Не да ќе му дозволат, и улица по него може да крстат. Ако исполни одредени задачи де...и ако извлече жива глава од ,,своите,, Каква трагична бурлеска за стотици милиони луѓе, при очи слепи
Може првично една улица да крстат во Кавадарци, после кај принцот Митко Јанчев доби Орден од Зеленски
Екс голман на Динамо и Шахтјор фатен на граница во обид да избега од Украина Украинскиот голман се обидел нелегално да премине граница со уште тројца мажи и едно 4 годишно дете. Услугата се нудела на Телеграм за цена од 8.000 долари по човек. Се работи за 33 годишниот Артур Рудко, кој е приведен откако се обидел нелегално да ја мине украинската граница со Молдавија. Рудко бил застанат од граничарите заедно со уште тројца возрасни мажи и 4 годишен син на еден од нив. Според тврдењата на украинските медиуми, мајката знаела за плановите на својот сопруг и се согласила на ова ризично патување за детето. Нелегалното преминување на границата било организирано преку руската социјална мрежа Телеграм, а за учество во шемата секој од нив морал да плати по 8.000 долари во криптовалути. Инаку Артур Рудко е поранешен голман на Динамо Киев, Шахтјор и Металист, а има брането и во странство за две екипи, Пафос од Кипар и Лех Познањ од Полска. Минатата сезона беше член на Черноморец Одеса, но сега ќе треба да помине низ основна воена обука во еден од центрите за обука на вооружените сили на Украина. На 30 август, Рудко изјави дека речиси и да нема опции за продолжување на кариерата во Украина, но имало покани од Израел, Кипар и Азербејџан.
После 1300 денови од почетокот на специјалната воена операција во Украина, руската војска контролира 90797 км2, што е околу 15,04% од вкупната територија на Украина (19,51% ако се вклучи и Крим). По региони, контролата на руската армија изледа вака: - Donetsk People's Republic controls 20525 Km^2 (77,4% of Donetsk oblast); - Luhansk People's Republic controls 26591 Km^2 (99,65% of Luhansk oblast); Kherson: - Russia: 21452 sq Km (74,29%) - Ukraine: 7316 sq Km (25,71%) Zaporizhia: - Russia: 20415 sq Km (75,1%) - Ukraine: 6155 sq Km (24,9%) Kharkov: - Russia: 1467 sq Km (4,67%) - Ukraine: 29948 sq Km (95,33%) Sumy: - Russia: 240 sq Km (1,01%) - Ukraine: 23594 sq Km (98,99%) Dnipropetrovsk: - Russia: 107 sq Km (0,33%) - Ukraine: 31867 sq Km (99,67%) Mykolaiv: - Russia: 225 sq Km (0,91%) - Ukraine: 24373 sq Km (99,09%) Главните битки се водат за Покровск, Константинивска и Купјанск. Во Константинивка, руски сите заземаа мал дел од периферната зона од овој град, додека во Покровск и во Купјанск битките се водат во урбаните градски средини. Руските трупи вршат напади долж фрондот, а со тоа ја оневозможуваат регрупацијата на украинските трупи. Мислам дека следна цел на Русите е Лиман. Централизиран град со кој ќе се ослаби одбраната на Сиверкс и ќе се отвори патот кон Славјанск.
Украинците немаат светли моменти на фронтот: 1. Прашање на време е кога западен Купјанск ќе панде во рацете на Русите. И самиот Зеленски рече дека ситуацијата на овој фронт е тешка за Украинците. 2. Одбраната на Украинците северно од Сиверск им се урна. Одбраната на Украинците јужно од Сиверск се урива. Русите го имаат градот во обрач. 3. Украинците го изгубија најголемото упориште во Покровск. Русите добија простор каде можат да стационираат повеќе војска поблиску до линијата на фронтот. 4. Русите земаа дел од Полтавка. Ова значи дека фронтот е целосно разбиен. Ако Русите ги земат Полтавка и Успенивка, ќе им се отвори патот кон Гулајполе, кој е најголемата тврдина долж фронтот во Запорожје. После неколку години стагнација, и овој фронт се отвори.
Добро, благодарност за целосниот извештај. И на крај да сумираме: Војната ке заврши на тој начин што русите еден убав ден како посерени ке се повлечат од сите украински територии.
Ако се лажеме . Зад кулисите веќе се преговараат новите граници на Украина и Русија ( за жал ) . Украина изгуби многу и тоа е реалноста . Затоа сметам дека им беше голема грешка што не преговараа благовремено , ама што е , тука е . Моментална ситуација ( сајтот е инаку основан од Украинци , да не речете дека Руски сајтови презентирам тука ) .
Јас не гледам дека ќе заврши војната. Таман ќе почне нешто да се преговара за мир, ќе дојде ЕУ ќе му лупне некоја милјарда на Зеленски и одма нема никаква желба за преговори. Жално за русите и за украинците во Украина, а за крив, за војна и танго треба двајца. Не ги нападнал од чиста мира, ако се земе предвид дека во некои екс СССР републики (денес ЕУ членки) на русите им е забрането руски да зборат, немаат до ден денес никакви пасоши, ни документи итн. Се изгоре Русија таму, па сега тука нејќе исто да се случи. Плус таму нема толку ресурси, за разлика од Украина што има природни богатства.
https://plusinfo.mk/ukraina-se-otkazhuva-od-nato-zelenski-bara-silni-bezbednosni-garancii/ УКРАИНА СЕ ОТКАЖУВА ОД НАТО Зеленски бара силни безбедносни гаранции Оваа одлука на Украина претставува компромис со цел да се стави крај на војната со Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да се откаже од долгогодишната стратешка цел – членство во НАТО, во замена за силни западни безбедносни гаранции. Ова претставува компромис со цел да се стави крај на војната со Русија. – Украина е подготвена да се откаже од своето барање за членство во НАТО доколку САД и Европската Унија понудат доволно силни безбедносни гаранции во рамките на тековните преговори за завршување на војната во Украина. Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД, т.е. гаранции слични на Член 5 од НАТО, како и безбедносни гаранции за нас од нашите европски партнери и други земји како што се Канада, Јапонија и други – рече Зеленски, пренесе „Фајненшл тајмс“. Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска во Берлин пристигнаа порано како дел од американската делегација за преговори за украинскиот мировен процес. Извори од германската влада изјавија за „Билд“ дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена, а дека прелиминарни разговори ќе се одржат денес со советници за надворешна политика, вклучувајќи претставници на САД и Украина. Средбата меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски е закажана за утре вечер. Објавено 14/12/2025 15:11:07
Вчера Укрина во градот Лавов каде се наоѓаат во моментов западните амбасади и конзулати, близу границата на Полска, била погодена со хиперсонична балистичка ракета "Орешник" како одговор на украинските напади со дронови на една од резиденцијата на Путин. Иначе, орешник е една од посилните ракети оти има можност да носи повеќе боеви глави кои можат истовремено да погодат повеќе цели, шо се знај за една интерконтинентална балистичка ракета. Може да носи дури и конвенционални и нуклеарни боеви глави, па дури и со конвенционална боева глава е споредлива со нуклеарно оружје. Тешко се пресретнува зошто лета 10 пати побрзо од брзината на звукот. Ова покажува дека крајот на војната не е ни блиску. И двете страни продолжуваат со провокации наместо да стават крај на братоубиствената војна.