Нека ги викне Путин луѓево со кои има мака и нека се тепаат до смрт таму у некој ринг. Оти да не така а?
Едноставно прашање ти поставив. Дали она што Украина го правела на 2 региони, го оправдува злото на Путин што го прави над цела Украина? Не ме интересираше твојата фамилијата историја и тоа што си ги истури комплексите и фрустрациите не те оправда ни тебе ни Путлер, ниту кажа дека знаеш нешто повеќе. Туку доволно кажа каква личност си ти. А ти поддржуваш војна. Па и со коментарот од погоре кој кому требало да суди само се дозакопа сама, и ни појасни со какви луѓе уствари си имаме работа. Од мене толку внимание добиваш, понатака модераторите нек се позанимаваат.
Години тврди Русија дека има геноцид во Украина ама Нато се правеше слеп зошто Сад така нареди. А ако се точни тврдењата дека во источна Украина има и масовни гробници од Руси.... Е тоа ќе е лошо за Украина.
Луѓе, дајте малку намалете. Имаме директна жртва која моментално бега од војната. Личност која има познавања од земјата во која живеела, од случувањата таму последниве 8 години. И вие наместо да покажете солидарност, вие ја напаѓате. Како не ви е срам? @JasminaB29 , рече дека моментално се наоѓате во Букурешт и вчера сте побегнале од Киев. Како е таму во Букурешт? Дали има премногу бегалци? Дали некако можеме ние од форум да помогнеме овде на тебе и на други бегалци кои се очекува да доаѓаат за Македонија? Ако ништо друго да извршиме некој можен јавен притисок. Верувам дека ние како обични граѓани и не можеме многу да направиме, но сепак можеме да бидеме овде за било каква помош, ако не одма, во иднина.
До сега 3 деца се пријавени за загинати во Украина, а уште 33 се ранети. Брат им Путин вчера нападна детска градинка во регионот на Суми и сиропиталиште во околината на Киев
Кога се симнавме од автобус имаше доста, во хотел сме моментално, лично немаме потреба од помош, за другите незнам, во најскоро доаѓаме за МК. Другите се украинци кои повремено остануваат во тука. Благодарам сепак, нема кој да прашам нема ниту иницијатор ниту лидер за да прашам дали е потребна помош.
Се надевам дека се е во најдобар ред со тебе и твојата фамилија. Ви посакувам да имате мирно враќање овде. Ние во Македонија сме тука отворени за било каква помош, посебно ние граѓаните сме спремни да изразиме солидарност, а верувам дека и владата наша, мада не треба да се очекува многу од неа, ќе може да помогне за нашите луѓе (како и останатите) безбедно да се вратат и интегрираат во Македонија. И не им замерувај на многу овде за игнорантноста. Има луѓе од секаков калибар, со секакви цели. А други се едноставно неуки и неупатени. Ама верувам дека секогаш се отворени за помош и поддршка.
Како ќе кажеш генерале, се по твоја воља. Не дека не се размрежени тие, една шака луѓе се па нека ги викне. Тие се власт таму.. Не лупетајте ви се молам. 2001 што не ги викневте терористите на планина некаде? Како првпат да гледате како изгледа војна... За неколку децении не остана држава во која не падна америчка бомба, кај бевте тогаш? Кај бевте вака да ги сожалувате цивилите од Донбас тероризирани од украинската влада?,
И ние во 2001 бевме претставени како негативци и терористи, а другите борци за права. Се е битно како е наредено да те претстават медиумите. Добриот секогаш ќе биде тој што е од страната на Америка, секогаш!!! ( зборам за медиумски) Господ нека е на помош на двете страни, луѓе недолжни гинат.
Благодарам За неукоста нема изговор. Кога веќе со часови дискутираат на темава барем нека се информираат. Не боли, а и бесплатно е.
Мене ми е неверојатно колку се манипулира со информации и се врши пропаганда од западните медиуми. Се изненадив колку вести лажни испаднаа на крај. И навистина никој не спомна за малтретирањето на Русите што живеат во истокот на Украина од националистите. Никој буквално не е невин во ситуацијава, ова со години се случува само сега ескалира. Еве ниту јас не бев доволно информирана за ова досега, туку откако доби толкава медиумска покриеност. @JasminaB29 се надевам добри сте и безбедно ќе се вратите тука. Ти благодарам што споделуваш информации како некој што живеел таму и гледал што се случува. Не е ништо црно-бело како што претставуваат.
Благодарам Останете смирени барем вие ако не јас и исправајте ги луѓето бидејќи и самите ја гледате моќта на медиите. Информации имате еден куп доколку ве интересира што се случуваше минатите 8 години. Беше потпишан Минскиот договор во 2015, секако и западот учествуваше. Украина не го испочитува на никаков начин, ниту една точка од тоа што се бараше, напротив се спремаше за војна, заедно со САД градеа пристаниште за воени бродови на нато, за среќа пред два дена прво беше на мета. Да го почитуваше договорот Доњецк и Луганск ќе беа во состав на Украина, нешто слично како Република Српска во БиХ.
https://vm.tiktok.com/ZMLBkG7RH/ Дали овие видеа што кружат по тик тој се веродостојни? Знае ли некој
Само ќе додадам , некој од Украинските власти рекол : " Земите оружје , дури и да не сте полнолетни " . Значи , деца , буквално деца праќаат во сигурна смрт .