Не гледам вакво нешто. Новоселивка и Торецк се опколени веќе со месеци. Еве после толку време почнаа да влегуваат во Новоселивка и уште не им е целосно завземена, а за Торецк абер немаат. И тоа завземање им е споро, со многу отпор и жртви. Украинците до последно ги држат позициите и не се откажуваат па макар фрлале цели единици во оган. Од друга страна и Русите за да напредуваат мора да дадат жртва оти градчињата сами не паѓаат. Трамп не гледам дека има желба да прекине да ја финансира Украина, па макар тоа траело и со години. Договор на маса ќе има, можеби, веќе има некои информации ликнати од разни новинари и страни, ама и не е баш најповолен за Русите. Од друга страна немаат сила воено брзо да ја кутнат Украина на колена. И ова или ќе продолжи во долга битка, или ќе биде некое примирје кое нема да биде поволно за никој. Т.е. никој не добива апсолутно се, освен Украина, што губи апсолутно се.
Велика Новосилка беше заземена во текот на вчерашниот ден, има слики од руски знамиња од најсеверните објекти на градот, а беше потврдено и од неколку независни избори, како Сириак. За Торецк, Русите го заземаа Кримске, со што, и официјално нема украинска војска во градот. Украинците контролираат неколку ридови околу градот, но самиот град е под контрола на Русите.
За Часов Јар и Покровск мислев, ги помешав двете места. Како и да е, овие се опколени со месеци веќе, и многу отпор се пружи тука. Не гледам како имаат некоја капитална предност Русите за да се рече дека ова е целосен распад на фронтот. Такво нешто може да се рече ако утре се повлечат Украинците од Покровск, Константинивка, Краматорск без некои позначајни воени дејствија. Нешто што видовме во Сирија. Тука е скроз спротивното. Се води тешка рововска битка на отворени полиња со споро повлекување. И жестоки урбани, долги битки. Или со други зборови, битки за секоја педа земја.
За распадот на фронтот зборував за навлегувањето во Андриивка, Русите ги земаа најголемиот дел од утврдените позиции во јужен Доњецк, со самото, после ова село, нема многу населени места и нема многу утврдени позиции. Заземањето на големите градови значи доближување на логистиката кон следните цели за напад, како и ротација и релокација на единиците кои се обучени за урбана војна, од зграда во зграда, кон следниот (или тековниот) град во кој се војува. Курахово беше и логистички центар од кој се напаѓаше Доњецк.
Оноа кога си пукаш у нога и после Цацко ти е крив...или ,,нацистите,, од афд...или Елон Маск Или, кога ќе си го дадеш газот под кирија... Не е само ради војната, сдк...или, војната не е ради војна.
Многу е лошо, дајмлер намалува производство, и кај нас се испуштаат луѓе им намалува работата. Битно е се перат пари у украина цел свет страда. Ај америте шо неможат на европски пазар па направија и европејците да неможат и да си зависат од кинезот. Можно е некоја заемна политика нели голем дел од долгот кина им го држи де…
Еве ги ја пропаднаа русија, изгледа џонсон мети руска е намалува работници а оваа АПТИВ 500 души испушта а и мети ќе намали околу 500 значи 1000 че. Каков шок врз македончето. Како па санкции. Сум напишал на 27 ми баш за ова. Страшна работа каков дебакл на европа
А тие Џонсон Мети од кај се, чии се, да се префрлиме во темата за Трамп или во трета светска војна дирекно?
Што ли ќе каже Зеленски за ова? Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати.
За ова ли беше помошта и поддршката на Украина да влезе во воен конфликт? И каква е таа помош ако треба да се враќа? УКРАИНА ЌЕ НИ ВРАТИ ЗА ПОМОШТА СО РЕТКИ МИНЕРАЛИ ВРЕДНИ 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, КАЖА ТРАМП
Немаше никаква поддршка за Украина да влезе во воен конфликт. Единствената поддршка досега била Украина да се одбрани од воен конфликт. Има голема разлика тука. И не, не беше за ова. Подобрата партија во САД не им бараше никакви минерали.