Од волја за враќање на границите од '91, до нивна стратешка вредност, стигнавме до его. Може да добие легитимитет ако го промени политичкиот систем. Одредени држави имаат политички систем каде својот претседател го бираат во законодавниот дом, а не на претседателски избори. Зеленски нема легитимитет.
Се разбира дека е поради егото. Викам дека страдаат од мегаломанија таму. Народот е тој што ги бира политичарите. И како што веќе ви објаснив, народот уште во голема мера го поддржува Зеленски.
Не те можам жими мајка. Ова ти се вика ,,тресна глупост и остана жив". Русија не го истребила фашизмот... Абе и твојве про-запад медиуми види само што имаат пишувано за Украина пред војната. Фашизмот во Украина не само да не е истребен туку уште е на власт. Не планирам да ти враќам уште, ко со дрво да зборам.
Еве за дотичниот да не се мачи да бара. Русија била фашистичка ај ќе ти поверува некој ако е со една мозочна клетка. В гроб се превртуваат сите партизани што го дале животот во ВСВ кога некој ги нарекува фашисти. Туѓ срам ме изеде.
Комплетно спротивно е. Русија е таа со фашисти на власт. Претседателот во Украина беше избран на демократски избори, за разлика од диктаторот во Русија. И за ваша информација, фашизам не е само нацизам - тоа е многу поширок поим од само кукастиот крст. И да, моменталното политичко лидерство во Русија спаѓа под тој поширок поим. Фашистите во Украина (сите овие на сликиве) ја поддржуваат Русија, бај да веј, ако не сте знаеле. Тоа важи за секоја држава: ако најдеш некој фашист во неа, ти навива за Русија.
Лол, ај престани со дезинформациите, некој може ќе ти поверува. Следно што ќе кажиш е дека Азовци се борат на страната на Русите.
Не е ова дезинформација. Нео-нацистите и останатите фашисти спроведуваат анти-западна идеологија. Вие не знам откај сте ја добиле замислата дека ваквите луѓе ја мразат Русија. Буквално секоја вест поврзана со некој фашистички криминал или протест е анти-запад, анти-ЛГБТ, анти-евреи, анти-муслимани, анти-имигранти (ама не руски имигранти, се разбира). Чудно како никогаш ваквите луѓе не сум слушнал да серат врз Русија.
Ајде ајде ќе престанат да ти бидат чудни многу работи после 20 јануар не се секирај. Воедно настрана од глупавите западни пропаганди https://x.com/theepicmap/status/1851263272332218805?s=46 Границата дњепар доаѓа за брзо … Уште паѓаат луѓето дека ссср ќе се обединува а ко слепци се за вистината пред нив.
Oh well...ајде тазе вести https://www.businessinsider.com/ukr...zed-brigade-france-anne-kyiv-desertion-2025-1
Состојбата со дезертерството е сериозна до тој степен каде истото беше декриминализирано, но дезертерите мора да се вратат на фронтот најдоцна до крај на февруари/март. Отворено за овој проблем зборуваше и Зеленски, почнаа да се појавуваат и критички текстови во “Украинска правда“, еден од најголемите интернет весници во Украина. Проценките се дека за целокупната 2024, дезертирале околу 100.000 војници. Во оваа категорија влегуваат војниците кои трајно дезертирале и оние кои своеволно го напуштиле фронтот и отишле а друга одбранбена линија. Проблемот е во тоа што се крши линијата на фронтот и цели единици остануваат на милост и немилост на Русите. Официјални истраги се поведени против 60.000 војници во 2024 г. Извор. Психичката и физичката истрошеност на војската се покажа како трагична, цели единици со месеци, а некаде и со години не беа ротирани. Зеленски треба да воведе циркуларија во воените единици, така константно ќе има свежа крв (киднапирана од украински улици, најчесто оние кои не можат да си ја дозволат ратата за прескокнување на фронтот), а оние кои долго се наоѓаат на фронтот привремено да ги врати дома. Во однос на рејтингот на Зеленски, изнесува легендарни 16%. Ова е вест од 2-ри декември 2024 г, стара само месец-дена.
off-net шири руска пропаганда од самиот почеток на војната. https://www.statista.com/statistics/1100076/volodymyr-zelensky-s-approval-rating-ukraine Вистинскиот рејтинг му е 70%. Ukraine's approval for Zelensky drops to 60%, Gallup poll shows Друг извор го дава рејтингот како 60%, ама интересно е што над 90% ја поддржуваат војската. Значи вашите фантазии дека украинците сакаат капитулација кон Русија се само фантазии.
Не најдов никакво инфо дека овој на врвот бара капитулација. Тоа што има повисок рејтинг од Зеленски за избори не значи дека Зеленски е непопуларен меѓу украинците. Некој што бара капитулација нема никаков глас да им извади на избори.
Рејтингот е мерило на популарноста, така и 1% е, де факто, популарност. Зеленски, на едниот извор ужива 16%, а на другиот нешто повеќе од 21%. Во опаѓање е и поддршката за војната. Претпоставувам дека дополнително ќе опадне поради менувањето на политичката клима во САД односно најавените нови надворешни политики на администрацијата на Трамп. Ќе почне да се разгледува опцијата и за мобилизација на децата од 16 и 17 години, значи, во блиска иднина, може ќе почнат да киднапираат деца и од училиштата. Сакаш да ти направам еден reductio ad Hitlerum?
Не е. Како што ти објаснив погоре, војската е поддржана од над 90% од испитаниците. Независно од што мислат украинците за Зеленски, никој од нив не бара западот да престане да ја поддржува војната.
Источна Украина или регионот Новорусија ти е ај да не речам 100 ама 95% руско. Гајле му е на Украинецот во Киев или па во Лавов ваму на запад дали Новорусија ќе биде руска или украинска нему му е важно луѓето да престанат да умираат. Сите што ја поддржуваат војната може утре ќе загинат ама пак поддржуваат знаејќи дека ништо нема да постигнат и дека целосно ослободување на територијата е невозможно. Ама тоа ти е кога одиш главом низ ѕид. И сите што ќе го гласаат Зеленски доколку има избори в година како што се зборува, треба да си појдат да си направат анализа на главата.
еден апдејт да напрајме на ситуацијата настрана од западните пропаганди: За почеток што се случува во Курск омилениот на тања и како напредуваат на патот кон Москва 7 август 2024- 12 јануар 2025 Русите денеска го земаа автопатот југозападно од покровск па сега на украинската армија во Покровск им остана две опции да се повлечат на север или да останат на сигурна смрт во градот. Со ова одсечување украинската армија е оставена без секаква подршка Воедно со ова заземен е и рудникот за јаглен со кој украина годинава има добивка од околу 2 милијарди долари а има извезено 7.5 милиони тони јаглен а за 2025 извозот бил предвиден на 10 милиони тони но со овој губиток на рудников планираниот извоз им се намалува на само 3 милиони тони за 2025. https://kyivindependent.com/ukraine-blows-up-shaft-in-pokrovsk-nyt/
Украина е како автомобил со искршена шофершајвна, возачот нема прегледност на теренот и прашање на време е кога ќе доживее несреќа или ќе излета од патот. Во коментарот ќе се обидам да се надоврзам со членот над мене. Торецк, и официјално, е под целосна руска контрола. Остана уште Кримске, каде украинската армија во рудникот има силно упориште, но прашање на време е кога целосно ќе се повлечат од овој дел од фронтот. Продорот на Русите од Шуми, кон околните населени места, па се до Њу Јорк и на крајот Торецк е неверојатен. Ова беше најгустозбиениот простор во Доњецк каде украинската армија имаше поставено барикади уште од 2014 година. Торецк повеќе од една деценија беше тврдина за украинска војска. Со освојувањето на овој град, потрите од југ кон Константиновска, на руската армија, им се отворени. Украинците се соочуваат и со потешкотии и во Часив Јар, еден од фронтовите кој беше светла точка и симбол на украинскиот отпор последниве 3 години односно од моментот на падот на Бахмут. Денес, руската армија, има целосна контрола над индустриската зона, и битката се води за централното подрачје. Тука Русите ќе се соочат со многу загуби со оглед на фактот дека овој дел е составен од висококатници и битката ќе се води од зграда во зграда. Дополнителен проблем за Русите ќе биде тоа што овој дел е навистина цврст одбранбен бедем, а воедно и последната линија на фронтот за освојување на овој град. Ако падне овој град, портите на Русите, кон Константиновка, од исток, им се отворени. Така, сите патишта водат кон Константиновска. Понатаму, обрачот околу Покровск се стега. Од ден на ден Русите освојуваат се повеќе простор, населени места и пресекуваат патишта кои водат до овој град. По Славјанск, Краматорск и Константинивка, овој е најутврдениот град во Доњецк. Во однос на Велика Новосилка, Русите ги земаа Нескучне и Времивка, што значи дека прашање на време е кога ќе има целосна офанзива кон овој град. Украинската армија сеуште не може да направи продор со цел да го ослободи овој град, во најлош случај да ги спаси трупите кои се наоѓаат во градот. Градот се наоѓа на десната страна од реката Мокри Јар, страна која е под целосна контрола над Русите. Да, ова е последниот град во јужен Доњецк кој се наоѓа под контрола на украинските воени сили. Русите направија и продор кон Лиман, мислам дека овој град е болна точка за секој припадник на руските воени единици. Град кој води кон Славјанск, но Русите колку што се блиску до самиот град, толку се и далеку од негово освојување. Досега сите обиди за проширување за територијата на контрола кон Лиман завршуваа со целосен неуспех. Овој град беше под руска контрола при почетокот на специјалната воена операција, каде потоа Русите беа приморани да се повлечат од териториите на Харков и Доњецк, за потоа, педа по педа да ја освојуваат оваа територија, по цена на илајдници мртви. Иако имаме различна дефиниција за зборот “капитулација“ со одредени членови на форумов, очигледно е дека имаме одредени различни перцепции на реалноста, отстапувањето на одредени територии, по цена потпишување мировен договор и ставање на крај на оваа голема непотребна војна, за мене нема да претставува капитулација на Украина. Секако, тоа ќе биде воен пораз, прстот за непопуларниот крај на војната ќе се сврти кон политичките елити, каде дел од нив се за привремено отстапување на територии. За напомена, овие освоени територии, Русија ги смета за свои суверени. Кај истите имаше референдуми за пристапување кон Руската федерација и истите беа одлучени со големо мнозинство. Секако, ваквиот начин на непосредна деморкатија, во вакви услови, ќе биде предмет на сомнеж и критика, па дури и непризнавање на граѓанската волја на народот, независно дали станува збор од уставно или морално гледиште. Напорите треба да се насочат кон ставање крај на оваа војна, војна која ја остави зад себе милиони мртви, ранети и повредени. Штетата, изразена во трилиони, секогаш ќе може да се надомести, и Германија повоено од урнатини беше издигната во една модерна и современа држава со помош на САД, Франција и Британија. Другата штета, која остави милиони убиени, повредени, ранети и трајно раселени никогаш нема да се поправи. Уништени се цели генерации, цели семејства, па дури и цели градови. И да, ни Руската федерација, иако евентуално би добила одредени територијални придобивки, нема да излезе како апсолутен победник затоа што истите територии се натопени со руска крв. Со напомена, оваа војна започна во 2014, значи трае 11 години, а не 3! Во оваа војна ќе има само еден единствен апсолутен победник: воено-индустрискиот комплекс.
Секнаа чековите за Украина и почнаа градовите да паѓаат како кула од карти, вчера Велика Новосилка, а денес Торецк. Добар чекор на американската администрација од една страна ќе му се стави до знаење на Зеленски дека без нивната помош Украина ќе има огромни човечки и територијални загуби, а од друга страна му се праќа порака на Путин дека нема да ја освои Украина за 100 денови без помош од САД (таква изјава даде Путин). Снежните наноси, како и периодот на нивното топење не дозволува движење на лесните и тешките оклопни возила, така војната ќе биде герилска, со претходно чистење со помош на дронови. Во меѓувреме Русите влегоа во Андриивка, што значи целосен распад на фронтот во јужен Доњецк.