граница да не се брани.
    Невозможно да се биде изненаден кога толкава војска приоѓа....немам појма од војни стратегии, ама во денешно време кога секое ќоше се снима , пречудно е ова.
    Или Путин е дел од некој договор или предавници си работат.

    Штета што крајот на страдањата на братски народи е се подалечен.
    Русија победена не може да биде, а тој дух го делат и Украинците, само што сеуште не можат да се извлечат од децениската манипулација.

    Тања, Буча не е дело на Русија, докажано е, папагалски невистини повторуваш.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Имаше некоја анализа дека Украина упаднала поради доброто украинско разузнавање и соработници во Русија. Сигурно имале некој соработник, ама навистина е чудно колку тие соработници Руси на украинската тајна служба се лојални. Очигледно има голема поделеност меѓу Русите, оти гледаш одат Украинци преку граница и таму им се приклучуваат руските партизани, значи Украина има 100% доверба во тие Руси и не извисија досега.

    Ова не се однесува на тебе, на другите: Ако кажеме дека „НАТО се бори притив Русија во Украина, а не Украина“, поради тоа што им даваат опрема и ги обучуваат, и плус има и некои платеници, ама тие се претежно приватни лица кои имале некое воено искуство(загинаа некои млади странци на 22 години, не е тој долгогодишен професионален војник сигурно) тогаш аналогно на тоа ваше тврдење „треба да кажеме дека „Украина во 2001 година се бореше против УЧК во Македонија, а не Македонија“, оти ни дадоа оружје, нивни пилоти обучија наши пилоти, и плус Украинец го гранатираше Арачиново, а Арачиново беше главна битка за нас. Тие пилоти беа вработени во украинската армија, а не беа приватни платеници. Ако 1.000 пати кажавте дека НАТО се бори против Русија, зошто 1.000 пати не пишавте Украина се бореше против УЧК во Македонија? Затоа што вистината е непријатена за нас и болна? Ние изгубивме воено, затоа што терористите не беа протерани ни од тетовско, ни од липковско, настрана Арачиново што ги извадија од автобуси и не негираат дека така беше и беше. Странци го собираа оружјето во Липково, не ние. Ние изгубивме, а дали Украина ќе победи ќе видиме. Победа ќе беше ако со тоа украинско оружје ги избркавме терористите скроз, за 2-3 дена, да не помислат да се вратат, а тие една шака Македонци и Срби безбедно требаше да ги вратиме дома, ако сме победиле, а не победивме. Тие луѓе поминаа уште 3 години по хотели и никогаш не се вратија дома. Ако политички изгубивме, а воено победивме, зошто луѓето веднаш не беа вратени дома? Се плашеа од локалните Албанци, дека ќе ги масакрираат. Ако воено сме победиле ќе беа заминати на Косово, празни селата ќе беа, како што во Украина Русите не смеат да се вратат во Харков.

    И Бугарите дадоа многу тенкови, аналогно на вашите тврдења Русија- Украина, според вас во Македонија, Бугарија се борела против УЧК, оти тенкови дадоа, нели? Зошто тие тенкови не ги споменувате скоро никогаш?

    Која јавна личност загина во одбрана на Македонија, освен сиромашни Македонци и Роми од селата? Колку пари ни прати дијаспората?

    И кој победил во некоја војна кажуваат ефектите по војната, демографски протерувања има(кај над обратно, демографски процут), и дали си победник треба да кажат другите земји, тоа да го верификуваат другите, а не сам да кажеш Јас победив. Украина треба да склучи договор по свои услови или над 50% од условите да ги исполни, па да кажеме, да победи и веќе Руси да немаат никакво влијание таму. Етничкото чистење кај нив е веќе остварено, нема прилив, па пола Киев да е со Руси.
     
    Последна измена: 15 август 2024
  20. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Не гледаш дека на гла е застаната:D