А бе кога ме гледаш тука на работа сум, нема шо да прам, седам за при таква ми е работата па така се чешам шо викаме ние
Украина се бореше против УЧК во Македонија во 2001 година, делумно и Бугарија. Ова треба да се напише секаде каде пишува дека НАТО сега војува во Украина, аналогно на тоа што пишувате и да се постира список на загинати жртви од 2001 година, да се преброи колку од загинатите не се Македонци, тоест загинаа сиромашни Роми, има и Турчин еден загинат од Радовиш, има и еден кумановец доселеник од Црна Гора, Црногорец. Татко ми на Тв ја гледаше војнава, ама јас барем не се мавам во гради како вас. Од цела војна само автобусите на НАТО се споменуваат(Западот тоа не го негира, крие и кажано е зошто е тоа сторено, само се тешите за влакно ќе биднала работата“, а дека ти даде АМИН Робертсон да ги намаваш, а не можете, не кажувате тоа? Две држави не помогнаа и пак изгубивме, колку требаше да ни помогнат да измаваме локални козари? Да не дојде помош од Бугарија и Украина, какво Арачиново, нивно си беше Арачиново, едвај 500 Македонци имаше во 10.000 жители, ќе отвореа фронтови во Кичево, Дебар, Гостивар, Струга и ќе се справевме на куково лето. Ај нека биде таа Нова Русија, нека премолчи Западот, ќе видите дека за некој месец, самите Албанци ќе речат „видете ние не се сме како Русите да војуваме и правиме геноцид, ама еве ние си ја имаме таа природна Албанија, еве видете демографски и катастарски чии се тие имоти во Западна Македонија, дел од Црна Гора и јужна Србија и чиј народ е тој, кој јазик зборува, епа ние сакаме да се споиме, тоа е волјата на народот“. Ќе речат ако можат Русите и дозволувате, можеме и ние. Си лажете си сушите. Личните толкувања и фантазии и потценување на другите, а празно величење на себе нема да сменат ништо, доказ ти се украински војски во Русија и тоа што вчера пуштивме терористи од УЧК, оти не смееме ни во притвор да ги ставиме.
Абе, не ви е интересно како истовремено украинците влегоа во Русија и германците отворија уста за украинците што го разнесле Северен тек? Или многу комплицирано прашање е?
2001 Украина немаше неонацистичка власт,и дејствуваше како нормална држава. 2024 сме денеска. Тоа ти е само доказ што се случило со Украина. Немој со глата во ѕид да маваш. Или да мислиш дека има будали па 2001 и 2024 е истата Украина. И да Нато структури ја обучија и снабдија УЧК со оружје тоа секој нормален го знае. Кога почнаа да гинат како глувци пак дојдоа твоите како миротворци да спасуваат нешто што го обучија зошто мислеа Арм ќе оди веднаш на преговори. Јас имам роднина што е веќе пензија и беше и во Тетово и пред Арачиново. И кажа дека кога сакаа можеа да ги смачкаат ама не дозволуваше меѓународната. Еден куп специјалци имаше околу Арачиново зошто беше обиколено,немаа каде да одат. Па да останаа автобусите сепак тие што ги обучија да ги извадат од пеколот што ги чекаше. Ако не ги извадеа нема да имаше преговори и ќе паднеше во вода инсталирање структури во власта. Горе се беше унапред договорено за МКД. Да влезат во Мкд да имплементираат политичка сила во државата и со тоа да се фактор на се што се одлучува во иднина. Е така САД контролира држави преку парламентите иако не е тоа од вчера не сме прва а ни последна држава. И во право си татко ти на тв ја гледал војната,ама не знаел кој пазар го сториле твоите работодавци. Кај што незнаеш што се случило немој ни да се обидуваш да дебатираш и да шириш дезинформации и пропаганди. Или уште поважно ЗОШТО НАТО не ги нападна на Косово како агресори? Одговорот го знаат до Антарктик.
Епа оти татко ти на тв ја гледал, а мојот беше у хелихоптер урнат на попова шапка таа 2001 би те замолил да не трескаш глупости бар за таа 2001, вака без врска зборуваш за 90 посто од работите кои ги пишуваш. Фала ти.
Се борел еден роднина, не еден, требало 10, 20,30 да се борат и да дадат пари за оружје. Ама пари немавме, еве не сме дале и да имало опција за давање, имавме за живеачка, вишок не. Им даде ли Запад тоа што Албанците бараа, третина Македонија и да формираат Голема Албанија? Се случи ли тоа во 2001 година? А референдумот за Илидира го призна ли Западот, а? Викаш се било удоволено на Албанците, а на нас Македонците ништо. А забораваш дека имаше политичар што даде државјанства на Косоварите, тоа никаде го нема во писанијата. Во животот немам сретнато Албанец да продал имот на Македонец, а има илјадници Македонци што продале имоти на Албанци и уште тоа го прават. Тоа ја закопа Македонија. Да сакале да те распаднат ќе го стореа тоа во 1992 година по референдумот за Илирида, а ваму не примија во НАТО иако сме распад систем како држава, ама тоа не го знаеш и гледаш? Ќе речеш име сме смениле. Гајле му е на некој за името наше, а што скоро ништо не функционира и сме во НАТО тоа не знаете. Србите не требало да продаваат имоти по Косово, затоа во 1999 година имаше само 11% Срби на Косово, и преку 80% Албанци и тоа нив ги закопа. Не е доволно територијата да ја имаш во мислите за да е твоја, треба да живееш на таа територија. Србите колку воени злосторства направија пред да им дојде НАТО, или заборави ти? Сами се закопаа. Косоварите живеат на Косово, не дојдоа од Марс да окупираат, тука се од Отоманското царство, не идат како Руси од Русија во Украина да се населуваат и окупираат. И Македонија не е таа што беше, словенска, па античка, па северна, и ? Украина се бореше против УЧК во Македонија, и Бугарија исто, а ти која повеќе ја мразиш, Украина или Бугарија? Читавте ли дека Косове примало украински новинари и нивните семејства откако е почната војната. Сега пак нова тура ќе примеле. А нели знаат да пцујат се живо и диво и да колнат како баби? Дадоа и тие оружје, најавија дека ќе дадат, не верувам дека лажеле. Нели знаат да пишат „Што бе тие Украинци се бореа против нас во Македонија“. Со еден удар тепаат две муви, ем ќе се додворат на Украина, да ги признае за година, две, три, ќе им значи, ем пред Западот да испаднат хумани, ем не е лошо да размениш искуство со колеги од надвор. Најбитно е да преживееш и да напредуваш, да имаш моќни пријатели, а не да живееш во митови. И читнете за битката Кошаре, не е толку експонирана, Албанија удира на Србија на Караулата, за да ги брани Косоварите. Србија едвај се справува, има 108 загинати војници во неколку дена, и барала помош од специјалци од надвор(полско знаме мислам имаше во документарецот). Знаете Србија што беше тогаш за разлика од сега? Значи Албанија удри на силната Србија, а да не мислите дека се плашела од Македонија во 2001 година и демек немало да удри ако потрае војната? Македонија нема пријатели искрени, затоа што не ги заслужуваме. Ќе ви се помогне, утре ги пцуете, навредувате, вие раскажувате туѓа историја, вие зборите за туѓа генетика, јазик, вие лепите етикети, а истото не сакате да се коментира за вас, нас, и секогаш имаше описно објаснување, не било, така, било онака, како ви се допаѓа, така било.
Те прашав зошто НАТО не го нападна Косово како агресор? А не за работите што ги повторуваш кога немаш што да пишеш.
Косоварите се жители на Косово. Тие се дома. И косовските Срби беа дома и се дома, ама се многу малку и не се фактор кој одлучува. Косово немаше извршено напад на Словенија, агресија на Хрватска и Босна, Србија да, и после жолт картон и дојде црвениот.
Е тука те чекам. Збориш за Косово-Србија или за Косово-Македонија? Србите викаа Косово е Србија, ама со месеци се спремале да влезат во едно село Рачак и тука настана проблем, оти Србија претходно имаше свои гревови и ова беше капак. Косоварите исто како овие муџите во Газа што ги величате, се правдаа дека се цивили, не терористи, Србија изеде ќотек, но реално на терен демографијата ништо не можеше да ја смени. Кратко- Србија не можеше да влезе во едно косовско село за кое тврдеше дека е нејзина територија. За Македонија, па нели Косово исто беше дел од Србија во 2001 година, Косово стана независно дури во 2008 година, а никој не го третира нападот од Косово како агресија на Србија врз Македонија, иако тоа беше официјално српска покраина. Не нападнаа косовски паравојски, со локални бунтовници, наше население. Косово немаше Влада тогаш, беше српска покраина, немаше премиер, немаше претседател, ако грешам поправи ме? Кого ќе повикаат на одговорност во ничија територија, спорна со косовари и Срби? Немаше власт таму. Како би го бомбардирале Косово, кога тоа беше дел од Србија? Тоа би било пак бомбардирање на Србија, Косово не беше независно. Србија би се бунела во ОН во тој случај, зошто во некое гратче со 400-500 Срби да падне бомба на пример поради УЧК? Во 2001 година, Србите беа малце на Косово, ама по некоја фамилија имаше во градовите, а сега не. Трето, Грција беше ли тогаш во НАТО, не сум во тек, ме мрзи да барам? Ние бевме под блокади најмногу од Грција. Па никој сосед не не сакаше и бранеше, како би дошле од НАТО да фрлаат бомби во Тетово на пример врз бунтовници што се префрлаат од населба во населба, а тогаш и Тетово имаше повеќе Македонци од сега. Единствена што се побуни беше Украина со резолуција во ОН, УЧК да ги прогласат за терористи, да не се дозволи отцепување, држеа пресови секоја недела во Киев за нас, со повик Западот да не дозволи отцепување. Па еве Украина гледам не ти чини ни тебе и другите, напротив чекаш да исчезне од мапата на светот, така што реално во право биле другите што си молчеле и раат глава. Ако како Украина се јавеа во ОН Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, па и некој помоќен, можеби вистината ќе беше на наша страна. А зошто реално Хрватска, Босна, Србија, никој не крена глас воопшто, ништо не спомнаа, ама ич, што мислиш? Па и Црна Гора и Словенија? Зошто браќата од екс ју не не ни спомнаа, што мислиш? Видиш дека не им било гајле, ти НАТО го бараш. Држава оспорена од сите соседи, кој спори територија, кој име, кој историја, кој јазик, кој црква, кој сака да ја подели, ти бараш НАТО да се залета да интервенира, а ние ни кандидат за ЕУ не бевме, дури во 2005 станавме и уште сме таму. НАТО немаше поделби за Србија, сите ги мразеа Србите, оти планираа Голема Србија од Македонија до Словенија. И во совет на општина, да треба да поднесеш амандман, ако не е напишан како што треба, ти го враќаат на доработка, а можам да замислам, Украинците пишувале Резолуција, којзнае колку податоци ставиле внатре, фермани куцале, се мачеле за џабе, непотребно за нас што ни Црногорци, ни Срби, ни Хрвати, ни Босанци не не спомнаа во ОН. Општо никаде не не спомнаа, а што да спомнат, битка со козари, па и помош и НАТО интервенција требало? Сега проверив, Грција од 1952 година е членка на НАТО. Еххх, Грција прва би блокирала НАТО да не реагира овде, оти не спореа скроз.
Пропагандата оди вака: украина влезе во русија и зазема 1000км површина. Да ви преведам без пропагандна: украина влезе во русија и зазема површина од 33 на 33 км или во превод скопје од едната до другата страна. Првата цел на овој влез е да ги натераат руските специјалци да се повлечат од донбас и да заминат во курск меѓутоа русите не наседнаа. Многу е битно како се гледа на работите. Е сеа да објасниме зошто украинците влегоа таку кај шо влегоа - во истата територија се наоѓа гасна мерна станица суџа - и градот треба да се вика исто така. Ова е од економско големо значење затоа што поминува гасоводот urengoj-pomari-uzgorod еден од главните руски гасоводи за извоз на гас. Е сеа, зазимањето на оваа станица нема никаква економско значење за русија доколку украинциве решат да го уништат ама има големо значење за европските земји кои сеуште зависат од рускиот гас. На сето ова главна цел украина го прави за да изврши влијание врз европа и да изнуди помош прична и воена. Иначена првата слика се гледа шо заземала украина и како напредува до москва. Втората слика е рускиот напредок во украина, русите се на некој 10 км од покровска нареден период кога ќе падне тој следува дњепар. Нема да има преговори за украина, границата ќе биде дњепар одеса без излез на црно море. Ова е реалноста шо се случува на терен а тоа шо си пропагираат западњаците си е нивна работа. Пропагираат и доларот дека е многу јак ама еве од октомври swift оди во историја кај веќе 160 земји. Некако планот не оди како шо требааа
Косовските паравојски беа обучени во Бонстил знаеш чија база е таа. Оружјето што го користеа беше западно производство. И да Косово не нападна во името на правата на Албанците и се декларираат како Косовари не како Срби. Еве Косово нека било под капа на Србија. Зошто пак НАТО не го нападна цел Косовски регион? Не се удира по своите?
Сета среќа шо си ги удрија кулите во тој период, да не се случеше тоа до денес ќе имаше конфликт тука. Обуките беа од легија на странци и нато инструктори, наоружани со европско оружје и европска логистичка подршка. Да беше до нашите за 24 часа ќе се средеше се, ама не беше дозволено од нашите стратешки партнери… Охооо и сега вака ја читаш и се мислиш за кој ти гинела фамилијата….
Барајќи го Осама кој не ни беше во Авганистан уништија цела држава,и натоварија милијарди во злато.не се заминува празен
Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
Се шокирав колку одамна е Грција во НАТО. Со главниот штаб на ОНА во Призрен раководеле Ермуш Џемаил, Али Ахмети како политички претставник, Фазли Велиу како одговорен за дијаспората и Г’зим Острени како главен воен командант. ОНА добивала континуирана логистичка поддршка во финансии, оружје, доброволци, храна и лекови од Косово, Република Албанија, албанската дијаспора во западноевропските земји, како и од локалното албанско население во Македонија. Голем дел од припадниците на ОНА, пред да стапат во воени битки, претходно биле припремани на воена обука во Северна Албанија. Сме немале некој како Зеленски да лобира и проси кај стигне. Треба да проверам колку држави не имаа признато во 2001 година, немавме ние полн легитимитет. Албанија ви е топ дестинација за одмор, немате никаков проблем со тоа. Дури и Македонците се утепаа од објаснување колку Албанците од Албанија не се како косоварите, а зад таа војна стои и Албанија. Држава без дипломатија не е држава. Преку неа треба да бидеш видлив за светот, еве ти ја Газа, хотел промаја, територија, никому не се потребни, никој не се замара со нив и се чудите зошто гинат. Па и Македонија не била поарна. Треба да имаш грб, да градиш добри односи, а тие не се прават во 5 до 12 кога ти гори под нозете. И таа Србија тогаш и оваа денес не е иста. Сите не се како Вучиќ.
3,6 миљарди се у загуба германците од ова north stream, па затоа ја скратија помошта од 8 на 4 миљарди за украина