Океј, и дете некое што ќе загине, и оно не е невино. За деца бе барем да ви е жал, за деца. Војна никогаш не е одговорот.
Има многу лаги во медиумите, не верувајте во се шо ќе видите. Во 2001год и ние бевме тие кои ги малтретираа албанците, ги касапеа, ние бевме терористите. Посебно не шо пренесуваат американски медиуми. Порано или покасно можи ќе сфатат поголем дел дека Нато е крив за се како и секогаш. Сака да раководи со цел свет и ако нешто му е трн во око се чепка. Заради неспособноста на украинскиот претседател и тие околу него, послушници на Нато, ќе страда невин народ. Зошто тој не земи пушка да се бори? Што повикува луѓето да се борат. Така секогаш народ невин страда, ни крив ни должен, а виновниците ќе се извлечат. Кој ги предизвикува сите напади, напад на Југославија, одделување на Косово, војната кај нас, напад во Сирија, Иран, Ирак кај беше и слично. Која е следна сега? Како ќе реши Нато. Ама не на форум битно е сега колкава плата била во Русија Погледнете малку пошироко и информирајте се
@JasminaB29 Сочувствувам со твојата загуба, кажи ми само дали ако украински невини деца што не биле ни родени кога се случило тоа умрат, болкава ќе ти се смири? Затоа што како и твоите братучеди, во војни секогаш најмногу невините страдаат.
Ти од кај знаеш како јас спијам? И јас можам да ти кажам дека и моите во Украина се тероризирани од самото осамостојување веќе 30+ години од Русија. Мојот збор против твојот. Кое е поправо сега? За разлика од тебе ја ништо од тоа не поддржувам и стојам и со украинците и со русите што се против војна. Ти мислиш ќе дојдеш овде и нервозно ќе изнапишеш фамилијарни есеи дека само тебе нешто ти се десило и само твоето има тежина. Ете нека ти биде. Ти само знаеш се и само ти си во право.
Со бранењето на Путко ги правите македонците агресори, дека се изживувале врз албанското население и 2001ва било борба за слобода. Со рамковниот што го потпиша вмро, признаа сè, уствари така и било... Ете ќе добијат сега русите од Донбас тоа што го добија албанците кај нас
Зеленски цела ноќ ја помина на улиците на Киев со пушка в раце и одби да биде евакуиран од САД. Неретко од Украинците на Твитер може да се прочита дека Зеленски за нив е херој и ниту еден не го обвинува.
Сите државии членки на Нато и Алијансата баш во сите држави без исклучок. Сите медиуми сервираат што ќе каже Нато и западот.Никогаш нема да ги видите двете страни на приказната. Снн... ББС..... Од 10 точки на дневен ред за вести.. 9 му се сервирани.Исто и кај нас сервираат нашиве тв како ќе му се каже. Во Авганистан се гледала на тв само страната што ни ја сервираа... Таа од Нато.... Еднаш имав прилика да глеам од другата страна како беше... Со слики со видеа од приватен компјутер.... На чоек што беше таму.... Се згрозив.
Фразата "никој не е невин" моожеби би ја оправдала ако ова не беше војна туку некоја тепачка меѓу руски и украински политичари. Ама војна е, во која не бира човек кој ќе умре. Дали мало бебе или дете што вчера тргнало на школо или било кој што е обичен човек, не бира. Дури и за руските војници ми е жал. Меѓу нив има млади што дел ќе загинат, дел ќе живеат со мисла дека направиле нешто корисно. И за Русите у Русија. А ако заканата на Путин ви изгледаше наивна и нормална..не знам.
Да бил на улица досега ќе беше ликвидиран. На улица бил со пушка, нема грешка. Морал крева само кај народ со изјавите, ништо друго.
Зошто да биде ликвидиран кога Русите уште не се стигнати до централното подрачје на Киев, каде Зеленски веројатно и бил на улица. Во изјава вчера изјави дека тој момент е можеби еден од последните каде него го гледаат жив.
Тој е Путин јас колку шо знам и никој не го брани Путин. Не ги извртувајте зборовите како вас шо ви одговара. @Ahoy знам дека одбил дека бил евакуиран, ама ќе видиме до кога. А тоа дека бил на улица со пушка тешко вероватно.
Е овие ќе ја одбранат, командант на навивачка формација Зеленски им е хах Луѓе разберете дека Украина се ИСКОРИСТУВА ОД САД ЗА НИВНИ ИНТЕРЕСИ!
Ако толку се фали дека ќе е тука до крај што тогаш бара средба со Владимир во Израел? Што чепка кај што не треба? Што не седнат и не се договорат асално во Киев?
Не бара средба со Владимир ( ) во Израел, туку бара Израел да е посредник во разговорите. Средба Зеленски бара во Варшава. Путин средба бара во Минск.