Руските сили навлегоа во Покровск. Од една страна, украинските медиуми објавуваат дека градот е под целосна нивна контрола и дека Русите се протерани од градот, а од друга страна руските медиуми објавуваат дека Русите имаат присутни единици во самиот град. Русите го нападнаа и Добропољ, еден од последните градови во Доњецк кој има некаква стратешка важност за украинската армија. Градот се наоѓа северно од Покровск. Сеуште се далеку од самиот град, нападот се врши со помош на дронови, а со тоа се отежнува ротацијата на Украинците во Покровск.
сум го погодил ова со покровск да видиме само дали ќе остане на дњепар сега или Путин ќе се полакоми за цела украина
Од една страна им ја запираат помошта на Украинците, а од друга страна ќе воведувале санкции на Кина поради поддршката на Русија Германија го запира граѓанскиот надоместок за Украинците? ЕУ размислува за воведување санкции на Кина поради поддршката на Русија
Шо се случува со германската економија ? Европа на колена? Санкциите сами си ги ставаат или на Русија? А види ја Данска хаха па па па
Само што Трамп е изгледа доволно луд да разруши се пред конечната капитулација. Што се однесува до Путин, глупо би било да потпише во моментов кога добро напредува. Така да, којзнае што ќе си цртаат таму....
Ова ќе си го црта има четири трилиони на другата страна од реката само шо проблемот им е сега да не ја земе Путин цела па џабе потпишуваа со зелениот за ресурсите после реката па ќе му го понудат ова со мал излез на море за да можат транспорт да прават, друго нема, ќе ги дотолчи, знаат дека ќе го јадат затоа и вака клечат на колена муриканците а Европа ех никој не ја смета дека е во играта
Мапава е сегашната состојба или грешам?...зошто да прифатат кога изиграни беа со претходните договори? Секако Америка никогаш нема да се откаже од сонот да ја покори Русија. Или има уште нешто или Русија кобајаги преговара.
Кога беа СССР, Горбачов мораше да капитулира пред Буш....па се си мислам дека сега во тоа име, победнички се враќа како осветник