Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Русите го освоиле Кураково, еден од најголемите логистички центри на украинската армија.

    Украина, на чело со Зеленски, сакаат да ја поместат границата за мобилизација. Така, од 22/23 години, границата ќе се намали на 18 години, што се очекува дополнителна мобилизација на 500.000 војници. Злосторство е да се фрли уште една цела генерација во оган, генерација која треба да започне со своите универзитетски чекори, движечката сила на државата, иднината на државата, поради луцидниот сон на Зеленски за враќање на границите од 1991. Од ден во ден Украина станува се помала и помала.

    Патем, Русите се на 7-8 километри во започнување војна во уште една административна зона на Украина- Днепар. За целокупната 2024 г, Украинците имаа победа во Курс, пирова победа, но сепак победа. Во Курск изгубија огромен дел од елитните единици, тие елитни единици беа повлечени од целокупниот фронт каде се остави вакуум простор кој беше искористен од страна на Русите. Покрај тоа речиси целокупната логистика им беше уништена во Курск, а Русите се на раб да започнат битка за Суџа. Доколку падне Суџа, а тоа е прашање на време, целокупната операција во Курск ќе се претвори во едно големо непотребо крвопролевање на Украинците.

    Да не се заборави и фактот дека мандатот на Зеленски одамна е истечен, технички гледано, ја злоупотребува воената ситуација да остане што подолго на власт.
     
    На Amellie13 и DS10 им се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.024
    Допаѓања:
    5.061
    Пол:
    Машки
    Среќна нова дечки : Православието е тука чекаме на повик ;) СЛАВА РОССИИ
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    А што е со луцидниот сон на Путин исто да ги врати границите на СССР од 1991? Ако некој умира во војна, виновен е тој што ги убива луѓето, не тој што се брани од фашистите. Не научивте ништо од Втора светска изгледа на школо. :D

    Слава Україні!
     
    Последна измена: 3 јануари 2025
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    А да, секој ја знае историјата за Втора светска војна како фашистичка Русија ја нападна Полска во 1939 година и уби 6 милиони Евреи. :)
    И де кажи каде Путин има речено дека сака да ги врати границите од СССР, бидејќи ако е така има многу повеќе работа отколку што мислиме, не е само Украина за земање, нема ни да го доживее повторното враќање на СССР човекот. :D

    Битно Зеленски ваш ќе се бори до последен Украинец како што сенилниот дедо му командува, ама ќе ви дојде крајот кајдае.
     
  5. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Soviet invasion of Poland - Wikipedia
    Па да, Русија ја нападна Полска во 39та. Таа е виновна за убиството на Евреите во Полска само поради тој факт.

    Треба да се вратите во школо да учите пак изгледа, а не да читате руска пропаганда само.

    Држи вода тоа за Путин што го кажа ако логички размислуваш, ама Путин е будала и не размислува логички. Пред војнава, веруваа дека Киев ќе го освојат за три дена. А СССР најверојатно веруваа дека ќе ја вратат за пет години можеби. Толку се будали Русите моментално.



    Transnistria chills as Ukraine blocks Russian gas flow
    Уф уф уф :P
     
    Последна измена: 3 јануари 2025
  6. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Нема таков план, денес постојат 14 држави кои излегле од СССР, дел од нив се во нато, а војна има само во Украина. Од останатите, Путин отворено се залагаше за обединување на Руската федерација со Белорусија, на што Лукашенко остро се противеше и едрата ги сврте кон западот. Кога воочи дека очекуваат корист и марионетска фигура, повторно се сврте кон Путин. Сеуште, Белорусите, ги уживаат плодовите од добрите билатерални односи помеѓу Руската федерација и Белорусија. Никогаш не биле на раб на војна. Понатаму, Путин да сакаше да ги врати границите од 1991, ќе направеше анекција и на Грузија. Тоа не го направи, по интервенцијата ја повлече војската. Истото можеше да го направи и со Казахстан. Тоа не го направи, по интервенцијата ја повлече војската.

    Граѓанската војна, во Украина, беше резултат на Еуромајден, каде беше извршен државен удар врз Виктор Јанукович, тогашниот легитимно избран претседател на Украина. Граѓанската војна и специјалната воена операција можеа да завршат уште првите денови од почетокот на специјалната воена операција, каде Украина, на чело со Зеленски, беше подготвена да стави крај на граѓанската војна, но беше спречена од Борис Џонсон.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.658
    Пол:
    Женски
    Ти врати се во школо.
    Украина е таа која е полна со нацисти и фашисти. Слава Украини е токму нацистички слоган.
     
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Ова е твое мислење, а викаш другите не знаеле историја.
    Полска се има напаѓано со Русија во минатото не се секирај, а гледај денес што прави твојот запад.
    Да не беше СССР во ВСВ сега немаше да сме овде на форумов да го правиме муабетов, свесен си?. Додека Украина воспева нацисти, за што е обвинувана од западот претходно, но сега наеднаш се премислија да викаат Слава Украини.
    Јас не сакам да гине нормалниот украински народ, ниту рускиот, а вие навивате за испраќање оружје и борење до последниот Украинец.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Мислам, тоа го сака и самиот украински народ. Зошто не би им помогнале кога сакаат самите да се одбранат?
    Zelenskyy approval rating 2024 | Statista

    Кога ќе побараат поголемиот дел да се предадат на Русија, тогаш и јас ќе им ја поддржам таа одлука.

    Путин и неговата банда не размислуваат рационално за ова. Страдаат од мегаломанија и убедени се дека некако, можда и не знаат како, Русија ќе си ги врати териториите коишто се праведно нивни. Нападот врз Украина е само првиот чекор за ова да го пробаат. Следниот чекор им е пуштање пропаганда низ западот во очаен обид за да се распадне НАТО.

    Нема никогаш во ова да успеат се разбира, ама не треба да заборавиме дека Нацистичка Германија исто размислуваше за светска доминација. Фашистите се сите од ист крој направени.
     
    Последна измена: 3 јануари 2025
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Толку го сака тоа украинскиот народ што повеќе од 6 милиони досега ја напуштија Украина. И многу уживаат додека сосила ги собираат по улици ко кучиња за да ги носат на фронт, и во недостиг на војници почнуваат да ја продолжуваат границата во години и деца да земаат сега.
    Патем, мандатот на зелениот одамна истече, кога планира да се повлечи?
     
  11. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Секогаш ќе има такви луѓе во која било војна. Тоа не го менува фактот дека мнозинството не размислува така и ги поддржува одлуките на Зеленски.

    Не можете вие да сфатите дека голем број на луѓе подобро би се бореле наместо да живеат под фашистички владар.
     
  12. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Зошто првиот чекор им е Украина, а не им беше Грузија или Казахстан?

    Мислам дека ни самиот не веруваш во ова што го пишуваш, Украиснкиот народ не сака да војува. Украинците се соочуваат со присилна мобилизација. Секојдневно извираат снимки како граѓани се киднапирани на улиците и праќани на фронтот. Згора на тоа, има забрана за излез од Украина на дел од военоспособната машка популација, истите, при обидот за излез, на граничните премини се киндапирани, транспортирани до некој центар за обука, а потоа се праќаат на фронтот. Постепено ја губат и воената дисциплина, цели единици се предаваат или своеволно се повлекуваат на следниот одбранбен ред.

    Воениот морал е мртов со оглед на фактот дека Украиниците неколку години редат само порази. Покрај тоа, големата воена операција, во 2023 г, резултираше во 100.000 убиени и ранети Украинци, уништена логистика, и се на се, освоени неколку села кои ги загубија во 2024 г.
     
    На eliesaab и Amellie13 им се допаѓа ова.
  13. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Украина е постратешки битна. И плус најмногу го повреди егото на Путин Украина кога одлучи да се насочи кон ЕУ во 2014та.

    Има такви луѓе, ама тие луѓе се малцинството. Ова е веќе докажан историски факт: повеќето војници подобро би војувале во одбранбена војна наместо да бараат државата да се предаде на противникот. Затоа и Зеленски уште е екстремно популарен и поддржан во Украина.

    Не знам дали воопшто си зборувал со некој Украинец. Не сум видел никој да побара западот да престане да им праќа оружје или да се предадат на Русија. Просто им го даваме тоа што и самите го бараат, нема никаква смисла да ја обвинуваме модерната Алијанса дека ги форсира Украинците во војна.
     
  14. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Значи Путин сака да ги врати границите на СССР од 1991, ама тоа не го направил во минатото кога имал прилика затоа што се работело за стратешко (по)небитни држави! Влегуваш од небулоза во небулоза.

    Зеленски да беше популарен, немаше да се плаши од претстадателски избори. Моментално ја окупира позицијата Претседател на Украина.
     
    На Amellie13, DS10 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    5.051
    Пол:
    Машки
    Стварно бе до олку не сфаќате или така ви годи? Стварно не можам да ве разберам, пред нос ти се изнесени факти и вистини ти пак вртиш ќе тропниш по некоја будалаштина и пак ќе си им веруваш на некој бабини деветини произлезени од Шолц, Макрон, Стармер и Бајден. Целта на Путин е јасна, каков СССР какви бакрачи, се слушаш ли што збориш? Украина е нападната поради копилињата Обама и Бајден што го прекршуваат договорот потпишан уште 92 после распадот на СССР. Договорот јасно вика, НАТО нема да се шири кон границите на Русија, ама ете некако Балтикот успеа, влезе, ама со влез и на Украина би значело крај за Руската држава, а Русија има право да се штити. Да се навратам кон Обама. Обама е најголемиот кривец за денешниве случувања, си беше тој на власт, напрај 300 бељи, си замина, сега си ужива пензионерски, други главата нека ја тепаат... Можеш да видиш какви биле односите на Путин со Буш пред 2009 година, а штом тие двајца се толку среќни кога се во близина, и нивните држави биле во одлични односи, ама после Обама, со нападот на Грузија неколку месеци пред Обама да се всели во Белата куќа, а потоа и со анексирањето на Крим 2014 па се навака би рекол дека сме во ладна војна. Од 2017 до 2021 беше подобро под администрацијата на Трамп и еве за 17 дена Трамп повторно ќе дојде на власт, па да се надеваме на подобри времиња. Многу одолговлечив ама само уште една реченица и завршувам, тоа ѓубре Зеленски, да се обеси јавно на плоштад, поради негови си некои глупи идеали и замисли, изумре еден тон народ.
     
    На Realist1, eliesaab и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Човекот е најверојатно блиску до смрт. Неговото его најверојатно не му дозволува да умре пред да ги прошири границите. Не знам кога имал или немал повеќе прилика, не размислуваат таму логички. Да беа попаметни, немаше никогаш да се стават во непријателска позиција кон Европа.

    Претседателски избори не се прават во време на воена криза.

    Русите први го скршија тој договор во 2014та. Украина немаше никаква намера да влезе во НАТО пред да ја нападне Русија. Ти не треба да им веруваш на бабини деветини произлезени од Путин и Медведев, не јас.
     
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    5.051
    Пол:
    Машки
    Ау очиве и умов ме заболеа кога те читам, кој се сврте непријателски, Русија кон Европа или Европа и сврте грб на Русија. Ајде прво ова одговори ми го оти е клучно, ако продолжиш да си тупиш по натака, а ова не го одговориш џабе ќе ми биде све и мене и на сите овде што ти објаснуваме (залудно).
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Русија им сврте грб на Европа кога поради некоја причина одлучи да ја оддели источна од западна Германија. Или имате некоја супер добра причина зошто милосрдната Русија тоа го направи? :P

    Плус, Русија никогаш не признала одговорност за нејзината колаборација со фашистите за разлика од сите други претходно фашистички европски држави.
     
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    5.051
    Пол:
    Машки
    Чекај чекај, за која Русија ми збориш ти? Она од пред 80 години? Тогаш во случај на светска војна секој сака да приграби повеќе, зошто па западот не ги даде Грција и Турција ко така? Русија (СССР) прва и единствена стигна до Берлин, има право да го задржи. Ја ти зборам за Русија од 26 декември 1991 па до денес. Тоа одговори го не за времиња баба ти ко не била родена.
     
  20. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Едно исто фашистичко поколение ти е тоа. Русија покажува континуален антагонизам кон Европа, и тоа не е зависно од пред или после распадот на СССР.

    Поентата од Втората светска војна беше дека окупација на туѓи територии е лошо нешто. Зошто би им верувале на држава што сака да го окупира Берлин? Ама ајде и до тоа само да беше, зошто тогаш Источна Германија под водството на Русија вршеше терор врз сопственото население? Зошто западна Германија го немаше овој проблем? Одговор: Источна Германија само го смени фашистичкиот владар, а не успеа да се отстрани од самиот фашизам.

    Вие се разбира не сакате да признаете, ама одговор зошто Европа и Русија уште не се пријатели е многу прост: Русија не успеа да го истребе фашизмот во неа за разлика од европските држави.